Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Која мобилара во Македонија?

Zippo

user
22 октомври 2014
1.008
899
Zippo's setup  
Processor & Cooler
Intel i7-3930K CM Hyper D92
Motherboard
ASUS SABERTOOTH X79
Storage
Samsung 750 EVO 500GB
PSU
CM V 650
RAM
32GB DDR3 1333
Video card
Onboard
Case
CM Storm Trooper
Mouse
Gembird Bluetooth
OS
Windows 10, Windows Server 2016
И во Хи сторе продаваат телефони отворени, односно без целофан врз кутијата. Има некаква налепница, демек гаранција дека е нов уредот. Тоа го прават, наводно, за да ја стават гаранцијата во кутијата ?!???? Демек гаранцијата неможе да биде дадена на купувачот и надвор од кутијата.... Зошто тоа никој не го спомнува овде?
Затоа што овластените дистрибутери во светот тоа го прават. Анхоч и другите алиекспрес препродавачи поима немаат.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.893
5.603
И во Хи сторе продаваат телефони отворени, односно без целофан врз кутијата. Има некаква налепница, демек гаранција дека е нов уредот. Тоа го прават, наводно, за да ја стават гаранцијата во кутијата ?!???? Демек гаранцијата неможе да биде дадена на купувачот и надвор од кутијата.... Зошто тоа никој не го спомнува овде?
Шаоми телефон со целофан не сум видел досега. Ни кај нас, нит грција, бугарија или Али. Можно е шаоми воопшти да не пакува така. Не тврдам, кажувам што е можно и што сум видел.
Башка ако го отвараат за додавање упатство/гаранција баш убаво личи. Се скоцкано, со налепница нивна, позади која ако стојат баш ми е гајле. Они си знаат а јас си имам фулл гаранција. А остатокот се гледа одма дали е ваден, чепкан телефонот и додатоците и слично.
Каде се наоѓаат овие HiStore и дали работат само со Шаоми телефони?
Во аеродром, управна зграда на Раде Кончар. Ги има на Мапс. И да само Шаоми.

Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.125
14.266
Мобиларите внесуваат по неофицијални канали а операторите и овластените продавачи се друга приказна.

Претпоставувам мобиларите може да се обратат до овластен сервис но надвор од земјава. Тоа одзема време и бара напор па може да пробаат да фаќаат кривина.

Од оператор тука имаш гаранција. Ама ако нешто се случи ќе чекаш побајашки време за да го сервисираат. А во меѓувреме си без телефон. Бар јас знам за такви искуства. Па така живеам со надеж да не се расипе иако имам гаранција, независно дали мобилара или овластен продавач.

Кога сето ова ќе го сумирам цените од мобилара ми се некако попривлечни и купувам од таму. Сите кутии и телефони најчесто се отворени. Ништо чудно и некои да се со флешнат фирмвер за овој регион пред продажба. Ама еве ги имам неколку дома од мобилара и работат беспрекорно. Имаа најлончиња и се тоа ама сум свесен дека е можно да се прелепени.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.111
6.057
Од каде може од Грција да се земе Note 9 Dual Sim што би било подобро од Ледиком/Мобеликс од кај нас? Да се врати данок?

Eshop.gr имаат океј цена, ама не се враќа данок мислам.

Plasio 1049еур нека уживаат за таа цена ќе си земам од Телеком ако е така.

Кој враќа и е ефтин и е близу Солун?
 
cipiripi

hello world
7 септември 2010
334
321
Шаоми телефон со целофан не сум видел досега. Ни кај нас, нит грција, бугарија или Али. Можно е шаоми воопшти да не пакува така. Не тврдам, кажувам што е можно и што сум видел.

Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk

Со почит, али ти си видел само Хисторе....

Пак даваш рандом мислења без скоро никакво искуство....

Баш од Али се во фолија/целофан... Освен ако не му бараш на продавачот да ти инсталира одреден софтвер.

Иако не менува /докажува ништо целофанот, друго е искуството кога ти ќе си го отвориш така....

Sent from my ONEPLUS A6000 using Tapatalk
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.893
5.603
Со почит, али ти си видел само Хисторе....

Пак даваш рандом мислења без скоро никакво искуство....

Баш од Али се во фолија/целофан... Освен ако не му бараш на продавачот да ти инсталира одреден софтвер.

Иако не менува /докажува ништо целофанот, друго е искуството кога ти ќе си го отвориш така....

Sent from my ONEPLUS A6000 using Tapatalk
А ти сигурно знаеш нели, дали јас сум видел или не. Оф боже, со сезнајковци.
Сум видел ХИ, Сетек, Анхоч. Сум видел грција у солун на 2-3 места, у Софија на едно, и во Загреб. Никаде ама баш никаде немало целофан. Никаде.
Како реков можно е секаде пошто сум влегол у каков таков официјален дилер, да ги имаат отварано за да стават соодветно локално упатство и папири ако треба.
Исто ни на јутуб еве неам видено ни едно анбоксинг каде сечеле целофан. Слободно убеди ме во спротивното. Но за ова кај што набројав, гарантирам дека нема. Иначе задњето беше пред нецел месец у Загреб.

Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.125
14.266
Од каде може од Грција да се земе Note 9 Dual Sim што би било подобро од Ледиком/Мобеликс од кај нас? Да се врати данок?

Eshop.gr имаат океј цена, ама не се враќа данок мислам.

Plasio 1049еур нека уживаат за таа цена ќе си земам од Телеком ако е така.

Кој враќа и е ефтин и е близу Солун?

Колку што сум информиран, нашиве мобилари ги шијат ценовно било кои од продавниците кај соседот. но сепак можно е и нешто да испадне. Само за телефон не би одел. А ако веќе те носи тебе или некој познат патот натаму тоа е друго.

Инаку Ноут 9 од Мобеликс, ако воопшто нешто значи, лепенката на кутија беше скината. На кутијата си пишува „Southeast Asian SIM only". Tелефонот и аксесорис внатре беа непипнати. Најлончињата на телефонот беа одлично порамнети и без меурчиња (но сепак не знаеш). Аксесоарите беа немрднати од пластиките. Ни ронка прашинка или некаква рецка на нив и кутијата. Така што можеби малку и се променети времињата. Инаку да знаев дека Ледиком дава 24 месеци гаранција ќе купев од кај нив. Во мобеликс ми дадоа година дена.

И ако е воопшто важно, кај мене во пакувањето има силиконска маска од самсунг а кај овие од оператор нема колку што сум запознат.
 
15 септември 2012
1.165
1.300
А ти сигурно знаеш нели, дали јас сум видел или не. Оф боже, со сезнајковци.

Исто ни на јутуб еве неам видено ни едно анбоксинг каде сечеле целофан. Слободно убеди ме во спротивното. Но за ова кај што набројав, гарантирам дека нема. Иначе задњето беше пред нецел месец у Загреб.

Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk

Повели: xiaomi unboxing note - YouTube

или:
View: https://www.youtube.com/watch?v=tCz7YM0zod0
View: https://www.youtube.com/watch?v=IMCQ0AyHG2w
View: https://www.youtube.com/watch?v=4YpklbPTkTI
... да не замарам со повеќе примери
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.893
5.603
Е така де се купено онлајн Али и Геарбест. Зборев за во нашиве околни локални продавници, за што беше и коментарот на кој одговорив. Побарав и јас наоколу, на хрватски, српски, бугарски јутуб земени од дистрибутери немаше.
Значи еве ви кажувам во загреб во Ми Сторот официјален, на 27ми Декември, на ниеден телефон немаше целофан. Сите беа само кутија, со сигурносни налепници.
Повторувам дека не се правам дека гарантирам дека е најисправно така, или било што. Само онаму кај што сум видел и толку. Теоретски кога би трошеле количини како треба дури и Шаоми би им го спакувал со сите работи внатре уште од фабрика, но како ми рекоа и хрватите, бараат за тоа да земеш количини од еден модел и тоа добри.
Иначе онлајн и јас не би го земал незапакуван со целофанче. Одма диспјут и назад.
Еве например колку е лесно да ставиш целофанче поради гарантен лист од некој дилер, па уште целофанчето украсено со МИ лого.
View: https://youtu.be/TzoNUskhmbc?t=105
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.111
6.057
Колку што сум информиран, нашиве мобилари ги шијат ценовно било кои од продавниците кај соседот. но сепак можно е и нешто да испадне. Само за телефон не би одел. А ако веќе те носи тебе или некој познат патот натаму тоа е друго.

Инаку Ноут 9 од Мобеликс, ако воопшто нешто значи, лепенката на кутија беше скината. На кутијата си пишува „Southeast Asian SIM only". Tелефонот и аксесорис внатре беа непипнати. Најлончињата на телефонот беа одлично порамнети и без меурчиња (но сепак не знаеш). Аксесоарите беа немрднати од пластиките. Ни ронка прашинка или некаква рецка на нив и кутијата. Така што можеби малку и се променети времињата. Инаку да знаев дека Ледиком дава 24 месеци гаранција ќе купев од кај нив. Во мобеликс ми дадоа година дена.

И ако е воопшто важно, кај мене во пакувањето има силиконска маска од самсунг а кај овие од оператор нема колку што сум запознат.

Ти од мобеликс го зема? Мислев од телеком. Јас имам голем бонус во телеком, ама не ми одговара од таму зошто е со еден сим и заклучен. А мене ми треба со 2 сима да работи.

Да и јас баш денес заприметив 24 месеци гаранција во ледиком. Фасцинантно ако е тоа функционално и валидно.

Саутист ејжан сим онли? Па како фаќа нашава? И твојот е саутист ејжан? Батеријата си држи нормално или трпи заради бандови и послаб сигнал има? Незнам може и исти бандови имаме.
 
DonFrozex

user
9 јуни 2011
1.425
1.653
А ти сигурно знаеш нели, дали јас сум видел или не. Оф боже, со сезнајковци.
Сум видел ХИ, Сетек, Анхоч. Сум видел грција у солун на 2-3 места, у Софија на едно, и во Загреб. Никаде ама баш никаде немало целофан. Никаде.
Како реков можно е секаде пошто сум влегол у каков таков официјален дилер, да ги имаат отварано за да стават соодветно локално упатство и папири ако треба.
Исто ни на јутуб еве неам видено ни едно анбоксинг каде сечеле целофан. Слободно убеди ме во спротивното. Но за ова кај што набројав, гарантирам дека нема. Иначе задњето беше пред нецел месец у Загреб.

Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk

Во принцип на сите телефони треба да има целофан.
Ако експлицитно сум побарал не-отпакувана кутија - секогаш имало целофан.
Најчесто кинезите ги отвараат и инсталираат Глобална верзија на софтверот, без разлика каков е телефонот.

За моделите што веќе се „глобални“ (пр. А1, А2, Поко) - нема што да инсталираат таму, па секако ти иде телефонот со целофан.

a77Fs4y.jpg

(дали се познава доволно добро целофанот? од лево има како раб, таму се гледа добро)

Е сега како и зошто у Анхоч и слични немаат целофан - не можам да кажам.

Ама како што викате дека и кај овласениот нема целофан на телефон.. тогаш тоа е друга прича веќе... :)
 
Како што реков, колку имам видено нема. Нема и во околинава колку имам видено, а највеќе ме изненади еве у Загреб у офишл МиСтор-от, и најверојатно ради упатствата на локални јазици да не ги лепат со селотејп на кутиите. Буквално ссмо капакот е подигнат стаено најгоре упатството хрватско и толку. Друг разлог не гледам.

edit: Едино незнам зашто не си земат едно машинче за паковање со пвц фолија, не се така скапи, и одпосле да турат едно целофанче и готова работа. Да нема можност за сомнеж. Кој сака целофанче сака, кој сака да види нека отвори.

Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
 
Последна промена:

Baraban

read-only
31 октомври 2012
38
5
Епа дали може да го пишам негде и да се провери дали го има у база на самсунг. За имеито најдов една страна излага добро, ама незнам за серискиов. Пошто треба да ми стигне телефонов па да проверам дали е све у ред
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.125
14.266
Ти од мобеликс го зема? Мислев од телеком. Јас имам голем бонус во телеком, ама не ми одговара од таму зошто е со еден сим и заклучен. А мене ми треба со 2 сима да работи.

Да и јас баш денес заприметив 24 месеци гаранција во ледиком. Фасцинантно ако е тоа функционално и валидно.

Саутист ејжан сим онли? Па како фаќа нашава? И твојот е саутист ејжан? Батеријата си држи нормално или трпи заради бандови и послаб сигнал има? Незнам може и исти бандови имаме.

Мојот е со два сима. Фирмверот му е за европски/австралиски пазар според AIDA. Моја претпоставка е дека е флешнат од таму од каде ги носат. Немам никакви проблеми нит со батерија нит со мрежа. Батеријата си беше 50%. Се најнормално како нов телефон. Би купил повторно за таа цена без да се двеумам.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.111
6.057
Мојот е со два сима. Фирмверот му е за европски/австралиски пазар според AIDA. Моја претпоставка е дека е флешнат од таму од каде ги носат. Немам никакви проблеми нит со батерија нит со мрежа. Батеријата си беше 50%. Се најнормално како нов телефон. Би купил повторно за таа цена без да се двеумам.
Кога ќе имаш малце време те молам опиши малку за телефонот и батеријата, сот ова она. Ме интересира телефонот, само од тоа имам уплав. Дали го исклучи богзби, оне уи ... Ај да не тупам офтопик.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.125
14.266
Кога ќе имаш малце време те молам опиши малку за телефонот и батеријата, сот ова она. Ме интересира телефонот, само од тоа имам уплав. Дали го исклучи богзби, оне уи ... Ај да не тупам офтопик.

За SOT и батерија не сум меродавен зашто не сум power user. Телефонот го користам малку. Подоле е скриншот од мојот телефон во темата за самсунг:

Samsung паметни телефони - генерална дискусија

Генерално го полнам на секои 3-4 дена. Споредено со Ноут 2 кој имаше кастом ром, овој како процент-два да троши повеќе во стендбај. Но тоа е нормално зашто освен фејсбук (немам профил) и самсунг пеј немам исклучено ниту една друга дефаулт апликација. Меѓутоа на Ноут 2 игрите црпеа многу повеќе батерија. На овој сега батеријата скоро и да не се поместува при игри.

Камерата, како за фотки така и за видео, е фантастична. Сеуште се воодушевувам каде заминале телефоните.

Аудио преку преку стерео звучниците и преку слушалките е одлично. Екранот е страва и неверојатно колку на дефаулт попрецизно ги прикажува боите споредено со другиве телефони дома. Телефонот нуди брза и лесна обработка на фотографии и видео.

Бигзби нит сум пуштил нит исклучил. Оне УИ не е излезен за овој телефон. бета не планирам да инсталирам.

Сум немал потреба до сега да рестартирам, ресетирам и не знам што. Работи мазно како и првиот ден. Ако нешто повеќе те интересира ќе си пишеме ПП или во темата за Самсунг телрфони. Планирам рецензија зашто сум воодушевен. Само не знам кога ќе биде.
 
damil

user
2 јануари 2015
1.067
1.361
Има онлајн некој да откључува ХТЦ он нашиве мрежи или тешко вероватно тоа?
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно