1. Mobile OS генерални дискусии: windows android ios

  2. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Sony паметни телефони - генерална дискусија

Дискусија во форумот 'Мобилни телефони' започната од psyside, 30 Септември 2014.

  1. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,893
    6,512
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    А од кога тоа прецизност на бои стана толку битна работа на мобилни? Не ги сфаќам овие аргументи. Овде пак се расправа за вкусови на дизајн и лични преференции. Реални бои сакам у реалност, а телефон сакам да биде шарен и со убаво нагласени бои. Нема фотографии за штампа на него да обработувам сигурно.
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,286
    2,972
    24 Септември 2012
    Само Сони нудат да може да си ги контролираш боите на системот, и може да си го подесиш по желба - односно калибрираш.

    Врв се, штета што нема поголем. Гледам стигнал Z3 во телеком. :) Барем да беше 6 инчен.
     
  3. omegaRED

    omegaRED
    Unstoppable

    2,312
    2,596
    13 Септември 2011
    Машко
    Проект менаџер
    Z Ultra?
     
  4. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,286
    2,972
    24 Септември 2012
    Од војната 2001ва е останат тој. Си има многу проблеми како и Xperia Z првиот. Време е за Z3 Ultra, Односно Z3x.
     
  5. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,086
    25,380
    4 Септември 2008
    Едно е да не се реални, друго е дисплејот да ти е 10000K. Има опстапки секогаш, не викам не, ама ова е ужас.
     
    Последна промена: 7 ноември 2014
  6. LordImpaler

    LordImpaler
    Intern

    6
    0
    20 Декември 2014
    Машко
    Некој корисник на Z2 може да кажи брзина на телефонот во секојдневно користење? Цената моментално доста солидна ми изгледа 3гб има рам само имам гледано ривјуа дека си има проблеми со лаг почесто а и прегревал.
     
  7. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    7,869
    4,586
    8 Април 2011
    Машко
    Сони поради јаката конкуренција на самсунг S6 а и други нивниот флагшип смартфон наместо Z4 се решија да го именуваат во Z3+ , веке познати ни се спецификациите и дизајнот. Скоро ист е како и сите Z досега само што е малку потенок,користи снапдрагон S810 a екранот му е 1080p и најмногу тоа ги натера да размислат дали е достојна замена за предходниот, и нормално испадна дека не е и затоа се вика Z3+ Но исто тоа ги натера и да направат уште еден вистински флагшип кој ке се вика Z4 , генерално ке биде ист како и Z3+ само што конечно ке има 1440 X 2560p резолуција. Хардверот највероватно ке биде ист како и Z3+ но се шпекулира дека можно е да има 4гб рам наместо 3, но ке видиме, кај и да е ке има спецификации. Дали све тоа ке биде доволно да конкурира на S6 и на голем дел од кинеските смартфони кој се повеке и повеке се продаваат и ги потиснуваат другите фирми како сони и ХТЦ назад. Кај ХТЦ веке нема некоја надеж, но сони е фирмиште. Иако веке претераа со еден ист дизајн 3 години по ред сепак дизајнот и изработката се прекрасни, сони од секогаш ги бивало за дизајн и изработка. Софтверот според мене им е интересно, баш ми е добро, конечно и на тоа што им беше слабост обрнаа внимание т.с .екранот. Така да со добри цени и маркетинг може да живнат годинава малку и да се вратат во шема.
     
  8. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,086
    25,380
    4 Септември 2008
    Sony може комотно да се сликаат, мизерија дисплеи, еден ист дизјан со години, мизерни леќи, огромни рамки...

    Sony и HTC се мизерија.
     
    Последна промена: 21 Јуни 2015
    На olikomerc и DaVoRkNe им се допаѓа ова.
  9. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,398
    12,534
    2 Август 2012
    Машко
    Ништо мизерно нема во дисплејот на Xperia Z3
    Моментално имам и Galaxy S5 и освен што користи евтини трикови во фотографирањето (без никакви детали) телефонот нема ништо со што може да се пофали. Хаотично мени, агресивна компресија на сликата (со нула детали) со пресатурирани и неприродни бои, неприродни бои на екранот, лоша изработка...
    S5-кава слободно може да седне и да плаче.

    Батеријата на S5 и S6 е смешка и не сакам да ја коментирам.
    Бујрум на темата за „Колку ви трае батеријата...“


    Ах да! 100% crop од Superior Auto mode
    DSC_0599.jpg
     
  10. gug11

    gug11
    Баниран/a

    267
    145
    15 oктомври 2014
    Машко
    z3 ја има една од најдобрите батерии, камерата не е на ниво со с6 али сепак не е ни лоша.

    Имат добри телефони, фале и маркетинг и упдејти посериозни.
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  11. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,086
    25,380
    4 Септември 2008
  12. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,286
    2,972
    24 Септември 2012
    Искочи лолипоп 5.1 за М2. Добар е.
     
  13. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,398
    12,534
    2 Август 2012
    Машко
  14. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,086
    25,380
    4 Септември 2008
  15. DennyMK

    DennyMK
    On your way to fame

    644
    980
    5 Февруари 2009
    Машко
    До кога ќе се чека за Маршмалоу за М4 Аква??? Најавата ми се чини стои уште од кога го купив телефонов (Јули 2015).
     
  16. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,893
    6,512
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Сони? Кога сите ќе добијат Android 7 :)
     
    На DennyMK и goran_oh им се допаѓа ова.
  17. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,398
    12,534
    2 Август 2012
    Машко
    Активно работат на Marshmallow еве веќе неколку месеци. На почеток го дадоа на корисниците на Z3, Z3+ потоа на Z5 како паблик бета. Постепено воведуваат опции и работата „тера“. Последна опција која ја ставија е Stamina . Според Xperia Blog овој OS би требало да биде во Feb/Mar
    Сони, покрај Епл, е единстена компанија која се грижи за корисниците. Откако го користам имам добиено 4 апдејти на Lollipop > 5.0.0 , 5.0.1 , 5.1.1 и уште два build-а после 5.1.1 (ме мрзи да гледам кои се)
    Под она „се грижи“ мислам на издавање на апдејти на Android и за постари уреди. На пример Lollipop доби цела Z серија, од Z1 до Z5, M серија, C, E....

    Ова не е Samsung ебаго! :)
     
    DennyMK, goran_oh, mdeni и на уште 1 им се допаѓа ова.
  18. Aster MK

    Aster MK
    Gaining Experience

    333
    334
    27 Јули 2015
    Машко
    И Xiaomi не се за фрлање, не е исто баш со нови Андроид верзии, ама Mi 2 од 2012 сеуште добива неделни апдејти и моментално е на KitKat. Тоа е одлична поддршка IMO.
     
  19. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,398
    12,534
    2 Август 2012
    Машко
    KitKat веќе е стар OS. За месец два Marshmallow излегува така да...
    Сепак, за поздравување е пеглањето на постојниот OS. Подобро чист и мазен Kitkat отколку баговит Lollipop
     
    DennyMK, uwemi и на Kajsibebraat им се допаѓа ова.
  20. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,893
    6,512
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Само на флегшип телефони. Се останато им иде споро. М2 не ни доби 5.0, директно на 5.1 и тоа пред 2 месеца. Е4 уште нема лолипоп.
     
  21. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,398
    12,534
    2 Август 2012
    Машко
    Да, така е.
    Lollipop е баговит, кој сака нека каже. Конкретно кај Сони прави да има слаб звук на ѕвонење (како да е наместен на едно 60%)
    Се штелнува ова со root ама не се сите вични на тоа.
     
  22. Antonio Vasilevski

    Antonio Vasilevski
    Gaining Experience

    236
    100
    3 Јануари 2016
    Машко
  23. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,086
    25,380
    4 Септември 2008
    lol маркетинг BS, ултра сатуриран дисплеј со гама од 2.6 и бела од 9.000K incoming.
     
  24. Aster MK

    Aster MK
    Gaining Experience

    333
    334
    27 Јули 2015
    Машко
  25. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,627
    6,694
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Гледам дискусијава за М4 аква и 6.0 се водела во декември, а гледам и дека досега ништо не се сменило, сеуште се чека на таа фамозна 6-ка. Има некакви новости дали ќе стигне во брзо време, да не рутирам џабе? Или се знае само за официјалното ветување од сони?

    П.С. Може и да препорачате некое кастом ромче, ја не сум баш во тек со ромовите, па да не експериментирам.
     

Сподели

Вчитување...