1. Mobile OS генерални дискусии: windows android ios

  2. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

OnePlus паметни телефони - генерална дискусија

Дискусија во форумот 'Мобилни телефони' започната од psyside, 1 Јуни 2017.

  1. Futurelakimens

    Futurelakimens
    On your way to fame

    1,425
    872
    12 Април 2017
    Машко
    Ултрашироката камера е многу полоша од главната, така да не би снимал со неа. Без разлика дали ми треба за 4К или за 1080П. Послаб dynamic range, повеќе noise.
     
  2. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,667
    3,391
    24 Септември 2012
    Користи некој 4к снимање во реален живот?

    Јас секогаш намалувам на 720п. Сега веќе неѓа таква опција па едвај со 1080п видеа од милион мегабајти кубурам непотребно.
     
    На DelphiUser му/ѝ се допаѓа ова.
  3. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,948
    27,621
    4 Септември 2008
    Не, сите сме на 720п.
     
    Jovan2389, DrMTR и на Happy им се допаѓа ова.
  4. Futurelakimens

    Futurelakimens
    On your way to fame

    1,425
    872
    12 Април 2017
    Машко
    Јас користам 4К, видеата се екстра-големи ама вреди ако планираш да ги гледаш на компјутер.

    Да, за ТикТок би користен 720P.
     
  5. bxxxn

    bxxxn
    Practice makes perfect

    1,157
    1,243
    11 Март 2011
  6. Futurelakimens

    Futurelakimens
    On your way to fame

    1,425
    872
    12 Април 2017
    Машко
    Не гледа преку алишта, ако мислите на еротски работи. Го гледа металот шо е во кутијата шо ја прикажува Лу. Не гледа доилки и полови органи.

    Не ми е научно тестирано. Заклучок од повеќе прочитани постови и изгледеани видеа.
     
  7. Futurelakimens

    Futurelakimens
    On your way to fame

    1,425
    872
    12 Април 2017
    Машко
    Еве тест меѓу телефото и главната камера. Како што гледам јас сосема непотребна е телефото камерата.

    Од иста далечина се сликани. Втората е 3.0x(телефото), а првата 2.7x zoom(главна камера).

    OP7T PRO.

    IMG_20200518_153216.jpeg IMG_20200518_153213.jpeg

    Испратено од HD1910 преку IT.mk форум апликација
     
    На psyside му/ѝ се допаѓа ова.
  8. DelphiUser

    DelphiUser
    Practice makes perfect

    1,198
    1,193
    2 Март 2011
    Машко
    720p и гледам видеата да не се подолги од 10 секунди.
     
  9. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,948
    27,621
    4 Септември 2008
    На gremlin му/ѝ се допаѓа ова.
  10. gremlin

    gremlin
    Practice makes perfect

    2,478
    1,963
    18 oктомври 2009
    Машко
    IT
    Истата примарна камера е како и кај ПРО моделот сосе OIS, нема телефото и нема ултра широкоаголна ... за тие пари е навистина одличен уред во споредба со се друго што има во тој ценовен ранг.

    Инаку меѓу друго:
    OnePlus 8 Pro color filter sensor will be disabled in upcoming software update

    Не ми е јасно ова, као 50х зум не е нарушување на приватност а ова е? како и да е испадна одличен маркетинг за ОП8 ...
     
    На psyside му/ѝ се допаѓа ова.
  11. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,948
    27,621
    4 Септември 2008
    Не само тоа, како обични инфраред камери не се, а ова е. Како двоглед не е а телефони со зум се, значи нивото на нелогичности на луѓето нема крај. Тој што сака да прави проблеми ќе најде начин секако да ги прави....

    Иначе да ист е сензорот како кај OP8.
     
    На Happy и gremlin им се допаѓа ова.
  12. Happy

    Happy
    On your way to fame

    1,257
    547
    21 Јуни 2010
    Wellness советник
    Одма сите ке гасат апдејтите.

    Иначе вреди телефонот за парите, ова е за пофалба за one plus да измислат нешто вака уникатно и корисно.

    Испратено од LYA-L09 преку IT.mk форум апликација
     
  13. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,139
    1,497
    26 Март 2016
    Даскал
    https://www.xda-developers.com/oneplus-5-5t-stable-android-10-oxygenos-10-update/

    Пуштен Stable Android 10 за назад до OnePlus 5 пред којшто има 6 нови генерации телефони. За тие што се жалат дека андроид не давал апдејти повеќе од 2 години нека видат што прават OnePlus. Го снимив јас веќе функционира како што треба.
     
    bxxxn, goran_oh и на Krk198 им се допаѓа ова.
  14. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,139
    1,497
    26 Март 2016
    Даскал
    На goran_oh и draganamon им се допаѓа ова.
  15. goran_oh

    goran_oh
    Practice makes perfect

    1,352
    1,139
    26 Април 2013
    Машко
    Исто и јас го инсталирав на мојот 5T работи како путер.

    Sent from my GM1910 using Tapatalk
     
  16. smole

    smole
    Unstoppable

    3,269
    3,788
    18 Април 2007
    Има некаде во Скопје screen protector за OP?

    Конкретно за ОП 6 ми треба.
     
  17. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,948
    27,621
    4 Септември 2008
    Не е OP уред, ама се работи за истата фирма, и истиот сензор/процесирање, неверојатен е IMX689 + Oppo ги користат сите 3 сензори за да се соберат повеќе информации (светло) кои во комбинација со AI доведуваат до резултатот кој го гледате, ова го имам приметено во повеќе споредби на OP8P vs други уреди, оваа година бидејќи претходно камерата им беше просечна, OP направија огромен скок, исто како Apple со иП11 серијата.



    S20U прегазена во темница.
     
  18. Happy

    Happy
    On your way to fame

    1,257
    547
    21 Јуни 2010
    Wellness советник
    Самсунг и пиксел (до прва половина на 2019) за мене беа на некој начин средина со сестрана камера и уред со џек, добри камери (не најдобри ама all around добра вредност за тоа што се нудеше).

    Од ноте10+ и пиксел 4 по мене undervalued brand.

    Note10 сериите изгубија:
    - предни сензори за лице
    - заден сензор за пулс
    - џекот
    - нема опција за 1Терабајт меморија

    Традицијата ја прекинаа и го поскапеа.

    Пиксел3XL имаше топ предна камера за групнњача, си ја тргнаа и камерата и пиксел 4 скоро никакви подобрувања од пиксел 3 освен зум. Батеријата лоша заглавени во 2016.

    Оваа година пак самсунг цепа по стапките на note10 + извадија два безвезни s10 lite и note10lite со безвезе цена што се во ранк на флагшип килери од типот mi note10/p30pro/realme x2/OP7T и се дури и поскапи.

    S20 сериите нокаутирaни од OP8pro/ ми10pro/Oppo.

    OP со солиден флагшип килер 7Т, 8pro да падне цената на 750$ ке биде таман.

    Realme x2pro all around топ.

    Ајфоните со 11 оваа година ке поефтини за 50-100$ и ке биде уште подобар deal.

    Xiaomi сега имаат се од флагшип до буџет, неможе да се згреши со нив.

    Huawei ојдоа јабана без гугл, P30p добро се држи.

    Motorola незнам како се во буџетот лично мислам бетер се од xiaomi. За хај енд далеку е сонцето.

    Lenovo/асус уште не излегоа флашипи оваа година од прошлата топ им беа zenfone6 и z6 pro, за Македонија ирелевантни.

    Сони ке видиме како ке се покаже новиот xperia, се друго што имаат слаби батерии.

    Нокиа се очекува чудо оваа година, иначе вадат рандом ефтини телефони и никој не ги препорачува. Солидно изработени.

    Vivo/meizu/zte - мислам дека се ирелевантни за македонија.

    LG - мислам дека со v50 достигнаа врв и сега ке идат надоле.

    TLC - нов бренд што ветува, сега за сега ирелевантни.

    Ова беше ревизија нa 2019/2020.


    Испратено од LYA-L09 преку IT.mk форум апликација
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  19. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,948
    27,621
    4 Септември 2008
    Да споделам прелиминарни резултати од камерата,

    Сцената е осетно потемна него што изгледа,

    OP8P night mode, сток

    [​IMG]

    GCAM (Parrot 043) HDR enhanced 35 FPS + Sabre on,


    Колење, хахахах каков GCAM мод, врв. Камерата иако огромен апгрејд vs OP7P, не е ни блиску извадено максимум од неа, сензорот е многу добар, а тоа можете да го видите по сликава доле.

    [​IMG]
     
    Последна промена: 4 Јуни 2020
    На Gecas12, shifty, gremlin и уште 8 други им се допаѓа ова.
  20. aleksuperior

    aleksuperior
    On your way to fame

    664
    920
    6 Декември 2012
    Машко
    Втората слика дење или ноќе е?
     
    На psyside, alexandar23, toplel и уште 2 други им се допаѓа ова.
  21. gremlin

    gremlin
    Practice makes perfect

    2,478
    1,963
    18 oктомври 2009
    Машко
    IT
    Пиши нешто и за телефонот, имаше претходно и S20+ па ете и во споредба со тој телефон како изгледа екран, батерија, ОС и фамозниот ексинос вс снапдрагон муабет колку и дали има некоја осетна разлика :).
     
  22. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,948
    27,621
    4 Септември 2008

    Па да ти кажам право, како комплет уред си останува подобар S20 + мене пошто камерата e најбитна ми одговара, во тој аспект со GCAM кине.

    Подобри страни на OP8P,

    Побрз е, но не е голема разлика, но делува малце поагилно ако може така да се објасни, особено при лоад на галерии/слики. Кога го земав првиот ден имав страшен статер, лаговити анимации и што уште не, за на крај да искочи дека апдејт кога ќе инсталираш треба да напраиш wipe cache, ова не го прочитав никаде, него од искуство, после тоа се среди. Друга предност е што ако во Chrome стиснам find in page, бара побрзо од S20 +

    Исто така за мене, има подобро чуство во рака, малце е потежок и остава подобар субјективен впечаток на подобра премиум изработка. Батеријата е исто така малце подобра, можда некои 10% не знам уште рано е за батерија. Камерата е исто така подобра во low light, но НЕ во темница. OP направилe огромна грешка, и exposure time при сликање е далеку пократок него што треба, дали 2-3 секунди е, да се зголеми ова барем на 5-6 треба за подобар резултат.

    Видеото е осетно подобро од S20 +

    Помалце загрева, како при полнење, така и при употреба на камера/генерално користење.

    Побрзо се полни, има едно 10% + разлика


    Е сега за послабите страни,

    Дисплеј послаб, особено на HDR видеа, и од аспект на бои/на пониска осветленост не се споредува.

    Звучки послаби, особено на вокали, со последниот апдејт S20 - ти имаат скоро аудиофилиски звук, неверојатна чистина за мали гомца од звучници, динамика исто одлична како за телефон.

    Послаб вибратор

    Осетно поспор лоадинг на страни, ова е ептен приметливо, S20-та како молња отвараше страни (Samsung Internet)

    Осетно послаб Wi-Fi прием, каде што S20 + вадеше 60 мегабита, овој вади 15, најверојатно затоа страните се отвараат споро.

    Нема deep sleep на апликации

    Осетно послаб зум у фото и видео.

    Не е исто мазен Chrome, ни блиску не е како Samsung Internet.

    Инфериорен визуелно е UI-то, ок ова е субјективно...разбирам.

    Нема опција за адблок, ок ова до Chrome е не е поврзано со OP ама сепак.

    Нема опција за логин со фингер, или барем јас не најдов, ова страшно иритира и го намалува уживањето во уредот.

    Осетно поспоро излага од airplane mode, некои 3-4 секунди + му требаат, исто и нотифкациите за пропуште повик каснат т.е. поспоро се појавуваат после гасење на airplane mode.

    Софтверот за мене е исто така инфериорен, иако е вториот најдобар скин, не може да се носи со One UI, ај ќе кажеш навика е, не е, нема ни replay директно у нотификациите.

    Ако ми текне или приметам уште нешто ќе пишам, заклучок е дека S20 + нуди подобро OVERALL искуство, ако камерата не е приоритет, ( со GCAM ја силува S20 +) како и брзината, игрите, батеријата, и подобро чуство во рака, како комплетен продукт со жалење можам да константирам дека S20 + е победник, смешни се рецензерите со заклучоците дека ова е супериорен продукт дури и против S20U, логика 0, има предности во кои е очигледно подобар, но како комплет за жал нити еден андроид СЕУШТЕ не може да се носи со Samsung, постојат луѓе кои имаат поинакви потреби, и имаат фокус само на ОДРЕДНИ аспекти од уред па според тоа го купуваат, но за causal корисници S20 + е победник, е сега проблемот со Exynos постои, но ако не се игра, и ако не е приоритет батерија/можеби и греење онда S20 +

    Да не испадне дека не ми се допаѓа уредов, јас сум прилично задоволен и покрај набројаните негативни страни, воопшто не сум разочаран, се надевам дека со апдејти ќе се реши фрката со прием/лоад на страни. Мене камерата ми е у фокус, и овој уред е супер уред од тој аспект, а и е далеку од лош, сепак е хај енд уред.

    П.С. Ако нешто имам утнатно и таа опција постои кај OP нека ме поправи некој.
     
    Последна промена: 4 Јуни 2020
    Oktar, draganamon, Krk198 и на уште 1 им се допаѓа ова.
  23. gremlin

    gremlin
    Practice makes perfect

    2,478
    1,963
    18 oктомври 2009
    Машко
    IT
    "Дисплеј послаб, особено на HDR видеа, и од аспект на бои/на пониска осветленост не се споредува."

    Ова малце ме изненади, како бе па нели ОП8 имаше 10 битен дисплеј со 13 награди од Displaymate :))).
     
  24. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,948
    27,621
    4 Септември 2008
    Маркетинг.
     
  25. Enquito

    Enquito
    On your way to fame

    1,151
    680
    8 Август 2017
    Машко
    За жал сум приметил дека рецензентите, несфатливо, не го сакаат ОнеУи и не му посветуваат големо внимание како на Оксиџен, посебно Американските рецензенти, иако како што ти кажа е најсовремен Уи.
     

Сподели

Вчитување...