Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Safe City - Камерите за казнување

DarthJe5us

poweruser
2 јануари 2012
3.104
2.343
Што ќе се случи кога ги гасат семафорите и се на трепкачко жолто? Мислам дека имаа кажано дека не се на ист систем семафорите и камерите.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.482
SK
ОК ама почнато е повеќе пазење на тоа... Секогаш ќе има и такви што ќе мора да платат х казни пред да им дојде умот. Да влезе реалноста во преден план. :)
Мислењето е автоматски споено:

во град не си на трки и нема да ти падне п...нисот ако почекаш малку на семафор
Не сум на трка. И излегувам на време пошто сум свесен што се случува во сообраќај... Ама не гледам што има тоа „не си на трки“ со фактот ДЕКА НАВИСТИНА НЕ МОРА ТОЛКУ СПОРО ДА СЕ ПОЧНУВА ВОЗЕЊЕТО. И никако да не се надминело 35-40 км/ч. НА БУЛЕВАР! Испод 30 најдобро, најсигурно.

Претерано е. Да ОК, разбирам дека луѓето се плашат пошто има нови мерки ама сѐ повеќе мислам дека треба да почнат да казнуваат и за споро возење. :)


Плус сеуште важи тоа дека ако сакаш да лазиш барем тргни се во десна лента. Уште кога ќе се погодат двајца тројца такви Driving mis Daisy и сите возат во своја лента еден до друг. Ѕид од геријатрија, ела стигни на време без да искочиш цел час порано. :D
 
Последна промена:

Ab@ace

lurker
21 мај 2016
854
737
споро возење е казниво на автопат за град не би требало да се казнува за споро возење,ептен сега да не лази 10-15 да вози
 

FikanA

hello world
3 април 2025
220
266
Средe никаде...
И знациве на некои патишта се ошмара. Некаде на исти пат има 3 знака со различни брзини..ај фати крај после која е дозволената брзина
Ќе пробаш неколку пати со некоја од брзините. Ако имаш среќа од прва ќе ти се погоди ;)
Мислењето е автоматски споено:

во град не си на трки и нема да ти падне п...нисот ако почекаш малку на семафор
Ова е единствената држава кадешто кога си на семафор има повеќе движење додека си на црвено неголи кога свети зелено. Треба да има еден џандар на секој семафор со еден снајпер, и кој буља у тоа телефоните клети директ меѓу очи. На крај на едно зелено поминуваат 3 4 коли пошо првиот додека убаци прва и даде гас семафорот 3 круга свртел..
 

NanoCell

hello world
10 октомври 2011
420
523
Доста дискусии има околку толеранцијата, но мислам дека мора да има одредена толеранција. Поради тоа и полицајците не пишуваат казни за брзина која е пречекорена во опсег на неколку км/h над дозволеното. Во Македонија има голем број на возила кои имаат аналогни брзинометри и се смета како дозволена човечка грешка (агол на гледање, точност на брзинометарот и слично.).
Јас лично немам добиено казна во животот, а имам возено на сите континенти освен Антартика :)
Друго прашање е дали има одредена толеранција доколку надминувањето на брзина или некој друг прекршок е краткотрајно, на пример:
  • има опасност пред тебе и мораш да забрзаш за да ја избегнеш на автопат - камион почнува да шантра во твојата лента додека претекнуваш со дозволена брзина и забрзуваш за да избегнеш судар.
  • возило со аналог брзинометар оди по удолница, забрзува до 51 во секунда/две и возачот почнува да ја намалува брзината. Мислам дека ова не смее да биде казнето
  • застанување поради итен медицински случај, да претпоставиме некој има напад во текот на возењето и застанува од страна за да не предизвика поголема штета и после 2-3 минути продолжува да вози
Да се разбереме, има многу коментари за тоа дека мора да се почитуваат правилата и се согласувам со истото, но мора да има одредена толеранција. Овој систем би требало да го спречи дивеењето по улиците, да го намали непочитувањето на правилата кои секојдневно се кршат со намера (поминување на црвено, возење со ненормални брзини), а не да удри по буџетот доколку не си робот. Мислам дека ни самото МВР нема сеуште одлучено за конкретните правила и затоа дури си играат со почетната дата за воведување на системот. Има различни методи да функционира системот, без притоа да биде безобразно полнење на буџетот како што се: одредена толерантност на максималната брзина (решено различно во повеќе земји), проверка на брзината во период од неколку секунди и доколку брзината била надмината само за период пократок од x секунди да биде занемарен прекшокот (тука не зборуваме за забрзување до 90 и нагло кочење, туку возење со 53 во рок од 1-2 секунди и вракање под 50), прогресивни казни во текот на годината, со што би се зголемила внимателноста кај возачите, но исто така занемарување на казната доколку е направен 1 минимален прекршок итн итн итн.
Споменати беа и ленти за возила со повеќе од 1 патник, мислам дека тоа во моментов не е изводливо на нашата патна инфраструктура, но би можело да го поттикне интересот за користење на јавен превоз или патување заедно со повеќе луѓе кон работа. Мислам дека денес доста луѓе бираат комфор да имаат возило достапно во било кој момент доколку им притреба наместо да се организираат во група со некој ама од друга страна прашање е колку ќе ги почитуваат правилата. Знаеме што се случи со автобуската лента на Партизанска во потегот од Симпо до Соборна ... секој си возеше во лентата и на крај дел од тие граничниците беа искорнати. Во теорија има многу начини да се средат работите, но во пракса освен закони и правила, соодветната контрола и казнување на непочитувањето треба да биде имплементирано, во спротивно секогаш ќе има "паметни" кои ќе го злоупотребуваат истото.

Се надевам дека ќе се испегла системов додека почне реалната употреба, но не само во однос на толеранцијата, туку во однос на реалната примена насекаде без исклучоци, строга контрола и ревизија на базите во кои се зачувуваат казните (колку што прочитав записите ќе постојат во системот само краток период и прашање дали ќе зачувуваат историја во надворешна база за ревизија) и проверка на можни бришења на податоци/записи. Како што споменаа претходно одредени членови, за да функционира системов подобро, потребно е дополнителна работа на зелениот бран и брзината на возење, јас лично би ги вратил бројачите на сите семафори (или повеќето) и секако одреден дел од средствата да бидат наменети за подобрување на патната инфраструктура (креирање кружни текови кои природно го регулираат сообаќајот и брзината каде што е соодветно.
 

Petarys

hello world
28 јули 2009
254
449
Прага, Чешка
Решението е да се дозволат неколку км толеранција пред да стигне казна. Во Прага толеранцијата е +3км во градска зона а на автопат +3% од дозволената брзина. Waze доста помага од два аспекта: брзината регистрирана на Waze е точна (неколку км помалку од онаа на автомобилот) + идентифицирање на камерите.
 

chroot

lurker
12 ноември 2021
773
1.102
Скопје
Мене искрено најмногу ќе ми биде мило ако се средат следниве работи:
  1. Шерифите што се толку плитки во мозоците и мислат дека на булевар левата лента е брза лента, па ти блиндира залепен позади тебе мислејќи дека го кочиш сообраќајот и треба да се тргнеш, мислат на неограничен автопат се во Германија
  2. Возачи на веспи и мотори што наместо да чекаат како сите останати, кратат пат преку пешачки, се бутаат измеѓу возила притоа немајќи тронка мозок дека некој можеби нема да ги забележи додека играат Марио Карт шетајќи лево десно и возејќи меѓу коли
  3. Таксисти што мислеа дека се над законите и можат да возат по нивни правила, бидејќи цел живот возат и они се најснаодливи
  4. Додатно би било добро ако може да идентификуваат и велосипедисти и возачи на тротинети што возат на булевари а не ги почитуваат правилата, возат исто како овие со моторите, и не стојат на црвено. Ова го кажувам како некој што редовно вози точак, бидејќи ако веќе си се спуштил да возиш со сообраќај, почитувај ги правилата за да не те утепа некој ни крив ни должен
Следен чекор се надевам дека ќе биде построга контрола на технички преглед, не може тамчиња и секакви други возила да оставаат црн дим 500 метри позади нив а да помине технички преглед.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.482
SK
споро возење е казниво на автопат за град не би требало да се казнува за споро возење,ептен сега да не лази 10-15 да вози
Се шегувам де, ама стварно претеруваат некои. Од Мад Макс филмови наеднаш влеговме во Драјвин мис Дејзи универзумот... Не може на средина нешто да најдеме?

Погледнете го атачментот 156272


@Lokvan - казни за секој што ќе вози под 40 и над 50 :)
mEZNhP1.gif

Мислењето е автоматски споено:

Ова е единствената држава кадешто кога си на семафор има повеќе движење додека си на црвено неголи кога свети зелено. Треба да има еден џандар на секој семафор со еден снајпер, и кој буља у тоа телефоните клети директ меѓу очи. На крај на едно зелено поминуваат 3 4 коли пошо првиот додека убаци прва и даде гас семафорот 3 круга свртел..
Геноцид има да биде. Mасовна сахрана.
 

Trtka

Gaining Сало
11 април 2018
712
1.022
А останатите 20% ќе паднат затоа што не знаат што значи предност од десна страна.
99% на семафор се 2 ленти. Тие со предност обавезно влегуваат во средна лента нели имаат предност во нивните глави. Вртиш десно во десна лента мажина. Ако има паркирано кола на таа лента ќе си чекаш да се приклучиш а не ко камиказа да влегуваш во средна лента.
 

JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.790
3.970
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO

Sent from my M2101K9G using Tapatalk
 

thexfiles125

hello world
29 април 2013
409
276
99% на семафор се 2 ленти. Тие со предност обавезно влегуваат во средна лента нели имаат предност во нивните глави. Вртиш десно во десна лента мажина. Ако има паркирано кола на таа лента ќе си чекаш да се приклучиш а не ко камиказа да влегуваш во средна лента.
Има паркирани десна лента 99% од времето кај нас и поради тоа сите ја избегнуваат како правило и ствара уште повеќе метеж, има патишта и раскрсници каде што е океј но одма пред и после кривини кога се а пак се трупаат во десна лента не е океј...
 

Trtka

Gaining Сало
11 април 2018
712
1.022
Има паркирами десна лента 99% од времето кај нас и поради тоа сите ја избегнуваат како правило и ствара уште повеќе метеж, има патишта и раскрсници каде што е океј но одма пред и после кривини кога се а пак се трупаат во десна лента не е океј...
Баш така, арно ама тоа не дава право да влегуваш во средна лента како камиказа.
 

kolesk

lurker
6 февруари 2016
780
1.208
Следна мерка, забрана за афтермаркет вградување на ксенон/лед на возила кои немаат прописна опрема за тоа. (проектори, лупи итн)
На разминување, очи вади. Исто како ренген да ти направил некој.
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.086
14.192
Ако може да сумираме: да се казнува се живо и диво. Ако возиш побрзо, ако возиш поспоро, ако пушиш цигара во кола со отворен прозор па загадуваш надвор...

Луѓе нели ви се чини дека наместо камери закони и сл. не ќе е подобро да се забрани сообраќај во Скопје. Да нема ни едно возило. На работа тргаш четири пет часа пред почеток на радно време. Се враќаш за викенд. Болни да се носат на носилки на рамена. И така.
 

Trtka

Gaining Сало
11 април 2018
712
1.022
Ако може да сумираме: да се казнува се живо и диво. Ако возиш побрзо, ако возиш поспоро, ако пушиш цигара во кола со отворен прозор па загадуваш надвор...

Луѓе нели ви се чини дека наместо камери закони и сл. не ќе е подобро да се забрани сообраќај во Скопје. Да нема ни едно возило. На работа тргаш четири пет часа пред почеток на радно време. Се враќаш за викенд. Болни да се носат на носилки на рамена. И така.
Немој ќе те блокира! Ногу опасни се со блокирањево.
 

NanoCell

hello world
10 октомври 2011
420
523
Опасни закани летаат со блокирањево :ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO: Шала на страна, убаво што во теорија ќе се воспоставува ред, но ќе видиме во пракса каква ќе биде имплементацијата и колку ќе важи за сите.
Мада после возење во Џакарта или Лагос, имаш стрпение на ниво на светец за гужви и камикази кои се уфрлуваат
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.583
19.290
Што стана со форумов...

xenon се адаптира на обичниот плебс и пишува разбирливо, Локван не пишува постови од 100 страни, Тоше стана заварувач, Авид го нема никаде, Декомоте има се пократок фитиљ, Тајлер го нема..

Дури и оној тролот со Нвидиа карти не се меша во се.

Апатија!
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.181
16.288
Ако тебе ти се плаќаат казни за возење 52 во 50 зона, нема јас да ти го скратам тоа задоволство.
Што ти е гајле тебе за него? Глеј си твоја работа, учи се на дисциплина.
Мислењето е автоматски споено:

сите ние од провинција кои будно ја следиме темата

Погледнете го атачментот 156264
Ради вас од провинција постои темава, таман работа да не ја следите.
Мислењето е автоматски споено:

сите се некако покултурни сега, и жмигавец користат дури :ROFLMAO:
Да, освен оние со Ауди и БМВ, пошто они немаат жмигавци фабрички
Мислењето е автоматски споено:

Друго прашање е дали има одредена толеранција доколку надминувањето на брзина или некој друг прекршок е краткотрајно, на пример:
  • има опасност пред тебе и мораш да забрзаш за да ја избегнеш на автопат - камион почнува да шантра во твојата лента додека претекнуваш со дозволена брзина и забрзуваш за да избегнеш судар.
  • возило со аналог брзинометар оди по удолница, забрзува до 51 во секунда/две и возачот почнува да ја намалува брзината. Мислам дека ова не смее да биде казнето
  • застанување поради итен медицински случај, да претпоставиме некој има напад во текот на возењето и застанува од страна за да не предизвика поголема штета и после 2-3 минути продолжува да вози

Какви се овие прашања бе батка?
Брзината се мери само таму каде што е мерната станица тоест камера. Ти вози и 200 во град, ако успориш пред камерата нема да те казнат, така да толеранцијата е 100%. Ако застанеш поради итен случај, гледај да не застануваш пред самата камера и нема да бидеш казнет. Мерењето е само кај што има камера не е по целиот пат. Поради ова во Србија и на други места има модели каде ти пресметуваат просечна брзина на движење. не само таму каде има камера.
 

JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.790
3.970
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO

chroot

lurker
12 ноември 2021
773
1.102
Скопје
Бре мајката :)))

Баш чудно толку многу прекршоци за црвено на Цветан Димов и Џон Кенеди.
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно