Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Штедливи ЛЕД сијалици искуства

Avid

senior
21 јануари 2009
6.467
11.538
Скопје
ти веројатно и за сијалици (штедливи ЛЕД?) викаш мајстор дома да ти ги замени.
штедлива ЛЕД имам, којзнае колку години
у тоалет иам обична и често знае да прегорува и таму ја мењам сам

Имаш макар еден штрафцигер дома од алат?
Иам, ми стои над полица и баш вчера маусот нешто ми потфаќаше, кога видов еден од штрафовите се разлабавил (ги изгубив стикерите, го отворав еднаш да го попраам скролот) и го заштрафив и сега не потфаќа.
А имам и две тегли во друга соба, има едно 30-ина штрафицигери, различн големини ама и оштетени. Ги користев за отворање лаптопи пред некое време.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.820
6.519
SK
Ете гледаш. Таман кога ќе помислам дека ништо добро не можам да слушнам од тебе, ти ме изненади авиде.
Мислењето е автоматски споено:

Мислам дека не ти е баш јасно ова околу проектирањето и изведувањето. Да појаснам како јас работам како проектант, односно како професионално секој треба да работи како проектант:
1. Правиме прв состанок - клиентот кажува што му треба и што желби има, а јас како проектант прашувам за све живо и диво, барам да ми се достави придружна документација (ако треба) и на крај му кажувам колку пари ќе чини првиот чекор од мојата работа (точките 2 и 3 што следат подолу) - независно дали клиентот ќе го прифати елаборатот или не, а му кажувам и колку би чинел целиот проект.
2. Правам првични пресметки, правам краток елаборат, гледам дали барањата на клиентот се во рамките на она што го препорачува или строго бара науката или законот, па закажувам втор состанок со клиентот.
3. Правиме втор состанок - го известувам клиентот дали неговите барања и желби се во согласност со науката и законите. Ако има простор во рамките на науката и законите, му кажувам во колкав опсег (од-до) може да бидат неговите желби. Ако неговите желби не се во тој опсег што сум го одредил, му препорачувам да ги прилагоди своите желби на тоа.
Сега следи многу важниот меѓучекор - му го предавам елаборатот, а тој ми плаќа за мојата дотогашна работа.
На крајот од овој состанок, можни се два исхода:
А) Клиентот ги прифаќа моите препораки, па потоа јас пристапувам кон изработката на комплетниот и детален проект - точка 4 (подолу).
Б) Клиентот не ги прифаќа моите препораки (опсегот од-до), па јас му препорачувам да си најде друг проектант, срдечно се поздравуваме и секој си оди на своја страна. Не гледам тука ништо вообразено - условите се однапред познати и одредени (види точка 1, при крај).
4. Ако клиентот ги прифатил моите препораки (под А), го изработувам целиот проект и го известувам клиентот.
5. Правиме последен, трет состанок, клиентот ми плаќа за проектот и јас му го предавам.

Ова претходново беше за поедноставни проекти. За покомплицирани проекти, особено за оние во кои се вклучени и други проектанти од разни други области (на пример, за вентилација и климатизација, водовод, градежни работи,...) неопходни се повеќе состаноци. За последниот проект што го правев (акустика за театар) имав 7 состаноци со останатите проектанти (за да се усогласиме) и безброј други состаноци со архитектите.

Ме спомнуваш и како можен изведувач, само што мислам дека не знаеш точно која е улогата на изведувачот и што тој смее или не смее да прави. Едно е проектант, а сосема друго е изведувач! Јас многу, многу ретко прифаќам да бидам изведувач (на прсти од една рака се брои до сега, и тоа само за мои проекти), но еве да речеме дека сум изведувач на проект - мој или туѓ, сеедно. Веднаш да биде јасно - јас како изведувач МОРАМ да одам по проектот (сеедно чиј е проектот!), инаку ќе одговарам пред законот! Нормално дека нема да се обидувам ништо да натурам, бидејќи тоа не е моја работа како изведувач! Едноставно, ќе си молчам и ќе изведувам точно по проектот, чесно и професионално, сеедно колку јас лично мислам дека проектот е глупав или генијален.

На крај, не ми се јасни тие твои закани (болдирано) упатени кон мене. Веројатно се само несреќно формулирана мисла (нема потреба да образложуваш).

Никави закани нема, не знам каде ги виде... Нагласив дека станува збор за хипотетична ситуација во која мене изведувач/проектант би ми го кажал тоа што ти го напиша првично.

Во цитираниов пост ја дообјасни ситуацијата, и за тоа немам замерки - за разлика од нели, постот каде кажуваш само дека...
нема да дозволам ти како клиент да ми кажуваш дека сакаш 400 лукса, јас сум тој што во проектот за осветлување ќе одлучам каков интензитет на светло треба да има! Па после, ако сакаш вади ги светилките, или додавај уште, јас своето сум го направил!

Ништо лично, и ќе додадам дека ценам искреност. Е сега толерирање надменост... Тоа е нешто друго. :)
 

smole

poweruser
18 април 2007
3.909
4.589
Бидејќи се изначитав детални објаснувања кој што знае, не знае, кој колку е досаден, паметен и слично, останува уште да пишете дали и каде во МК има да се купат Е27 сијалици со 90+ CRI за по дома (не студио и сл.).
 

Vladimir Filevski

hello world
17 февруари 2019
273
630
Во цитираниов пост ја дообјасни ситуацијата, и за тоа немам замерки - за разлика од нели, постот каде кажуваш само дека...
Ништо лично, и ќе додадам дека ценам искреност. Е сега толерирање надменост... Тоа е нешто друго. :)
Надменост?! Се утепав од објаснување, ама гледам - пак не е јасно. Изгледа овде никој не сфаќа што значи да се биде Проектант (со големо П). Да го објаснам уште еднаш тој пост (за последен пат): Клиентот сака да му направам осветлување од 400 лукса, а јас како проектант не се сложувам со тоа. Некој ќе праша - „Па зошто да не му го направиш осветлувањето со тие 400 лукса, ништо страшно нема да се случи, а клиентот ќе биде ептен задоволен што испаднало по негов ќеиф.“ Ама не е така! Што ако станува збор за осветлување на уметничка галерија? Или за работилница? Или за некое архитектонско студио? Тие 400 лукса ќе бидат тотално погрешни. Да, „ништо страшно“ нема да се случи ако се изведе со тие 400 лукса... освен што после може да се случи да пројде некој, што се разбира од осветлување, и да праша: „Кој будала го проектираше осветлувањето?“ Е па нема да дозволам тоа да се случи! Наречи го тоа како сакаш, ама надменост сигурно не е. Убеден сум дека правилен опис за тоа е професионалност и зачувување на реноме, па нека е и по цена на одбиена работа кај конкретниот клиент.

Да не потегнувам друг, поекстремен пример: клиентот има проточен бојлер од 24 kW и има желба/сака/бара од мене како проектант (или изведувач) да му го приклучам со кабел со пресек од само 1,5 mm2. Дали да го послушам, за да не излезам надмен? Бидејќи потоа, што и да се случи (пожар - што друго?!), пред законот одговара само проектантот/изведувачот, а не клиентот! Е па не ми паѓа на памет да одам во затвор, или не дај Боже - да носам нечиј живот на совест.

Ми се смачи веќе да објаснувам вакви очигледни работи, толку од мене за темата Проектант - клиент. The End.
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.111
6.057
Бидејќи се изначитав детални објаснувања кој што знае, не знае, кој колку е досаден, паметен и слично, останува уште да пишете дали и каде во МК има да се купат Е27 сијалици со 90+ CRI за по дома (не студио и сл.).
Во винт. Ама само 2700к. 90/95цри со 2700к е премногу жолто за дома. Ама само такви има. 3200к би било многу подобро.

Од GU10, AR111 има многу повеќе избор.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.820
6.519
SK
@Vladimir Filevski но ти веќе одлично објасни, во преходниот пост, за твоето гледиште на односот клиент - давател на услуги. Веќе објасни поопширно што си сакал да кажеш во прет-претходниот пост кога јас те доживеав прилично надмено (јас лично, зборувам само за себе). Нема потреба да се повторуваш со истото објаснување, објаснувањето е во ред но објаснувањето нема да го смени фактот дека првичниот пост е непотребно надмен.

Не е работата дека не те разбирам, не беше работата ни дали се согласувам со ставовите кои ги имаш. Јас едноставно сметам дека е непотребно надмен, тонот и начинот на изразување кој го употреби тогаш а еве продолжуваш и сега. Ти замерија и други, што значи не сум единствениот што така те доживува. Но повторно, тоа е твоја работа а ова е форум каде сите може да се изразуваат како што љубат (се додека се во рамките на правилата) и реално сето тоа не е некој голем проблем. Или барем не би било проблем кога сето тоа не би водело кон оваа непродуктивна (и офтопик) насока на дискусија.


Што те кошташе да прифатиш конструктивна критика на првичниот пост што го напиша, првиот на темава - каде зборуваше за поврзаноста на температурата на светлината, и нејзината јачина?

Гордоста?
Најголемата замерка, од мене, е твоето инсистирање дека ти и само ти, според твоите убедувања, ќе одлучиш за топлината на температурата во домот на клиентот. И навистина, од целото тоа објаснување како ти гледаш на давањето услуги, ние овде сеуште не расчистивме зошто освен во ситуации кога потрошувачката на енергија е ограничена (а притоа се инсистира на одреден број лумени) - зошто ти како проектант самиот би одлучувал за топлината на температурата, наспроти желбите и потребите на клиентот?

За да ти лично да имаш нешто што сметаш дека е „совршено реноме“?
Ок, тоа целосно е твое право. Но за мене лично тоа не е баш добра карактеристика на квалитетен давател на услуги.



Ова горе би било TL-DR делот, и ги поканувам да го прескокнат следново сите на кои им е досадна насоката во која упорно се носи дискусијата.

Владимир, упорно продолжуваш да даваш погрешни аналогии. Прво со примери од Статика и носечки столбови, а сега и од Електроника со максималната моќност на електрична енергија која може да се пренесе преку даден кабел. Не си во право. Столбовите мора да се доволно големи за да издржат зададена тежина, или објектот може да се сруши. Електричниот бојлер нема да функционира, односно кабелот ќе се запали ако не е соодветен за таков проток на ел. енергија... Но твојот клиент нема да се запали, нити да биде оштетен, ако можеби точно знае какво осветлување сака па дури и тоа да не се поклопува со твоите „тврди“ правила.

Да се обидам и јас со твоите аналогии, иако не се најсоодветно избрани:
- столбовите мора да имаат доволно носивост, тоа е неизбежно, но столбовите може да не бидат на сред соба и тука доаѓаме до желбите на клиентот и можностите на архитектот.
- електричните кабли мора да се соодветно специфицирани, но начинот на кој ќе се инсталираат (копање канал, итн) и каде ќе одат низ ѕидот, и како ќе изгледа сето тоа кога ќе биде завршено - епа тука доаѓаме до желбите на клиентот и можностите на мајсторот.
- осветлувањето е многу индивидуална работа а потребие се различни кај различни луѓе, посебно температурата на светлината но и потребите на клиентот каде сака да биде посветло, а каде инсистира да биде потемно според лични желби.


Ќе дадам пример со мојот дом. Употребувам насочени (спот) светла за местата како : мала масичка пред телевизорот, трпезариската маса, местата за читање, кујнските плотни, итн... Тие се палат по потреба. Главното осветлување е дифузно и индиректно, преку лед ленти и класични ледови кои сите се поставени позади препреки да не светат директно на местата каде има луѓе. Таквите ленти и ледови се со најтоплите вредности кои можев да ги најдам, а на некои од ледовите имам ставено и темни кафеаво жолти филтри.
Како оди часовникот кон покасно навечер, така го намалувам интензитетот на светлината. Рачно го правам тоа, а во некоја иднина во план е да изведам некоја автоматска контрола. Осветлувањето сам го проектирав, според моите потреби и желби, не според правилата за индустриско осветлување или некоја стручна литература за дизајн на осветлување.

За мене совршено функционира такво пригушено осветлување со топла светлина, затоа што неспоредливо полесно и порано заспивам навечер.
Нема да навлегуваме сега во дискусија за циркадискиот ритам, и зборувано е за тоа во други наврати овде. Ова го посочувив најмногу како пример каде твој потенцијален клиент може да знае точно што сака, а тоа да не соодејствува со „формули и закони“ кои ти сметаш дека се неопходни за проектирање на осветлување.

И да го заклучам овој веројатно предолг пост: Во ред е ти да одбиеш да сработиш нешто како што сака клиентот, ако тоа се коси со некои твои лични правила.
Но не е коректно да имаш вака надмен однос окулу сето тоа, и повторно, такво е моето лично согледување за начинот на кој се изразуваш овде.
Мислењето е автоматски споено:

Ми се смачи веќе да објаснувам вакви очигледни работи, толку од мене за темата Проектант - клиент. The End.

Се согласувам, но само за тоа дека е доста.
Се извинувам на останатите за веројатната иритација од скролање низ непотребени работи во дискусијава.
 
Последна промена:

Vladimir Filevski

hello world
17 февруари 2019
273
630
Во винт. Ама само 2700к. 90/95цри со 2700к е премногу жолто за дома. Ама само такви има. 3200к би било многу подобро.
Да, 2700 К е прениска температура за дома за светилка со висок CRI. Поентата на висок CRI е со осветлувањето да се добие правилна репродукција на боите, но за полесно и поудобно распознавање на деталите потребна е повисока температура на боја. Има научни испитувања за осветлувањето во студијата и во уметничките галерии и таму се порепорачува повисока температура на боја. Не дека по дома мора да имате уметнички слики за да има смисол да користите светилки со висок CRI, туку едноставно ќе ви биде поубаво додека читате списание да ги гледате фотографиите во вистинската нивна боја. А и вашата сопруга ќе биде многу позадоволна при изборот на бојата на облеката, ткаенината на мебелот, завесите, ...
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.111
6.057
Да, 2700 К е прениска температура за дома за светилка со висок CRI. Поентата на висок CRI е со осветлувањето да се добие правилна репродукција на боите, но за полесно и поудобно распознавање на деталите потребна е повисока температура на боја. Има научни испитувања за осветлувањето во студијата и во уметничките галерии и таму се порепорачува повисока температура на боја. Не дека по дома мора да имате уметнички слики за да има смисол да користите светилки со висок CRI, туку едноставно ќе ви биде поубаво додека читате списание да ги гледате фотографиите во вистинската нивна боја. А и вашата сопруга ќе биде многу позадоволна при изборот на бојата на облеката, ткаенината на мебелот, завесите, ...
Така е, јас земав Е27 една 2700к 90-95цри за проба, но е премногу жолта. Ставена е во трпезариската светилка со цел месо и слично да изгледа поубаво и пореално. За друга употреба според мене е прениска температурата. Другите 2700к од филипс со 80-85 цри се со многу добра боја според мене за Е27 и сега за сега користам такви. Заради послабата црвена боја привидно се слични со 3000к 90-95цри светилки. GU10 светилките пак ми се ставени 3000к 90-95цри и се многу добри. Прво ставив 2700к 90-95цри ама ги заменив веднаш со 3000 90-95цри и се доби многу поудобна боја. Истото ми се случи и со AR111 кога 2700к беше премногу жолто и многу подобра опција беше 3000к кога се работи за 90-95цри. Навистина одличен избор за секаква употреба се тие. Жалосно е што е27 нема 3000-3400к 90-95цри со 13-17W јачина. Мислам дека тоа е ќе е победник.
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.062
1.014
znaci od 2700 se slagame deka se zolti/crveni t.e nikakvi, 3000 nemat, ostanivaat od 4500
п.с.
@Lokvan смарт осветлење побарај, пак кај кинезите :) Добра ти е идејата ама јас сум задоволен со постоечките светла, Господ да слези не ги мења дур прегорат.
@mdeni во електроо елемент поефтини се филипсот, а имаши други не така лоши брендови. хортиз имаш во меркур.
 
Последна промена:

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.820
6.519
SK
Бајсикл, на жичана мрежа ќе биде тоа, со ардуина и релеа. Само си чека проектот период со вишок време (и ќе се начека веројатно, ако и дочека).
Готови решенија и вај-фај се за нубови. ;)

znaci od 2700 se slagame deka se zolti/crveni t.e nikakvi, 3000 nemat, ostanivaat od 4500
п.с.

Не се согласувме. :p

Сегментот осветлување што го користам како амбиентално светло за атмосфера на гледање филмови, веројатно е осетно под 2.7К. Не знам точно пошто на ледовите имам филтри кои сам ги правев и немам како да го измерам резултатот. Но субјективно, многу многу топла светлина.

Којзнае каков колор рендеринг индекс има... Но намената на светлото го наложува и CRI-то. Ете во мојот пример, зошто би требало да се внимава на висок CRI на амбиентално пригушено светло?

Светлата со најголем CRI ми се над трпезата, местата за читање, кујнските плотни. Во бањата примарното осветлувење е со некои просечни осумндесет-и-нешто CRI лампи со 4.5К топлина, секундарното е слабо светло (~3 вати) за да не ме буди прекумерно навечер ако станам да ја испразнам бешиката. Во ходници, подруми (минус делот со работилницата) имам евтини модуларни ледови (со плочки со вграден адаптер од 220в, кинеските, ти текнува сме зборувале).

Едно од местата за кое луѓето обично прашуваат зошто не правам компромис со поевтино светло, е кујната. Висок CRI таму е важен заради правилно гледање на храната при подготвување, скраја да е некогаш нешто може да биде расипано, или при спремање според бојата треба да се процени докаде храната е испечена, испржена, итн.
 

Vladimir Filevski

hello world
17 февруари 2019
273
630
Што те кошташе да прифатиш конструктивна критика на првичниот пост што го напиша, првиот на темава - каде зборуваше за поврзаноста на температурата на светлината, и нејзината јачина?
Најверојатно под „конструктивна критика на првичниот пост“ мислиш на реакцијата на @marv , бидејќи само тој реплицираше на моето напишано. Единственото што го кажа @marv е дека никаде не видел поврзаност меѓу луксите и келвините и е убеден дека такво нешто не постои, но притоа не понуди никакви докази. Каде виде тука „конструктивна критика“? А таа поврзаност одамна е докажана од науката - јас на овој форум приложив три научни труда и една студија од Европската комисија, во нив детално е образложена таа поврзаност. Но и покрај овие неспорни докази, @marv и понатаму тврдеше дека во тие научни труда не нашол таква поврзаност!? Дури и кога му посочив конкретна слика - графикон и конкретна страница од научниот труд, тој и понатаму негираше дека постои таа поврзаност!? Тоа никако не може да се нарече „конструктивна критика“, има друг збор за тоа...
Најголемата замерка, од мене, е твоето инсистирање дека ти и само ти, според твоите убедувања, ќе одлучиш за топлината на температурата во домот на клиентот. И навистина, од целото тоа објаснување како ти гледаш на давањето услуги, ние овде сеуште не расчистивме зошто освен во ситуации кога потрошувачката на енергија е ограничена (а притоа се инсистира на одреден број лумени) - зошто ти како проектант самиот би одлучувал за топлината на температурата, наспроти желбите и потребите на клиентот?
Хм, гледам каде најверојатно лежи недоразбирањето. Никаде не сум напишал дека ќе одлучувам (правам проект) за осветлување на нечиј дом - досега сум ги одбил сите такви барања од клиенти за да им проектирам осветлување за нивниот дом.
Прашањето на @marv беше општо, не беше специфично за нечиј дом - цитирам: „ објасни ми на мене како на клиент, кој нема знаење и вкус, и имам погрешна замисла, како да одберам осветлување на 400лукса, кога твојата света крива вели дека ...“
Како што гледаш, тука не е спомнат ничиј дом. Ретко кој нарачува проект за осветлување на дом, неспоредливо побројни се барањата за проекти за канцеларии, продавници, салони, студија, работни и производни простории, итн. Затоа и беше таква мојата реакција, зборував за општ случај.
... твојот клиент нема да се запали, нити да биде оштетен, ако можеби точно знае какво осветлување сака па дури и тоа да не се поклопува со твоите „тврди“ правила.
Ова веќе го објаснив претходно (за општ случај, не за нечиј дом!), да се цитирам самиот себе:
Да, „ништо страшно“ нема да се случи ако се изведе со тие 400 лукса... освен што после може да се случи да пројде некој, што се разбира од осветлување, и да праша: „Кој будала го проектираше осветлувањето?“ Е па нема да дозволам тоа да се случи!
Како што гледаш, има некаква логика во тие мои „тврди“ правила.
Осветлувањето сам го проектирав, според моите потреби и желби, не според правилата за индустриско осветлување или некоја стручна литература за дизајн на осветлување.
За мене совршено функционира такво пригушено осветлување со топла светлина, затоа што неспоредливо полесно и порано заспивам навечер.
Нема да навлегуваме сега во дискусија за циркадискиот ритам, и зборувано е за тоа во други наврати овде.
Апсолутно сум убеден дека ќе заспиваше уште полесно, ако при проектирањето користеше стручна литература за осветлување.
Циркадискиот ритам и осветлувањето исто така детално се анализирани во бројни научни трудови.
Но не е коректно да имаш вака надмен однос окулу сето тоа,
Зависи од точката на гледање. За мене, а верувам и за сите проектанти, многу надмено е однесувањето на некои лаици (потенцијални клиенти), кои настапуваат со игнорантско негирање на науката и со чаршијската логика „Што има он мене да ми кажува какво светло да ставам, мои пари се, знам што сакам и ќе биде како јас кажувам!“.
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.062
1.014
Одамна не су гледал филмеви, можда затоа не се согласуваме :)
Е што, релеата ти ќе ги моташ? пак кинески ќе бидат :D
Јадењето по укус и мирис ќе приметиш дали е добро. Кај мене в кујна се филипс 2700 со 90 цри, не за друго, да не ми одат фира, ѓаол и пол ги платив. И ко беа цфл не ми се десило нешто расипано да изедам.Сега може да изедам нешто расипано ради што немам укус и мирис од короништево, али нвз. За в пиљара(или пилара?) и тоа како има удел да ставиш прописно светло, тамо нема сака-неќу, мораш соодветно за овошјето да изгледа убаво. Дома сам си газда, какво сакаш стај си. И во ве-це имам 2700к со 90 кри, исто да не оди фира сијалицата. А за спиењето не ми влијаат многу, не знаа, може понатака, но за сега последно нешто што ми влијае на спењето се сијалиците. Секако ги гаснам ко ќе си легнам, инаку било каква светлина ми смета. Имам кинеска за кактусите да ги растит, со добро ладењегајле немат, 24/7 светит. Али тоа е друга работа...
Имаш во електро елемент што се со поддесувања, да не си го комплицираш животот, поефтино ќе те фати од ардуино, види, нешто може ќе ти пасира. Не се 220в директно, со адаптери се со модули со далечинска. Уствари тоа е само контролата, ти какви сакаш ленти мојш да си стајш, чисто да те информиса, да не речиш су знал, а не су ти кажал.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.820
6.519
SK
Ситничариме Бајсикл, ситничариме!
Не дека мораме, туку дека така сакаме. ;)

Но на крај, ако можам да имам подобро светло во кујна, тогаш зошто да немам светло кое ќе прави подобро да се чуствуваме дома додека приготвуваме јадење (веројатно подобро би било во еднина да се изразам, пошто јас ретко земам учество). Не дека со полошо светло нема да завршиш работа, ама ете, вака е подобро.

Релеата и ардуината купени се, уште лани, кинески се разбира. Само треба милион други работи да завршам, и ќе дојдат и светлата на ред. :)

За тоалетот, јако светло повеќе буди, послабо светло помалку. Моево башка (ноќното) е со сензор, на влегување само се пушта, да не се мачам да стискам прекидач. И тоа е кинеско, нема можност да го наместиш времето колку долго е пуштено а Кинезиве се штедливи луѓе па кинеското светло брзо се гаси - некогаш на сред мочање, ама пак е подобро пошто не се замарам со палење и гасење додека сум успан. Само треба некогаш да му мафнам на светлото, да го поздравам. ;)
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.062
1.014
мене белото ми е поубаво, а да се убедуваме дека жолтото треба да ми е поубаво, не гледам потреба. Од аспираторот светлата се дејлајт, така да немам проблем, си ги пуштам ними.
Мала бешика вода не држи :) не е до светлото хехе ( да се нашалиме, се надевам дека нема да ми замериш). Смени кондензатор/отпорник ќе тера подолго.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.820
6.519
SK
Бајсикл, се разбира дека нема да се расправаме... Каква температура љубиш, таква да си користиш баче.

За трање траат, од десетици такво светла во последниве неколку години само една-две ми се расипаа, тие со мали ладилници во помалку вентилирани лампи. Искача ладилници од напајања не се доволни ни за 5 ватни ледови, на долг рок. Но ладилници од плотните од хард дискови излегоа како сосема соодветни за 10 ватни ледови. Сето ова со пасивно ладење, се разбира.

Инаку ако збориме за модифицирање, уште не сум нашол употребливи информации за отстранување на фликерот. Се гледа само на видео снимки ама сепак... Може ќе ми текне некогаш на такво светло да пресечам нешто со шмишајбна. ;)
Мислењето е автоматски споено:

@Vladimir Filevski мислев на овој пост:
Верувам сакаше да го доловиш моментот (поедноставено кажано) дека поладната светлина се доживува како посилна светлина, но и реално резултира со повеќе лумени - гледано од аспект на потрошена енергија, а споредено со потопла светлина за истата моќност.




Зависи од точката на гледање. За мене, а верувам и за сите проектанти, многу надмено е однесувањето на некои лаици (потенцијални клиенти), кои настапуваат со игнорантско негирање на науката и со чаршијската логика „Што има он мене да ми кажува какво светло да ставам, мои пари се, знам што сакам и ќе биде како јас кажувам!“.

Да, и кога некој би ти се обратил така тоа навистина би било безобразно и надмено однесување на клиентот (потенцијален, имагинарен, било каков).
Но дали некој тебе овде ти се обрати така?

Од друга страна го имаме ова:
нема да дозволам ти како клиент да ми кажуваш дека сакаш 400 лукса, јас сум тој што во проектот за осветлување ќе одлучам каков интензитет на светло треба да има! Па после, ако сакаш вади ги светилките, или додавај уште, јас своето сум го направил!
На крај навистина како што кажа ти, работите „зависат од точката на гледање“.

Од моја точка на гледање:
- никој не те критикуваше за незнаење/неспособност и подобро ќе беше пријателски да прифатиш пријателски кажана конструктивна критика на нешто повеќе пати го посочив дека го гледам едноставно како лошо срочена мисла која требаше да биде корегирана.
- нема потреба од толку упорно наметнување дискусија за твоето гледиште како треба да е идеалниот однос клиент - давател на услуги.
- и за крај да не заборавиме дека чаршиската етикета на овие простори е етаблиран кодекс за односот клиент - давател на услуги, и таа етикета исклучува надмено однесување од било која од двете страна а најмалку па од давателот на услугите.
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.062
1.014
не, не да трае сензорот воиздржливост,него во смисла подолго време да е ON. За фликерот калем и кондензатор „појак“ после грецот,со што сијалицата ќе свети со 120% односно малце повеќе ќе грее, секако зависи од изведбата. или кондензатор директно на низата од диоди, што знам, пробај, на некои сум ставил, ок е и камерата вели дека нема трепкање. Биолошки какви ефекти има трепкањето не знаа, старите жичани немаа трепкање.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.820
6.519
SK
Аха, ти си мислел за подолго траење на PIR сензорот... Ок.

Инаку за елиминација на фликерот, варијантата калем+кондензатор после грецот, со 120% овердрајв веројатно не ќе да е паметна од аспект дека кинезите ги ставаат тие диоди на максималната можна моќност, уште и во овердрајв да ги ставам и сигурно нема долго да трајат без разлика колку е добро ладењето... Е сега второто, со кондензатор во низа со диодите... Нема да има промени во напонот на диодите? Дај ако не ти е тешко нацртај во паинт онака на-две-на-три каде во колото треба да биде кондензаторот, и кои карактеристики треба да биде (фаради, волти, температура).
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.899
5.619
Се бодеш а, се бодеш гледам јас иако рече демек се одјавуваш.
Најверојатно под „конструктивна критика на првичниот пост“ мислиш на реакцијата на @marv , бидејќи само тој реплицираше на моето напишано. Единственото што го кажа @marv е дека никаде не видел поврзаност меѓу луксите и келвините и е убеден дека такво нешто не постои, но притоа не понуди никакви докази. Каде виде тука „конструктивна критика“?
Не. Реков дека не сум видел таква поврзаност (на начинот на кој ти ја прикажа како закон пред промената на постот), и прашав од каде е тврдењето. Не реков во тој пост дека сум убеден. Дадов шанса или што би се рекло во науката „benefit of the doubt“, да сум грешка. Додатно јас не сум тој кој надмено се избаци овде, од позиција на авторитет, со тврдења. Ти беше тој и уште се покажуваш како таков. Така да на тебе е тежината на доказот, не на мене.

А таа поврзаност одамна е докажана од науката - јас на овој форум приложив три научни труда и една студија од Европската комисија, во нив детално е образложена таа поврзаност. Но и покрај овие неспорни докази, @marv и понатаму тврдеше дека во тие научни труда не нашол таква поврзаност!? Дури и кога му посочив конкретна слика - графикон и конкретна страница од научниот труд, тој и понатаму негираше дека постои таа поврзаност!? Тоа никако не може да се нарече „конструктивна критика“, има друг збор за тоа...
Не во трудовите не е дадено правило, уште помалце законитост. Дадено е испитување кое важи за испитуваните групи. Дали е тоа консензус или не, дали е доволно добра апроксимација или не небитно. Не е законитост.
А за посочениот труд со слика и страна намерно не коментирав пошто е смешна. Првин ако беше законитост немаше на исти луксови да важи за различни температури ист степен на перцепција, и на исти температури за различни луксови исто да важи ист степен на перцепција. Значи субјективно е чувството, зависи од испитаниците највеќе. А посебно што е смешна бре студијата. 6 луѓе. 6. Само 6. 4 мажи, 2 жени, на различни возрасти. Нема контролна група. Нема во различни земји. Нема податоци за потеклото, навиките, итн... Абе дај не ме заебавај со вакви студиички :)

Прашањето на @marv беше општо, не беше специфично за нечиј дом - цитирам: „ објасни ми на мене како на клиент, кој нема знаење и вкус, и имам погрешна замисла, како да одберам осветлување на 400лукса, кога твојата света крива вели дека ...“
Како што гледаш, тука не е спомнат ничиј дом.
А не беше ни кажано дека не е. Нели ти ко главен авторитет на темава и професионалец требаше да ме прашаш првин, ако не ти беше јасно за кај се работи?

Ајде, ајде почитуван господине Проектант. За тоа што го тврдеше сеужте закон немаш, правило немаш, највеќе што имаш се некои препораки базирани на испитувања на субјективно чувство на перцепција. И тоа е ОК, немам проблем ни со тоа, ама немој да ги воздигнуваш нив за 2-3 нивоа нагоре на скалата на доказ, од тоа што реално се.
 

Rukfash

Баниран/a
24 јануари 2019
1.496
1.101
Неврленд
Темава не сум ја отворил пар години, сега ја отворам и пак гледам некој се расправа.

Ај не се расправајте да не ви ја бапнам по една.
Довидување после додатни пар година :D
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.062
1.014
Зависи од изведбата, имаат многу различити изведби, на пример овде, ц1 и ц2 можеш да ги зголемиш без проблем, но ефектот ќе биде помал. Ако ставиш кај низата од диоди може да има ефекти на step-down колото, а кај некои има фабрички кондензатор(трепкањето е помало), но и овде може да има несакани ефекти, па разгледај го колото од конкретниот пример, да видишкако работи осцилаторот и колкави вредности би биле прифатливи, јас со 2С сум одел и сум немал гајле, ама не можам да ти гарантирам. Кај кинеските најкористено е ова коло, и ко ќе стајш кондензатор линијата ќе биде права, односно цело време на максимум :) Кај лентите и индивидуалните диоди што ти се напојуваат со адаптер не би требало да има проблем паралелно да врзиш кондензатор, а ако има pwm контрола за регулирање на интензитетот најверојатно со намалување на интензитетот ќе се зголемува и трепкањето. Кај бренд-нејм ова не би требало да е случај. за линеарно напојување одеа 1000 микро фаради по ампер, но овде може слободно д асе симнеш на 100 микрофаради по ампер. Некои напојувања веше имаат пригушница како би го блокирале шумот од мрежата и би се заштитиле, а и мрежата би ја заштитиле од ними. Како еми филтер се по познати, јас искористив од стари напојувања за пц, и не се критичен дел, работит и без ними.
 

Vladimir Filevski

hello world
17 февруари 2019
273
630
Да, и кога некој би ти се обратил така тоа навистина би било безобразно и надмено однесување на клиентот (потенцијален, имагинарен, било каков).
Но дали некој тебе овде ти се обрати така?
Да, еве:
Јас, незнам за другите, има да ти кажам што сакам а ти после рачунај. Ако не мислиш така ќе најдам друг што ќе ги почитува моите од~до желби,
А и ова обраќање е нешто слично
, како да одберам осветлување на 400лукса, кога твојата света крива вели дека на тие луксови е утврдено дека ...
Ова „твојата света крива“ никако не ми личи на културен, ненадмен и непотценувачки однос. Ниту е моја, ниту е света. Без зборот „света“ некако и ќе пројдеше, но вака...

и подобро ќе беше пријателски да прифатиш пријателски кажана конструктивна критика на нешто повеќе пати го посочив дека го гледам едноставно како лошо срочена мисла која требаше да биде корегирана.
Ако мислиш на овој твој пост
Мислам дека ова е малку невешто срочена мисла (веројатно во брзање).
Изборот на температурата на светлото пред се зависи од потребите и желбите на корисникот.
Верувам сакаше да го доловиш моментот (поедноставено кажано) дека поладната светлина се доживува како посилна светлина, но и реално резултира со повеќе лумени - гледано од аспект на потрошена енергија, а споредено со потопла светлина за истата моќност.
тогаш не би можел да се сложам. Што се однесува до твоето тврдење „поладната светлина се доживува како посилна светлина ...“, тоа е апсолутно точно - докажано е со бројни научни трудови. Не мислев на тоа, туку буквално мислев на правилото „повеќе лукси - повеќе келвини“, и останувам на тврдењето дека тоа е точно, со ограда дека во една таква кратка реченица/правило не може да се смести целата наука за осветлувањето. Како и да е, тоа правило е многу поточно од сфаќањето дека соодносот на осветленоста и температурата на боја (треба да) зависи само од желбите на корисникот. Зависноста на луксите и келвините (независно од желбите на корисникот) е докажана работа од науката, само што не може да се искаже во една реченица.
На крај, да потенцирам дека за оваа тема публикувани се голем број научни трудови, одреден дел се бесплатни (постирав претходно три-четири), но поголемиот број од најквалитетните (најрелевантните, со најголем број испитаници во истражувањата) се достапни само на членовите на соодветните научни здруженија (со скапа членарина) или можат да се купат по многу висока цена - да не ви објаснувам од каде го знам ова и колку сум го осетил на своја кожа...
 
10 јули 2020
41
29
Бидејќи се изначитав детални објаснувања кој што знае, не знае, кој колку е досаден, паметен и слично, останува уште да пишете дали и каде во МК има да се купат Е27 сијалици со 90+ CRI за по дома (не студио и сл.).


Си прашал во Винт - Фикипс кај гимназија Георги Димитров

 

Avid

senior
21 јануари 2009
6.467
11.538
Скопје
@Lokvan сето ова тука го пишуваш за светлото на жена ти во кујна да и биде 12% подобро додека приготвува јадење?
 
15 септември 2012
1.166
1.300
Од аспект на дипломиран градежен инженер од конструктивна насока (тие статичарите што ги викате), со малку повеќе образование од тоа што го нуди факултетот и со стекнато научно звање, како и од аспект од ова, речиси 30 годишно искуство во браншата, Ви благодарам што ме дополнително едуциравте од областа на физиката која се вика применета механика. Ја заборавивте динамиката.

Нема да Ве усреќам со мојата реплика, ама во дебела грешка сте. Двајцата. Што се запењавивте со тоа статиката? Ајде, фатете некоја друга тема за компарации.
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни теми

Офтопик

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно