hebocig
lurker
- 7 јануари 2010
- 653
- 143
На еден другар компјутерот не му дава слика. Го ставивме на мојот монитор пак не даваше, значи не му е расипан мониторот, па наредно што ни иде на памет е дека е графичката. Ја извадивме од неговиот и ја ставивме на мојот и графичката си работеше нормлно. После не можевме на неговиот компјутер со мојата затоа што мене ми е интегрирана графичката карта, па компјутерот си го однесе во сервис, и тие му рекле дека компјутерот со нивна графичка работел. После тоа го однел компјутерот кај друг другар и кај него пробале со друга графичка и пак не работел. Ја разгледавме матичната да не е изгорена ама не се гледаше ништо. Во што би можело да биде проблемот, слотот, рамот, батеријата....?