Веројатно не разбираш баш сосема, како тастатурите произведуваат звук/бука. Типот/брендот на свичевите е само еден од факторите кои влијаат на бучноста при користење. Други фактори се: подлогата и масата (масивни тешки маси помалку придонесуваат до бука), потоа и изработката на самата тастатура, цврстината, материјалот, исто и копчињата/тастерите.механичка со cherry mx red свичови.... тастатурата е премногу гласна и многу и пречи на понежната половина.
...тастатури на cooler master со brown свичови, приметив дека имаат помала тактилност меќутоа звукот е многу помек.
Дали е ова случај за сите brown switch тастатури или тастатурите на cooler master се исклучок ?
Накратко, да можно е тие cooler master тастатури да се потивки.
Но можно е и да ги донесеш дома и истото да ти случи - бучно типкање.
Затоа најсоодветен правец на акција, е „утишување“ на тастатурата. Освен спомнатите о-рингови, помага и следново:
- ставање подлога под тастатурата, некои ставаат меки крпи, други маус падови или неопрен, трети „пената“ од амбалажа на хардвер, итн...
- ставање таква пена или неопрен или нешто слично, внатре во тастатурата, за да се намали „акустиката“ на тастатурата
- менување на (поквалитетни/подебели) капачиња/тастери
- подмачкување на свичовите (ова не е за почетник, и повеќе е заради финеса/чувство отколку за емпириски мерливо утишување)
- итн
Еве една демонстрација: