Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Software tester

Aisen

read-only
16 август 2021
3
3
Здраво јас сум нов на форумот и скоро влезен во ИТ светот, чисто од радозналост, па и ако се пронајдам зошто и да не ја променам професијата. Имам дипломирано на рударски факултет, но некако не ме влечи тоа, и решив малку да истражувам и ако се пронајдам негде би било добро за мене..

Првенствено почнав да го изучувам еве скоро недела дена C#, не е баш лесен за мене, а читам често препорачувате Јава или Пајтон, али еве другар ми даде сугестии со овој јазик да почнам да го изучувам. Нејсе, разгледував кои професии се најбарани итн, ми фати во око Software tester, па ако може малку повеќе околу професијата, дали е барана овде, академиите гледам академии некои си 1500 евра, ова од брејнстер ми се виде океј, ама ме кочи малку, париве да не ги давам џабе.

Инаку почнувам од тотална 0, значи прв пат се запознавам со програмирање и прв чекор еве овој беше C#.
 
CHukio

hello world
7 март 2013
202
141
Прилеп
churlinoski.mk
CHukio's setup  
Processor & Cooler
AMD Rayzen 5 2600x
Storage
Kingston A2000 500GB, Kingston A400 240GB
RAM
2 X Kingston HyperX FURY 8GB 2600MHz
Video card
AMD Radeon RX 550X 4G
Како QA Engineer можам да ти препорачам (од мое лично гледиште и искуство) дека добро е да научиш еден објектно ориентиран програмски јазик а потоа и Selenium со WebDriver, чисто за да ги научиш основите на Автоматското тестирање. Се разбира за да почнеш да учиш автоматско тестирање потребно е да имаш основи од мануелно тестирање односно пишување на тест кејсови. Исто така научи основи на Performance тестирање бидејќи и тоа е прилично барано и полесно и побрзо ќе можеш да се пробијаш на пазарот на трудот. Од алатки за Performance тестирање можам да ти предложам JMeter, open source, лесен за употреба, има прилично големо community и многу туторијали и бесплатни курсеви.
Во денешно време колку што гледам се се поактуелни тестинг алатки и frameworks базирани врз JS (puppeteer, codeceptjs, cypress) меѓутоа за почеток е битно да научиш како одат принципите и пристапите на автоматското тестирање со Selenium и WebDriver во било кој др јазик (Java или C#), со што сите други алатки понатаму лесно ќе ги совладуваш.
Јас сум дел од предавачите на Курсот за комплетни тестери при IWEC. Последните 2 курсеви ги одржавме online а верувам дека и нареднио ќе биди исто заради случувањата. Кај нас на курсот се изучуваат четири технологии/алатки:
  1. Мануелно тестирање
  2. Автоматско тестирање - Java/Selenium/WebDriver/Cucumber
  3. Автоматско тестирање - Robot Framwork со Selenium WebDriver
  4. Performance тестирање - JMeter
Истиот е во период од 4 месеци со 2 предавања неделно од по 2 часа и кошта околу 32 000-36 000.
Моментално нема оглас за наередниот курст кој што исто така не знаеме и кога би бил, меѓутоа можеш да ја следиш страната за новитети.
Доколку имаш било какви други прашања слободно прашај си :)
 
Ви благодарам на одоговор, почнав со C# искрено малку со тешкотии ми оди, ама го разгледувам и Java сега го пуштив деновиве океј ми е, ко полесен и поразбирлив ми делува Java па можеби со него ќе продолжам. Разгледав туторијали околу селениум и интересно ми делува сега засега...

Дали ако успешно ја завршиме академијата нудите или препорачувате каде да се оди на платена пракса или пак можно вработување?
 
Trtka

Gaining Сало
11 април 2018
707
1.010
Познавам прилично голема бројка во приватниот живот на software testers.
99% од типците - типките кои ги познавам се олд скул гејмери кои низ годините барале дупки, багови , и слични работи низ игрите а денес ги практикуваат истите за детектирање дупки и багови по софтвери.
Со рака и нога тврдам дека подобри кадри излегуваат од гејмиг светот одошто било кој факс или курс во нашава ни земја.
Од друга страна , тестер на софтвер би било нешто над сениор девелопер. Така да слоу степс јанг Лук.
 
Полека но посигурно и подалеку. :D
 
CHukio

hello world
7 март 2013
202
141
Прилеп
churlinoski.mk
CHukio's setup  
Processor & Cooler
AMD Rayzen 5 2600x
Storage
Kingston A2000 500GB, Kingston A400 240GB
RAM
2 X Kingston HyperX FURY 8GB 2600MHz
Video card
AMD Radeon RX 550X 4G
Ви благодарам на одоговор, почнав со C# искрено малку со тешкотии ми оди, ама го разгледувам и Java сега го пуштив деновиве океј ми е, ко полесен и поразбирлив ми делува Java па можеби со него ќе продолжам. Разгледав туторијали околу селениум и интересно ми делува сега засега...

Дали ако успешно ја завршиме академијата нудите или препорачувате каде да се оди на платена пракса или пак можно вработување?
Таква можност на нашиот курс нема. Само добивате сертификат за успешно завршен или успешно ислушан курс во зависност од покажаните резултати на самиот курс.
Исто така постои можност за вработување во IWConnect во зависност од покажаните резултати и потребите на самата компанија за нови ресурси.
Во секој случај, кој и било курс да го одбериш имај предзнаења што е монжно повеќе, нормално е дека нема поента да одиш на курс ако знаеш се. Сепак деталите за одредени работи што не можем да ги научиш од туторијали како и како сето тоа изгледа во пракса а не само на dummy пробувања.
 
Trtka

Gaining Сало
11 април 2018
707
1.010
За македонски компании апсолутно се сложувам со тебе.
:ROFLMAO::LOL::ROFLMAO::LOL::ROFLMAO::LOL:
 
jassum20

hello world
15 февруари 2014
130
59
Во фирмата каде што работам бараат тестер со познавање на мануелно тестирање и пожелно е да знае JS или желба за учење Cypress. Фирмата е од Бт ама може и римоут.
 
Volkswagen

hello world
12 септември 2008
227
76
Како Senior QA ви стојам на располагање за прашања.

Еве како вовед.

Многу луѓе се залажуваат со QA како влезна точка во ИТ светот. QA е исто demanding како било кој развој на софтвер - во смисла на логика, познавања како работите функционираат. Зошто ова го тврдам? Бидејќи мора да се разберете со девелопер што и како да тестирате и на крај на денот вие мора да им укажете на девелоперите каде може да настане проблем. QA не е само тестирање btw.

Е сеа голем број луѓе се залетаа со „тестирање“, луѓе кои немаат позадина во ИТ и мислат дека преку ноќ ќе станат добри тестери бидејќи знаеле да кликаат апликации.

Не, не е така и да бидете добар QA мора да имате познавања од многу технологии.

Истите тие „изгореа“ првиот месец каде што почнале на пракса. Премногу комплицирано им било, ништо не сфаќале, не се снајдоа.

Знам, бидејќи јас лично ги имам водено низ процесот и очигледен е недостатокот на знаења.

Оние истрајните им треба минимум една година да почнат самостојно да работат.

На крај на денот, QA можеби не се исто платени како девелоперите, но се солидно платени. Самото тоа што се солидно платени, укажува на фактот дека не е едноставна гранка во ИТ.

Да не навлегувам во автоматизацијата каде се разбира потребно ви е (можеби не експертско) ама барем основно познавање на програмирање.

Светла точка во автомазацијата во последно време е Cypress што и покрај тоа што е програмирање сепак е едноставно доволно да не навлегуваат QA толку во програмските јазици како Java/Python.

Cypress ќе биде иднината на автоматизацијата и кој кажува поинаку е само закоравен и не може да се помири со фактот дека џабе учел Java или Python :)

(не ме сфаќајте погрешно си има свои бенефити да знаете Java/Python+Selenium - но јас зборувам за почетна автомазација, а не за понапредна автоматизација).
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.162
16.253
Ова со QA ми е окупација последниве 15 години, толку многу циркуз сум се изнагледал што не ми недостасуваат вицови на работа.
 
DarthJe5us

poweruser
2 јануари 2012
3.099
2.342
Како Senior QA ви стојам на располагање за прашања.

Еве како вовед.

Многу луѓе се залажуваат со QA како влезна точка во ИТ светот. QA е исто demanding како било кој развој на софтвер - во смисла на логика, познавања како работите функционираат. Зошто ова го тврдам? Бидејќи мора да се разберете со девелопер што и како да тестирате и на крај на денот вие мора да им укажете на девелоперите каде може да настане проблем. QA не е само тестирање btw.

Е сеа голем број луѓе се залетаа со „тестирање“, луѓе кои немаат позадина во ИТ и мислат дека преку ноќ ќе станат добри тестери бидејќи знаеле да кликаат апликации.

Не, не е така и да бидете добар QA мора да имате познавања од многу технологии.

Истите тие „изгореа“ првиот месец каде што почнале на пракса. Премногу комплицирано им било, ништо не сфаќале, не се снајдоа.

Знам, бидејќи јас лично ги имам водено низ процесот и очигледен е недостатокот на знаења.

Оние истрајните им треба минимум една година да почнат самостојно да работат.

На крај на денот, QA можеби не се исто платени како девелоперите, но се солидно платени. Самото тоа што се солидно платени, укажува на фактот дека не е едноставна гранка во ИТ.

Да не навлегувам во автоматизацијата каде се разбира потребно ви е (можеби не експертско) ама барем основно познавање на програмирање.

Светла точка во автомазацијата во последно време е Cypress што и покрај тоа што е програмирање сепак е едноставно доволно да не навлегуваат QA толку во програмските јазици како Java/Python.

Cypress ќе биде иднината на автоматизацијата и кој кажува поинаку е само закоравен и не може да се помири со фактот дека џабе учел Java или Python :)

(не ме сфаќајте погрешно си има свои бенефити да знаете Java/Python+Selenium - но јас зборувам за почетна автомазација, а не за понапредна автоматизација).

Чим cypress е иднината да земам да се пренасочам кон девелопмент :)
 
Volkswagen

hello world
12 септември 2008
227
76
Да, пример јас почнав со Cypress годинава. Ме убедуваа и мене и јас бев као "нема шанса" и кога увидов уствари колку е брз за да се имплементира сфатив what is the whole fuss

Можам да напраам скрипта за тестирање на сајт со се CSS кој ќе генерира видео од автоматизацијата, за неколку саати. Нешто што со стандардните Python/Selenium ќе ми треба ете цел ден или можда два.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно