1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Mеханички тастатури

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од xenon, 19 Јануари 2014.

  1. dramallama

    dramallama
    Gaining Experience

    366
    259
    24 Јануари 2013
    Машко
  2. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,448
    10,321
    23 oктомври 2012
    Машко
    Се прави инверт на копчињата и после се нормални, тоа е првотот нешто сто го правам после формат :D
     
  3. P.Overdrive

    P.Overdrive
    Gaining Experience

    453
    495
    23 Јуни 2010
    Од пред некој ден сум сопственик на Poker II механичка тастатура со Cherry MX Brown switches. Би требало да е еден од првите примероци (може и единствен) на 60%/компактни механички тастатури во Македонија. Еве и една од најдобрите рецензии за неа.

    После 20+ години поминати со "нормални" тастатури решив дека е време за промена. Tenkeyless (без numpad) баш и не се доволно различни, а 75% се чудни, ретки и тешки за customization, па ми останаа 60%. Пред да стигне тука не бев баш сигурен дали 60% тастатура може да ми замени целосна тастатура со 103/104 копчиња, и дали ќе бидам задоволен од звукот и чувството на switch-овите.

    Одговорот на двете прашања е "Да".

    Не ми фали ниту едно копче (иако раката некогаш ми оди накај непостоечкиот enter од numpad-от). Ако некој користи Dvorak или Colemak, може да си ги препрограмира потребните копчиња и да добие нов layout. Може да се запишат и макроа (до 14-16 знаци) на скоро сите копчиња. Со помош на DIP switch-овите 1 и 3 на задната страна од тастатурата јас ги сменив Caps Lock со Windows копче кое го претворив во второ Fn копче, па после софтверски (со AutoHotKey) Caps Lock го претворив во Windows копче.. дрн, дрн. На кратко, на местото на Caps Lock имам Fn копче за полесен пристап.

    За switch-овите.. сакав да земам некој потивок switch затоа што ем куцам навечер, ем планирав да ја шетам тастатурата од дома до канцеларија со неколку луѓе и назад. Првиот избор ми беше Cherry MX Clear, ама никаде немаше Poker II со тој редок switch. Red и Black се тапа linear switches и ич не ми прават мерак, а Blue и Green се премногу гласни, па изборот падна на Cherry MX Brown. Нормално, како што обично се случува, една недела откако ја нарачав оваа, на Massdrop се појави Poker II со Clear. Yeah.

    Него, супер е Brown, само после 15-17 години куцање на гадни тастатури со гумени мембрани тешко е да се одвикнам од притискање на копчињата до крај (bottoming out). Cherry MX Clear е "потврд" switch од Brown, па ќе ми помогнеше со ова, ама бидна.

    Во иднина следат козметички модификации: нови копчиња (кога ќе ми здосадат сегашните) и некој убав USB кабел.

    tl;dr: Исто како со SSD - после купување на механичка тастатура, нема враќање назад.
     
    Последна промена: 3 Август 2014
    На Molec, dangthe, pepo123 и уште 7 други им се допаѓа ова.
  4. bokiscout

    bokiscout
    Unstoppable

    1,719
    2,015
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel, Java, JavaScript
    ^ колку пари и од каде?

    Линкот до рецензијата е невалиден..


    едит: Баш ме интересира како се снаогаш без PgUP, PgDown, Home, End и стрелките. Која е алтернативата со која може да се добие нивната функционалност.

    едит: fn кочињата дуплираат букви во функциски тастери... не се гледаше убаво на сликата.
     
    Последна промена: 3 Август 2014
  5. P.Overdrive

    P.Overdrive
    Gaining Experience

    453
    495
    23 Јуни 2010
    Го снемало сајтот во текот на ноќта. Како и да е, еве ја видео-рецензијата + уште една од geekhack.

    Веќе си сфатил за копчињата, ама еве за другите понатаму: стрелките се Fn + W/A/S/D, tilde е Fn + Esc, F1-F12 се Fn + бројките и минус/плус и така натаму. Не фали ништо, дури ни Print Screen/Scroll Lock/Pause.

    Ја купив од BangGood за цена малку пониска од сегашната (~91 евро со shipping преку SwissPost). Стигна за еден месец и имаше детално следење до локалната пошта.
     
    На bokiscout му/ѝ се допаѓа ова.
  6. FREEZX

    FREEZX
    Intern

    7
    15
    24 Август 2014
    Машко
    Massdrop shipping за македонија имаат? Некако ко да не ја видов Македонија таму.
    Во моментов ја има Quick Fire Stealth со кафеави свичови.
    https://www.massdrop.com/buy/cooler-master-storm?fb=link
     
  7. P.Overdrive

    P.Overdrive
    Gaining Experience

    453
    495
    23 Јуни 2010
    Немаат достава до Македонија, само до соседниве држави ако ти врши работа.
     
  8. Avid

    Avid
    Guru

    4,168
    6,210
    21 Јануари 2009
    Protip: поправете ја печатната грешка во насловот.
     
    На Alucard и Costigan_Jr им се допаѓа ова.
  9. FREEZX

    FREEZX
    Intern

    7
    15
    24 Август 2014
    Машко
    Им пишав да ги прашам дали ќе можат да не додадат у листата на држави, и секој случај USPS може да праи достава, досега ми имаат стигано пакети.
     
    На P.Overdrive му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Dr_KleX

    Dr_KleX
    Gaining Experience

    65
    65
    26 Јануари 2014
    Машко
    И мене многу ми се допаѓа К70, но дали ја имаш сретнато во некоја продавница во МК ? или некој начин од интернет да ја нарачаш ?
     
  11. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    8,149
    4,859
    8 Април 2011
    Машко
    Кај нас ја немам сретнато, да се нарача незнам, немам многу искуство со тоа.
     
  12. Alucard

    Alucard
    Шериф

    1,816
    1,654
    22 oктомври 2012
    Машко


    Па не е баш само во насловот, целиот прв пост е така:


    @xenon: Да не си правел Copy/Paste на тој поим за да скратиш куцање, па не си приметил дека има печатна грешка...? :)
     
    Последна промена: 25 Август 2014
  13. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,031
    26,747
    4 Септември 2008
    Што ќе правиме сега, многу лошо, има утнато по една буква на 5-6 збора? :(
     
    На Avid му/ѝ се допаѓа ова.
  14. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    8,149
    4,859
    8 Април 2011
    Машко
    Poker тастатуриве доста станаја популарни на нет повторно :D Ме бендисува кај повеќево механички што се без шминки и некој луди форми тику едноставни.
     
  15. xenon

    xenon
    Guru

    3,790
    9,501
    15 Јануари 2011
    Машко
    Зборот е неологизам, апропо како некој субвенциониран администрациски Танаско решил да го заведе како т.н. правопис воопшто не ми е гајле. Реално, уредот би требало да се вика ПРЕКИНУВАЧКА ако се раководиме по прекинувач, т.е. македонскиот збор за тастер кој е србизам.
     
  16. salamander

    salamander
    Gaining Experience

    205
    231
    16 ноември 2011
    Машко
    Забегувате од темата...

    А зошто „Прекинувачка“, каде најде прекинувач во keyboard??? Зошто се водиш по „србизмот“ ако го неќиш толку?

    Или ти сакаше да се воведат во македонскиот речник зборовите „цигаропопелотресник“, „околупојасен панталононодржач“ и други смешки на кои моментално не ми текнува :)

    Подобро кажи незнаев, моја грешка, а не „Танаско“ да ти е крив за се XD

    zz
     
    На Avid му/ѝ се допаѓа ова.
  17. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,063
    2,307
    19 Јули 2013
    Кога веќе забегавме, тастер ≠ прекинувач, а потеклото на зборот не е српско туку е италијанско (tasto). :)
     
    На Metuzalem и Avid им се допаѓа ова.
  18. Avid

    Avid
    Guru

    4,168
    6,210
    21 Јануари 2009
    Супер за тебе што не ти смета.
    Sigh.
    Ех, би сакал и мене да не ме напињаа и паѓаа во очи вакви работи.
    Ај одговори му на @Alucard и мене ме интересира.
     
  19. Bla4KRa1n

    Bla4KRa1n
    Gaining Experience

    137
    101
    15 Април 2009
    Машко
    IT
    Дали тастатурата Bloody B120 (http://www.bloody.tw/en/productsKEY.php?pid=11) е механичка? Мислам дека е механичка ама не сум сигурен.. :annoyed:

    Edit: Не била механичка.. :)
     
    Последна промена: 17 Септември 2014
  20. Zeuus

    Zeuus
    Баниран/a

    271
    139
    22 Јуни 2012
    Машко
    Информатичар
    пред 5 дена ја зема другар,јас му ја препорачав бидејќи ја гледав на нет ја немав користено и му кажав на другар да ја земе да ја проба,искрено се изненадив од тастатурата.
     
  21. bokiscout

    bokiscout
    Unstoppable

    1,719
    2,015
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel, Java, JavaScript
    А4 tech немаат механички тастатури тастатури кои се продаваат надвор од Азија. Имаат неколку модели (за азиски пазар) ама и тие не користат Chery MX механички свичеви туку некои сосема трети така да отпаѓаат од игра и да најдете некој кој ке ви ја донесе.
     
  22. Punishermk

    Punishermk
    Gaining Experience

    88
    87
    29 Август 2012
    Машко
    На bokiscout му/ѝ се допаѓа ова.
  23. bokiscout

    bokiscout
    Unstoppable

    1,719
    2,015
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel, Java, JavaScript
    Треба да се проба!

    Директна спроедба со другиве модели неможе да се направи затоа што не користи chery свичеви туку некои сосема трети за кои велат дека се слични на chery red (линеарни) ама малце потешки.

    Генрално јас би ги избегнал линеарните свичеви затоа што освен што ке го избегнеме ефектот од дефорамција на гумената мембрана на евтиниве тастатури не нуди ништо повеке.

    Во секој случај цената од 2 800 мкд е одлична, и другите евтини кинези се по околу 2500 мкд груба проценка (конверзија од локална валта во долари, па доларите во денари).


    Едит:
    На едно youtube видео прочотав дека се Kaihl свичеви.
     
    Последна промена: 26 Септември 2014
    На Punishermk му/ѝ се допаѓа ова.
  24. dramallama

    dramallama
    Gaining Experience

    366
    259
    24 Јануари 2013
    Машко
    Како што рече боки, треба да ја пробаш на лице место. А иначе јас користам Чери црвени свичеви, и има огромна разлика од мембранска тастатура, иако се линеарни. Прилично многу сум задоволен од филингот при куцање, и покрај тоа што се оштрам да земам некоја со кафеави скоро.
     
    На Punishermk и bokiscout им се допаѓа ова.
  25. P.Overdrive

    P.Overdrive
    Gaining Experience

    453
    495
    23 Јуни 2010
    Како сопственик на тастатура со Cherry MX Brown, те советувам да побараш некоја со Cherry MX Clear. Ако успееш да најдеш, супер. Ако не, и кафеавите се тамам :)
     
    На Punishermk му/ѝ се допаѓа ова.
Слични теми
  1. AMD_fan
    Одговори:
    16
    Прегледи:
    2,502
  2. ipowerboy93
    Одговори:
    23
    Прегледи:
    2,389
  3. Banjifiko
    Одговори:
    15
    Прегледи:
    1,587
  4. coNNectMKD
    Одговори:
    13
    Прегледи:
    1,001
  5. The_EvilLord
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    232
Вчитување...

Сподели

Вчитување...