Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Македонски Пошти - Општа Дискусија

Како сте задоволни од услугите на Македонски Пошти?

  • Вкупно гласале
    722

kloki

hello world
24 јули 2015
330
74
Здраво ме интересира дали за пратки со бројче УБ 1234567890 ХУ пак се чека со месеци за достава?
 
Twisted

hello world
3 јануари 2016
285
183
Здраво, неделава ми стигна пратка од германија и прилично сум сигурен дека не требаше толку царина и данок да платам па ме интересира што можам да направам во оваа ситуација, дали некој има искуство со жалба/приговор до царина.

Повеќе информации: пратката беше порачана од германска страна (fc-moto), производ на германска фирма, и на самата фактура која што ја имаше до пратката пишува дека производот е од преференцијално потекло, што ако не сум грешка значи дека треба да биде ослободена од царина.

Гледам дека имаат инфо маил, па ќе пратам таму да видам дали ќе вратат нешто и што можам следно.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.794
5.514

Не сите производи со преференцијално потекло од ХУ земја имаат 0 царина. По дефиниција преференцијалноста не значи без или ослободено, туку со некоја поволност (која може да биде и нула сарина, но на пример и повластена не нулта стапка). Треба да видиш во тарифник. Или да се слушнеш со некој шпедитер. Исто е важно 7 како царинеше. Ако си одел со она брзот царинење, без целосна постапка може и да не важат тие финти со преференцијално потекло итн...

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
 
gamon

user
15 септември 2014
1.669
1.951
orgrimar

при брзо царинење се користи единствена стапка од 33% царина и данок на вкупната сума, за царинење по тарифник треба да се плати шпедитер да се изготви документација и да се царини, тоа кошта 4-5000 денари + царината по тарифник, ова не ваши за луксузна и акцизна стока, часовници, парфеми и сл
 
Праткава беше пратена по стандарден ДХЛ и стигна по македонска пошта, тука не знам точно како оди процесот на царина. Се работи за фармерки, поточно заштитни фармерки за мотор. На листов од царина не пишува според која тарифа, но како што гледав во тарифник-от, а и истото го пишува на invoice-от од пратката, тарифата е 61034200, каде што има царинска стапка 17.5% и 18% данок што и е наплатено во овој случај.
 
gamon

user
15 септември 2014
1.669
1.951
orgrimar
се си е во ред, цариникот може да царино со 33 заедничка или како во твојов случај со посебни тарифи. Се си е точно.
Основицата за пресметка е следна, на набавната цена се додава поштарината па царината и на вкупниот износ се пресметува 18% ддв. ДОколку одиш со шпедитер ќе ги платиш истиве давачки + 4000 ден шпедитер.
 
Exooo

hello world
21 декември 2016
82
40
Порачав преку iHerb, сега гледам дека доставате е преку DHL, што треба да очекувам за царина и данок, пратката е 4000ден?
 
aleks989

hello world
19 ноември 2016
270
521
Битола
На што се должи ценава, може ли мало објаснување, дали можам некако да превенирам?
Овде имаш тема за DHL Express, можиш да најдиш доста инфо.
 
VerGer

poweruser
9 ноември 2016
2.027
1.842
Скопје
2000ден ти е лежарина на ДХЛ, освен тоа ќе платиш и за ДДВ зависно од колку се даночени производите.
1600 (ил 1560) лежарина и подготовка на документи за царинење (федекс и упс се по 1800/2100 мкд) .. плус данок пошто е под 90 евра слочајов (4000 мкд)
 
Mr.Jack

lurker
9 февруари 2008
761
503
Пишува:

Skopje2-Dostava 1000 Dostava 19.08.2025 13:57 Испорачана

Но не сум ја добил пратката или лист. Нормално е ова? Во Скопје Центар треба да стаса

My9x7rB.png
 
25 ноември 2014
1.538
1.967
Скопје
Isak Keyten's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-4460 Processor 6M Cache, 3.20 GHz Haswell 22nm Technology
Motherboard
ASUS H81M-K (SOCKET 1150)
Storage
Samsung SSD 850 PRO 120GB
PSU
Thermaltake TR2 Bronze 700W
RAM
Kingston HyperX DDR3 16GB 1600Mhz Dual-channel
Video card
ASUS AMD Radeon R9 280x 3072MB
Mouse
Logitech G603 LIGHTSPEED
OS
Windows 10 :(
Пишува:

Skopje2-Dostava 1000 Dostava 19.08.2025 13:57 Испорачана

Но не сум ја добил пратката или лист. Нормално е ова? Во Скопје Центар треба да стаса

My9x7rB.png
Поштарот ја куцнал испорачана а или ја зел со себе или ја пикнал у некоја фиока таму или нешо сосема трето. Дали е нормално? Треба да не е. :) Дали се дешава? Да. Дали има шанса да го чекаш сеа уше 2 недели? Исто да. Екшли може не е ни поштар ја као шо разбрав рандом луѓе шо возат таксиња у меѓувреме испорачуваат и пратки како сајд хасл.
Ако ти е битна пратка ја би идел до пошта да се распрашам шо како до кај е.
Се има дешавано да ми речат “дој со мене“ и да испадне магично таму пратката иако стои испорачана. Сумњиво :)
 
thexfiles125

hello world
29 април 2013
409
276
Ова не е баш за мк пошти, но некој знае кој точно добиваат пратки по тие пачкомати локери што наместија до бензиски и маркети итн? Секој пат кога ќе добијам пратка од ebay или ali ми се јавуваат сеуште за директ испорака додека не сум дома, не знам како можам да побарам да ми ги остават во тие па на свое време да ги земам, неам видено никој да ги користи всушност, во функција се или сеуште не?
 
coNNectMKD

user
13 март 2017
1.308
1.546
Skopje

Не знам дали сакаат да оставаат, пошто вчера ми се јавува накај 14ч, ми вика на адреса сум излези... како да ние не работиме па на дугме сме, чекаме дома за достава. Му викам во близина сум на 600 700 метри, ништо ми вика, ќе се чуеме друг ден.
 
thexfiles125

hello world
29 април 2013
409
276
Не знам дали сакаат да оставаат, пошто вчера ми се јавува накај 14ч, ми вика на адреса сум излези... како да ние не работиме па на дугме сме, чекаме дома за достава. Му викам во близина сум на 600 700 метри, ништо ми вика, ќе се чуеме друг ден.
Цела поента на тие локери за пратки е да се избегне ова, функционира во Европа до со години, ти стига SMS дека ти стигнало тоа и тоа во тој ликер локер тој код и кога имаш време си застануваш и го подигаш, не знам дали сеуште не се во функција кај нас или што...
 
coNNectMKD

user
13 март 2017
1.308
1.546
Skopje
Цела поента на тие локери за пратки е да се избегне ова, функционира во Европа до со години, ти стига SMS дека ти стигнало тоа и тоа во тој ликер локер тој код и кога имаш време си застануваш и го подигаш, не знам дали сеуште не се во функција кај нас или што...

Разбирам ама со нашиве кај ќе се објасниш.

Башка не ми е јасно како не можат да разберат дека 90% од тие што нарачуваат, кога има достава у работен ден помеѓу 8 и 17ч, дека големи се шансите сите 90% да се на работа.

Прошлата пратка баш поради ова ставив адреса од работа, ѕверот во сабота ми се јави, на адреса сум ми вика пак исто... Не знаеш на што си. Ама тој бар дојде ми ги донесе.

Знам дека им е хаос со пратки и се мањак со луѓе, ама нема поента да се јавиш и да кажеш кај тебе сум излези...

Но да, реално ова со такви „шкафчиња“ е добро решение.
 
Тоа или пак да останат негде пред врата и да сликаат како што прават во Америка 10+ год, не знам што е тешко во 10 секунди да се слика и со некој програм им овозможува смс пратка на тој број брзина и толку, ваѓда е проблемот што многу кај нас ставаат погрешна информација на праткиве (како телефонски број) но не знам
 
coNNectMKD

user
13 март 2017
1.308
1.546
Skopje
Тоа или пак да останат негде пред врата и да сликаат како што прават во Америка 10+ год, не знам што е тешко во 10 секунди да се сликаме и со некој програм им овозможува смс пратка на тој број брзина и толку, ваѓда е проблемот што многу кај нас ставаат погрешна информација на праткиве (како телефонски број) но не знам
Приватниве ти бараат потпис и кодот што ти стига на Вибер.

Ваљда ради тоа не смеат, политика некоја им е појма немам.
 
thexfiles125

hello world
29 април 2013
409
276
Приватниве ти бараат потпис и кодот што ти стига на Вибер.

Ваљда ради тоа не смеат, политика некоја им е појма немам.
Viapost пред некој ден ми даде ни потпис ни код... иако стигна кодот на Viber, ама тоа е кај нас
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.059
7.733
Различни компании - различни локери. Така што ќе треба време ова да заживее. А на пр., во Хрватска и на некои бензински пумпи на шалтер кај продавачот може да се доставува со некои компании...
 
ZeroCool666

hello world
24 ноември 2020
78
19
Еднаш само од ELS ми се јави дечкото у 8 сабајле, ми вика денес си ми на листа за достава, дали ќе бидеш дома? Му кажав фино лепо кога ќе бидам сигурно дома, дојде ја донесе, милина. Ама дечкото е паметен и организиран и сигурно не работи веќе таму.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно