Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

PayPal преку НЛБ Тутунска Банка

Статус
Затворена за нови мислења.

filipvselena

poweruser
7 април 2007
2.934
193
Ја незнам што им е проблемот на пејпал.Колку пати сум им пратил маил и сум ја објаснил ситуацијата за потребите од нивните услуги во Македонија и секогаш се завршува на тоа дека се работи на случајот и дека кога тогаш ќе проработи и тука.Нема што година ипол тоа го викаат и па ништо.Исто така ова штто го прочитав дека Македонија и Србија наскоро демек заедно преговарале ми влеа малку надеж...Нека види министерот или пак соодветниот на позиција дека во последно време има огромно зголемување на трансакции преку интернет па да свати дека е време да се направи нешто.Скокот не е огромен но е голем бидејќи за прв пат доаѓаа таа мода и кај нас.
 

Dexter26

hello world
16 септември 2010
186
95
Ја незнам што им е проблемот на пејпал.Колку пати сум им пратил маил и сум ја објаснил ситуацијата за потребите од нивните услуги во Македонија и секогаш се завршува на тоа дека се работи на случајот и дека кога тогаш ќе проработи и тука.Нема што година ипол тоа го викаат и па ништо.Исто така ова штто го прочитав дека Македонија и Србија наскоро демек заедно преговарале ми влеа малку надеж...Нека види министерот или пак соодветниот на позиција дека во последно време има огромно зголемување на трансакции преку интернет па да свати дека е време да се направи нешто.Скокот не е огромен но е голем бидејќи за прв пат доаѓаа таа мода и кај нас.

Да не ти рушам надеж, filipvselena, но јас лично не верувам дека ова што го најавуваат ќе постигне нешто конкретно.
Инаку, Македонија и Србија нема да преговараат, туку ќе испратат нота до PayPal за да дојде на македонскиот и на српскиот пазар, а верувај ми, нивната нота ќе влијае врз PayPal еднакво колку што делувале и твоите меилови што си им ги пратил.
И јас им пратив меил, и го добив кристално истиот одговор што си го добил и ти.
А инаку ова не е ни прв, а нема да биде ни последен пат македонската и српската влада да најавуваат дека ќе го убедуваат PayPal да дојде.

Истата оваа српска министерка за телекомуникации и информатичко општество, Јасна Матиќ, уште во 2009 тврдеше дека се договориле со PayPal да дојде во Србија во текот на 2010.
Еве не на 4 месеци од Новата Година 2011, и сеуште ништо такво ниту се случило, ниту пак е најавено за Србија.

А македонскиот министер за информатичко општество Иво Ивановски, уште година дена пред најавата на српската министерска за телекомуникации и информатичко општество Јасна Матиќ, во 2008 се испофали дека се сретнал со првите луѓе на PayPal и се договориле PayPal да дојде во Македонија околу март или април 2009.
И ќе повторам, еве не на 4 месеци од Новата Година 2011, и сеуште ништо такво ниту се случило, ниту пак е најавено за Македонија.

Еден пријател мој, кој има посилни нерви од моите, си потроши време правејќи муабет преку e-mail со Ивановски, кој му потврдил дека доаѓањето на PayPal во Македонија не е негова надлежност, што е вистина, бидејќи странските инвестиции треба да се под надлежност на Министерството за Финансии и на Министерството за Економија.

Така да, со сјајниве македонски закони и со сјајнава македонска бирократија, без разлика колку најави ќе направат македонскиве политичари, сепак, тешко дека PayPal ќе дојде во Македонија само затоа што плачеме по неговото доаѓање.
 

stargazer

read-only
15 септември 2010
6
0
Extremex, го осеќам дека ми нема спас. :plachko2:

Можеш да ми кажеш твое искуство како ги отвараше вториот, третиот, итн. акаунт...
Со исти информации различен мејл или другари и роднини отвараат па ти се возиш преку нив?
Со твоја кредитна или? Ако можеш step-by-step да ми кажеш што треба сега да направам...
 

Dexter26

hello world
16 септември 2010
186
95
Еве уште еден бисер на сјајните македонски закони.
Државата ќе ги легализира и контролира лихварите.
Секоја личност која што поседува минимум 100.000 евра и изнајмува одредена сума од истите тие пари на друга личност и при побарување на истите тие пари назад наплаќа одредена камата, ќе мора да регистрира фирма, а ќе може да издава и картички. Вкупните пласмани не смеат да надминуваат 500.000 евра, со што до некаде им се ограничува сумата пари која што лихварите можат да им ја позајмат на граѓаните.
Со други зборови кажано, граѓаните на Македонија повеќе нема да мораат ни да отвораат сметка во банка и да вадат дебитна картичка со која ќе може да се купува преку Интернет.
Доволно ќе биде да се задолжат кај некој лихвар по пат на вадење на кредитна картичка од кај него/нејзе.
Државата ќе ги контролира каматните стапки на лихварите.
Државата се фали дека ова било европска пракса, колку е тоа вистина, ќе дознаеме.

Како и да е, ова тешко дека PayPal ќе го свари како добра вест.
Како да не е доволно тоа што PayPal, доколку дојде во Македонија се разбира, ќе мора да тера бизнис со македонските банки, кои и онака се однесуваат и постапуваат како легализирани големи лихвари, па сега PayPal ќе треба да си тера бизнис и со легализираните мали и средни лихвари.

Тешко дека ова ќе да е добра вест, однесувајќи се на доаѓањето на PayPal во Македонија.
 

filipvselena

poweruser
7 април 2007
2.934
193
Ух...Тапа држава тапа се:O Незнам некако ми се чини како тие добри работи дека секогаш ќе не одминуваат.Ако не успееме со србите заедно да добиеме пејпал односно тие да успеат а ние не тогаш ете каде сме
 

DS

hello world
2 мај 2010
86
3
сакам да прашам нешто, сакам да направам пејпал ама се мислам дали акаунтот да биде personal ili premier, дали на personal ке може да вадам пари од сметка, да праќам на друг акаунт или за тоа ке треба да биде premier акаунтот?? фала позз

дали после може да се мења типот на акаунтот?
 

Fearless

lurker
22 јули 2009
793
262
Скопје
Personal account se koristi za individualci. Moze da podrzat 5 plakanja na tvoja smetka godisno kako so razbrav... Isto taka mozes da vadis pari od smetka so odredena provizija.

Premier account e za korisnicii koi cesto vrsat transakcii. Moze neograniceno da ti uplakaat pari na smetka. No, za site plakanja koi ke gi primis ti zemaat odredena provizija.

Mozes da go smenis accountot.
 

DS

hello world
2 мај 2010
86
3
се плака ли нешто за мењавање на типот ?секој ли може да одбере Personal account или Premier?
каков користиш ти ?:D
 

cezarion

read-only
13 октомври 2010
1
0
можеби не тука местото за постот ама тоа е.ме интересира дали некој може да ми објасни како оди процедурата за продажба преку ebay.имам paypal веке подолго време ама во глобала ја користев за купување или за плаќање и досега немав проблеми,така да ако некој има искуство со продажба преку ebay или преку друга таква слична страница би му бил многу благодарен.
адреси за контакт
[email protected]
vlade_eu skype ime
 

Gorskin

hello world
22 октомври 2010
52
1
Здраво дечки. Ми е стварно мило шо за толку сериозна работа како PayPal, е направен сериозен туториал.

Горјан Јовановски. Малце ме збуни ова на првата страна, ми се виде како Горан Јовановски, како моето име и презиме хех.

После доста време, всушност од Мај/Јуни некаде, се влечкам по филијалите на Тутунска банка и се тие нешто цимолат "немаме пластики" и такви глупости. Му викав јас да си ја платам пластиката од толку шо ми здосади тоа тркалањето за да извадам Visa Electron ама никако да тргни работата.

Денес бев во Тутунска на широк сокак и иако закаснив, чичкото ми отвори и кога го прашав, дали почнаа со издавање на Visa Electron картичките, тој ми вика дека се е во ред и дека Понеделник ќе можам да поднесам барање.
Неможам да дочекам до Понеделник. Се нешто се мислам да не издупат пак. Мене ова ми личеше на дупченка од страна на нивната администрација, кој шо можеби научиле за оваа финта со Словенија на PayPal и сега не даваат Visa Electron на секој.

Кој ќе чека два дена. Ама ајде, чекав толку па ќе почекам уште два.

PeyPal за дечки шо знаат шо сакаат, значи светот на дланка...
 

skullmonkey

poweruser
25 април 2007
4.503
3.454
Скопје
www.gorast.com
Има 20 страни топиков па не сум го прочитал цел затоа извинете ако е дупликат.
Околу земјата и избор. Картиците функционираат на неколку параметри. Се проверува само Име, Презиме, нормално број, ЦВВ број и ЗИП КОД. Кога отварате акаунт на PayPal ставате Словенија или која било земја со точен град од таму и точен зип код. Кога внесувате своја картица си ставате ВАШ ГРАД и ЗИП код. Картицата не ја проверува државата.

Е сега на моето прашање. Сконтавме како да отвориме акаунт на пејпол и да префрлиме од НАША картица пари на PAYPAL. Проблемот е како парите кои би ги добиле на PAYPAL да ги префрлиме на наша сметка? Они бараат банка, во случајов СЛОВЕНСКА. Треба ИБАН број од словенска сметка која е врзана со нашата сметка во случајов картица. Дали некој ова го има мастеризирано или се е само мочање у ветер.

На кратко дали релацијата ПАРИ -> PAYPAL -> ИБАН СЛОВЕНСКИ -> ТУТУНСКА КАРТИЦА е можна и некој ја испробал?

Поздрав,
ГП
 

goce ilievi

lurker
2 март 2010
633
45
Не знам како на некој му се исплати да се зафркава со овие работи,ако е за заработка од кликање страни на интернет.Јас гледам дали можам да си порачам роаба од странство преку пај пал.Инаку затоа и го нема пај пал кај нас и во Србија.На луѓено од пај-пал не им се исплати да се замараат за 2 или 3 долари.
 

goce ilievi

lurker
2 март 2010
633
45
Епа ако е најмал проблем,еве јас имам да порачувам некои работи од Србија и Италија.Може ли некој да ми ги порача работите.Му плаќам 1500 денари за услугата.
 

filipvselena

poweruser
7 април 2007
2.934
193
Ме интересира дали некој успеал да спои Виза Интернет Картичка од Стопанска банка со пејпал?За таа од тутунска знам дека може ама ме интересира дали ја прифаќа таа од стопанска?
 

fuUuUzZzZy

poweruser
14 декември 2007
4.843
924
Ohrid
Пробано. НЕ успева.

И воедно, добивме мала надеж со Master исто од тутунска.. Излегоа некои шпекулации дека направиле некакви измени за мастер да проработи добро преку интернет, и да го “помине“ pay pal системот. Но.. Одговорот веќе го знаете.
 

skullmonkey

poweruser
25 април 2007
4.503
3.454
Скопје
www.gorast.com
Пробано. НЕ успева.

И воедно, добивме мала надеж со Master исто од тутунска.. Излегоа некои шпекулации дека направиле некакви измени за мастер да проработи добро преку интернет, и да го “помине“ pay pal системот. Но.. Одговорот веќе го знаете.
Грешка си, јас користам картица од Стопанска и тоа не пластика станардна туку онаа интернет што е. Било која картица што е способна да направи трансакција преку интернет (читај да купуваш со неа) може да помине на ПејПол НО во една насока само КАРТИЦАТА -> Paypal -> ДА СИ КУПИШ НЕШТО. Нема обратна процедура... тука е заебот.

Г
 

MetalGear

poweruser
14 април 2007
3.033
550
devforge.mk
@GavnerPurl со која си пробал и ти работи, сакаш да кажеш со картичката од стопанска ти работи, која картичка е.

со маестро од тутунска несака, пробано
со виза електрон од ПКБ несака, пробано

и каква е не пластика стандардна туку за интернет, и тие за интернет што се се пластики, пр со виза електрон од ПКБ ми е moneybookers и на некои сајтови ја профаќа.
 

filipvselena

poweruser
7 април 2007
2.934
193
@GavnerPurl со која си пробал и ти работи, сакаш да кажеш со картичката од стопанска ти работи, која картичка е.

со маестро од тутунска несака, пробано
со виза електрон од ПКБ несака, пробано

и каква е не пластика стандардна туку за интернет, и тие за интернет што се се пластики, пр со виза електрон од ПКБ ми е moneybookers и на некои сајтови ја профаќа.

За оваа ти збори:

КАРАКТЕРИСТИКИ НА VISA ИНТЕРНЕТ КАРТИЧКА

Основни карактерисики

• ВИСА Интернет картичката е наменета исклучиво за едноставни и безбедни купувања преку Интернет
• Картичката не се користи за купувања во продавници, на банкомати, за телефонски или поштенски нарачки. За сите овие намени користете ја Вашата кредитна или дебитна ВИСА картичка од Стопанска Банка
• Интернет картичката е дебитна картичка, поврзана со денарска сметка
• Со картичката можете да користите онолку средства колку што имате на располагање т.е. онолку колку што ќе уплатите
• Плаќањето на интернет може да биде во било која валута, а задолжувањето е секогаш во денари
• Можност за уплата на средства на сметката за интернет картичка преку е-банкинг системот на Стопанска банка или било кој шалтер на Стопанска Банка
• Не е можна исплата на шалтер. Несикористениот износ препорачливо е да се префрли на Вашата тековна сметка во Стопанска Банка преку системот на е- банкинг.
• За издавање на Интернет картичка се квалификуваат полнолетни лица (над 18 години)

Важност

• Рок на важност 3 години
• Автоматско обновување на секои 3 години

Годишно членство

• БЕСПЛАТНА Интернет картичка, за сите иматели на некоја од меѓународните ВИСА кредитни или дебитни картички издадени од СБ;
• За сите останати, како и за имателите на ВИСА Electron дебитна картичка се наплаќа еднократен трошок од 300 денари при издавање на картичката;
• Обновувањето на картичката е БЕЗ надомест.

Потребни документи

1. Барање
2. Копија од лична карта
Е-banking на СБ

Во моментот на аплицирање автоматски Ве пријавуваме и за системот на електронско банкарство на СБ при што Ви доделуваме корисничко име и лозинка.

Преку системот на електронско банкарство можете да:

вршите уплати и исплати од сметката за Вашата Интернет картичка и
имате целосен увид во сите трансакции направени со картичката.
Во моментот на издавање на картичката Ви доделуваме:

корисничко упатство за системот на електронско банарство на СБ и
сертификат (на ЦД) за потпишување на плаќањата преку системот на е- банкинг. За издавање на сертификатот се наплаќа износ од 50 денари од Вашата тековна сметка. Сертификатот се обновува на секои 2 години.
ИНФО телефон

+389(0)2 3100109

http://www.stb.com.mk/N_VisaOpsto.asp?seg=8

Сега имам од тутунска виза но во ноември ќе аплицирам за оваа Виза интернет од Стопанска па да видам
 

MetalGear

poweruser
14 април 2007
3.033
550
devforge.mk
ахаммм, со ова не сум пробал али од понеделник одам да поднесам и да пробам да ја површам со пејпал, да ги потрошам парите на акаунтот, да не седат за џабе :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Офтопик

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно