1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Mеханички тастатури

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од xenon, 19 Јануари 2014.

  1. Isak Keyten

    Isak Keyten
    Practice makes perfect

    1,122
    1,266
    25 ноември 2014
    Не само големината, да не биде класичен rubber dome туку сакам scissor switch, шо е измеѓу механичка и обична. Механичките ми се скапи и гласни и вискои, сакам ниска, компактна, со поубава тежина од обично гумиче а не е на одмет и бежична - т.е. у превод баш таква ко шо линкнав барам, само ќе треа од кина да нарачуем шо не ми е мерак.
     
  2. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,385
    11,583
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Отворете си нова тема за пластикарија и гумарија, оваа е за master race. :carefree:
     
    На NecrotoX, kjosmofon, P.Overdrive и уште 4 други им се допаѓа ова.
  3. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,809
    5,012
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    Фер :) Баш да отвориме...
     
  4. vlavot

    vlavot
    Medicus

    2,966
    2,942
    29 oктомври 2009
    Машко
    Medical Doctor
    Коа сме веќе кај мастер механички тастатури еве слика од мојава лепотица :noonecare:
    [​IMG]
     
    На JensenInterceptor, Necromancer, Oktar и уште 4 други им се допаѓа ова.
  5. Isak Keyten

    Isak Keyten
    Practice makes perfect

    1,122
    1,266
    25 ноември 2014
    Ја според псајсајд се водев, мада сеа заглеав пишал “во нема може да зборите...“ и потсвесно сум го дешифрирал ко “во неа може“ а шо мислел писателот да каже веза неам. :)
     
  6. Андреј Стерјев

    Андреј Стерјев
    Gaining Experience

    250
    68
    24 Јануари 2015
    Машко
  7. P.Overdrive

    P.Overdrive
    Gaining Experience

    452
    495
    23 Јуни 2010
    Greentech, некој кинески клон на Cherry. Баш и не е wow за цената.
     
  8. Андреј Стерјев

    Андреј Стерјев
    Gaining Experience

    250
    68
    24 Јануари 2015
    Машко
    За жал...Инаку во описот им стои ова: "Keycaps are made with highly scratchable black finish"...Не е малку чудно вака самите себеси негативен маркетинг да си прават?
     
  9. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,385
    11,583
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Cherry MX Black, ама произведени во некојси Greetech, малку се разликувале од обични Црни.

    Едит: каснам :)
     
  10. bokiscout

    bokiscout
    Unstoppable

    1,719
    2,015
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel, Java, JavaScript
    За 4 000ки се зима тастатура со саглам свичеви, имаш steel series 6G, CM Storm QuickFire...

    Ако веке се иде на вајрината евтина механичка и/или алтернативни (кинески) свичеви бујрум Zalman ZM 500 за 2 800 мкд со свичеви налик на Cherry MX Red. Па и да не се погоди на долг рок да не ги жалиш парите.

    Не дека овие алтеративниве свичеви ги бие лош глас, ама не ги бие ни добар.
    - А баш би сакал некое добро/квалитенто ривју на истите.
     
  11. Војвода

    Војвода
    Unstoppable

    2,137
    3,485
    26 oктомври 2012
    Машко
    Значи лагеров со механички е очај... Во анхоч имааг само Залман и Разер, во Сет имаат некоја ултра скапа CM Full Size, и две Асус, едната со црни другата со кафени свичеви. Тоа црните свичеви, ич не ми праат мерак. Некако како да фали фидбек, и не се баш лесни за штракање... Не вреди едноставно. Мислам дека и залманот со Kailh црвени свичеви дека беше подобра од Aсусот со црни свичеви. Плави свичеви нема за жива глава. Иако гласни и не сум ги пробал, вака гледано по видеа ми делуваат најдобри. Овие разер, брука се, користат ребрендирани Kailh свичеви и ги наплаќаат скапо. Затоа и не се ни трошат кај нас.
    На лагер дали ќе има и кога ќе има, ни сет ни анхоч не знаат..
    Да не има некој да шитка нешто со плави свичеви ? ја намерачив Quickfire TK. Ми изгледа како добар избор :)
     
  12. dangthe

    dangthe
    Practice makes perfect

    1,096
    1,383
    5 Септември 2008
    Машко
    Ако сакаш all-round тастатура, а не ти се свиѓаат Black свичевите, тогаш барај Brown. Плавите се одлични за куцање, ама се тапа за играње
     
  13. Војвода

    Војвода
    Unstoppable

    2,137
    3,485
    26 oктомври 2012
    Машко
    Па чим има гејмерски тастатури со плави свичеви, тоа укажува дека се добри, и дека недостатокот е всушност минорен т.е. имаат повисок release point, односно ако сакам да направам двоен скок во некоја игра, треба повеќе да го отпуштам копчето , за разлика од правите гејмерски свичеви каде неморам да го правам тоа до тој степен. Така да, разликата е минорна и плавите се далеку од тапа, во сите ривјуа разликата ја сведуваат на преференца.
    Знам што да одберам ако имам избор и пробам на лице место.
    Имаше една Асус со Кафени свичеви ама беше 100 евра, и не ми се даваат толку пари за Асус периферија. 4.5-5к тој е оној лимит до кој би одел, ма да вака како што увидов досега, незнам дали филингот што го даваат механичките тастатури вреди споредено со обична просечна тастатура со rubber dome, бидејќи се чувствува подобрување, но ништо спектакуларно, и не до оној степен да оправда разлика во цена од 8-9 пати ( споредено со сегашнава Логитек). Ќе видам другиве свичеви каков впечаток ќе ми остаат. Ако добијам ерекција од плавиве, купувам одма :D
     
  14. Sephiroth

    Sephiroth
    Баниран/a

    3,492
    2,518
    14 Мај 2008
    Машко
    Среќен сум што си купив механичка тастатура пред да им истече патентот на CherryMX. Пазарот е во општ хаос во моментов....
     
    На xenon и P.Overdrive им се допаѓа ова.
  15. dramallama

    dramallama
    Gaining Experience

    366
    259
    24 Јануари 2013
    Машко
    Филингот вреди, и тек како. На работа земавме 300-денарски со гумени тастери, ми иде да се утепам. Прсти ме болат од две реченици искуцани. Иначе користам Quickfire TK со црвени свичеви. Искуството е неспоредливо. Така да, ја топло ти препорачувам да си земеш. Имаат Анхоч у Тетово глеам останата уште една со плави свичеви, прашај, може ќе може да ти ја донесат во Скопје.
     
    На Војвода и P.Overdrive им се допаѓа ова.
  16. Војвода

    Војвода
    Unstoppable

    2,137
    3,485
    26 oктомври 2012
    Машко
    Kaко што се одвиваше муабетот со продавачката во Анхоч Гтц, испадна дека ја има само таму на лагер, и демек ништо од бизнисот, да чекам нови на лагер само. Но прочачкав низ некои FAQ од анхоч, и според тие може да се купи производ од еден во друг град и тоа бесплатно доколку производот вреди над 1500 денари. Им пишав меил, ако испадне бизнисот споделувам импресии. Ма да, шубе ми е толку пари (5300 денари ) за тастатура, ама готово појавив мерак и нема назад. :)
    Зошто хаос ? Дај просветли не, да не испадне после дека еден Залман од 2800 денари, не е ништо полош од Разер од 4600...или CМ од 4000 денари. Како што знам оригиналот се CherryMX, Khail се нивни копии, и сеа Разер нешто почнаа да се курчат со наводно нивни свичеви, а уствари тоа се Khail свичеви со нешто подобра контрола на квалитет. Ако и Khail се добри ко Cherry, да не фрлам 5300 за Quickfire TK, и да си земам Zalman za 2800 денари. Сепак се работи за 90% разлика во цена. Поконретно мислење не би било на одмет :)
     
    Последна промена: 24 Март 2015
    На kirev и dramallama им се допаѓа ова.
  17. vlavot

    vlavot
    Medicus

    2,966
    2,942
    29 oктомври 2009
    Машко
    Medical Doctor
    Не викам дека Khail не се, и не дека razer не сакаа да турат Cherry, но Cherry компанијата е една и само она од Германија произведува вакви свичеви, и најпрвин ги снабдува Corsair со CM, па ако оатане нешто и други. На razer им скисна од чекање и малтертирање плаќање многу пари за Cherry и си склучи договор со Кинезиве си створија свои копчиња, зелените се исти како сините и сега ем помалку плаќаат ем се снабдени со доволно голем број свичеви.
    Јас сепак купив тастатура со Cherry, ти препорачувам Brown, првично сините го даваат оној задоволителен фидбек, и се интересни но после неколку дена едноставно почнуваат да сметат, иритираат, прегласно тропкаат.
     
  18. pepo123

    pepo123
    Gaining Experience

    167
    258
    8 Април 2008
    @Војвода
    MX Blue според мене се најзабавни и највеќе го даваат оној механичкот филинг, ама и не се за сите и најмачни се за гејминг. Исто така знаат да нервираат при бавно куцање, но ако куцаш над 70-80 wpm даваат многу задоволувачка бука. Индивидуалното чувство на тастерот е нешто како штракање пенкало.
    Brown не се баш безвучна замена за Blue и скоро и да немаат тактилност. Многу се полесни за притискање и искрено, поблиски се до Red. Всушност најблиску се до квалитетна обична тастатура. Дефинитивно all-rounder-от на групата ама може да се разочараш бидејки разликата од старата тастатура не е ден-ноќ ко со плавите.
    Убаво е пробаш различни тастери на било какви тастатури што се кај нас на лагер и да видиш што ќе ти се допадне.

    Пазарот е хаос е бидејки, до лани ако бараше механичка тастатура можеше да бираш од 4 типови на тастери(плус неколку егзотики) со познат квалитет. Денес не се знае кој пие, а кој плаќа. Кај и да е ќе почнат и да не ги наведуваат тастерите воопшто, па ќе добиваш различни зависно од batch-от при производство.

    Инаку на чувство и не се толку различни од Cherry. Многу луѓе викаат дека тастерите не се конзистентни и дека се чуствуваат разлики помеѓу копчињата дури и на истата тастатура. Дополнително неколку луѓе се имаа пожалено на reddit на неквалитетна пластика на тастерите на Kailh. Наводно при рутинско вадење на копчињата за чистење, стебленцето од на некои од тастерите се кршело и дел останувал во копчето. Иако ова ми звучи многу екстремно и не знам колку е чест проблемов, може се само неколку многу изолирани случаи...
    Немам доволно искуство со овие, само пренесувам што сум прочитал...Иако мислам дека за entry-level тастатури нема да прават разлика. Повеќе неконзистентност би правел недостатокот на плоча под тастерите него самите тастери.

    Е сега, не е се до тастерите. Голем удел на чувството на квалитетот на тастатурата има и градбата и квалитетот на пластиката. Zalman-от е доста barebones, ТК ти е подобар избор чисто ради плочата на која ги ставаат тастерите. Пластична е ама пак е подобра од ништо. Мислам дека крутоста има многу голем удел во чувството на механичкиве тастатури. Залманот тастерите се директно на ПЦБ ако не се лажам.

    Ако веќе чекаш нови на лагер, за парите би те посоветувал да бараш Quickfire Rapid. Поефтина е од ТК ,а по квалитет гази се под 7-8000. Ги произведува истиот ОЕМ што произведува за Filco и разликата меѓу нив е минимална. Тастерите се наредени на челична плоча и практично нема никакво виткање дури и да седиш на неа. Не знам дали има друга тастатура под 6000денари со челична плоча. Има стандарден лејаут, па со замена на копчиња нема да имаш никакви проблеми. Дури и контролерот се вади и се менува, па ако ја прегориш некако тастатурата, можеш да најдеш замена и за тоа. Види нашиве ако се согласат да ти донесат некоја, или батали ги и нарачај cmstore.eu или некоја друга странска продавница. Царинењето нема да те чини повеќе од 300-400 денари. Иако нарачкиве веќе стануваат се поболни со односов долар-евро...
     
    Последна промена: 24 Март 2015
    На tomaso, P.Overdrive, dramallama и уште 2 други им се допаѓа ова.
  19. dangthe

    dangthe
    Practice makes perfect

    1,096
    1,383
    5 Септември 2008
    Машко
    Гејмерски тастатура ќе има со секој вид на свичови се' додека луѓето ги купуваат. Многу фирми ставаат на нормални, обични производи Gaming Series во името затоа што им ја зголемува продажбата, а уредот е мање више обичен. А разликата во release point-от е мала, меѓутоа кога ќе го помножиш тоа по милиони кликови, подобро е во старт да си ја купиш таа што ти нуди поголема удобност.

    Моето искуство е ова: Имав Coolermaster Storm QuickFire Rapid, купена од Сет, која е со црвени свичови иако на сајтот пишува дека е со црни. Иако тргнав по тастатура со црни, поради очајниот лагер во продавнициве решив дека ќе им дадам шанса на црвениве. Ја користев за секојдневна употреба, плус за работа (дизајн + куцање код) и за играње. За играње и секојдневна употреба не беше толку лоша, ама за куцање ми беше катастрофа. Црвените свичови бараат премногу мал activation force, и пречесто се стискаат непосакувани копчиња. Дури и по неколку месеци користење, не успеав да се навикнам на тој момент, па почна дури и да ми смета секој пат кога требаше нешто да пишувам. Затоа ја продадов и сега имам Steelseries 6Gv2 со црни, разликата за мене лично е огромна - црните каде каде повеќе одговараат на моите потреби.

    Cooler Master-от има одличен квалитет на изработка, доаѓа со removable (mini USB) кабел обложен со мрежа за кој има и тунелчиња на долниот дел од тастатурата па можете да одлучите каде сакате кабелот да "излезе" од тастатурата: право нагоре, или по една од страните. Исто така, во кутијата следуваат и црвени WASD копчиња како и keypuller со кој копчињата се вадат без никаков ризик нешто да се скрши.

    Steelseries-от од друга страна, не е направена да биде естетски убава, туку да брка работа. Мене лично не ми смета тоа, искрено повеќе сакам тастатурата да ми изгледа нај-регулар отколку да има непотребни рабови, вдлабнатини и димензии кои немаат никаква функција. Како што напоменав и претходно, црните свичови ми се многу подобри од црвените, имаат доволно отпор за да не грешам при стискање, и на таа тастатура сега полесно куцам отколку на Apple Keyboard, што претходно ја сметав за најдобра за куцање. Единствена замерка кај оваа тастатура е тоа што кабелот не делува многу квалитетно, не се вади и е поставен на горната страна на тастатурата па треба да се внимава при транспорт, а понекогаш сум приморан да ја враќам поназад на бирото бидејќи кабелот почнува да удира во постољето на мониторот (ова е проблем врзан со начинот на седење на биро, меѓутоа го напоменувам чисто да се земе во предвид)

    Мислам дека во тој ценовен ранк, Steelseries-от е бест бај.
     
    На -={K-O-R-U-N}=- и P.Overdrive им се допаѓа ова.
  20. pepo123

    pepo123
    Gaining Experience

    167
    258
    8 Април 2008
    Претпоставувам гејмерска тастатура е онаа со макро копчиња и слични додатоци и може да користи било каков тастер/прекинувач, иако можат да рекламираат како сакаат.

    Мислам дека нема тастери за одредена намена. Многу зависи од човекот. Можеш сите за се да ги користиш. На пример, јас на Brown куцам многу побрзо и поудбно него на Blue(иако нели Blue е куцачкиот тастер), претпоставувам бидејки техниката на куцање ми се со многу лесен стисок. Скоро и не ги дотерувам копчињата до дно, јас и со Red можам удобно да куцам. Blue ми се позабавни за користење, но ми треба загревање додека да стигнам до брзината што во старт ја имам со Brown. Може техниката ми е лоша, а може и ми треба уште време за навикнување. На црни не можам името да си го напишам (имам стиснато само во продавница, не сум ги видел во дивина овие).
     
    Последна промена: 24 Март 2015
  21. dramallama

    dramallama
    Gaining Experience

    366
    259
    24 Јануари 2013
    Машко
    Баш викендов бев во Солун, поминав од Паблик, и имаше Logitech G710+ изложена, и можеше да се проба и штрака (да напоменам, со кафеави свичови е). Не ми остави најдобар впечаток, ама верувам дека тоа беше поради гумените (O-rings) прстенчиња кои доаѓаат по дифолт ставени под секое копче. Најверојатно филингот е различен без нив. За мене (според ривјуа што сум читал) најверојатно сепак највеќе би ми одговарале кафеави, но без гумички под нив, бидејќи премногу го ублажуваат тастерот. Инаку силата потребна да се притисне тастерот ми беше таман. Чисто како искуство да ви го пренесам ова. :)
     
  22. Војвода

    Војвода
    Unstoppable

    2,137
    3,485
    26 oктомври 2012
    Машко
    Сакаш да кажеш дека рапидот е поквалитетна и подобра од ТК ? Пошто искрено нумеричкиот дел би ми фалел, можда не нешто многу, ама сепак интересна изведба има Cooler Master направено. :) Ма да за исти пари има Асус http://set.com.mk/Computers-IT/PC-accessories/Keybords?product_id=40704 со целосна големина, метална мислам беше, дури имаше и од 100 евра верзија во сет која има и дополнителни макро копчиња, и профи изведба. CM за слична тастатура би барала 8че како од шала... Боље избор е кафенава од асус, споредено со ТК ?
     
  23. pepo123

    pepo123
    Gaining Experience

    167
    258
    8 Април 2008
    Да, мене Рапидот ми беше забележливо подобра од ТК. Но, ако ти треба нумпад, џабе. Последниве месеци видов неколку членови што ја продаваа бидејки не можеа да се навикнат без тие копчиња. Мене не ми недостига воопшто, мада и скоро не го користев, некоја ИП адреса ако треба да откуцам само.

    За Асусов немам немам некој памет да ти дадам. Нит сум го видел, нит сум го пипнал. Не можам да најдам кој е ОЕМ, ама можно е да е истиот со Corsair к90/к95 (Не го земај здраво за готово ова, шпекулирам само. Не добиваат многу компании Чери во последно време, а лејаутот е доста сличен). Ако е, тогаш е супер избор за парите. Скоро 2 кила е тешка што наведува на метална плоча. Вака од око не делува лошо. Ако не ти пречи изгледот и тоа што е огромна, веројатно вреди да се види.

    Едит: Горе беше спомнат Steelseries. ОК е 6Gv2 за парите, ама има црни чери што ми се најнеомилени. Имам читано дека брзо се излитуваат копчињата, а лејаутот не е целосно стандарден (личи на АНСИ, ама со голем ентер) па тешко замена за нив. Ако може да искоментира @dangthe како се држат копчињата...
     
    Последна промена: 25 Март 2015
  24. dangthe

    dangthe
    Practice makes perfect

    1,096
    1,383
    5 Септември 2008
    Машко
    Менувањето е еднакво лесно / тешко за било кој лејаут и не треба да биде критериум при купување и мене лично многу повеќе ми одговара со голем Ентер. За кои свичови се подобри од кои, сепак треба во живо проба пред купување, едноставно секој има различни критериуми, мене црните до сега ми се најдобри за потребите. Копчињата сега за сега немаат гајле, ама јас релативно кратко ја имам, околу 3 месеци. Инаку имам читано дека луѓе се жалат на брзо излитување, ама дека тоа се случувало кога се обидувале да ги чистат со одредени средства.
     
  25. pepo123

    pepo123
    Gaining Experience

    167
    258
    8 Април 2008
    @dangthe
    Коментарот ми беше за наоѓање/купување нов keyset за тастатурата. За другото се согласуваме.
    Искрено не сум налетал на сет со тој лејаут. Со голем ентер има ISO лејаут, ама не е иста форма ентерот, а има и други разлики.

    Едит: Буквално не знам ни какво име има тој лејаут. Пишува ли нешто по тастатурата/кутијата?

    Едит2: ОК, за многу луѓе не е важно дали се избришани ознаките на копчињата и во која состојба се. Во тој случај нема баш многу минуси таа тастатура. Мене на изглед најмногу ми се допаѓа од понудата кај нас :).
     
    Последна промена: 25 Март 2015
Слични теми
  1. AMD_fan
    Одговори:
    16
    Прегледи:
    2,501
  2. ipowerboy93
    Одговори:
    23
    Прегледи:
    2,386
  3. Banjifiko
    Одговори:
    15
    Прегледи:
    1,584
  4. coNNectMKD
    Одговори:
    13
    Прегледи:
    1,001
  5. The_EvilLord
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    231
Вчитување...

Сподели

Вчитување...