Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Совет за камера во автомобил...

Molec

user
18 мај 2011
1.434
2.246
Бидејки возам секој ден по минимум 30км низ Скопје, а луѓево кои учествуваат во сообраќајот во Скопје се понашаат како зомби: не гледаат, не внимаваат, не знаат, не размислуваат, к.р ги боли, глумат криминалци или се дрогираат. Имам прилика да снимам бајаги дешавки и/или евентуално да извадам г'з у даден удес/ситуација како некоја од доленаведените:

- Бабе и деде рипаат од позади автобус, контињер, зграда, билборд и слични масивни објекти позади кои не се гледаат, за да претрчаат преку улица на место каде што воопшто нема пешачки (пр. зелено пазарче, Чаир...) не гледајки уопште лево десно.
- ,,Бизнисменчиња“ зборат на мобилен па муабетот/милионите/ливчето од кладилница им е побитно од тоа дали ќе ги згази кола или они ќе згазат некој.
- ,,Дами/Лепотици/Кардашијанки“ прават селфи со новиот кармин/цвик/лак за нокти додека возат.
- ,,Мафијаши“ и припадници на ,,Цопе рејсинг тим“ односно шоферишта со ,,ѕвер“ ауда од '98 спуштени да гребат браниците на асфалт ко багери и тоа у гаража кај Сафет пошо он е мајсториште, со затемнети стакла, фарбани бандажи, наредени со стикери, спојлери, неонки, цефки за одвод место издуви и други ,,сериозни“ перформанс компоненти. Брчат наоколу па ги гушкаат бандерите со кола, ги оставаат бандажите и пола подвозје на ивичњаци пошо нивниот Голф 3ка можел да дрифта, газат деца на пешачки пошо им ја погодиле песната на 104.4 или имаат чоек па ги боли цеф и онака нема да ги лежат.
- Вртат полукружно, мењаат лента, застануваат кај им текне без да сигнализираат со трепкач и без да размислат/погледнат дали има услови за истиот потег.
- Совесни младопечени мајки застануваат на пешачки ама количката со бебето им е на улица во средна лента.
- Дебели дечиња стаени у филм со точаци и опрема од 15к евра со 5 GoPro залепени на кацигата рипаат од тротоари директно на улица мислејки дека се Martyn Ashton, па паѓаат драматично и си ги собираат камерите и гордоста од асфалт.
- Несфатени што мислат дека живеат во Амстердам па може да си поминат пешачки во секој момент, без разлика дали има улетан Цопе-тркач со рејсинг Корса или чичко Милован со Југо со ќелави гуми. Возат стари/кул точаци на сред улица пошо системот ги јебе/нова култура/Скопје град на велосипеди итн.

Па препорачајте некое камерче за во кола.

Незадолжителни преференци:
- 1080р евентуално 60fps.
- Компактни димензии.
- Стабилизатор јер кратери по улициве.
- Солидна снимка во многу темни и светли услови, да не е изгорена или темна.
- Да може да се монтира и вади лесно и брзо.
- Да се вклучува и да почне да снима автоматски кога ќе се даде контакт.
- Да може да се купи локално со гаранција.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.111
6.057
Последна промена:

chemioftw

hello world
26 март 2015
362
217
увек у движење
chemioftw's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i7 8750H
Storage
1TB
PSU
72W
RAM
16GB DDR4 2666MHz (Samsung/Geil)
Video card
GTX1050 4GB DDR5
Case
HP Omen
Mouse
Genesis
Monitor
15.6" IPS
OS
Windows 10
Колку што знам, Голфовите не можат да дрифтаат ради нивниот FF layout (Front engine - Front wheel drive).
 
lynx

poweruser
4 септември 2008
3.722
3.574
Малце оф топик, ако снимениот материјал ти е за лична сатисфакција да го гледаш или објавуваш некаде (во странство) онлајн тогаш камерата ти врши работа. Ако сакаш со камерата да се заштитиш законски у стил кој е кривец и слично при некаков случај тогаш истата снимка не ти врши работа затоа што на суд овие снимки не се признаени како легален материјал и неможе да бидат доказ.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.217
16.370
Абе и да не можат Љујзо ќе ги натера.
Нема не можам. Кад вољим - вољим, кад невољим кољим.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.138
7.819
Малце оф топик, ако снимениот материјал ти е за лична сатисфакција да го гледаш или објавуваш некаде (во странство) онлајн тогаш камерата ти врши работа. Ако сакаш со камерата да се заштитиш законски у стил кој е кривец и слично при некаков случај тогаш истата снимка не ти врши работа затоа што на суд овие снимки не се признаени како легален материјал и неможе да бидат доказ.
Без сведок се џабе. Ама со сведок би требало да вршат работа. Не може судството да остане во 19-ти век, се менуваат работите :)
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.816
6.516
SK
Проблем е што бараш локално да купиш, слабо со избор.
Инаку погледај овде предлози во разни ценовни категории:
https://dashcamtalk.com/

Јас оваа ја меркам, за најмалку пари првата задоволително добра камера е G1W - и тоа варијантата со кондензатори наместо батерии (G1W-C), пошто во кола се прават екстреми од топло и ладно а тоа е смрт за батериите.
Еве реално ривју за камерата:
https://dashcamtalk.com/g1w/

Ноќните снимки не и се јака страна, ама не се ни толку лоши, еве пример:
View: https://www.youtube.com/watch?v=OAZ6QrxuEyQ

Кошта четириесет и ситно доларчиња, со се поштарина. Нашиве најмногу би требало само данок да ти побараат (а Кинезите можат и на 20 долари да ја декларираат, ако им побараш):
http://www.gearbest.com/car-dvr/pp_67201.html
 
Molec

user
18 мај 2011
1.434
2.246
Фала на сите предлози и совети! Ги разгледав сите, се изначитав и изнагледав рецензии и дојдов до следните заклучоци:

Квалитетот на ефтините камерчиња е ок ама нишо посебно, за саглам видео/аудио си треба скапа камера која ни под разно не би ја оставал у кола, а и ефтина не би оставил пошо ризикувам скршен џам кој ќе биде поскап од камерата. Тоа е за мене замарање, да ја вадам и ставам секој ден и да влечам уште еден скап и гломазен предмет со мене....не.

Во текот на гледање/читање рецензии за камерчиња налетав на оваа бесплатна апликација за мобилен, која го претвара телефонот кој веќе го имам во камерче за во кола. Си снима исто како камерите во интервали од 1мин. до 1ч. (се подесува). Има опција во апликацијата со помош на NFC при детекција да почне автоматски да снима, и тоа си го работи во позадина односно телефонот може да биде заклучен или да се користи паралелно за разговори, навигација, музика или шо да е се додека не станува збор за ставање во функција на камерата. Значи доволно е само да се стави телефонот во држач на кој има NFC токенче и почнува да си снима.

Предности при користење умен телефон ко камерче во кола (во мојов случај):
-Квалитет на слика (во зависност од телефонот);
-Веќе го имам телефонот;
-Веќе имам мемориска картица за истиот;
-Немам потреба да носам у џеб или било каде уште еден предмет (не сум лик шо носи педерка/актовка);
-Телефонот секако не го оставам во кола. Монтирање ќе си треба и на камера и на тел;
-Исти функции ко камера (GPS локација, време/дата, снимање во интервали, snapshot-ови со голем квалитет, дури и може да прати смс или е-mail во случај на незгода пошо апликацијата има детекција за судар, иако не би се ослонил на тоа);
-Гломазна монтажа на камера, мора да се спроведе кабел за да работи;
-Батерија, без полнење на телефонот истиот има капацитет да снима подолго отколку било кое камерче;
-Посупериорен екран и интерфејс за прегледување/едитирање/бришење видеа во секој поглед;

Негативни страни:
-Трошење батерија (имам пуњач за у кола така да не е фрка);
-Димензии на телефонот (Note 3 пола шофершајбна :D );
-Меморија ограничена (може да се регулира од самиот телефон, со бришење на видеата што не се потребни);
-Оптички стабилизатор на камерата - мојов тел не поседува ама не е толку страшно пошо самата кола има амортизација и во план ми е надградба во Note 4 кој поседува. (Боље да ги дадам парите за нов тел отколку за камерче);
-Треба да купам држач/статив за телефонот;
-Треба да купам NFC жетонче;

Нови прашања:
1. Каде има поголем избор на држачи/стативи за телефон во МК?
2. Каде да барам NFC tag/token/жетонче во МК?
 
Molec

user
18 мај 2011
1.434
2.246
Малце оф топик, ако снимениот материјал ти е за лична сатисфакција да го гледаш или објавуваш некаде (во странство) онлајн тогаш камерата ти врши работа. Ако сакаш со камерата да се заштитиш законски у стил кој е кривец и слично при некаков случај тогаш истата снимка не ти врши работа затоа што на суд овие снимки не се признаени како легален материјал и неможе да бидат доказ.

Се консултирав со 3 правници и сите потврдија дека во Македонија се признава и може да се користи снимката како доказ.
 
Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
6.207
18.888
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D15 Chromax.black
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech MX Master 4
Keyboard
Keychron Q2, Keychron Q6
Monitor
Dell U2725QE
OS
Windows 11 + MacOS
Јас кога бев на судење за сообраќајка ме прашаа дали имам некој доказ што сакам да го приложам, од типот на снимка, слика, вештачење некое, сведок... така да, и требало да се земат в предвид.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.217
16.370
Негативни страни:
-Трошење батерија (имам пуњач за у кола така да не е фрка);
-Димензии на телефонот (Note 3 пола шофершајбна :D );
-Меморија ограничена (може да се регулира од самиот телефон, со бришење на видеата што не се потребни);
-Оптички стабилизатор на камерата - мојов тел не поседува ама не е толку страшно пошо самата кола има амортизација и во план ми е надградба во Note 4 кој поседува. (Боље да ги дадам парите за нов тел отколку за камерче);
-Треба да купам држач/статив за телефонот;
-Треба да купам NFC жетонче;

Најголемиот недостаток што ти бута све у вода не си го пишал.
Камерата за во колаима широкоаголна леќа и снима скоро 180 степени додека телефонот то а не го прави. Телефонот снима само право а камерата ти снима и странично.
И јас сум размислувал на темата, заклучокот е дека камера е ПОДОБРА варијанта за снимање во кола.
 
Да, тоа сум пропуштил.

Баш ќе пробам да го монтирам тел на неколку позиции да видам дали проаѓа или не па ќе пишам.

Гето Мод - има многу ефтини магнетни широкоаголни леќи што може да се закачат на било кој тел на ebay ама квалитетот на сликата со нив е дискутабилен.
 
Molec

user
18 мај 2011
1.434
2.246
Нови прашања:
1. Каде има поголем избор на држачи/стативи за монтирање телефон во кола во МК?
2. Каде да барам NFC tag/token/жетонче во МК?
 
loris

lurker
7 мај 2007
630
50
Велес - Скопје
Нови прашања:
1. Каде има поголем избор на држачи/стативи за монтирање телефон во кола во МК?
2. Каде да барам NFC tag/token/жетонче во МК?
За токен да бараш по фирмиве што прават софтвер за работно време или office plus -евентуално не сум сигурен за второво.
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Офтопик

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно