Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Мобилари во Македонија - искуства и мислења

Speedster

hello world
1 јануари 2016
463
427
Мислам дека темава отиде ептен офтопик . Од тема за мобилари стана тема за бистрење политика . Од леди ком до телеком до вип до 18% ддв . До холандија vs македонија . Од Грујо до Бранко до Заев итн . Мислам да се префрлат некој од мислењата (коментарите) у тема кај што им е место . Помош админ
 
Rac58

Баниран/a
5 јануари 2017
315
243
Скопје
И брат ми е економист и често сме ги збореле овие работи. Се согласувам и јас да се плаќа се и да бидеме запад.
Но на запад многу работи се поинаку. Таму нема да слушнеш и видиш како премиер на некој му ја бутнал зградата, само зашто на некој сакал да му тече низ гаќи.

На запад нема менување дупови така лесно, и натрупување згради во паркови само за некој политичар да оствари корист.
На запад чист и здрав воздух е светост.
Овде кој дојде мајтап си игра со дуповите. Секое празно место си го собраа. Луѓе наеднаш испаднаа сопственици на 10 имоти во Скопје.
Како кога пред 25 години бевме сите исти.

На запад нема партиски вработувања. Не е фер сега во некоја фамилија да работат 4 лица бидејќи оделе во партија, а во некоја фамилија 20 и повеќе години да не работи никој.

Споредбите ги правам со Германија и Холандија од каде пред 2 дена се вратив. Ние сме 50 години назад во се.

Едноставно таму прво политичарите имаат свесност да створат нешто убаво. Потоа народот работи максимално и се труди.
Тука е се наопаку. Ние прво треба да добиеме исто саглам политичари, а не Амди, Цинго и останата багра која каде влезе суши се пред себе.
Што и колку и да правиш со такви луѓе немаме напредок. Дали ти или јас ќе си платиме данок и ќе добиеме фискална кога ќе купуваме мобилен е најмал проблем за државата.
Пријател ти мешаш политика, дај иди на Твитер или ФБ па просипувај памет за ДУп или друга глупост, тука е муабетот за мобилари. Убаво што си бил таму и ти се допаднало. Праша ли некого дали пиратски инсталира софтвери или купува и плаќа без фискална, сигурно ќе ти се насмеел или направел будала. Чекор наназад, пред 100 години во тие земји знаеш ли како било и дали биле свесни и совесни како сега,НЕ. Ако внимателно читаше што напишав, нешто и ќе научеше. Ако си на пример борец за здрава животна оклолина, прво што треба да направиш е да го уредиш својот дом и двор па да почнеш да ја уредуваш околината. Што мислиш, ќе дојде некој од Германија да ни чисти и средува корупција и сл, НЕ. Демократијата како и животот не се учи во школо, таа треба да се живее и стекне. Не залудо реков дека се потребни најмалку 50 години да се почувствува благодетот од демократијата. Зарем ние пред 40 години бевме поорганизирани или посовесни од сега, НЕ, истите сме и ќе треба време да се научиме.
 
Ile bocev

hello world
15 ноември 2015
354
294

Ако некој почна да млати тука тоа си ти рац. Без лутење ама проба некако да ни наметнеш некое лажно мислење. Прво почна нечинел ледиком и гаранциите не ги признавале во 90% од случаите, а оние на телеком биле топ оригинали сите.
Што значи ова? Дека телеком продава оригинал Самсунг галакси 9, а ледиком некој фалс. o_O Изгледа од Самсунг во Кореа прават посебни телефони за ледиком.

сериозно мислеше дека ова ќе ти пројде тука?

Потоа си купил 20 телефони од телеком и сите биле екстра.

Потоа пиша цените им биле исти тука некаде :D
телефоните им биле топ со гаранции а и цените биле исти, па да не купуваме од мобилари туку правец во телеком да го платиме исто т.е поскапо за 150 евра.:speechless:

Кога виде дека нема да ти пројде и тоа и кога членовите почнаа да ти даваат докази дека мобиларите се драстично поевтини.
Тогаш почна трета финта ама тие не даваат во ледиком фискални , па не им важела гаранцијата, па може да одговарате ако купите, а ако немаме телеком линија дури велиш и да си ставиме.
Одма друже економиста.

Верувам дека некој тука ќе те послуша и уште рано наутро ќе оди да потпише договор на 2 години и да плати истовремено 150 евра повеќе за истиот телефон.
Некако ми делуваш дека си ми некој вработен во телеком. Да ви предложам нешто. Во случај да си, пренеси им на колегите да си ги намалите цените.
Ова со форум пробување и убедување барем овде нема да пројде.
Пробајте на фемина таму може ќе ви упали.

Корисниците кои ви се претплатници 2 години треба да добијат поволности, а не поскапи цени кога веќе плаќаат претплата.
 
Последна промена:

Многу ми е жал што ништо не разбра. Колку за информација, иако е приватна моја работа, не сум вработен од 1997 година па се до денес, ОК. Да ти нацртан сакаш или уште еднаш ќе ги прочиташ моите коментари па можеби има шанси да разбереш. Јас не сум против ниедна мобилара, па уште помалу на Ледиком, кои лично ги познавам и имаат супер салон и менувачница. Поентата е да се научиме еднаш за секогаш дека треба исправно да постапуваме при купување. Фискалната сметка е придобивка за сите. Тој економист што ова ќе го оспори, џабе учел. Со неземање фискална сметка директно учествуваш во сивата економија, и ги стимулираш таквите фирми, без разлика на нивната моќ или коруптивност. А за тоа дали има мобилни од ист производител различни за секој пазар, истаржи и јави се, исто така немој да бидеш сигурен дека телефоните од мобиларите се нови, имаат уреди кои се обновени и освежени, па затоа гарантираат една година само за ништо (прочитај ја погоре постираната гаранција). Поздрав пријателу, и почни да бараш фискална. Њенте фискале, њенте пазар.
 
mkextremer

user
4 февруари 2014
1.275
1.145
Ако немаш ќе си купиш. Телеком и Вип не се мобилари, туку оператори кои покрај услугите нудат и телефони, лаптопови, ТВ и бела техника на рати или во готово за корисниците на нивните услуги. Се надевам дека сум јасен и ме разбра.
Значи за да го искористам попустот за iPHONE X, треба да се претплатам на магента заедно со целата фамилија и да се обврзам со 2 години договор. Поефтино би било ако го купам X од мобилара за 54к па да го удрам од земја и нов да купам.

Btw: Во врска со гаранцијата на тој ајфон икс, пред да го купиш телефонот - ќе го постираш серискиот број на страната од епл и ќе видиш дали е телефонот нов со 1 година гаранција - притоа таа гаранција можеш да ја користиш во целиот свет (И кај нас) и да, не ти треба никаква ФИСКАЛНА
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.779
10.103
Многу ми е жал што ништо не разбра. Колку за информација, иако е приватна моја работа, не сум вработен од 1997 година па се до денес, ОК. Да ти нацртан сакаш или уште еднаш ќе ги прочиташ моите коментари па можеби има шанси да разбереш. Јас не сум против ниедна мобилара, па уште помалу на Ледиком, кои лично ги познавам и имаат супер салон и менувачница. Поентата е да се научиме еднаш за секогаш дека треба исправно да постапуваме при купување. Фискалната сметка е придобивка за сите. Тој економист што ова ќе го оспори, џабе учел. Со неземање фискална сметка директно учествуваш во сивата економија, и ги стимулираш таквите фирми, без разлика на нивната моќ или коруптивност. А за тоа дали има мобилни од ист производител различни за секој пазар, истаржи и јави се, исто така немој да бидеш сигурен дека телефоните од мобиларите се нови, имаат уреди кои се обновени и освежени, па затоа гарантираат една година само за ништо (прочитај ја погоре постираната гаранција). Поздрав пријателу, и почни да бараш фискална. Њенте фискале, њенте пазар.

Јас се согласувам само со едно нешто, а тоа е дека забегавме офтопик премногу. Бидејќи гледам сите имате другар или брат економист, еве јас ќе ви кажам од прва рака, бидејќи сум економист.

Принципиелност на пазар подразбира почитување на двете страни - побарувачката, но и понудата. Ова подолго време е предмет на дебата, особено кај филмовите и видео-игрите. Споредено со развиените земји, потрошувачите во Македонија имаат 10% од куповната моќ на просечен Американец. Од друга страна, производот е со иста цена во САД и во Македонија, иако има одредени региони во светот како Русија кои добиваат видео-игри и филмови за поевтини цени, бидејќи влегуваат во зона со мала куповна моќ.

Македонија како долгогодишна вукојебина е во толку лоша состојба, што не може ни брендовите да признаат дека сме вукојебина. Така што пиратерија vs оригинал игри/филмови и американски начин на живот ќе проповедаме кога ќе имаме американска куповна моќ.

Втора работа, додека iPhone 8 во САД е 700 долари, во земји како Бразил е 1100 долари - ова е принципиелно и фер?

Трета работа, додека Германец плаќа 1000 евра за iPhone X, он има официјална поддршка директно од Apple бидејќи постојат во неговата земја. Ова значи дека доколку има дефект под гаранција, му се менува за 2-3 дена или за 1 час доколку има Apple Care+.

Кај нас имаме авторизирани сервиси како iStyle кои кога имав дефект со iPhone 7 Plus под гаранција ми рекоа да чекам 15 дена без телефон, бидејќи немале делови на лагер - скапо им е да ги држат. Јас се извинувам, мене не ми беше скапо да го купам за 47,000 од Телеком, да ги жалиме нив...

Затоа, баталете принципиелност кога очигледно е дека живееме во вукојебина и уште полошо, брендовите не нé ебат 2%. Се извинувам на изразот, но не може да купуваме оригинал PS4 од Галерија и оригинал игри за 4,000 денари, а притоа МАКЕДОНИЈА да ја нема како регион на PlayStation и да продаваат картички со поени од Бугарија.

За да добијат почит, брендовите треба да дадат почит. Дотогаш, однесувајте се како да живееме во вукојебина каде што е тешко да преживееш и си сам на себе, бидејќи така и е. Имате за ова благослов од економист, ако ви одговара да купите телефон од Ледиком или Мобеликс, купете си. Некогаш и подобра гаранција ќе добиете него од брендовиве за кои и не постоите.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.564
19.249
За да добијат почит, брендовите треба да дадат почит.
Ова нема никогаш да се случи. Уште 10 животи да живееме јас и ти и пак нема да го дочекаме.

На брендовите им треба воспитувач. Воспитувачот се крие под името Amazon!

- Еве какво е моето искуство со amazon.de и купен телефон (продавач и достава Амазон, иначе како што знаете таму може да продава и испорачува секој но се едно НО*)
Енивејс. Начекав на страшно добар попуст, намален од 650 и кусур евра, Xperia XZs за 318 еур. (инае има вакви гличови на Амазон само треба да се биде тука во вистинско време.)
Се работеше за софтверска ситница (Battery care не се уклучуваше) и откако се убив од барање на официјален сапорт на Сони се откажав (побрзо ќе најдеш злато отколку да добиеш тикет за такво нешто и ако добиеш ќе ти речат оправи го со Xperia Companion) и решив да го контактирам Амазон.
Пишав што пишав и после 2-3 дена ми ѕвони телефонот со германски број. Помислив дека ме бара братот кога тоа, пази сега, лик од Амазон ми се јавува и ми прича на српском језику.

Велит дечко си имал проблем со телефонот? Ако да имаш неколку опции:
  • Да го вратиш и да ти вратиме пари на сметка
  • Да го вратиш и да ти дадеме Amazon voucher на тој износ
  • Да го смениш за било кој телефон во тој износ + можна доплата
  • Или едноставно да продолжиш да го користиш следните две години колку што ти трае гаранцијата па ако ти настрани да го вратиш под истите услови.
Ова е фрапантно со оглед на тоа што беа изминати тие 31 ден кога можеш да го ставиш во кутија и да го вратиш на Амазон без ништо да те прашаат.

*ако како продавач не се појавува Amazon туку друг сепак си покриен со 31 ден Money back guarantee само што наместо да го враќаш во Амазон ќе треба да го враќаш во домицилната земја на продавачот.
 
Nikola G

hello world
18 септември 2017
108
93
Многу ми е жал што ништо не разбра. Колку за информација, иако е приватна моја работа, не сум вработен од 1997 година па се до денес, ОК. Да ти нацртан сакаш или уште еднаш ќе ги прочиташ моите коментари па можеби има шанси да разбереш. Јас не сум против ниедна мобилара, па уште помалу на Ледиком, кои лично ги познавам и имаат супер салон и менувачница. Поентата е да се научиме еднаш за секогаш дека треба исправно да постапуваме при купување. Фискалната сметка е придобивка за сите. Тој економист што ова ќе го оспори, џабе учел. Со неземање фискална сметка директно учествуваш во сивата економија, и ги стимулираш таквите фирми, без разлика на нивната моќ или коруптивност. А за тоа дали има мобилни од ист производител различни за секој пазар, истаржи и јави се, исто така немој да бидеш сигурен дека телефоните од мобиларите се нови, имаат уреди кои се обновени и освежени, па затоа гарантираат една година само за ништо (прочитај ја погоре постираната гаранција). Поздрав пријателу, и почни да бараш фискална. Њенте фискале, њенте пазар.

Како бе 21 година невработен, а си иницијатор за фискални и бела економија.

Како може телефоните во ледиком да се обновени и освежени кога Ledikom ги добива една недела од кога испаѓаат од фабрика.
Извини несакам да се мешам ама мислам дека претеруваш малку.
 
Nikola G

hello world
18 септември 2017
108
93
Ова нема никогаш да се случи. Уште 10 животи да живееме јас и ти и пак нема да го дочекаме.

На брендовите им треба воспитувач. Воспитувачот се крие под името Amazon!

- Еве какво е моето искуство со amazon.de и купен телефон (продавач и достава Амазон, иначе како што знаете таму може да продава и испорачува секој но се едно НО*)
Енивејс. Начекав на страшно добар попуст, намален од 650 и кусур евра, Xperia XZs за 318 еур. (инае има вакви гличови на Амазон само треба да се биде тука во вистинско време.)
Се работеше за софтверска ситница (Battery care не се уклучуваше) и откако се убив од барање на официјален сапорт на Сони се откажав (побрзо ќе најдеш злато отколку да добиеш тикет за такво нешто и ако добиеш ќе ти речат оправи го со Xperia Companion) и решив да го контактирам Амазон.
Пишав што пишав и после 2-3 дена ми ѕвони телефонот со германски број. Помислив дека ме бара братот кога тоа, пази сега, лик од Амазон ми се јавува и ми прича на српском језику.

Велит дечко си имал проблем со телефонот? Ако да имаш неколку опции:
  • Да го вратиш и да ти вратиме пари на сметка
  • Да го вратиш и да ти дадеме Amazon voucher на тој износ
  • Да го смениш за било кој телефон во тој износ + можна доплата
  • Или едноставно да продолжиш да го користиш следните две години колку што ти трае гаранцијата па ако ти настрани да го вратиш под истите услови.
Ова е фрапантно со оглед на тоа што беа изминати тие 31 ден кога можеш да го ставиш во кутија и да го вратиш на Амазон без ништо да те прашаат.

*ако како продавач не се појавува Amazon туку друг сепак си покриен со 31 ден Money back guarantee само што наместо да го враќаш во Амазон ќе треба да го враќаш во домицилната земја на продавачот.

Свест и почитување на потрошувачот. Една Грција па важат закони и не почитуваат како потрошувачи. Овде да не влезеш. Одма со презир те гледаат, а ако враќаме нешто 100 причини ќе измислат да не го вратат
 
Rac58

Баниран/a
5 јануари 2017
315
243
Скопје
Како бе 21 година невработен, а си иницијатор за фискални и бела економија.

Како може телефоните во ледиком да се обновени и освежени кога Ledikom ги добива една недела од кога испаѓаат од фабрика.
Извини несакам да се мешам ама мислам дека претеруваш малку.
Токму така пријаателу. Никому нема да се приклонам за работно место. Меѓу редови сакаш да кажеш како живеам, или работам на црно. Како живеам е мој проблем (но ќе ти кажам, имам минал труд на предците. сакаш ли повеќе, прашај ме ќе ти ја задоволам љуботитноста, јас сум секогаш искрен) но никогаш не работам без почитување на законот, затоа цел ден седам и следам кој како размислува и прави, шпиуниште, удбаш, хахаххах. Јас сум економист од втора рака, бидејќи ТНР од прва рака е добар, но ништо ниту знае ниту научил. За цел мој живот секогаш сум почитувал Закон. Од каде инфорнација дека доаѓаат за една недела, или се намбр уан по продажба, ајед не збори, ќе ти се смеат.
 
Sludge.Factory

Баниран/a
7 февруари 2014
1.225
1.901
Gostivar
Ви ја читам дискусијава и стварно незнам што имате против 2 годишни договори со оператори, кога секако ги користите нивните услуги. За договор од 10 евра месечно ( за разлика од еу, каде мизерни услуги се плаќаат 50+ еура) имаш понуда на телефони со пониски цени од која било мобиљара. Имам 5 броја и на последниве 5 договори зедов:

Хуавеи мате 10 про за 35к, во мобилара беше 45к
2х Хуавеи п10 лајт по 8к, во мобилара беше 16к
Нокиа 5 за 1500 ден. во мобилара беше 9к
Ајфон 8+ за 40к, во мобилара 49к.

Секој има право на избор, но знаејќи дека договор со телеком секако склучувам, зошто би дал повеќе пари за во ледиком, него ли во телеком.

ПС. Големиве оператори можат да си дозволат големи попусти на одредени телефони, за разлика од мобиларите кои немаат профит во тој случај, бидејќи тие продаваат само производ, а телеком производ+услуга
 
Токму тоа и го зборам цело време. Благодарам што ме потврдуваш со тоа што сакам да кажам. Да ги прашам овие кои купуваат од мобилари, каде плаќаат за мобилен интернет и сим картичка, повторно во Телеком или Вип.
 
Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
6.170
18.785
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D15 Chromax.black
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
MSI RTX3080 SuprimX
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech Wireless G Pro, Logitech G703
Keyboard
Keychron Q2, Keychron Q6, Logitech MX Keys Mini
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 11 + MacOS
Јао другари (@Rac58 & @Sludge.Factory) многу го отупевте со вашиот омилен оператор. Нит е поефтин нит е подобар, повеќето од тука мењаат телефон на 9-12 месеци а користат претплати од пред 100 години кога екшли беа поволни цените на услугите. Јас лично бев на иста тарифа 5 години од причина што понудата од операторот за обновување на договорот беше поскапа. Ја обновив кога начеква нова промција која ми одговараше, знали после 5 години, ама телефон си имав купено неколку месеци претходно. Нема зошто да се замарам со нив, кога сакам тогаш купувам телефон. Патем станува збор за с8 кој после неколку месеци, во мојата тарифа, кај нив беше нешто како 10к денари поскап од тоа што јас го платив.
Многумина од тука користат извесни роденденски тарифи или новогодишни или што-ти-ја-знам какви промоции и фор д фак сејк, златниот телеком никад нема телефони на лагер од тие што ги сакаш. Инаку Рацко58 факт е дека мобиларите ги имаат најновите телефони уште 3 ддена после промоција т.е. искачање на пазар. По луди цени, ама ги имаат. Дури неодамн вашите ценети оператори, незнам зошто ама само за Телеком збориш, изгледа незнаеш за другиот оператор дека постои, се вика ВИП, почнаа да носат телефони, воглавно флешип и да прават нарачки за истите за пред-продажба.
Муабетот за фискални, да, се слагам, ама и операторите треба да понудат подбри цени, пошто нели како што сам кажа, они можат, моќни се... ама несакаат... има такви ликови што купуваат фрижидер или шпрет на дрва преку телеком... пошто нели, на рати е, на сметка е, не се осеќа.

П.С. @Rac58 чим не работиш во телеком, а воедно и немаш потреба да работиш, значи си акционер во Телеком... Атила Сендреи, ти си? :D :D :D
 
Добар си. Од твоја уста во божји уши, дај Боже да сум акционер. Ако добро прочиташ секогаш во контекст ги спомнувам и двата оператора, работат като братја. ОКТАР скапи евтини тие се. Јас користам Магента М1 со 4 броја, а плаќам 5 телефони. Сакале да признаеме или не подобри од Телеком нема, сем интернетот кој им е батал, мислам во брзина ГБ. Од љубопитност ги проверив цените во Хрватска, Германија и Унгарија, верувал или не најевтино е кај нас, забелешка е брзината на интернетот, но линијата е беспрекорна во однос на ВИП.
 
RibinaKoska

read-only
28 јуни 2018
12
0
Што мислите да зимам с8 од Мобиком Битола имаат добра услуга ?
Прв пат ќе купувам од мобилара немам никакво искуство. Ако не се добри предлозете ми некоја друга мобилара, што ја почитува гаранцијата.
 
smole

poweruser
18 април 2007
3.900
4.580
Се јавувам вчера во една од скопскиве мобилари:
- Здраво колку е тој и тој телефон?
- ХХХ eur
- На фактура може да се плати?
- Само кеш дечко
- Фала пријатно.

Ај кај е цената за 50 еур повисока (таман за моделот со дупло повеќе меморија) од директно да го нарачаш од официјалниот сајт кој ти дава 2 годишна гаранција, ем е шверцуван ем може да е моделот наменет за Кина/Индија.

И си го нарачав од официјалната страница, во петок ќе го земам од DHL.

Класичен пример за сива економија.
 
За кој телефон збориме?
 
Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
6.170
18.785
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D15 Chromax.black
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
MSI RTX3080 SuprimX
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech Wireless G Pro, Logitech G703
Keyboard
Keychron Q2, Keychron Q6, Logitech MX Keys Mini
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 11 + MacOS
Има некој што е задоволен од Мобиком Битола ?

А прочита барем некое од мислењата низ темава или директ само праша?

Едит: И не го поставувај истот прашање во три теми, одбери тема и создади дискусија.

Screen Shot 2018-08-11 at 00.50.34.png
 
olikomerc

poweruser
11 декември 2008
4.884
3.812
Има некој што е задоволен од Мобиком Битола ?
Изгледа нема, нови се, далеку се.
Се рекламираат многу на социјални мрежи, реклама5 а и на форуми.

Имаат добри цени, бидејќи ги носат телефоните од Грција, прават поврат на ддв-то и тоа е тоа.
Фискална сметка и слично нема да добиеш, гаранцијата е таа од Грција што они ја добиле.

Така да во тој поглед немам појма какви се со услуга, ако утре се деси нешто, може и да те откачат и да се прават наудрени и немаш врз основа на што да се жалиш. Генерално така е по сите мобилари.
Многу посигурно е за средна класа телефони од 200 до 300 евра да си го купиш од Анхоч на пример, имаат понекогаш за некои модели и пониски цени од мобиларите, зависи кога како ќе начекаш.
 
DrMTR

senior
27 март 2014
7.935
8.430
Се наоѓаат и добри цени на телефони земени од оператор па се препродаваат во истите мобилари. тоа е најсиигурна опција.
 
DarthJe5us

poweruser
2 јануари 2012
3.100
2.342
Какво искуство имате со мобиларите и почитување на гаранцијата што ја даваат?
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв