noc32
hello world
- 21 март 2016
- 352
- 304
Не сум доволно комптенен како останативе членови за споредба, а и го немам самсунгов видено никад во живо ама тоа што можам да ти кажам е дека сум задоволен од сликата на телевизорот. Да образложам хахаха, телевизорчето доаѓа(како и сите други) со 8-10 готови конфигурации на слика. Инстантно си најдов фаворит, не се замарам да земам да менувам вредности на контраст или сатурација или топлина или што друго и да останува.И како ти е во споредба со SAMSUNG UE-50AU8072
Сега зголемив малку буџет па овие два ми се во избор.
Убава остра слика, боите не се пренапумпани што е многу битно за мене. Кога ќе отидам во продавница се е супер, пуштени 4К клипови што го прават секој телевизор да биде лудница али дома треба цело време да симнувам филмови и да ги стримам на ТВ (замисли јас сум еден од оние лудаци што немаат нетфликс /андроид боксови по дома
Звукот нема да го коментирам затоа што откако го купив телевизорот го поврзав со toslink кабел на звучници затоа што е тоа секогаш подобро.
Оперативниот е предобар, webOS. И претходно имам купено два LG телевизори заради оперативниот па исто и овој. Брз е, секогаш дури и по години користење а тоа ми е мене ултра ултра битно. На три месеци има апдејт за оперативниот а за апликациите поредовно.
Да го прочитам мислењето за Сони од погоре, за телевизоров декомоте ќе го земев тој, затоа што ете убави мислења споделија со саглам факти и убави објаснувања на спецификации али и LG-во е бомба