Molec
user
- 18 мај 2011
- 1.434
- 2.246
Бидејки возам секој ден по минимум 30км низ Скопје, а луѓево кои учествуваат во сообраќајот во Скопје се понашаат како зомби: не гледаат, не внимаваат, не знаат, не размислуваат, к.р ги боли, глумат криминалци или се дрогираат. Имам прилика да снимам бајаги дешавки и/или евентуално да извадам г'з у даден удес/ситуација како некоја од доленаведените:
- Бабе и деде рипаат од позади автобус, контињер, зграда, билборд и слични масивни објекти позади кои не се гледаат, за да претрчаат преку улица на место каде што воопшто нема пешачки (пр. зелено пазарче, Чаир...) не гледајки уопште лево десно.
- ,,Бизнисменчиња“ зборат на мобилен па муабетот/милионите/ливчето од кладилница им е побитно од тоа дали ќе ги згази кола или они ќе згазат некој.
- ,,Дами/Лепотици/Кардашијанки“ прават селфи со новиот кармин/цвик/лак за нокти додека возат.
- ,,Мафијаши“ и припадници на ,,Цопе рејсинг тим“ односно шоферишта со ,,ѕвер“ ауда од '98 спуштени да гребат браниците на асфалт ко багери и тоа у гаража кај Сафет пошо он е мајсториште, со затемнети стакла, фарбани бандажи, наредени со стикери, спојлери, неонки, цефки за одвод место издуви и други ,,сериозни“ перформанс компоненти. Брчат наоколу па ги гушкаат бандерите со кола, ги оставаат бандажите и пола подвозје на ивичњаци пошо нивниот Голф 3ка можел да дрифта, газат деца на пешачки пошо им ја погодиле песната на 104.4 или имаат чоек па ги боли цеф и онака нема да ги лежат.
- Вртат полукружно, мењаат лента, застануваат кај им текне без да сигнализираат со трепкач и без да размислат/погледнат дали има услови за истиот потег.
- Совесни младопечени мајки застануваат на пешачки ама количката со бебето им е на улица во средна лента.
- Дебели дечиња стаени у филм со точаци и опрема од 15к евра со 5 GoPro залепени на кацигата рипаат од тротоари директно на улица мислејки дека се Martyn Ashton, па паѓаат драматично и си ги собираат камерите и гордоста од асфалт.
- Несфатени што мислат дека живеат во Амстердам па може да си поминат пешачки во секој момент, без разлика дали има улетан Цопе-тркач со рејсинг Корса или чичко Милован со Југо со ќелави гуми. Возат стари/кул точаци на сред улица пошо системот ги јебе/нова култура/Скопје град на велосипеди итн.
Па препорачајте некое камерче за во кола.
Незадолжителни преференци:
- 1080р евентуално 60fps.
- Компактни димензии.
- Стабилизатор јер кратери по улициве.
- Солидна снимка во многу темни и светли услови, да не е изгорена или темна.
- Да може да се монтира и вади лесно и брзо.
- Да се вклучува и да почне да снима автоматски кога ќе се даде контакт.
- Да може да се купи локално со гаранција.