Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Суплементи, исхрана, наука

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.823
6.521
SK
Охохо нов подкаст, и тоа 3+ часови. Фала.
Добар е Метју Вокер, препорака и од мене. Многу корисни работи може да се научат и да се применат.

Инаку и Хјуберман (домаќинот) има доста корисни работи. Тек пред некој месец го „открив“, уште не сум му ги одслушал сите подкасти. Препорака и за него.
 

Avid

senior
21 јануари 2009
6.467
11.538
Скопје
Многу корисни работи може да се применат.
Да издвоиш барем неколку?
Се надевам не се „здрава исхрана, земи суплементче, не пиј кафе, легнувај си редовно во исто време, имај power naps, гаси ги сите извори на светлина“ и слично.

Само немој да влезеш во тој модот кај што нема да сакаш да кажеш :/
 
Последна промена:

Маша

user
24 април 2007
1.053
2.831
Да издвоиш барем неколку?
Се надевам не се „здрава исхрана, не пиј кафе, легнувај си редовно во исто време, имај power naps, гаси ги сите извори на светлина“ и слично.

Само немој да влезеш во тој модот кај што нема да сакаш да кажеш :/
Во Description имаш timestamp, погледни кои аспекти се опфаќаат. За мене не беше баш тривијален разговорот, ама ти може си повеќе информиран од мене ;)
 

Sludge.Factory

Баниран/a
7 февруари 2014
1.225
1.901
Gostivar
Дечки има некој што ќе прави нарачка скоро, па да ми вметне едно кутивче DHEA? Сите залихи ми се потрошени, и магично во македонија исчезна како продукт.
 

Chicco69

lurker
21 април 2016
648
3.080

BESKO

hello world
9 јуни 2015
279
414
Здраво Дечки .
Ако може да ми помага некој

Прележав COVID-19 , па што би ми препорачиле да нарачам од IHERB .
 

Маша

user
24 април 2007
1.053
2.831
Здраво Дечки .
Ако може да ми помага некој

Прележав COVID-19 , па што би ми препорачиле да нарачам од IHERB .
Немам искуство, но јас да сум прележала ковид би се посветила на кардиоваскуларно здравје, анти-инфламаторни продукти и општа регенерација на ткива.

Би јадела многу свежа храна, овес, бобесто и цитрусно овошје, зелен лиснат зеленчук, здрави протеини, кромид и лук, ферментирана храна.

Би исфрлила комплетно рафиниран шеќер, доста луѓе мислам дека имаа проблеми со регулација на шеќерот, па чуму дополнително да се оптоварувам без потреба.

Би внела зачини како ѓумбир, куркума и кои беа таму други антикоагуланти.

Од суплементи, не би се оставила без магнезиум, цинк, Д3, К2, омега, Б12 и можда некои добри пробиотици. Можда би експериментирала и со некои од печурките.
За друго, зависи каква е состојбата и што велат лабораториските резултати и дали има други пропратни болести.
 

Chicco69

lurker
21 април 2016
648
3.080
Здраво Дечки .
Ако може да ми помага некој

Прележав COVID-19 , па што би ми препорачиле да нарачам од IHERB .
Си добил одличен одговор од Маша, нема што многу да се додаде. :)

Б12 во изолација ... тоа ако си ептен травојед. Б витамините се најефикасни кога се сите заедно.

Ковид не е до толку болест на дишните патишта, повеќе удира на кардиоваскуларниот систем. Независно од болничката слика, обрати внимание на тромбови и девастирани митохондрии.

Јас би ти препорачал блад тинери од типот на аспирин 2х по 100-250 мг дневно, витамин Е, но во форма на токотриеноли. Може и лук (со печурки :)), Grape seed, Ginkgo, NAC (го нема баш, но се наоѓа по нашиве аптеки)...

За обнова и сосдавање нови митохондрии, PQQ, а може и во комбинација или плус CoQ10.

Има и други ствари, но веројатно не ти се неопходни (а и да не те навлечеме премногу онака од прва). :)

no-way.gif
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.823
6.521
SK
Прележав COVID-19 , па што би ми препорачиле да нарачам од IHERB .
Таман се наведените работи, а јас само би ги нагласил антиинфламаторните работи, како куркума (турмерик барај на сајтот), цимет, ѓумбир, итн.

Куркума и џумбир (па и свеж) има и овде, сигурно не се органски ама се многу поевтини. Цимет од овде не купувај, не е цејлонски туку кинески (кој не е безбеден за честа употреба).




Ова долу е рецепта која првично ми ја посочи Псај (за што сум му благодарен).

View: https://youtu.be/WRvHdV_sYvg?t=86

*** INGREDIENTS FOR THE TURMERIC PASTE ***
1 cup of water 1/2 cup turmeric 1 teaspoon ground black pepper 1 teaspoon ground ginger 1 teaspoon ground cinnamon 3 tablespoons coconut oil
Во основа куркума се меша со малку вода, кокосово масло, ѓумбир, цимет, и свежо сомелен бибер (кој ја појачува абсорпцијата на сите корисни работи од куркумата, ѓумбирот, и циметот). Се добива паста која до 2 недели може да се чува во фрижидер, и отприлика за толку време треба да се изеде, а најдобро наутро на гладен стомак некое време пред доручек (една лажичка од пастата).


Инаку куркума, цимет, ѓумбир, ги има и како суплементи. Јас лично ги преферирам во горенаведената форма, како зачин/храна.

Друга корисна работа, посебно ако симптомите биле посилни, е земање на протолитички ензим како серапептаза: Serrapeptase | Bestellen Sie Serrapeptase-Kapseln | iHerb.com - iHerb
Имам јас почната кутија од Lake Avenue Nutrition (Serrapeptase, Proteolytic Enzyme, 120,000 SPU), и кој сака можам да му дадам неколку ампули, бесплатно се разбира. Има во аптеките овде и ги продаваат по ампула, само помали концентрации и прилично скапи (лани неколку пати земав за по 40ден од ампула). И ова се зема на гладен стомак, најдобро наутро пар часови пред доручек и пред било што пиење освен вода.


Најважно гледај ако подолго време ти се задржат симптомите, треба да се размисли (и разговара со писмен лекар) за терапија со Ивермектин, веројатно во некоја комбинација со кортикостероиди.
 
Последна промена:

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.907
5.627
Зашто би размислувал конвалесцент за терапија со антипаразитик (Ивермектин) и кортико. Сѐ лекари се накотиле бреее.
@BESKO Оди си на вистински доктор, напрајте си анализи, видете општа состојба, и ќе одредите што ти треба и не треба. После за нарачување лесно.

Sent from Телефон using Tapatalk
 

Маша

user
24 април 2007
1.053
2.831
Куркума и џумбир (па и свеж) има и овде, сигурно не се органски ама се многу поевтини. Цимет од овде не купувај, не е цејлонски туку кинески (кој не е безбеден за честа употреба).
Јас кај нас од овој купувам.
И ако го спредам со тој демек органскиот од Био Космос, се небо и земја по вкус.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.823
6.521
SK
Тоа дали е органски е една работа, исто важно (можеби и поважно) е потеклото односно од кој подвид на растението потекнува циметот.

Има повеќе подвидови на билката од која се добива циметот и најважното за нас е дека подвидовите се разликуваат по процентот на кумарин (кој во поголеми концентрации е штетен за џигерот). Цејлонскиот е Cinnamomum verum и има помала концентрација од кумарин. Cinnamomum cassia по потекло е од јужна Кина, тој цимет е најдостапниот и најприсутен по продавниците. За жал во него (и во останатите 2 подвида) има најмногу кумарин, а во цејлонскиот има многу помалку.

Во пракса најчесто ако не се наведува стриктно дека циметот е Cinnamomum verum, тогаш извесно тоа е cassia - и во него има повеќе кумарин.

Од другиве врсти безбедно е на пример да се прави чај, и да се ставаат во топли напитоци ако циметот се таложи долу. Тоа е затоа што кумаринот не се раствара во вода.


На крај дилемата со изборот се сведува на тоа на кој ќе му веруваме за потеклото. Овие од ајхерб (поточно американската ФДА) имаат строги правила за наведување на потекло и состојки, и затоа преферирам да нарачувам цимет од таму иако е скапо, најмногу заради поштарината.


Јас кај нас од овој купувам.
И ако го спредам со тој демек органскиот од Био Космос, се небо и земја по вкус.
Наведуваат дека е цејлонскиот подвид, иако е одгледуван во Танзанија.
40 грамско е пакувањето? Од каде го земаш и колку пари чини?
 

Маша

user
24 април 2007
1.053
2.831
Имаат башка продукт што е недвосмислено касиа:

Во Веро го има сигурно, мислам дека и во ДМ сум го гледала и на некое друго место. Ги увезуваат овие Миневра, па може да ги контактираш за ако ти треба некоја позгодна локација.
Некаде околу 160 денари мислам беше, ама знам и на попуст да ги начекам.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.823
6.521
SK
Фала, само сакав да ги споредам цените. Пола кило или поточно 450 грама органски Cinnamomum verum нарачан од ајхерб чини ~1000 ден плус ~500-600 денари поштарина (зависно од другите работи во нарачката може да биде +/- 200-300-400ден). Освен ако не се десеи да наплатат царина, тогаш излегува нешто поскапо.

Практично тука некаде доаѓа цената. Двете опции се валиден избор.




Да издвоиш барем неколку?
Се надевам не се „здрава исхрана, земи суплементче, не пиј кафе, легнувај си редовно во исто време, имај power naps, гаси ги сите извори на светлина“ и слично.

Ете си ги наброил побитните моменти а не дека нема и други кои се важни. Повеќето од работите се познати, исто како што е познато дека луѓето ги игнорираат па следствено си патат од последиците на помалку спиење.



Без некое значење за редоследот по кои наведувам, еве што практикувам јас лично (а има и работи кои не се од дотичниот Вокер, туку моменти собирани од разни извори):


- по зајдисонце регулирање на светлината внатре, со примена на неинтензивна и топла амбиентална светлина

- регулирање на топлината на светлината на монитор/телефон/таблет по зајдисонце, јас од софтвер за ова порано го употребував Flex, сега LightBulb, а и со двата програми може како што се приближува предвиденото време на легнување така прогресивно да се затоплува светлината и малку да се намалува осветлувањето

- избегнување на читање или гледање телевизија во постела/спална соба, за да се избегне потсвесно асоцирање на постелата со будност, тука влегува и исклучување на нет пристап на телефони/таблети и било какви непотребни звучни/светлосни сметања од нив

- кога е можно, на изгрејсонце и зајдисонце (или што поблиску до нив) активност или релаксирање со изложување на сонце, обично наутро тоа е физичка активност а навечер кулирање, колку што е можно повеќе комбинирано со гледање во генерална насока на сонцето (не директно во него), сето ова е поврзано со фактот дека квалитетот и интензитетот на специфичната светлина на изгрејсонце и зајдисонце учествува во активирање на одредени билошки механизми кои го регулираат биоритамот на организмот (а со тоа и заспивањето, и сонот)

- избегнување на вечера (оброк), освен понекогаш грицки со пијалок/итн

- избегнување на алкохол пред легнување (најчесто почнувајќи од после ручек), зависно од социјалните околности ова е нешто што не секогаш го практикувам ама барем гледам да го запазам - и треба да се објасни дека алкохол иако придонесува до полесно заспивање придонесува и до почесто будење навечер, некогаш и без повторно заспивање, а треба да се спомнат и некои други работи како на пример канабис кој придонесува до полесно заспивање ама (исто како алкохолот) докажано влијае на намалување на должината на REM фазата на спиењето (или нејзино целосно спречување) и генерално сонот го прави полош, понеквалитетен

- внимавање да се запази времето на легнување, отприлика ама без големи девијации

- спиење во целосна темнина, вклучително и затемнување на светлината од градот надвор, комбинирано со пригушени (и автоматски) ноќни светла во ходник/тоалет

- некогаш лагана, тивка и релаксирачка музика ми е ок на легнување, на пример неколку автори/албуми одамна често ги пуштам на легнување и мене ме асоцираат на спиење, нормално ова обавезно со автоматско исклучување после некој краток период

- итн


Инаку тоа за дремките е различно за различни луѓе. За мене а има и многу други како мене, подолга дремка повеќе од половина час (а кога заспивам се „укомирувам“ на неколку часови) ми придонесува вечерта да не можам нормално да заспијам во вообичаеното време. Тоа да за мене не се добри дремките. За други, ако потоа вечерта си заспиваат нормално, тогаш зошто да не?
 
  • wow
Реакции: Avid

Маша

user
24 април 2007
1.053
2.831
Во Веро го има сигурно, мислам дека и во ДМ сум го гледала и на некое друго место.
Некаде околу 160 денари мислам беше, ама знам и на попуст да ги начекам.
@Lokvan Ги видов сега во Зур, 145 денари беа, наспроти 165 во Веро ;)
И ѓумбир и куркума имаат од истиот производител.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.823
6.521
SK
Поназад спомнав кортикостероиди (дексаметазон конкретно) како можен дел од терапија за (пост) ковид-19, ама спомнав без референци па чисто да се дополнам еве од NIH, CDC, WHO и FDA.
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно