http://www.msi.com/product/mb/H87I.html
Ова е плочата, има многу сличен распоред со многу ITX плочи од Z77 генерацијата па ве молам за предлог кулери кои би можеле да се стават на плочава. Процесорот ќе биде i5-4570 и критериуми се колку е кулерот тивок и колку добро лади (најдобро ладење со најтивка можна работа е идеално).
Висината не е проблем, проблемот е ширината. Tower кулери очигледно би требало да се монтираат свртени накај графичката што не знам колку би намалило во перформансите за ладење со оглед на тоа што издувниот кулер на куќиштето ќе биде тогаш ориентиран нормално спрема кулерот.
Кулерот треба да може да се купи кај нас. Приказ на слики на кулерот инсталиран на ITX плочи со сличен распоред би било добредојдено.
Буџет максимум 3000 денари, ако кулерот е нешто идеално. Препорачливо да биде во рангот од околу 2000 денари.
Идеално значи: Да го лади процесорот испод 70 степени на стрес тест без оверклок, да е тивок, и доколку е TOWER кулер да може да се инсталира со ориентација да издува назад (накај IO портите).