Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Телевизори (искуства, препораки, совети, мислења...)

StalkeR

poweruser
5 декември 2009
5.517
6.741
Сале, со стариот рисивер (оние сивите) немав проблеми неколку години. Додека пак со овие новиве, хд (gospell) е проблемот од погоре. Реков, останува уште да пробам на тв то од кај баба ми дали ке прави така. Ако не прави, тогаш си го истерал своето вој...
 

viktorce

hello world
13 март 2015
436
338

Moментало бест бај за парите е QUART LP491 49 инчи.Го гледав пред некој ден во Амц.Телевизорот е стварно супер за парите.
Друга можност останува нептун,но за таа цена реално и нема што да понудат.


Фала ви многу. Ми ја разрешивте дилемата.

Samsung не дека се лоши но кај мене е потребно да пушта разноразни филмчиња од нет преку УСБ. Предности на ј5502 кај самсунг е тоа што има поддршка за H265 кодек додека LG нема. Ама џабе тоа ако општата поддршка е помала за различни кодеци, фотографии и фајлови.

Сега за сега ги гледам LF5800 и LF650V. Другаров изгледа ќе купи 5610. Сите овие поддржуваат DTS.

јас имам LG 42 купен пред неполни две години купен 68000 денари тогаш со 3D и маgic remote.Реално ич не сум задоволен од него

Неколку фајлови не ми ги чита од мобилен иако е LG и мобилниот.
Интернетот му е спор доста,а facebook апликација ни до ден денес немам добиено.

Јас мислам дека web os кај и да е ќе пропадне,и сите ќе мора да се прилагодат на Android.Новиов филипс кој го купив неодамна,е неспоредлив со лг-то претходно.Кај филипсот немам само 3D,но и незнам зашто ќе ми е истото кога на LG-то не го искористив воопшто.

Да зумирам филипсот го земав 44000 денари поевтино и на интернет е многу побрз,отвара многу побрзо,програми имам еден куп,за разлика од лг-во кое изгледа лг си го заборави,па телевизор од 1150 евра односно модел од 5.2014 година денес веќе нема ништо од апликации и софтвер и работи како некој си утепана марка на телевизор

За филипсот ќе имам и апдејти,и верувам дека е 100 пати подобра опција од ЛГ-то пред се во поглед на софтвер
Па јас би советувал Android односно филипс или по можност сони.Огромен напредок имаат за разлика од порано и двете компании и во квалитет на изработка и со вградувањето на андроид.
32PFH5500 види го.Верувам дека ќе бидеш задоволен
 

viktorce

hello world
13 март 2015
436
338
Сале, со стариот рисивер (оние сивите) немав проблеми неколку години. Додека пак со овие новиве, хд (gospell) е проблемот од погоре. Реков, останува уште да пробам на тв то од кај баба ми дали ке прави така. Ако не прави, тогаш си го истерал своето вој...

Кај мене има проблеми со сликата новиов ресивер.Имено на некои канали сликата ми е стеснета односно нешто као у стилу рецимо формат 4:3

Пробав и од ресивер и од телевизор да наместам 16:9 aли повторно иста песна.
Тие канали кои што си се на цел екран си се такви.Оние другите кои се како 4:3 Што и да правам исто е.Пробав со два телевизори истиот проблем.На почетокот пред 4-5 месеци немав проблем но еве сега имам.

И што е разликата помеѓу 1080 и 1080 50Hz
Што да одберам од ова.Кое е подобро?
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.120
14.258
Дали има кај нас на продажба андроид/интел бокс кој може да врти 4К HEVC (H.265)?

Гледам дека MI BOX 3 тоа го може но не гледам дека има кај нас. @the_maker :)
 

maci

poweruser
2 април 2008
3.393
978
го има некој купено?
54986a71d4308758d35c13a6040b36b3.jpg
 

the_maker

poweruser
14 август 2014
3.869
6.037
UNIVERSE
www.miui.mk
Hitachi како бренд не постои веќе. Купен е од страна на еден кинески ОЕМ кој им изработуваше ТВа пред да рикнат. Квалитетот е ист како Филипс, можеби од пониската класа. А тој ОЕМ прави и некои модели на Филипс сега исто така.
 

SaleSk

Arzt
20 април 2007
4.698
5.492
Hitachi за ова поднебје, европа и азија се произведува во VESTEL - Турција.
Користат IPS и VA панели, зависно од модел до модел.
Све друго е Вестел во нив.
Имам пишувано за тоа на форумов.
Инаку Хитачи оригиналната фирма е преименувана во WООО и е превземена од Јапонците во целост...
http://av.hitachi-ls.co.jp/
Филипс е скроз друга прикаска и се купени од Кинези. ТП вижн, така нешто беше... http://www.tpvision.com/
 

Deksa

user
9 февруари 2012
1.001
905
LG 4ever! Слика и квалитет Samsung, без таа напукана цена.... 3D и бои Next Level
 

viktorce

hello world
13 март 2015
436
338
Hitachi како бренд не постои веќе. Купен е од страна на еден кинески ОЕМ кој им изработуваше ТВа пред да рикнат. Квалитетот е ист како Филипс, можеби од пониската класа. А тој ОЕМ прави и некои модели на Филипс сега исто така.
Kвалитет како на филипс утре сабајле.

Ова хитачи има уште фурни леб да јаде додека да дојде до филипс
Турско ѓубренце,кое веројатно е во рангот на фуего и ништо повеќе
Турски телевизор не се купува.Тежок фалсификат што се гледа и од прва.Кабелот им е вграден па и тој е од некоја си гума рециклирана.
Едно кабелче што оди во струја па е катастрофа.Ова зборам за Фуегото.
Кој знае колку рециклирана л*јна има во чудово.
И хитачи како и st ми делуваат евтино,но барем ст е со андроид па ако има добра цена би можело и да помине некако.Се другово е л*јно до Лај*о

Јас незнам како дојдовме до тоа дереџе да се продава волкаво тешко ѓубре кај нас
Или е народов прост или незнам што е работа.

Филипс се врвни во изработка.Баш го гледав новиот во Амц и стварно никаде не е штедено.Алуминиумско постоље,андроид и игри,па ретко кој може да му парира во однос на вложено-добиено.
 

viktorce

hello world
13 март 2015
436
338
Некој да помогне за гледање на Иптв на Филипс 40 PFL 6550..инсталирав ВЛЦ плеер на телевизорот не можам да ја отворам листата...
На 6510 кај комшијава отвара се живо со влц-во.Незнам каде си погрешил.Направи апгрејд на андроидот или fireware
 

viktorce

hello world
13 март 2015
436
338
Ај вака од овие кој би бил најдобро да се земи,што мислите?
Philips 40PFH5500
Grundig 48VLE6520
Lg 40lf630v
Panasonic tx-40 c 320 e

И која е предноста на тв со Андроид спрема Вебос?

Помеѓу Philipsot и LG то би бирал,но пред се би одел на филипсот заради андроид.
Разликата е ООООгромна..
Lg ги почитувам како бренд,ама кога би земал денес во никој случај не би го земал пред филипсот,освен ако не би бил едно 4-5000 поевтин LG
Philips извади многу убав примерок по мошне достапна цена и тоа е numero uno во моментов.
 

SaleSk

Arzt
20 април 2007
4.698
5.492
Ај вака од овие кој би бил најдобро да се земи,што мислите?
Philips 40PFH5500
Grundig 48VLE6520
Lg 40lf630v
Panasonic tx-40 c 320 e

И која е предноста на тв со Андроид спрема Вебос?

Јас би одел на ЛГ-то затоа од сите овие што ги наброја има по мој вкус најдобра слика.
Андроид и не ме радува баш многу на телевизор ако процесорот му е слаб.
+ колку рам има итн итн...
Еве погледнете еден ефтин телефон како ке работи. Исто така ке ви работи и телевизорот...
Грундигот не сум видел каква слика има, тој 48-цата.
Напишав неколку зборови за него.
Друго, провери од сите модели кои ги сакаш дали ги има на официјални страни...
Постојат модели кои се наменети за некое тржиште, земја, земји, па не одат на официјалните сајтови...
Чисто како инфо...
 

StalkeR

poweruser
5 декември 2009
5.517
6.741
Јас пск би одел на Самсунг 5202,плус ке си земеш еден хромкаст од форумов. :)
А мегу тие, филипсот.
 

olikomerc

poweruser
11 декември 2008
4.885
3.817
Јас пск би одел на Самсунг 5202,плус ке си земеш еден хромкаст од форумов. :)
А мегу тие, филипсот.
Имаш искуство со овој модел на самсунг?

Инаку и јас би одел на ЛГ-то па Панасоникот па Филипсот.
 

spiritBreaker

LaravelMaster
27 октомври 2015
3.848
5.013
Писти Охту
Зедов пред едно 3-4 години НЕО тв од Техномаркет - 24 инчно, со VGA и HDMI влез, VGA беше ок, ама HDMI-то катастрофа....менито не беше нешто посебно - споричко, ама онака, ништо посебно.
 

shemko

hello world
15 јули 2008
231
56
Јас би одел на ЛГ-то затоа од сите овие што ги наброја има по мој вкус најдобра слика.
Андроид и не ме радува баш многу на телевизор ако процесорот му е слаб.
+ колку рам има итн итн...
Еве погледнете еден ефтин телефон како ке работи. Исто така ке ви работи и телевизорот...
Грундигот не сум видел каква слика има, тој 48-цата.
Напишав неколку зборови за него.
Друго, провери од сите модели кои ги сакаш дали ги има на официјални страни...
Постојат модели кои се наменети за некое тржиште, земја, земји, па не одат на официјалните сајтови...
Чисто како инфо...
jas imam LG 43 FL630v- em brz, em slika top- sto ve interesira prasajte...
 

StalkeR

poweruser
5 декември 2009
5.517
6.741
Имаш искуство со овој модел на самсунг?

Инаку и јас би одел на ЛГ-то па Панасоникот па Филипсот.
Одлично моделче со одлична слика. Ако не бараш смарт, препорака за тоа моделче.
 

toshex

the fool
18 септември 2013
6.612
8.257
Мелмак
Кај телевизор најбитно ми е добра слика (нр сум убер перфекционист во тоа доаѓаме од време кога никакви резолуции ни беа океј така да не ситничарам дали била совршенство од самсунг или убава фхд слика од филипс) и секако големина на панел.

Поголемо поарно. Се шо е испод 50 инчи денес е мал телевизор за во дневна. За спална ајде друга приказна.

Андроид и останати работи за мене лично мање битно. Ако не е јак хардвер поарно нека е без смарт софтвер ама нека е брз. Јас на телевизоров во смарт делот еднаш не сум влегол - ама пак ова е се моја преференца.

Кога би се прашувал јас, ако има над 3 години гаранција, изгледа добро и солидно направен (пластиката и се тоа), работи добро и респонсивно (менување канали, менија итн) и ако има добра слика - би го земал 48цата.

Џабе ти се марки ако се 40 инчи и се губат спрема големината на ѕидот позади нив и спрема растојанието од кое гледаш.

А верувајте, телевизор кој ви изгледа огромно на прво купување после година дена станува онака, нормален, а после две веќе си викаш мал е телевизоров.
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Офтопик

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно