1. Mobile OS генерални дискусии: windows android ios

  2. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Samsung паметни телефони - генерална дискусија

Дискусија во форумот 'Мобилни телефони' започната од psyside, 30 Септември 2014.

  1. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,189
    2,884
    24 Септември 2012
    Токму така.
     
    На DarthJe5us му/ѝ се допаѓа ова.
  2. The Geek Boy

    The Geek Boy
    Gaining Experience

    482
    186
    9 Август 2018
    Машко
    Значи за M сериите сигурно ќе користат нови процесори, нема да има смисла да користат еден ист веќе 3 години. Тоа беше така кај Ј класата, ама таа испадна голема утка. Се надевам дека со оваа серија Samsung ќе се средат и со спецификации, и со цена. За M30 зборат дека ќе има Type - C, 1080p дисплеј, 3 камери, и процесор кој што ќе биде у перформанси сличен со Snapdragon 660,или пак може ќе стават Snapdragon 660,не се знае.
    За тоа со Wide - Angle камерата, ако збориме за копија тогаш и Huawei, и Google копирале ако е за тоа. Тоа не е измислица од поединец, туку Wide Angle камерите одамна постојат, и мислам дека редно е веќе во 2019 - та да бидат имплементирани на доста уреди. Samsung добро направи, бидејки само со Telephoto Lens е бескорисно, бидејки јас нема зумирани слики да сликам. По корисно ми е Wide - Angle Lens да има, а тоа и го има.
    За тоа со ножот, знам дека збореа и им се "исмеваа" на Ејпл со тоа рекламите, ама мораа на нивните уреди да стават, бидејки гледаш сите одат напред, 2019 е, неможе со еден ист дисплеј се да се иде, мора да се смени. И затоа ќе има исечок, во форма на водена капка (како кај OnePlus 6T),ама тоа нема да биде до толку проблематично.
    За тоа што пишав RIP Xiaomi, јас според мене мислам така. Бидејки овие уреди се стремат директно кон Redmi серијата. Кај Xiaomi ми се допаѓа цената, софтверот им е океј, само што не ми прија тоа што има доста bloatware и реклами насекаде, иначе тие си се топ. Е сега за таа цена што нуди некој друг како Samsung, зошто да не. Секако дека подобар софтвер имаат од ова кинезите, и плус нема реклами.
    За тоа дали вистински ќе биде RIP Xiaomi, останува да видиме ако Samsung се потрудат оваа година да направат нешто солидно за евтина цена.
    Fingers Crossed.
     
  3. gokica

    gokica
    Модератор

    8,379
    10,159
    13 Јуни 2009
    Отстранување на џекот, освен за профит од донгли и слушалки, исто така ослободува простор во тенките телефони. Очеувам да биде се поголем тренд во иднина.

    Ноч е убав начин да се пофалат со поголем екран производителите. И не е толку лошо доколку има опција со еден клик да скејлира сликата во видео или мултимедија до граница на ночот за да не се гледа засекот или „капката“. Ама тогаш екранот има помала корисна површина со која се пофалил производителот. Мене лично ночот ми пречи кога има фул скрин видео со таков размер.

    За жал или среќа тоа е што не очекува во иднина. Се разбира и брдо камери на задната страна од телефоните. Кога ги анализираме доплнителните камери обавезно да се внимава на спецификации. Ако отворот на бленда е мал/сензорот инфериорен тогаш тие ќе бидат добри само за дневни услови и фаќаат помалку детали споредено со добрите телефонски камери.
     
    На The Geek Boy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    908
    1,372
    13 Јануари 2014
    Машко
    На The Geek Boy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,820
    24,935
    4 Септември 2008


    Визуелно совршенство од UI.
     
    farkizz, The Geek Boy и на Tomislav96 им се допаѓа ова.
  6. Rac58

    Rac58
    Gaining Experience

    228
    139
    5 Јануари 2017
    Машко
    слободни активности
    Самсунг и камера, тоа е исто како да живееш во виртуелен свет, во кој одредуваш колку убав и мазен да бидеш. Алооооооо, не бегајте и не застрaнувајте, едно е реалност а друго имагинарност, но тренди е да се лажеме едни со други преку слики и видеа. Тревата е трет степен зелено ( кога циганот го прашале да наброи три нијанси на зелено, одговорил, зелено, премногу зелено и и ПМ зелено), е тоа е Самсунг и неговата камера. Тоа што го прикажува камерата ни човечко око не може да го прими, а сликите се за луѓе, а не за имагинарна реалност. Во мода е лажни слики и лагата е вистина, на така прикажана "реалност". Демек јас на 2-ве табли јајца, со моите години, немам брчки и толку сум личен, што сам во себе се заљубуем, ајде моли те не тресите глупости.
     
    На Martin Arsov и The Geek Boy им се допаѓа ова.
  7. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,820
    24,935
    4 Септември 2008
    Кој модерен телефон, вади прецизни бои?
     
  8. DelphiUser

    DelphiUser
    On your way to fame

    712
    793
    2 Март 2011
    Машко
    Штознам, јас мислам дека прецизноста на боите е се подобра кај сите телефони. Она што го прави Самсунг е што ги пегла сликите, софтверски го трга noise-от. Не е лоша опција, но треба да биде опција.
    Камерите стануваат се подобри, иако им требаше многу време да се стигне фамозната PureView камера.
     
    На The Geek Boy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,820
    24,935
    4 Септември 2008
    Осетно е намаленo пеглањето и подобрен хдр - от/квалитетот со последни 2 updates на камерата кај s8/s9.
     
    На The Geek Boy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. marick14

    marick14
    Intern

    119
    38
    2 Март 2011
    Зошто сеуште Самсунг не може да извади подобра ноќна слика од конкурентите?

    Веќе со години не сакаат да ја подобрат камерата за сликање навечер...:mad::mad:
     
  11. mkextremer

    mkextremer
    On your way to fame

    997
    807
    4 Февруари 2014
    Машко
    wa
    Моментално најдобра low light слика ваѓаат али ајде, добар коментар. :D
     
    На farkizz, StalkeR, Скоти и уште 5 други им се допаѓа ова.
  12. marick14

    marick14
    Intern

    119
    38
    2 Март 2011
    Од Huawei и Apple имаат послаба слика навечер. Тоа ми беше и зборот горе. Изгледа не сме се разбрале.
     
  13. mkextremer

    mkextremer
    On your way to fame

    997
    807
    4 Февруари 2014
    Машко
    Pixel и Apple го уништуваат Samsung со нивното HDR+ преку ден за dynamic range, али за low light lens-от од Samsung е супериорен.
     
    Скоти, The Geek Boy, Tomislav96 и на уште 1 им се допаѓа ова.
  14. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,189
    2,884
    24 Септември 2012
    Најтмод на Пискел/Хаувеј не е подобар од Самсунг?
     
  15. mkextremer

    mkextremer
    On your way to fame

    997
    807
    4 Февруари 2014
    Машко
    Не се чека по 10-30 секунди за една слика?
     
    На Tomislav96 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,189
    2,884
    24 Септември 2012
    А тоа има врска со квалитетот на финалната слика или?

    Не смее да се ПОМИСЛИ да се правда Самсунг што не вметнува Night Sight и ги молзе своите корисници за нови уреди постојано.
     
  17. Tomislav96

    Tomislav96
    On your way to fame

    643
    670
    7 Февруари 2013
    Машко
    Студент, Информатика
    Што кажа сега? Со ставен Night Sight од pixel3 на мојов ноте9 апсолутна ноќ мислиш дење е.... незнам освен пикселот софтверски кој ја пегла дали има подобар?

    а да не збориме ако се разбираш во Про да зголемиш шатер спид ова она какви слики се вадат.. поради леќата..

    Дефинитивно е многу долго, со NightSight го палам и чекаш 5 секудни Steady hold и чекаш уште 5 секунди HDR+ proccessing, а со сток камерата секако сликата не е доволно светла али барем ја вади во дел од секунда


    Доваѓа со С10 и потоа со апдејт за постарите, и не им требало до сега пошто биле одлични сликите, додека Google didnt raised the stakes со NightSight
     
  18. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,189
    2,884
    24 Септември 2012
    Ај да видиме дали ќе дојде бар на с9/н9.

    Да видам да не верувам. Молзачите да почастат нешто.
     
  19. Tomislav96

    Tomislav96
    On your way to fame

    643
    670
    7 Февруари 2013
    Машко
    Студент, Информатика
    Епа со ноте9 излесе Супер слоу мо, сега го има и на С8 :)
    Се надевам ќе продолжат со трендов
     
  20. BorisSapphire

    BorisSapphire
    Gaining Experience

    581
    363
    11 ноември 2015
    Машко
    Пред малку искоментирав на темата пишана од @gOJDO за анхоч и ми текна да искоментирам овде на оваа тема што ми се случи со мојот телефон.

    Телефонот е Note 8 земен од T-Mobile, пред извесно време ми се појавија флеќи на екранот (стандардна работа кај амолед екраните), телефонот беше сеуште под гаранција, не сакав да го праќам по сервиси и си реков до каде ке тера ке тера после ке го сменам. Не сакав да го праќам по сервиси пошто имам доста теми читано и доста луѓе ми имаат кажувано за тоа какви сервири имаме во МК.

    Имам приател кој што работи во T-Mobile му пренесов што и како е работата со телефонот и ми рече донеси го ке го пратиме на сервис. Поминаа две недели мислејќи дали да го праќам или не, и си викам ајде што ке биде нека биде. Го однесов, го пратија на сервис, мислам дека беше 27ми декември, на 3ти телефонот беше вратен во Гевгелија. Се јавив дирекно во Mobico и ги прашав до каде е телефонот и ми рекоа дека е сервисиран и дека е земен од T-Mobile. Ми рекоа дека на телефонот е сменета целосната алуминиумска рамка, екранот, батериата и задниот капак.

    Ова ми е прв сервис во МК, и сакам да кажам едно големо БРАВО за Mobico.
     
    Oktar, mdeni и на Tomislav96 им се допаѓа ова.
  21. The Geek Boy

    The Geek Boy
    Gaining Experience

    482
    186
    9 Август 2018
    Машко
    Искрено мене ако ме прашувате дупла апература е подобро, него ли да чекам да ми се праи у night sight и такви ствари. Језда Night Sight вади најсветли ноќни слики, и тоа на Телефон со 1 камера, што е кул, ама и резултира со малце Noise.
    Huawei е фактички Samsung со ноќните слики, само што немаат дупла апература.
    Еве сега со One UI за S10 ќе има и нешто слично како Night Light. Би било кул ако искомбинират тоа со дуплата апература, па кога ќе вади светли слики, да има и noise reduction.

    Иначе:
    All 4 cameras on the Samsung Galaxy A9 are disappointing

    Веќе ако се одлучиле со 4 камери, требало барем да ги средат.
    За дизајнот на камерите, кажав не ми пречи, само блицот што е во доста ниска позиција. Можеле погоре да го стават или пак од десната страна, ама тоа е Samsung.
     
  22. Tomislav96

    Tomislav96
    On your way to fame

    643
    670
    7 Февруари 2013
    Машко
    Студент, Информатика
    Night Sight и Сток Ноте9.
    Имав и ајфон 6с при рака али освен црно неизвади ништо...
    5-10 секунди е левата и 0.5 десната, и од многу извори пошто сум член во gcam port заедницата, подобри слики вади ноте9 од пиксел3 со неговиот софтвер.

    Поголемиот фајл е gcam. Screenshot_20190116-204809_Gallery.jpeg Screenshot_20190116-204806_Gallery.jpeg Screenshot_20190116-205138_Gallery.jpeg Screenshot_20190116-205127_Gallery.jpeg

    Испратено од SM-N960F преку IT.mk форум апликација
     
    farkizz, The Geek Boy и на gokica им се допаѓа ова.
  23. gokica

    gokica
    Модератор

    8,379
    10,159
    13 Јуни 2009
    Мене лично најт сајт ми е играчка за деца. Тоа е да се чувствуваш како да имаш од оние војничките двогледи за лов во ноќно време. Фотографиите од Пиксел во најт сајт ми се тотално нереални. Јас сакам фотографии најблизу до она како гледаат моите очи. Сток фотографиите на Ноут 9 во вечерни услови ми се фантастично добри со само една маана. Понекогаш има оверблоу на високи хајлајти или во превод осветлени делови се пренагласени на сметка на подобри детали во темните делови. Со RAW обработка се средува но мислам дека можат софтверот да го направат попаметен.
     
    The Geek Boy, Скоти, esquimaux и на уште 1 им се допаѓа ова.
  24. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,189
    2,884
    24 Септември 2012
    Колку е комплексно да се додаде Гкам со најтсајт на ноте 9? Знам дека на самсунг стално има лимитации некои, поготово на камерата.


    Инаку се надевам ќе добијат и с9 н9 најтсајт зошто тоа е основа на ултратемната фотографија со смартфони.
     
  25. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,820
    24,935
    4 Септември 2008
    Поентата на најт сајт е да направи слика од бескорисна, во корисна...

    Многу го користат во недоволно темни сцени, и добиваш полош резултат од сток.
     
    Necromancer, The Geek Boy и на Tomislav96 им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...