Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Safe City - Камерите за казнување

Aowek

user
14 април 2012
1.213
1.170
Ме имаат казнувано 3-4 пати со камера, за секој настан сум имал датум за на суд во самиот мејл, каде што можеш да отидеш да се жалиш и да замолиш да ја платиш казната на рати и сл.

Кај нас по поракиве што гледам нема вакво нешто, ќе има ситуации каде што ќе може да добиеш на суд.

Пример вртење на лево/десно на раскрница каде што мораш да си на средина за да свртиш и скоро секогаш успеваш да завртиш кога кај нив е веќе црвено за право.

Ако стават дати за суд за секој прекршок сигурно секој ќе сака да иде да се кара/објаснува ќе се расчуе ќе го блокираат судот.
 
architect

poweruser
27 ноември 2008
2.732
4.327
Скопје
architect's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 7 9800X3D / NZXT Kraken Elite 280 RGB (White)
Motherboard
Gigabyte X870E AORUS Elite WiFi 7 1.2 (White)
Storage
SSD 2 x Samsung M.2 990 PRO 1TB
PSU
Gigabyte PSU AORUS Elite P850W PG5 ATX 3.1 850W 80+ Platinum
RAM
Kingston 32GB 5600MHz DDR5 CL40 DIMM
Video card
Gigabyte nVidia GeForce RTX 5070 EAGLE 12GB 192BIT (White)
Case
NZXT H7 Flow RGB (2024) Case (White)
Mouse
Logitech G Pro X Superlight 2 (White) / Logitech G502 RGB / Deskpad World of Warcraft Shadowlands
Keyboard
EPOMAKER x AULA F75 / ROG STRIX SCOPE NX TKL Moonlight white
Audio
Logitech Z625 2.1 THX Speaker / Logitech G335 (White)
Monitor
LG 27GL850-B
OS
Windows 11 x64
Шала на страна но денеска барем 5 пријатели/ки се пофалија дека добиле од 1-2 па дури и 3 казни за секакви глупости. За народов да почне да почитува само казна, поготово за сообраќај каде се е дива лига, поготово од другата страна на вардар и пластичарска каде од нигде никаде знае да пресечат дупла пуна за да си се паркира пред некоја од продавничките.
 
Riku

lurker
27 ноември 2021
584
256
Пред да напраиш сејф сити, треба да средиш се друго. Јавен превоз, паркинзи, семафори (зелен бран), пешачки осветлени, и ред друго па после казни. Мислам дека на одредени места треба да ја зголемат брзината од 50 на 60. И тоа се знае дека овој народ само со казни се учи.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.280
2.366

Многу ме интересира корелацијата меѓу непочитување на сообраќајни правила и прописи со средување на се друго.
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.387
5.531
Со тоа што луѓето за секој случај ќе возат 40 на места кај што реално може да се вози и 60. Зборам ако нема толеранција плус некој процент.
И тие прописи не се од Господ дадени, на времето лимитот беше 60 па го намалија. Сообраќајот е динамична работа, не можеш рамно 50 сегде како робот да возиш.
Велиш само тие 10-20 км/ч разлика го прават хаосот во сообраќајот?
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.068
7.751
...
Ако стават дати за суд за секој прекршок сигурно секој ќе сака да иде да се кара/објаснува ќе се расчуе ќе го блокираат судот.
Знаеш во Македонија колкави се трошоците за да се судиш за било што? И колкаво губење време? Само паркинг да најдеш е самоубиство. Море попаметно плати пола и терај...
Мислењето е автоматски споено:

...
3. Измината сообраќајна дозвола - ова значи дека секоја кола ќе ја евидентираат и проверуваат?
...

Ова и сега мислам дека може да се најде. Имаше некој сајт во кој што се внесуваше табличката и ти даваше информација каде е осигурана. Ако воопшто е.
 
Dr_House

read-only
18 јуни 2021
8
21
Има дифтари, да.

Ама имаш патници кои во кола ти се дерат, ти повишуваат тон, те понижуваат и ти викаат дека таму сакаат да бидат оставени. Некогаш ќе застане подолу за да не заглави сообраќај ама пак не ми одговори на прашањето, како е регулирано?

И за такси и за влечна служба?
Смешен муабет е тоа со дерењето, таксистот е тој што вози и диктира кај ќе застане. А ако сакаат да го решат моментот со таксистите на некој друг начин имаат жолти таблици, верувам дека лесно може да се имплементира нешто. Шлеп службата е легитимно прашање, веројатно за товарни возила ќе дадат пак нови таблици дека и комерцијалистите спаѓаат во оваа клапа.
 
thexfiles125

hello world
29 април 2013
409
276
Дали стварно детектираат мобилни во раце камериве? Окапав на телефон денес во кола (се разбира под прописните 50 kmh и без пешаци на патот) и не добив никаква казна, ама ја гледам во листата на работи...
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.815
5.521
Успешно истестиран систем. Добиена порака за 51 км/ч :) Него нели ќе имаше и слики? Или тоа у друга фаза?
 
JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.790
3.970
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO
Шала на страна но денеска барем 5 пријатели/ки се пофалија дека добиле од 1-2 па дури и 3 казни за секакви глупости. За народов да почне да почитува само казна, поготово за сообраќај каде се е дива лига, поготово од другата страна на вардар и пластичарска каде од нигде никаде знае да пресечат дупла пуна за да си се паркира пред некоја од продавничките.
На пластичарска и општо во чаир има камери?
Мислењето е автоматски споено:

NecrotoX

Undead
4 март 2013
5.589
6.864
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 980 Pro 1TB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
32GB Kingston FURY Beast DDR4 @ 3200 MHz
Video card
EVGA GeForce RTX 3060 XC GAMING 12GB
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Razer Basilisk V3 | Razer Cobra
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2518D 25" + Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro
OS
Windows 11 Home
Ете и пратеници ги критикуваат глупостиве, буквално истово го зборат јас што го напишав овде, ај сега прајте се паметни уште! Треба во парламент да влезам бе ееејјјј :D

нема улица кај што нема и пешаци
Ти изгледа во кола не си влегол.
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.653
3.232
Замисли да удриш дете со 60 км на час.. Ќе бидат многу или малце?
Мислењето е автоматски споено:

Си има сообраќајни инжинери зошто е толку колку што е знакот.
Ама кај можат тие со балканските шоферишта со гас до даске.
сообраќајните идиоти што поставиле дрворед покрај булевар?
 
15 септември 2012
1.164
1.300
Сега ќе се закрчи сообраќајот во Скопје уште толку.

@NecrotoX Не се согласувам со тебе. Ова се времиња на поминување низ одредени релации низ градот на кои бев свесен дури откако стигнав дома.
Од Усје до Карпош 3 денес во 14:30 часот, делницата ја поминав за 20 минути.
Од Автокоманда до Карпош 3 денес во 15:30 часот, делницата ја поминав за 30 минути. За тоа време се вози релацијата само во лето кога е празен градот.
Возењето е бавно, ама низ семафорите брзо се поминуваше. Имам впечаток како да се репрограмирани семафорите.
 
15 септември 2012
1.164
1.300
Пред да напраиш сејф сити, треба да средиш се друго. Јавен превоз, паркинзи, семафори (зелен бран), пешачки осветлени, и ред друго па после казни. Мислам дека на одредени места треба да ја зголемат брзината од 50 на 60. И тоа се знае дека овој народ само со казни се учи.

За жал и со тебе не се сложувам.
Не можеш да прогледуваш низ прсти дивеење во сообраќајот, поминување на семафор низ црвено светло, возење со поголема брзина од пропишаната, курчење на овие со возила со поснажни мотори. Тоа се основни правила во сообраќајот и немаат никаква врска со категориите кои бараш да се претходно решени.
Впрочем ограничувањето на брзината е многу порано воведена одколку осветлени пешачки (незнам дали мислиш на пешачки патеки или пешаки премини преку сообраќајници?).
Намалувањето на дозволената брзина од 60 km/h на 50 km/h во градска средина е заради преживувањето и/или помали повреди на пешаците при сообраќајна несреќа со моторно возило. Не е тоа нечиј каприц.
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.780
12.762
Skopje
www.wemaxa.com
Писмените, меѓу кои спаѓаат активните форумџии, ај ќе се средат, 58 возеле, сега пис по рачето за 51 па и 45 ќе возат тоа е несомнено, ама не верувам дека писмени некогаш и биле проблем.

Ропаците неотесани и племето планинско - реално мислите ќе се оправи? Вчера знаеа дека се снима па 65,000 наводно прекршоци во првите 12 саати, колку биле до крај на ден, 100-130,000 ? Ова е гласачко тело, што ако биде испоказнето утре ќе гласа за првиот опозиционер што ќе вети дека ќе ги исклучи заради Х причини.

Друга, битна дилема што ја имам заради една лична ситуација. Имено пред Х години, некаде 2008-2009 година, ме извикаа во полициска станица, па некоја сериозна средина со инспектор 1-2, па а-у...што е работата, моите таблици се возеле на Косово или не знам каде. Па каде ми е возилото итн. Па ајде до возилото, па гледа па анализира, што испадна од тоа не знам ама виде дека колата нит била на Косово нит пак планира да оди. Некој возел со ист број на таблици и / или правел зулум.

Како некој ќе се објасни ако некој направи дупликат број од исто возило и вози со такви таблици, внатре со спуштено сенило/наочари или што и да е? А не бев јас друже судија? Вештачење? Ќе биде весело.
Ова со 51 казни не верувам ќе опстане, ќе бидат баждарени на 58км/ч да пишуваат а 50-58км да праќаат опомени чисто ради оној момент - да не се премногу возбуди гласачкиот апарат. Останувам на тоа дека битни промени нема да има во однос на сообраќајни несреќи, дури може да има зголемување, сега освен во телефон ќе мора да гледаат и колку возат. Никој не се замара да санкционира користење мобилен... Вчера видов едно ропаче, збори со лева рака на еден телефон, куца со друга на друг телефон, бел пасат мислам беше на средна лента к4 партизанска.

Реши користење на мобилен, забрани сам во кола - нека се организираат по 2/4-ца на иста релација, ќе видиш како само со тие две мерки ќе решиш и сообраќајни гужви и несреќи и се, а не вакви тендерски зезалици.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.280
2.366
Галами од сабајле по радија, дискусии на фб, јавувања по телевизии дека им стигнало со 53 км на час, солзи крокодилски. Ние како општество никогаш ни не сме сакале промена изгледа.
 
18 август 2019
1.229
1.204
Реши користење на мобилен, забрани сам во кола - нека се организираат по 2/4-ца на иста релација, ќе видиш како само со тие две мерки ќе решиш и сообраќајни гужви и несреќи и се, а не вакви тендерски зезалици.
Не знам како би го решиле користењето на мобилен. Неостварливо ми изгледа.
А забрана на сам во кола е уште понеостварлива. Тоа е веќе кршење на човековите права.

Се прашувам како мене би ми доставиле опомена, освен по пошта која исто не ги доставува пратките. Моментално немаат телефон ниту мејл.
Мислењето е автоматски споено:

Галами од сабајле по радија, дискусии на фб, јавувања по телевизии дека им стигнало со 53 км на час, солзи крокодилски. Ние како општество никогаш ни не сме сакале промена изгледа.
Ма сакаме промени, ама само оние кои ни одат во прилог (ги исполнуваат нашите желби).
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.280
2.366
Не знам како би го решиле користењето на мобилен. Неостварливо ми изгледа.
А забрана на сам во кола е уште понеостварлива. Тоа е веќе кршење на човековите права.

Се прашувам како мене би ми доставиле опомена, освен по пошта која исто не ги доставува пратките. Моментално немаат телефон ниту мејл.
Мислењето е автоматски споено:

Ма сакаме промени, ама само оние кои ни одат во прилог (ги исполнуваат нашите желби).
Сакаме промени ама кај баш мене ме најдоa :)
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.780
12.762
Skopje
www.wemaxa.com
Не знам како би го решиле користењето на мобилен. Неостварливо ми изгледа.
А забрана на сам во кола е уште понеостварлива. Тоа е веќе кршење на човековите права.

Се прашувам како мене би ми доставиле опомена, освен по пошта која исто не ги доставува пратките. Моментално немаат телефон ниту мејл.
Мислењето е автоматски споено:

Ма сакаме промени, ама само оние кои ни одат во прилог (ги исполнуваат нашите желби).

Човеково право да вози кола? :)

Не постои човеково право кое гарантира користење автомобил или друго приватно превозно средство.

Постојат два релевантни принципи, но ниту еден не создава право на автомобил:

  1. Правото на слобода на движење (универзално признаено во чл. 13 од Универзалната декларација за човекови права и чл. 12 од Меѓународниот пакт за граѓански и политички права).
    Ова право овозможува човек да се движи, да ја напушта државата, да се враќа во својата држава. Не подразбира право на конкретен вид превоз.
  2. Правото на сопственост.
    Можеш да поседуваш автомобил ако го купиш. Државата не е должна да ти обезбеди автомобил ниту да ти дозволи да возиш ако не ги исполнуваш пропишаните услови.

Возењето автомобил е регулирана привилегија, не човеково право. Важат услови, дозволи, тестови, казни. Државата може строго да го ограничи или одземе, со образложена правна процедура, без да ја повреди рамката на човекови права.

Ако поентата ти е дали државата би прекршила човекови права со ограничување на возење, тогаш мерката мора да биде пропорционална и оправдана, но самото ограничување не е повреда на човекови права.

Дали може со закон да се ограничи возење сам во автомобил со цел да се спречи сообраќаен метеж да се бара да се дели превозот со најмалку 2 луѓе? Може, но правно е ранливо и тешко издржливо без исклучително силно оправдување.

  1. Слободата на движење не дава право на автомобил, но дава право на избор на начин на движење. Ограничување што забранува возење сам ќе се третира како сериозна интервенција во таа слобода.
  2. Државата смее да пропишува сообраќајни правила, но тие мора да бидат засновани на безбедносни, здравствени или споредни јавни интереси кои се пропорционални. Намалување метеж обично не е доволно силен интерес за ваков тип длабока интервенција, освен во многу специфични зони.
  3. Пример од практика: High-Occupancy Vehicle (HOV) ленти во САД и други држави. Овие не забрануваат да возиш сам. Само забрануваат пристап до специфична лента. Ова е пропорционално, затоа што нуди алтернативи.
  4. Општа забрана на возење сам во автомобил би се сметала за прекумерна мерка. Повикува прекумерно мешање во приватниот живот и секојдневна автономија, без да обезбеди легитимен и неопходен интерес на ниво што би ја оправдало мерката.
  5. Европска правна рамка: Во ЕУ и ЕКЧП, ваква мерка би паднала на тестот на пропорционалност. Нема доволна врска меѓу ограничувањето и легитимната цел ако постојат полесни средства како динамичко патарина, ограничен пристап во зони, јавен превоз, HOV ленти.

TLDR
Да, државата може да донесе ваков закон. Но мерката е правно климава, ќе се смета за непропорционална и веројатно ќе биде поништена. Најсилниот оправдан модел е ограничување по зони или ленти, не генерална забрана да возиш сам, сепак е можно.
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.568
3.206
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Иначе зезнато ова :) Вчера вечер излегов и ај пази пази 50 на саат некако успеав. Да се вратам назад се заборавив плус стапалово изгледа навикнато на барем 55-65 лагано стигнав до 63 па ми текна успорив среќа не ме снимил никој и тоа на булевар.
Ќе мора лимитерот изгледа да се употреби или овој месец пробно да се навикнам.
Како и да е, навивам да биде 55 горен лимит тоа ми е идеална/прифатлива брзина :)
 
coNNectMKD

user
13 март 2017
1.308
1.546
Skopje
Мислам дека сите го подржуваме проектов ама очигледно е дека не е имплементиран паметно.

Системов е инсталиран само „паушално“.
Нема шанси вака да профункционира, а ако не го адаптираат баш поради дел од работите кој ги збориме и дел кој ги спомна погоре @xenon ... ќе има миљарда поплаки по судови (и штабови).

Го подржувам и прифаќам, и се надевам ќе донесе одреден страв за да не се лета по булевари ама очигледно е инсталиран без никакви параметри.
Прво и најважно дека нема доволна сигнализација по раскрсници (знаци) кои би биле синхронизирани со самите камери.
Најдобар пример за ова е помошно зелено каде имаш доста ситуации за кои можеш да бидеш казнет/фатен на камера, а не си крив. Ништо погрешно нема да направиш, ама таму од карши ќе те сликне.

Казнување со 51 на саат е дебилно. Заборавате дека има луѓе кои немаат дигитална табла... 51 на саат, бог да чува. Кажи ми една држава која казнува за 1 над дозволено, тотална глупост.

Веќе кажав дека не се (или не знаеме како се) регулирани за такси и шлеп возила.
Паркирање треба да се казнува, ама застанување да казнуваш? И тоа по автоматизам по сама детекција од камера. Ова никад нема да пројде на суд, ако нема знак кај што вика забрането застанување.

Или сега од сабајле што дискутираат за престројување пред семафор бидејќи пуна лента била?
Па тој пред мене може заспал, се издрогирал, се начукал... до кога да седиме позади него? Башка ја зборам за екстреми, они зборат за нормално престројување бидејќи почнала полната лента а возилото отишло лево/десно во лента o_O

Сите сакаме систем и ред, ама ова што го воведуваат е само за пунење буџет. Земи пример од Србија, на 100 километри е и истата шема со камерите, паркинзите, застанувањате... копи-паст донеси ја. 200 советници и асистенти имаат а ни еден нема муда да им каже дека се е ок, ама треба малце да „досредат“.

Мада, само што почнаа, имаат цел месец, можеби ќе слушнат/видат каква е реалната слика па ќе се донесе системов до перфекција.
 
chroot

lurker
12 ноември 2021
773
1.102
Скопје
Не знам како би го решиле користењето на мобилен. Неостварливо ми изгледа.
А забрана на сам во кола е уште понеостварлива. Тоа е веќе кршење на човековите права.

Се прашувам како мене би ми доставиле опомена, освен по пошта која исто не ги доставува пратките. Моментално немаат телефон ниту мејл.
Мислењето е автоматски споено:

Ма сакаме промени, ама само оние кои ни одат во прилог (ги исполнуваат нашите желби).
Најверојатно должен си сам да си ги ажурираш податоците во МВР поврзани со регистрацијата на возилото.
Мислењето е автоматски споено:

Мислам дека сите го подржуваме проектов ама очигледно е дека не е имплементиран паметно.

Системов е инсталиран само „паушално“.
Нема шанси вака да профункционира, а ако не го адаптираат баш поради дел од работите кој ги збориме и дел кој ги спомна погоре @xenon ... ќе има миљарда поплаки по судови (и штабови).

Го подржувам и прифаќам, и се надевам ќе донесе одреден страв за да не се лета по булевари ама очигледно е инсталиран без никакви параметри.
Прво и најважно дека нема доволна сигнализација по раскрсници (знаци) кои би биле синхронизирани со самите камери.
Најдобар пример за ова е помошно зелено каде имаш доста ситуации за кои можеш да бидеш казнет/фатен на камера, а не си крив. Ништо погрешно нема да направиш, ама таму од карши ќе те сликне.

Казнување со 51 на саат е дебилно. Заборавате дека има луѓе кои немаат дигитална табла... 51 на саат, бог да чува. Кажи ми една држава која казнува за 1 над дозволено, тотална глупост.

Веќе кажав дека не се (или не знаеме како се) регулирани за такси и шлеп возила.
Паркирање треба да се казнува, ама застанување да казнуваш? И тоа по автоматизам по сама детекција од камера. Ова никад нема да пројде на суд, ако нема знак кај што вика забрането застанување.

Или сега од сабајле што дискутираат за престројување пред семафор бидејќи пуна лента била?
Па тој пред мене може заспал, се издрогирал, се начукал... до кога да седиме позади него? Башка ја зборам за екстреми, они зборат за нормално престројување бидејќи почнала полната лента а возилото отишло лево/десно во лента o_O

Сите сакаме систем и ред, ама ова што го воведуваат е само за пунење буџет. Земи пример од Србија, на 100 километри е и истата шема со камерите, паркинзите, застанувањате... копи-паст донеси ја. 200 советници и асистенти имаат а ни еден нема муда да им каже дека се е ок, ама треба малце да „досредат“.

Мада, само што почнаа, имаат цел месец, можеби ќе слушнат/видат каква е реалната слика па ќе се донесе системов до перфекција.
Па кај нас така се работи, првин носат закони па после се дискутира дали е правилно имплементирано нештото, па пупу не важи ќе сменат нешто.
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно