Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Слободата на говорот во модерното информатичко општество

  • Ја почнал/а темата zlaki
  • Време на почнување

Multipass

hello world
1 ноември 2015
216
363
@Lokvan, не планирав пак да губам 20 минути, чекор по чекор да објаснувам како сам со себе се негираш. Но едноставно изгледа морам.

Прво безполезни се овие дискусии кога ни јас тебе нема да те убедам, ни ти мене нема да успееш да ме убедиш, а најжалосно е што и двајцата делиме сличен став, но ти одлучуваш погрешно да ме интерпетираш.

Слично ми се случи и со Astro, само за на крај да ми каже дека цело време се заебавал со мене чисто за да тера дискусија и многу фино џентлментски го напиша тоа.

Значи да разграничиме прво и двајцата го осудуваме однесувањето на Миленко Неделковски, така? Не би го нарекувал за џабе Ретарденко. Слободно цитирај ме и изјасни се ова.

Ако го осудуваш значи сигурно има причина заради тоа и ти си слушал и читал неговите глупости кои се секогаш со суптилна или директна индикација за омраза кон некоја одредена група.

Ако не го осудуваш неговото однесување, тогаш не мораме да продолжуваме со дискусијата. Си имаш радикални десничарски ставови и тоа е твое право.

Линковите кои ти ги приложив се неколку различни примери за говор на омраза кон неколку различни групи. ЛГБТ заедницата, новинари, Албанската етничка заедница и Грците.

Види ги уште еднаш линковите бидејќи во 18:24 поправив еден дупли линк, а во твојот пост во 18:47 уште во цитат ја имаш верзијата со дуплиот линк, што очигледно значи дека си го пишувал постот повеќе од еден час. Навистина и двајцата си го губиме времето.

И тоа е само еден мал дел од неговите престапи. Го злоупотребуваш правото за слобода на говор за да ги оправдаш неговите акции. Правиш жртва од злоупотребувачот.

Има голема разлика помеѓу „Не ги сакам педерите и нивното понашање“ и „Не ги сакам педерите и би им свирнал куршум во чело заради нивното понашање“. Едното е став, другото е говор на омраза.

Што уште сакаш да ти приложам, без притоа да губам време роварејки по неговите расистички постови. Доволно е што со самото пишување на неговото име на google е исполнето со вести поврзани со неговата расна, сексуална и етничка нетрпеливост.

Ме обвинуваш дека дискутирам без факти и ми ги испревртуваш зборовите. И да ќе те споредам со Никола Груевски бидејќи и он на вистински аудио докази се правеше будала и релативизираше.

Навистина не знам што уште да напишам или и ти си играш мајтап со мене или едноставно сакаш да се вежбаш во овој стил на апсурдно дебатирање.

Искрено не се нервирам кога имам спротиставен став со некого, се нервирам кога не ми го разбираат ставот дали намерно или ненамерно.

Баш ме интересира кои ти се генералните политички ставови.

Поздрав.
 

imperial

user
12 август 2009
1.420
2.054
Скопје
www.rop.mk
..абе на секоја цевка, низ која течат гомна, мора да се стави филтер (перчистителна станица). Во спротивно се загадува околината.
Има и друга намена филтерот, ако премногу ја полниш цевката, неможе се да излезе па ти се враќа на тебе.
или ај да не е така...малце помодерно...

Секој има право и слобода да заработува.
Има и Дрисла.
Ама чим почне да заработува, одма бараме филтер да стави, да не ја загадува околината.
Значи ја кочиме во основното право да заработува?
Значи:
Секој има право да заработува.. ама...
Секој има право на мислење и говор... ама...

Ова е „ама“ општество.

Се додека постои терминот слобода на ова или она, значи дека човекот не е еволуиран до таа мера, да не му треба доделување на слободи.
Затоа и постои доделувањето на слобода за нешто.. демек сега сме цивилизирани во тој сегмент, па нема потреба од забрани.
И како е тоа направено? со воведување на демократија... абе ајде... а разлика помеѓу демократија и анархија е...?
Исти се, само во првото не одговараш а во второто одговараш за своите постапки.
Епа ако одговараш... каде е слободата?
Далеку е човештвото од слобода... па уште во капиталистичка демократија (ама).. ни случајно.

Ја сум за строга контрола со траен затвор за секој што со својот говор или дело, ќе наштети на угледот на државата.
Ако мислите дека некоја изјава или пост, не е доволен за намалување на угледот на државата, се лажете.
Имаше едно време „анти државен елемент“.. сега гледам, кој како стигне се заканува и исмејува.

Butterfly effect,
Двајца навивачи на фудбалски клубови од различни земји се препираат на facebook.
Невина кавга, прераснува во навреди.
Навредите ги читаат пријателите, и се уклучуваат во расправата.
Навредите се се почести и поголеми.
Се сретнуваат двата клуба на натпревар.
Доаѓаат двете групи.
Доаѓа до тепачки
Има жртви
Полицијата сега ги истражува постовите.
Ги набедува туѓите а ги брани своите.
Другата држава исто истражува и го прави обратното.
Секој бара извинување.
Министрите за надворешни се препукуваат со веќе националистички ставови.
Се вклучуваат министри за одбрана.. претседатели... народот.
Се случува војна.
Едната држава е во една алијанса, другата во друга... се вклучуваат алијансите.
Станува светска војна. Гинат милиони луѓе.

Затоа што двајца копиљаци неможеле да се сложат или од досада решиле да се навредуваат.
Слобода на говор?
 

toplel

user
18 август 2016
1.061
1.546
Според мене, слободата (физички) и слободата на говор (срање) во утописка смисла не постои зошто е условна. Е сега, како тоа условно и слобода во иста конотација кога термините во самата природа се контрадикторни еден со друг?

„Слобода“ сметам (се смета) дека ја уживаш сѐ додека не ја нарушиш (физички) слободата на некој друг, со самото тоа и ние сме условени и тоа ни ја „гарантира“ (условно) нашата „слобода“. Оттука, слобода на говор треба да е дозволена и нецензурирана без разлика дали повикува на насилство или не. Има разни механизми (од самите себе, до трети странки или инструменти) против истото и сметам дека не е можно да се дефинира или спроведува објективно и доделува налик прокрустовата мерка. Сметам дека сите (повеќето) за себе знаеме да си ја дефинираме слободата на говор и како такви треба самите да направиме една дедукција и да сведиме заклучок од истата. Аку сам не се грижиш за својата слобода значи ја нарушуваш и туѓата. Таквите луѓе сами треба да се свесни во што се впуштаат.

За крај сѐ се сведува до самите нас и дали сакаме да си ја заштитиме нашата слобода. Аку јас и комшијата секој ден си дофрламе пцовки и разни заканувачки пораки преку ограда и ништо од тоа не ескалира или обврзува други луѓе тоа е слобода. Самите сме ја нарушувале слободата. Доколку ескалира тогаш самите сме виновни. Затоа ова е многу деликатна и целосно субјективна работа.

Be the change you want to see in the world.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.822
6.520
SK
Хмм, во врска со „Butterfly effect“ филмот пар постови поназад... Војните секогаш се продолжување на (гео)политички мерки, aма со оружје. Наивно е да се помисли дека „двајца копиљаци“ со караница може да почнат војна меѓу држави. Некој да ги искористи копиљаците како повод, тоа да. Само што поводи никогаш не недостасуваат и секогаш ќе се најде некој повод кога веќе има причина - за војна. Така да, не, не може плашење со војна да се искористи како оправдување за укинување на слободата на говорот.
..абе на секоја цевка, низ која течат гомна, мора да се стави филтер (перчистителна станица). Во спротивно се загадува околината.
Има и друга намена филтерот, ако премногу ја полниш цевката, неможе се да излезе па ти се враќа на тебе.

Интересна метафора, само што... Кој ќе го прави филтерот за тие гомна?
Кој ќе одлучува што е „гомно“ а што не е? Спред кој критериум? Како ќе се спречат злоупотребите, наместо гомна да не се филтрира се и сешто што му смета на тој кој го креира филтерот (а тоа се политичарите, се разбира). Да употребам и самиот една слична метафора: Такви нејасно дефинирани страња како што е „говор на омраза“ се како створени за злоупотреба. Всушност баш и СЕ створени за злоупотреба.



...тоа е само еден мал дел од неговите престапи. Го злоупотребуваш правото за слобода на говор за да ги оправдаш неговите акции. Правиш жртва од злоупотребувачот.

Има голема разлика помеѓу „Не ги сакам педерите и нивното понашање“ и „Не ги сакам педерите и би им свирнал куршум во чело заради нивното понашање“. Едното е став, другото е говор на омраза.
Ова всушност е повик на насилство, ако навистина напишал така. Во овој случај како обвинител немаш потреба од „говор на омраза“ за да го тужиш ликот... Не знам дали ме разбираш што сакам да ти објаснам. „Говор на омраза“ може да, и се злоупотребува, за разлика од делата како насилство, повик на насилство, криминал, кои не оставаат простор за погрешно толкување. Пошто тепање е тепање, повик некој да се тепа е повик за насилство, итн. Но „говор на омраза“, според дефиницијата тоа може да биде буквално се и сешто.

Не знам дали ги следиш работите со истава тематика на интернет, во врска со слободата на говорот. Имаш примери со студенти и професори со уништени кариери, сето заради смешни обвиненија за „говор на омраза“. Се разбира можам да покажам и примери, ако те интересира. Нема да бидат офтопик.

Ако не го осудуваш неговото однесување, тогаш не мораме да продолжуваме со дискусијата. Си имаш радикални десничарски ставови и тоа е твое право.

Баш ме интересира кои ти се генералните политички ставови.
@Multipass мислаам дека ти баче премногу претпоставуваш. :)
Не е проблем што си правиш претпоставки и конструкции, тоа е нормален процес на размислување. Проблем е што тие конструкции потоа ги земаш здраво за готово, без да земеш во обзир колку се големи шансите дека грешиш во претпоставките.

Ајде да видиме што е со претпоставките. Од каде заклучи дека ако не се согласувам со инфантилните изјави на Миленко, дека автоматски треба да се откажам и од правото на слобода на говорот? Да се откажам од моето право на слобода на говор? За да го замолчиме еден Миленко??
Пошто натаму иде „логиката“ на дискусијава.

Понатаму, мојата (или твојата) политичка определба е небитна за дискусијава. Зошто ме прашуваш за политичките ставови? Кажуваш дека ако имам „радикални десничарски ставови“, дека „тогаш не мораме да продолжуваме со дискусијата“? А зошто не би разговарал со било кој во една нормална дискусија? Од ова гледам дека по дифолт не сакаш да дискутираш со некој што има спротивни ставови.
Треба ли сега јас да претпоставам дека ти имаш „радикални левичарски ставови“, и да бидам загрижен за екстремизмот на крајната левица?

Но со тоа би дигресирале во офтопик, да се задржиме на дискусија за слободата на говорот.
 

Multipass

hello world
1 ноември 2015
216
363
Ајде да видиме што е со претпоставките. Од каде заклучи дека ако не се согласувам со инфантилните изјави на Миленко, дека автоматски треба да се откажам и од правото на слобода на говорот? Да се откажам од моето право на слобода на говор? За да го замолчиме еден Миленко??
Пошто натаму иде „логиката“ на дискусијава.

Ама никој овде не збори за укинување или откажување на слобода на говор, туку за негова злоупотреба. Цело време зборам за Миленко Неделковски и останатите негови компањони хушкачи кои сакаат да предизвикаат немири, како типичен пример за злоупотребувачи.

Не заборавајте таквото нивно потикнување доведе до упадот во собрание, замислете жртви да паднеа, па на работ од граѓанска војна бевме ако ескалираше работата. Зошто, само бидејќи елитите на власт за да продолжат да се богатат и нивните министри за пропаганда да продолжат да шират омраза и притоа дебело да бидат платени за истото.

Тек сега сфаќаат тие што тепаа во собранието дека биле само обични марионети, додека лежат по затворите.

Понатаму, мојата (или твојата) политичка определба е небитна за дискусијава. Зошто ме прашуваш за политичките ставови? Кажуваш дека ако имам „радикални десничарски ставови“, дека „тогаш не мораме да продолжуваме со дискусијата“? А зошто не би разговарал со било кој во една нормална дискусија? Од ова гледам дека по дифолт не сакаш да дискутираш со некој што има спротивни ставови.

Не би дискутирал со радикален десничар, бидејќи нема да има полза дискусијата, сигурно нема маѓично некој непознат тип на интернет да го предомисли.

Во твојот случај само ти приложив ствари за кои и самиот си свесен дека се точни за Миленко Неделковски, по самиот тон приметив дека делиме некои слични левичарски ставови и едноставно тотално незамисливо ми беше да се релативизираат неговите ставови врз основа на бранење на слободата на говор, кога тоа он што го право апсолутно врска нема со слобода на говор, туку е чисто ширење на омраза.

После ја негираше содржината од линковите и ми бараше ептен цврсти факти како на суд да сме. Па не се заебанција институции како АВМУ, Хелсиншки комитет, Отворено Општество, Цивил и ред други. Сигурно нема без докази да приложуваат преставки, кога прво АВМУ е државна институција. Не бил казнет бидејќи претходната влада го потикнувала неговото однесување за манипулација на масите. Башка вакви типови веднаш ги бришат спорните статуси откако ќе бидат пријавени на повисоки институции.

И не ти требаат тврди докази за вакви ствари кога секој ден слушаш жалби од страна на луѓе за вакво однесување. И за претходната влада и без докази се чуствуваше дека вршат злоупотреба со државни пари, па ете на крајот се појавија и вистински докази, и сега еден по еден добиваат обвиненија. Истото ќе се случи и со Миленко Неделковски.

Таа јадна жртва на системот, не може да го остварува своето право на слобода на говор и јавно да повикува на линч и ликвидација. :D

И не е ништо страшно и да се дискутира за политичка определеност и инклинираност.

Не сум радикален левичар, имам умерени левичарски ставови. Сум за правата на сите маргинализирани групи, социјална помош и заштита за сите кои не се способни за работа, дури и тие што се целосно физички здрави. Сум за отвореност кон меѓународните структури, верувам во слободна економија и негова поголема дерегулација. Ми се свиѓаат придобивките на капитализмот, сум за поголеми даноци и одговорност кон големите корпорации и мали даноци за микро и малите претпријатија. Ја подржувам промената на името со предложената формула. Од дното на душата ја мразев претходната власт, редовно искачав на протести, гласав за СДСМ, ми се свиѓа нивниот напредок во надворешната политика, не ми се свиѓа нивната внатрешна политика и продолжување кон примена на исти тактики како нивните претходници, не планирам да гласам за нив пак. И тоа е во nutshell се моите политички ставови, воопшто не е тешко да бидеш транспарентен за нив. :)

Поздрав.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.822
6.520
SK
@Multipass да се задржиме првенствено на темава, дури и ако повремено одиме во офтопик (пошто дискусијава природно дивергира кон опфаќање и на разни општествени аспекти).

Поназад имаше дефиниција на „говор на омраза“, нејасна и конфузна каква што е.
Ајде сега да погледаме како се дефинира слободата на говорот:
Википедија напиша:
Слобода на говорот
Од Википедија — слободната енциклопедија
Слобода на говорот — право на слободно зборување и изразување без цензура или ограничување, или пак двете заедно. Слобода на говор како синоним на слобода на изразување понекогаш укажува не само на вербален говор,туку и на барање, примање и пренесување на информации или идеи, без оглед на медиумите кои се користат.
И понатаму:
Правото на слобода на говорот е признаено како човеково право според членот 19 од Универзалната декларација за човекови права како и во меѓународните закони за човекови и граѓански права во International Covenant on Civil and Political Rights. Оваа организација го признава правото на слобода на говор како „право да се имаа мислења без мешање“. Секој треба да има право за слобода на изразување."
Слобода на говорот — Википедија

Дали е јасно цитираното?
Значи слобода на говорот е право на слободно зборување и изразување без цензура или ограничување. Никаде не се вели дека „ако не ми се допаѓа што зборува рандом лик, тогаш тој лик нема право слободно да се изразува“ (минус повикувања на насилство и/или криминал).


Ама никој овде не збори за укинување или откажување на слобода на говор, туку за негова злоупотреба. Цело време зборам за Миленко Неделковски и останатите негови компањони хушкачи кои сакаат да предизвикаат немири, како типичен пример за злоупотребувачи.
Епа правата и слободите функционираат во двете насоки, пошто за сите се исти. Не може за Миленко да не важи правото на слобода на говор, а сите други права да важат за сите други. Тоа е реалноста, и сеедно дали на нас двајцата ни се допаѓаат или не ставовите на Миленко. Сакале ние да признаеме или не, Миленко како правна категорија е човек, и ги има сите права и слободи како таков. :)


ја негираше содржината од линковите и ми бараше ептен цврсти факти како на суд да сме. Па не се заебанција институции како АВМУ, Хелсиншки комитет, Отворено Општество, Цивил и ред други. Сигурно нема без докази да приложуваат преставки, кога прво АВМУ е државна институција.
Не бил казнет бидејќи претходната влада го потикнувала неговото однесување за манипулација на масите. Башка вакви типови веднаш ги бришат спорните статуси откако ќе бидат пријавени на повисоки институции.
Прво да, негирам дека пријава за говор на омраза значи било што. Затоа што сметам дека „говор на омраза“ е непотребна и штетна правна категорија, створена за контролирање на јавното мислење и потиснување на слободата на изразување. Второ, Хелсиншки комитет, Отворено Општество, Цивил, и други, пред се друго се невладини организации. Како такви тие имаат политички агенди, исто како што ликовите како Миленко имаат свои политички агенди.

Како што реков малку поназад, правата и слободите функционираат во двете насоки и за сите се исти. Не може НВО-ата да имаат право да се жалат на „говор на омраза“ а обвинетиот да нема право на слобода на говор. Само што момците и девојките од невладини организации во случајов се малку пописмени од ликовите како Миленко, па подобро го играат системот. Но ете пресуда нема, а ако евентулано имало реална основа за случај истиот експресно ќе бил пријавен и во судот во Стразбур - а таму не можат да влијаат многу локалните македонски политичари, нели? :)

А тоа за АВМУ можам само да се насмеам, пошто „Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“ треба да се бави со аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. :hay:
АВМУ не нудат правни услуги за кривичниот и прекршочниот закон за човечки права и слободи, ниту имаат правна експертиза во кривичниот и прекршочниот закон за човечки права и слободи. АВМУ дефинитивно немаат експертиза за човечки права и слободи.
Подобро да си ја гледаат работата, иако би можел да се обложам дека некој од АВМУ како втора работа е ангажиран и во некоја од невладините организации. Човечко право и слобода е, секој да работи каде сака и што сака.:p


Не би дискутирал со радикален десничар, бидејќи нема да има полза дискусијата, сигурно нема маѓично некој непознат тип на интернет да го предомисли.
Напротив, најпродуктивна дискусија е секогаш со некој кои има спротивни ставови. Нормално, услов е и двајцата соговорници да се отворени за фер и конструктивна дискусија.

Во таа насока, фер и конструктивна дискусија не е кога упорно се игнорира слободата на говор додека се истакнува само потребата од необјективно (а не може да биде поинакво) санкционирање на „говор на омраза“ - што е секундарна, ако не и терциерна правна категорија во однос на нешто што е основно човечко право. Уште еднаш, правото на слобода на говор е наведено во Универзалната декларација за човекови права.


И не ти требаат тврди докази за вакви ствари кога секој ден слушаш жалби од страна на луѓе за вакво однесување.
Ха, како бе не ти требаат тврди доказа за кривично да осудиш некој?
Што е основ за кривично гонење? Некој на интернет се жалел за нечие однсесување?

Па овде секој се жали на нешто и на некој. Така ќе треба 99% од луѓето да се стават во затвор. Не е баш левичарски од тебе да се залагаш за репресија, нели? :)


не е ништо страшно и да се дискутира за политичка определеност и инклинираност.
Не е страшно, ама малку е офтопик. Иако во оваа дискусија тој општествен офтопик природно доаѓа и со оглед на поврзаноста на работите можеби и не е блатантен офтопик. Но јас сепак ќе те замолам да не спомнуваш во секој пост имиња на локални политичари и политички партии. Тој офтопик е сигурен метод за затварање на темава и прекинување на дискусијата која јас лично ја сметам за важна. Слободата на говор и изразување на социјалните мрежи (и секаде) е важна за информатичкото општество.


Од дното на душата ја мразев претходната власт, редовно искачав на протести, гласав за СДСМ, ми се свиѓа нивниот напредок во надворешната политика, не ми се свиѓа нивната внатрешна политика и продолжување кон примена на исти тактики како нивните претходници, не планирам да гласам за нив пак.
Ова е пример за содржина каква би требало целосно да избегнуваме во оваа дискисија, но прво морам да приметам дека барем на последното гласање сум излегол поголем левичар од тебе. ;)


Сум за отвореност кон меѓународните структури, верувам во слободна економија и негова поголема дерегулација. Ми се свиѓаат придобивките на капитализмот, сум за поголеми даноци и одговорност кон големите корпорации и мали даноци за микро и малите претпријатија.
Ова е малку дуално и спротиставено со залагањето за повеќе правни регулации на слободата на говорот. Пошто баш тоа е повеќе (непотребна) регулација. Разбирам дека зборуваш за економија, но истите принципи би требало да ги следиш и во врска со човековите права и слободи.


Не сум радикален левичар, имам умерени левичарски ставови. Сум за правата на сите маргинализирани групи, социјална помош и заштита за сите кои не се способни за работа, дури и тие што се целосно физички здрави.
Хммм... Денес е многу нејасна границата меѓу умерените и екстремните левичарски групи. Јас гледам проблем со левичарството онака какво што е неговото денешно најпопуларано практикување. Изгледа како левицата денес да е компромитирана од некои чудни спонзори чии политички агенди во голема мера се спротивни на основните левичарски постулати.

Тука природно морам да се надоврзам на културниот марксизам - последното најпопуларно извитоперување на марксизмот. Имено правата кои ги наведуваш во цитатот, денес се промовираат многу повеќе за малцинствата отколку за мнозинствата. Што историски е докажан рецепт за катастрофа.
Да не бидам разбран погрешно, со малцинства мислам на сите малциства. Не само етнички малцинства, туку и на малцинствата од религиозен аспект, идеолошки аспект, од аспект на секусуална ориентација, итн од секој еден аспект по кој општеството може да се подели. Културниот марксизам денес ги промовира правата на малциствата како единствено важни, и тоа е лошо тоа е рецепт за катастрофа. Лошо е да се игнорираат правата и потребите на мнозинството. Тоа раѓа ликови како Миленко, ликови милион пати полоши од потпросечниот Миленко.


...заштита за сите кои не се способни за работа, дури и тие што се целосно физички здрави.
Вториот дел од оваа изјава, со ова целосно не се согласувам. Сега зборуваш за универзален загарантиран приход, така? :)

Нема шанси тоа да биде економски издржливо ни за најбогатите држави во светот, освен ако не брцнеш во џебовите на најбогатиот еден процент, од еден процент на луѓето. А со среќа брцањето во џебовите на светската финансиска елита. :hay:

Од фактите на терен, од сознанијата кои го гледаме од каде се финансираат социјалните бенефити... Финансиите за универзален загарантиран приход би се земале најмногу од џебовите на работниците, донекаде од ниската а најмногу од средната класа. Како е ова левичарски став? Работниците да се убиваат од работа, за неработниците да легачат?
Е ова е еден добар пример за извитоперување и злоупотреба на левичарството за кое зборев. Се ќути за најбогатите (пошто тие се спонзорите кои фрлаат пари на партиите и невладините организации), и наместо да се зема од најбогатите се цица крвта на работниците за да се финансираат гласовите на неработниците и легачите. Левичарство? Не, перверзија.


Но забегавме. Ајде да се задржиме на темата.
Дискутираме за слободата на говорот како човечко право е кое загрозено од наметнати (и подметнати) механизи како што е „говорот на омраза“. Сето тоа е со цел да се потисне и цензурира слободното изразување и да се спречаат луѓето, работниците, мнозинството, да се бунат и да се борат против експлоатацијата на малкумината најбогати луѓе на планетава.

Миленко е само еден пригоден изговор кој е лесен за експлоатација во таа борба против слободното изразаување. Корисен идиот кој со својата неукост и недоветност, самиот несвесно работи во корист на неговите противници. Иронијата да биде поголема, таквите како Миленко не се ни свесни кои се нивните вистински непријатели, пошто ги гледаат само алатките кои непријателот ги мафта пред нив (делителите по етничка, религиозна, сексуална, и секаква друга, основа).
 

Multipass

hello world
1 ноември 2015
216
363
@Lokvan, никој не рече дека мора некоја логика да следат моите политички ставови, такви се како што се. Реално најмногу се блиску до социјал-демократијата. Сите работи што ги набројав горе-доле функционираат во Скандинавските земји.

Кога мислев на загарантирана социјална помош дури и за тие што се физички здрави, баш на ум ми беше Скандинавскиот систем. Едноставно има некои кои не се создадени за работа, имаат некоја психичка бариера кон тоа, дали од чиста мрзливост или некоја друга причина, во овие земји и за таквите има приход. Но едноставно ова се земји каде што во културата на самата нација е да работиш и бидеш продуктивен член на општеството и лесно кај нив е решен овој проблем со висок персонален данок. И скоро никој не се буни на тој нивни систем, всушност истиот претставува нивна најголема национална гордост. Ваквиот систем кај нас не би функционирал, заради културата во државата.

Иначе економскиот модел што го спомнав е сличен и во САД за да се потикнува создавањето на мали стартапи кои имаат можност еден ден да прераснат во големи корпорации. Во нашата држава поголем данок плаќаат малите фирми, а големите плаќаат понизок, се со цел да привлечат големи странски инвестиции, за да може нашиот народ да работи за 12.000 денари плата. Целосно забораваат на малата домашна индустрија.

Значи ти си еден од тие што гласале за Левица. :D Во реалност ако сакаш да ја оштетиш и симнеш владата од власт, гласаш за нејзиниот најголем противник, без разлика дали се согласуваш со нивната програма и филозофија, едноставно гласаш со став да ја симнеш владата. За еден мандат, можеш пак спротивно да гласаш, најголем коректор на власта сме ние. Така да сегашната влада ако го продолжи овој тренд, ништо чудно да гласам за ВМРО-ДПМНЕ, само за на најштетен начин го изразам своето незадоволство.

Мое право е да спомнувам директно имиња на политичари, не гледам причина зошто би ги изоставувал имињата, за тие што ги сметам за најодговорни за целава ситуација. Администрацијата на форумот има целосно право да ме модерира, ако и пречат тие изјави.

За целово фијаско за hate speech-от, реално се криви самите социјални мрежи што не знаат сами да се модерираат како што треба. На нивните акционери и те како им пречат овие проблеми, кои генерално се надвор од нивна контрола заради големиот број корисници на нивните мрежи.

Како и да е, битно си направивме една дискусија.

Поздрав.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.822
6.520
SK
Друже, не може едноставно да кажеш „Социјалните мрежи не се модерираат самите себе доволно добро за мој/твој вкус“, и со такво неубедливо оправдување наеднаш банално да заклучиш: „Тааа-дааа (фанфари) ете магично добивме валидна причина да рационализираме зошто сега на политичарите треба да им дозволиме сите нас да не цензурираат и да ни го одземат загарантираното човечко право - право на слобода на говор.“
За целово фијаско за hate speech-от, реално се криви самите социјални мрежи што не знаат сами да се модерираат како што треба. На нивните акционери и те како им пречат овие проблеми, кои генерално се надвор од нивна контрола заради големиот број корисници на нивните мрежи.
Прилично неубедливо. Воедно морам да приметам дека полошо ти оди одбраната на нужноста од правната категорија „говор на омраза“, еднаш кога the usual suspect Ретарденко го исфрливме надвор од равенката. :)

И да, администрацијата на форумов не само што има право туку дефинитивно ќе не модерира. Mожеби и целосно ќе ја затвори темава. Не велам дека баш тоа ти е целта кога вакa упорно продолжуваш во (интересен додуше) офтопик, но работава секако oди натаму (клуч). Воедно и повторно морам да приметам дека моментот со упорниот офтопик е малку ироничен и прилично комичен, со оглед на тоа што самиот велиш дека учесниците во дискусиите на социјални мрежи треба подобро да се модерираат самите себе. :D

Затоа ајде да се модерираме подобро самите. Повторно, ајде да се задржиме на темата на дискусијата: Слобода на говорот, на социјалните медиуми и секаде. Или макар офтопикот да го ставиме во спојлер и да не ги замараме тие што не ги интересира ова (за нас интересно) дигресирање на дискусијата.

Сите работи што ги набројав горе-доле функционираат во Скандинавските земји.... Кога мислев на загарантирана социјална помош дури и за тие што се физички здрави, баш на ум ми беше Скандинавскиот систем. Едноставно има некои кои не се создадени за работа, имаат некоја психичка бариера кон тоа, дали од чиста мрзливост или некоја друга причина, во овие земји и за таквите има приход.
Ќе видиме како ќе функционира ова за Шведска на долг (или среден) рок. За мене е контрапродуктивно и ретардирано да се овозможува непродуктивност и паразитирање на мрзливите и бескорисните на сметка на корисните (работниците). Се промовира паразитирање, се промовира прилив на паразити кои природно се концентрираат таму каде најудобно се паразитира. Што ќе се случи со економијата на Шведска кога ќе се надмине културата критичната маса на неработници? Кога работниците едноставно физички не ќе можат да даваат повеќе за паразитите?

Повторно, ова нема врска со левичарските заложби. Ова се тие модерни контаминации на корумпираното водство на левичарстото денес. И ова нема врска со некаква „поголема култура“ на Швеѓаните. Ова денес во Шведска има врска со огромните дози на пропаганда и социјален инжинеринг кои само во неколку децении успеваат целосно ја сменат критичката моќ на јавната свест, моралните вредности, и шведската култура воопшто.


Но едноставно ова се земји каде што во културата на самата нација е да работиш и бидеш продуктивен член на општеството и лесно кај нив е решен овој проблем со висок персонален данок. И скоро никој не се буни на тој нивни систем, всушност истиот претставува нивна најголема национална гордост. Ваквиот систем кај нас не би функционирал, заради културата во државата.
Одличен систем. Висок персонален данок за работниците. Генијално!
Да живее левичарството ... правдата ... Да живеат паразитите и неработниците!

Да. Кај нас ова не би функционирало, барем не на ова ниво, пошто (сеуште) не ни се доволно испрани мозоците со пропагандата на модерниот социјален инжинеринг. Но! Најсмешно и најголема иронија е тоа што спомнуваш „нација“ и „национална гордост“. А нивниов одличен систем иде кон тоа да за релативно кратко време шведската нација ќе биде малцинство во Шведска. Национална гордост, а? Како е тоа за иронија?

Веројатно времето кога ќе станат малцинство во сопствената држава ќе биде и уште пократко од официјалните предвидувања, затоа што пресметките се направени спред сегашни статистики кои забрзано се менуваат од година во година (се повеќе и се повеќе имиграција, а се помалку домороден шведски наталитет). Не знам колку си запознат со Конвенцијата од Маракеш, и договорениот годишен инфлакс од имигранти од Африка и Азија во ЕУ. И се надевам само дека нема си навредуваме интелегенцијата со критики за веродостојноста на изворот на податоците за статистиките, пошто истите се земени од официјални и достапни шведски статистички податоци.

Еве го истото и свежо илустрирано, само обрати внимание на брзото намалување на бројките и процентите на националното домородно население во Шведска:

Ни од економски аспект не им се пишува добро, не со огромниот прираст на побарувачи на дарежливите социјални бенефити. Навистина не гледам зошто би го земале суицидниот шведски систем како репер и пример за овде.


Иначе економскиот модел што го спомнав е сличен и во САД за да се потикнува создавањето на мали стартапи кои имаат можност еден ден да прераснат во големи корпорации. Во нашата држава поголем данок плаќаат малите фирми, а големите плаќаат понизок, се со цел да привлечат големи странски инвестиции, за да може нашиот народ да работи за 12.000 денари плата. Целосно забораваат на малата домашна индустрија.
Немој да си толку наивен друже. Успехот на нивната економија првенствено се должи на глобализацијата и outsourcing-от. Баш затоа луѓето од ваквите сиромашни држави како нашава, работат за пар стотини долари, за да може во САД да дојде евтин производ. Одамна беше времето кога САД беа индустриска велесила, двете децении после последната светска војна. Од тогаш па наваму полека но сигурно, производството се сели таму каде што е најевтина работната сила. Воглавно во Азија, но полека и во Африка, Индија.

А сега ова следново ќе го ставам во уште еден спојлер, пошто на ваков оф-офтопик ептен не му е местото на информатички форум. И за ова само сега ќе кажам два збора, чисто за да го заклучиме офтопиков. После ова навистина немам намера да продолжувам во ваков несоодветен офтопик.
Во реалност ако сакаш да ја оштетиш и симнеш владата од власт, гласаш за нејзиниот најголем противник, без разлика дали се согласуваш со нивната програма и филозофија, едноставно гласаш со став да ја симнеш владата. За еден мандат, можеш пак спротивно да гласаш, најголем коректор на власта сме ние. Така да сегашната влада ако го продолжи овој тренд, ништо чудно да гласам за ВМРО-ДПМНЕ, само за на најштетен начин го изразам своето незадоволство.

Во реалност ова е најлошто нешто што можеш да го направиш, а реално баш тоа е праксата овде. Се менуваат две гарнитури на клептократи кои реално се разликуваат само по етикетите со кои декларираат.

Знаеш зошто двете најголеми политички партии не се замараат со работење за доброто на нацијата, за доброто на државата?
Затоа што знаат дека глупата раја има кратко памтење, па на следните избори пак ќе гласа против актуелната власт. Инфантилно е да се гласа ПРОТИВ еден клептократ, само за да го замениш со друг клептократ. Треба да се гласа ЗА, за тоа во што веруваш, или барем за тоа што е најблиску до тоа.
 

Multipass

hello world
1 ноември 2015
216
363
На само модерирање мислев социјалните мрежи да ангажираат модератори како што има по форумите, го наведов како солуција но како непрактична. Reddit функционира на овој начин, за Facebook и Twitter далеку покомплицирана би била примената и логистиката.

Фактот останува дека тоа претставува нивна мрежа и правото за бришење содржина е нивно целосно, исто како што е овде на форумот. Во тој случај нема да се мешаат владини машини во цензура, туку самите социјални мрежи ќе бришат спорна содржина. Ова се само една од неколку видови начини за решавање на проблемот.

Немој да ми кажеш дека не е проблем омразата во говорот кога е. Пак ќе се повторам никој не ја оспорува слободата за говор, но повици за линч и ликвидација се кривично дело, не само во оваа држава, туку и во скоро сите други. Изјави како „Албанците ни ги земаа сите работни места“ е слобода на говор, но изјава како „Чувството кога тепаш ш*птар во собрание, лежи доле п*чко ш*птарска“ е јасен случај на кршење на законите и во ниту еден случај не може да биде слобода на говор. Мора да има граници за све, во спротивен случај е чиста анархија.

За Шведска нема тука што многу да се дискутира, битно е моментално им работи системот и незамисливо имаат далеку подобар стандард за живеење од нас. Точно е имаат голем број на имигранти, но има причина зошто ги примаат. Едноставно за помалку гламурозните работи како чистење и работа во assembly линиите во фабриките и слично, нативните Швеѓани не се многу заинтересирани.

И зошто како некој alt десничар тврдиш дека им е загрозен националниот интегритет, кога со 1-2 генерации сите имигранти ќе се асимилираат во општеството и ќе се чуствуваат како Швеѓани со странско потекло. Како нивните деца нема да бидат Швеѓани, кога ќе бидат родени таму. Тоа е таа националистичка реторика. Живееме во ера на глобализација, секој може да се сели каде сака во било која држава која ќе му го дозволи тоа, сите држави кои примаат имигранти тоа го прават за да си ја одржат економијата. САД е светска сила во економија, баш заради имигрантската сила од минатиот век, иди ти сега убеди ги тие родени во САД со имигранти родители дека не се Американци.

Истото ќе се случи и во нашата држава, близок пријател сум со многу луѓе кои се малцинства овде, и кои се асимилирани во Македонската култура и во ниту еден случај не можеш да кажеш дека не се Македонци кога се прво по државјанство и второ по однесување. А за тие што не се целосно асилимирани, тоа си е целосно нивно право на следење на нивната традиционална култура, која се разликува со таа од мнозинството на државата, и во тоа нема ништо лошо.

А за мојот избор за глас, веднаш штом ќе се појави трета опција која голем дел од народот ќе осети дека е закана за моменталните две партии, без размислување ќе го дадам мојот глас за таа партија. Едноставно се знае кога некоја трета партија има капацитет да ги загрози големите, се разбира тоа се гледа со предизборните анкети. Левица и останатите мали трети партии, не беа ниту блиску до тоа. Гласот за овие партии беше глас за да остане режимот на Груевски, не ми беше битно кој ќе дојде на власт, битно ми беше таа влада да падне. Барем тоа е мое мислење.

Поздрав.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.822
6.520
SK
Немој да ми кажеш дека не е проблем омразата во говорот кога е. Пак ќе се повторам никој не ја оспорува слободата за говор, но повици за линч и ликвидација се кривично дело
Не спорам дека повици за линч и ликвидација се кривично дело. Се обидувам да ти објаснам дека не е потребна правната категорија „говор на омраза“ за легално да се справиш со повици за насилство/криминал. Си постојат соодветни правни категории кои третираат повици за насилство и криминал.

Правната категорија „говор на омраза“ е подметната за други потреби, ќе се злоупотребува кога ќе затреба. И не, не се обидувам да кажам дека злоупотребата е во случајот на Миленко, туку општо. Утре ќе има други употреби, само прво мора да се направи претседан.
Толку пати објаснив дека проблемот е во општата употреба на „говор на омраза“ која допрва ќе следи, но ти упорно ја игнорираш суштината на дискусијата. Миленко па Миленко, аман.
Истово ова се случува глобално во западниот свет (всушност секаде), иако ние овде зборуваме за Македонија.


На само модерирање мислев социјалните мрежи да ангажираат модератори како што има по форумите... Фактот останува дека тоа претставува нивна мрежа и правото за бришење содржина е нивно целосно, исто како што е овде на форумот. Во тој случај нема да се мешаат владини машини во цензура, туку самите социјални мрежи ќе бришат спорна содржина. Ова се само една од неколку видови начини за решавање на проблемот.
Со последниве примери за „скришни банирања“ (shadow ban) на Твитер, јасно станува дека „објективноста“ на модерирањето на социјалните мрежи оди кај тие што ги спонзорираат истите. Слични поплаки се забележуваат на сите социјални платформи. Од една страна се согласувам дека се работи за приватна сопственост, но од друга страна очигледно дека се работи за нефер пракса и за необјективност. Значи не е проблем фактот дека правилата се нивни за да ги постават, проблемот е во тоа што потоа правилата не се применуваат исто за сите. Следствено необјективно е сето тоа, и социјалните медиуми работат во корист на една од страните.
Со тоа се нарушени не само демократијата туку и многу други аспекти во општествотото. Да не навлагам премногу длабоко во ова, но слободата на говорот на платформите како фејсбук, твитер, итн, дефинитивно е нарушена.

Еве еден пример за што зборувам: "https://news.vice.com/en_us/article/43paqq/twitter-is-shadow-banning-prominent-republicans-like-the-rnc-chair-and-trump-jrs-spokesman"


За Шведска нема тука што многу да се дискутира, битно е моментално им работи системот и незамисливо имаат далеку подобар стандард за живеење од нас.
Како тоа „нема за што да се дискутира“? Како кога ти самиот велиш дека нивниот систем е нивна, цитирам „национална гордост“, а јас ти покажав статистички податоци дека Шведската нација наскоро ќе стане малцинство во сопствената држава.

Или ајде чисто од економски аспект да гледаме. До кога ќе имаат добар стандард Швеѓаните, ако персоналниот (и сите други) даноци постојано растат?


И зошто како некој alt десничар тврдиш дека...
Зошто имаш потреба да ми лепиш етикети? Морам да бидам или левичар или десничар?
Не може едноставно да бида човек? И соговорник?

Толку црно-бел поглед имаш на светот?
Не постојат бои, не постојат нијанси на сиво помеѓу црното и белото? Само екстремен констаст. Се е или лево или е десно, и нема ништо помеѓу?

Нели се опиша себе си како „умерен“? Но јас ништо умерено не гледам во таквата реторика.


И зошто како некој alt десничар тврдиш дека им е загрозен националниот интегритет, кога со 1-2 генерации сите имигранти ќе се асимилираат во општеството и ќе се чуствуваат како Швеѓани со странско потекло.
Можно ли е толку да не знаеш за што зборуваш?
Правење NO GO зони каде полиција не смее да влезе, не па да спроведува закони, тоа е асимилиација и интеграција?

Правење зони каде се зборуваат исклучиво локалните афрички и азиски јазици, каде се следат само шеријатски закони? Зони каде не владеат шведскиот устав и шведските закони... Тоа е асимилација во шведската култура, во шведската држава?
Тоа е интеграција?



Како нивните деца нема да бидат Швеѓани, кога ќе бидат родени таму. Тоа е таа националистичка реторика. Живееме во ера на глобализација...
Мене ме загрижува твојата реторика кога кажуваш дека „национална гордост“ е изумирање на домородната култура и изумирање на домородното население. Јас па таков сум старомоден, без разлика дали повеќе се нагињам кон лево или десно, повеќе сакам моите внуци да живеат на земјата на моите претци (наместо да си лепам леви или десни етикети). Тоа ли е лошо?

Туку ај настрана тоа, не дека не е битно туку дека е офтопик.
Кажи ми ти мене, кој всушност профитира од глобализацијата заради која сметаш дека треба да ги жртвуваме правата и слободите?

Пошто од глобализацијата секако не профитира народот, не профитираат работниците. Сам кажа дека во Шведска имаат највисоки персонални и секакови даноци. Па тогаш кој профитира? Некој можеби ќе се излаже и ќе каже дека профитираат имигрантите. Но тоа би го рекол само некој кој не разбира дека тие несреќни имигранти бегаат од сиромаштијата и војните кои им се приредени и извршени токму тие од истите тие кои профитираат од сето ова.

Значи кој профитира? Следи ги парите. Профитираат само најбогатите, најмалиот процент од најбогатите, тие кои го собираат кајмакот, тие кои не почитуваат никакви правила. Тие кои од пазарниот Капитализам направија фарса од наместен пазар со нивни правила менливи според нивната потреба. Тие кои од Демократијата прават фарса и циркус за луѓето, тие кои ги имаат во рака сите големи политички опции а на луѓето само им даваат илузија дека нешто одлучуваат кога гласаат на избори.
Профитираат само најбогатите. А ти како некој што се декларира како левичар би требало да си загрижен за тој факт. Наместо недоветно да оставаш истите тие олигарси да те замајаваат со моменти како малцинствата на културниот марксизам.
 

Multipass

hello world
1 ноември 2015
216
363
Не спорам дека повици за линч и ликвидација се кривично дело. Се обидувам да ти објаснам дека не е потребна правната категорија „говор на омраза“ за легално да се справиш со повици за насилство/криминал. Си постојат соодветни правни категории кои третираат повици за насилство и криминал.

Во ред е тоа не го спорам и јас.

Правната категорија „говор на омраза“ е подметната за други потреби, ќе се злоупотребува кога ќе затреба. И не, не се обидувам да кажам дека злоупотребата е во случајот на Миленко, туку општо. Утре ќе има други употреби, само прво мора да се направи претседан.

Во ред е и ова го разбирам целосно како некоја идна можна опасност.

Зошто имаш потреба да ми лепиш етикети? Морам да бидам или левичар или десничар?
Не може едноставно да бида човек? И соговорник?

Толку црно-бел поглед имаш на светот?
Не постојат бои, не постојат нијанси на сиво помеѓу црното и белото? Само екстремен констаст. Се е или лево или е десно, и нема ништо помеѓу?

Најнормално е да се лепат етикети. Некој што споделува вести од Fox News и анализи за тоа како Муслиманите се најголемата закана во 21-виот век и те како ќе те етикетира како alt десничар. Мое право е да лепам етикети, исто како што ти лепиш етикети на имигранти во држава во која што ниту двајцата не живееме.

Ти таму каде што гледаш Швеѓани и имигранти, јас гледам нативни Швеѓани и Швеѓани доселеници. Ти таму кај што гледаш Македонци и Албанци, јас гледам на Македонци и Македонци со Албанско потекло.

Ти си тој што има проблем со етикети, а не признава. Јас барем признавам дека делам етикети и предрасуди секојдневно, тоа едноставно е дел од нормалната човекова состојба. Само ти си тој што на затворен и шовинистички ги гледа работите и да тоа те става во склоп со сите alt десничари.

Имигрантите ќе им ја земеле Шведска како држава, која глупост. Имале no-go зони, па тоа се само примери на екстремности. Што ако имале вакви зони, автоматски сите имигранти нечинат? Па тоа се чисто криминални зони, кои постојат во секоја држава, па така и кај нас. И се проблем на секоја држава, кој се решава со војска или полиција.

Се правиш некој слободоумен тип, а во суштина си скриен расист, маскиран со твојата игра на зборови, дека све е до слободата на говор. Зошто не признаеш дека мрзиш ш*птари, сечени, педери, лезбејки, ц*гани и све што не се поклапа во твојот склоп на патриотско и домородно чувство кое сакаш да го оставиш на твоите деца и внуци, а тоа е етнички чиста држава, каде што само твојот склоп на бела супремација треба да преовладува.

Ќе кажеш дека те напаѓам и дека ти лепам етикети. Да апсолутно си во право.

Поздрав.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.822
6.520
SK
^
@Ragnar, на жалост некаква варијација од Годвиновиот Закон изгледа е неизбежна во вакви случаи.
Godwin's law (or Godwin's rule of Hitler analogies)[1][2] is an internet adage asserting that "As an online discussion grows longer, the probability of a comparison involving Hitler approaches 1"
Godwin's law - Wikipedia


Се правиш некој слободоумен тип, а во суштина си скриен расист, маскиран со твојата игра на зборови, дека све е до слободата на говор. Зошто не признаеш дека мрзиш ш*птари, сечени, педери, лезбејки, ц*гани и све што не се поклапа во твојот склоп на патриотско и домородно чувство кое сакаш да го оставиш на твоите деца и внуци, а тоа е етнички чиста држава, каде што само твојот склоп на бела супремација треба да преовладува.
Ќе кажеш дека те напаѓам и дека ти лепам етикети. Да апсолутно си во право.
Тажно е кога ад хоминем останува единствената алатка, на тој што се спуштил таму на дното откаде упорно одбива да се соочи со фактот дека дебатата ја изгубил едно 10 мислења наназад.

@Multipass oд една банална и неважна неможност да ја аргументираш потребата за „говор на омраза“ како правна категорија, краток ти беше патот до иронијата кога самиот почнуваш да практикуваш нешто што од правен аспект комотно ти самиот можеш сам себе да се ставиш под истата таа категорија: говор на омраза. А зошто бе пријателе, од каде таа потреба за конфронтација, за глупаво карање, за ингорирање на фактите и на реалноста? За жртвување на правото на слободен говор?

Од каде таква потреба за како да е мантра, да ја повторуваш таа догма за културниот марксизам?

Ќе кажеш дека те напаѓам и дека ти лепам етикети. Да апсолутно си во право.
Велат дека солзи од искрен левичар лечеле секаква болест.
Штета што ти не си искрен левичар. Всушност не си ни левичар... Задржи ги солзите. :hay:

самата нација... нивна најголема национална гордост.
Дали ти прв спомна „нација и национално“ кога збореше за Шведска, или јас?
Ок, реторичко прашање пошто одговорот се гледа од цитатов.
Ти таму каде што гледаш Швеѓани и имигранти, јас гледам нативни Швеѓани и Швеѓани доселеници.
Имигрантите ќе им ја земеле Шведска како држава, која глупост. Имале no-go зони, па тоа се само примери на екстремности. Што ако имале вакви зони, автоматски сите имигранти нечинат? Па тоа се чисто криминални зони, кои постојат во секоја држава, па така и кај нас. И се проблем на секоја држава, кој се решава со војска или полиција.
И што сега јас да кажам а што ти веќе самиот не си кажа?
- Право на слобода за говор ти е помалку важна од тоа дали некоја снегулка ќе се навреди заради некој неспорен факт.
- Сам почнуваш за „нација и национално“ и тоа во контекст дека е многу добро тоа што се финансираат паразити кои имигрираат за да лапаат социјални бенефити од чесните работници кои плаќаат данок.
- Велиш што ако во сред суверена држава се случуваат no-go зони каде шведскиот закон не важи и се практикува муслимански шеријат. Немало ништо лошо во ова, мултикултурно општество на дело. Тоа биле „мали проблеми кои се решавале со војска или полиција“!!! :eek:h:
Најпосле па мора на нешто да ја потрошат енергијата кориснициве на социјалните бенефити кои не работат ништо ама земаат пари од државата која ги храни, а за возврат прават проблеми, крадат и силуваат и убиваат.

Ти пријател, врска немаш со левичарство. Ги срамиш вистинските левичари. Згора на се во ставовите си екстремен си како тие забеганите од антифа.
 

Multipass

hello world
1 ноември 2015
216
363
Тажно е кога ад хоминем останува единствената алатка, на тој што се спуштил таму на дното откаде упорно одбива да се соочи со фактот дека дебатата ја изгубил едно 10 мислења наназад.

Жалосно е што постојано ми ги извртуваш зборовите и тажно е што сам се прогласуваш за победник во дебата во која ни самите двајцата не знаеме веќе за што дебатираме.

oд една банална и неважна неможност да ја аргументираш потребата за „говор на омраза“ како правна категорија, краток ти беше патот до иронијата кога самиот почнуваш да практикуваш нешто што од правен аспект комотно ти самиот можеш сам себе да се ставиш под истата таа категорија: говор на омраза. А зошто бе пријателе, од каде таа потреба за конфронтација, за глупаво карање, за ингорирање на фактите и на реалноста? За жртвување на правото на слободен говор?

Потребата за одредени лимити кон слободата на говор за ширење говор на омраза како правна категорија и кривично дело, многу убаво ја аргументирав во неколку наврати. Ти одлучуваш да ги игнорираш аргументите. Главниот мој аргумент беше дека таков говор потикнува насилство и во најлош случај и жртви, како што многу добро е познато низ историјата.

Моето мислење за тебе не ја надминува границата на слобода на говор. Изјавата „Се гадам од скриени расисти како тебе“ е слобода на говор, ширење омраза е „Дај да им свирнеме куршум на ова скриениве расисти“. Тоа е целата причина, зошто повторно и повторно се обидувам да ти порачам дека потребен е одреден лимит кон слобода на говорот. Бидејќи може да се пронајдат будали кои навистина ќе се инспирираат од тие зборови и истите ќе ги претворат на дело.

- Право на слобода за говор ти е помалку важна од тоа дали некоја снегулка ќе се навреди заради некој неспорен факт.
- Сам почнуваш за „нација и национално“ и тоа во контекст дека е многу добро тоа што се финансираат паразити кои имигрираат за да лапаат социјални бенефити од чесните работници кои плаќаат данок.
- Велиш што ако во сред суверена држава се случуваат no-go зони каде шведскиот закон не важи и се практикува муслимански шеријат. Немало ништо лошо во ова, мултикултурно општество на дело. Тоа биле „мали проблеми кои се решавале со војска или полиција“!!! :eek:h:
Најпосле па мора на нешто да ја потрошат енергијата кориснициве на социјалните бенефити кои не работат ништо ама земаат пари од државата која ги храни, а за возврат прават проблеми, крадат и силуваат и убиваат.

Ти пријател, врска немаш со левичарство. Ги срамиш вистинските левичари. Згора на се во ставовите си екстремен си како тие забеганите од антифа.

Пак генерализираш и како после да не извадам заклучок дека не си расист.

Болдираното е чисто испревртување на моите зборови. Никаде не кажав ни дека се мали ни дека е тоа мултикултурно општество на дело. И што уште сакаш да кажам, а мене ми велиш дека не знам да дебатирам, кога ти ми измислуваш зборови? Како очекуваш после ова некој да дискутира со тебе, кога измислуваш и вадиш од контекст цели цитати, само за да се склопат со твоите извитоперени и лицемерни расистички ставови.

Екстремен сум со вакви лицемерни луѓе како тебе кои се кријат позади слободата на говор за да си го изразуваат своето незадоволство од општеството.

Јас ги срамам левичарите, ти се срамиш од самиот себе.

Поздрав.
 
Последна промена:

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.822
6.520
SK
Нема потреба ништо повеќе да кажам. Што и да кажам понатаму, дури и да сакам нема повеќе да ја истакнам поентата, ниту повеќе ќе си ја докажам тезата, одколку што ти самиот тоа великодушно го направи наместо мене. За тоа, ти благодарам. :)
Го одморам мојот случај, биди и ти поздравен.











П.С. Извини ме сега, морам да одам да ширам „говор на омраза“ со тоа што ќе продолжам „да се кријам позади слободата на говор, за да си го изразувам своето незадоволство од општеството“. :D
 

kebe

hello world
29 март 2012
306
280
Адолф Хитлер е типичен пример за харизматичен говорник кој инспирирал цело едно движење на омраза, многу е лесно да манипулираш со сиромашна и гладна маса на народ кога ќе им најдеш некаков причинител за нивната беда и мизерија.
Не знам како не ти е срам да не споредуваш со Хитлер. Треба да ти се забрани секаков пристап до интернет.
 

Multipass

hello world
1 ноември 2015
216
363
Не знам како не ти е срам да не споредуваш со Хитлер. Треба да ти се забрани секаков пристап до интернет.

Од кај се избаци ти па сеа, што ни се мешаш во расправата со Lokvan. :D

Го одморам мојот случај, биди и ти поздравен.

Фала ти што го прекина бескрајниот циклус на реплика/контра-реплика. Веќе почна да станува заморно. За ова ти признавам испадна the better man. :)

Обично не постирам вакви слики, но совршено ја отсликува нашата дискусија.

duty_calls.png


Се најдобро. :)
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.822
6.520
SK
Julian Assange's Fate Is Being Decided At The Moment

Eве колку се почитува слободата на говорот во државите кои ни се претставуваат како пример за демократија и за почитување на човекови права. Човекот практично е во затвор, не излегол надвор од еквадорската амбасада во Лондон од 2012-та година кога побарал азил.

И после некој ќе ни раскажува приказни дека државата нема да ги злоупотребува правните механизми за да се потисне правото на слобода на говор.


едит: Еве и зошто лидерите на Еквадор наеднаш се расположени на Џулиан Асанж да му го одземат гостопримството и правото на азил:
https://www.globalresearch.ca/us-su...-is-trump-also-buying-assanges-arrest/5648940
 
Последна промена:

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.226
16.385
Мора да постои одредена контрола на говорот на омраза, изрекувањето закани и навреди. Лично сметам дека мора прекршочно да се гонат тие типови на изразување. Но, ако им само ако се искажани на јавно достапен профил. Значи, ако некој постира нешто на својот затворен профил тогаш тоа не може да се смета како јавно. Доколку тоа го стори на јавно достапен профил, тогаш тоа обраќање е јавно и достапно за секого и како такво е паралела на јавно обраќање до поширок аудиториум, само што истото се врши преку медиумот наречен интернет(паралела на ова би било да го искажете нештото на телевизија и на ист начин мора да биде третирано). Помина времето кога страните за интернет социјализирање постоеа само заради забава. Истите тие страни/медиуми во денешно време одлучуваат за исходот на демократските избори ширум светот. Впрочем, да не беше така немаше истите да бидат таргет на одредени режими како на пример во Турција.

Сеуште сум на ставот дека поимот "слобода на говор" е преценет, односно премногу се воздигнува во погрешна насока со цел да се создаде еден глорификуван квалитет кој го наводно ви припаѓа вам и е многу вреден(кој всушност и е, но во форма за којашто зборувам во следниот параграф) и истовремено заборавате колку многу права ви се нарушени. Како за почеток нарушено ви е правото на дишење чист воздух, правото на пристап до чиста вода преку водоводната мрежа, правото на бесплатно школување, работничките права итн. Што фајде од правото на слобода на говор, општо кажано, ако немате што паметно да кажете? Нема потреба од плачење за наводно нарушување на правото на ширење омраза и негативна енергија. Тоа не е право на поединец, туку манифестација на психолошки нарушувања или слични состојби. Мислам, кој човек при здрав разум би се сител(Сител...хм...) на страдањата на друг човек или би му посакал нешто такво? Тоа не е никаква слобода на говор и размислете подобро кои се права ни се ускратени пред да му придавате толку многу важност на тоа право, кое секако е значајно, но е овер-рејтед во формата во која ни се "продава". :) . Секако, ова не се однесува на никого конкретно, туку претставува само мое гледиште на нештата. На никој досега не му била изречена казна за изнесување корисни информации.

Единствено флагрантно крешење на слободата на говор јас можам да забележам во делот со споделување на доверливи/класифицирани информации и казните кои се предвидени заради истото. Проблемот лежи во тоа кои се информации стануваат и како стануваат класифицирани државни тајни. Тоа е исто во целиот свет и не верувам дека некогаш ќе се промени. Се што е потребно е да споделите класифицирана информација која разоткрива криминал на одредена власт и автоматски ќе бидете кривично гонети под параванот - сте споделиле државна тајна која како таква ја загрозува државата, по дефиниција ( а уствари само разоткрива валкан веш на политичари на власт, кои знаат да бидат многу кохерентни во ставовите кога си ги штитат интересите). Како може граѓанин на една држава, со демократско уредување, да биде гонет доколку јавно изнесе информација која се однесува на државата во која живее? Значи граѓанинот се става во втор ред, а неговите избраници штитат позади власта која токму тој граѓанин им ја пружил. Е тоа е крешење на слободата на говор, а не забраната да се шири омраза, изрекувањето закани и слично.
Го цитирам уште еднаш ова, за уште еднаш да се најде на форумов. Секоја чест за кажаното.

Sent from my Redmi 5 Plus using Tapatalk
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.226
16.385
Koj ke pogodi sto sfativ citajki ja diskusijata na temava?

Sent from my Redmi 5 Plus using Tapatalk
 

goce03

user
20 јануари 2015
1.601
3.212
Skopje
goce03's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-10500
Motherboard
ASUS PRIME B460M-A
Storage
SSD Kingston NVMe A2000 1TB /HDD Toshiba P300 2 TB
PSU
Cooler Master MWE 600W White
RAM
2x8 DDR4 Kingston HyperX Predator
Video card
INNO3D RTX 2060 SUPER
Case
CoolerMaster Case K350
Monitor
HP EliteDisplay e232
OS
Win 10
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно