1. Mobile OS генерални дискусии: windows android ios

  2. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Која мобилара во Македонија?

Дискусија во форумот 'Мобилни телефони' започната од Stefan121, 17 Декември 2018.

  1. highflyer

    highflyer
    Gaining Experience

    218
    163
    3 Јануари 2010
    Машко
    Или ова што го кажа , или преку Вип / Телеком
     
    На Speedster му/ѝ се допаѓа ова.
  2. bxxxn

    bxxxn
    Practice makes perfect

    960
    1,094
    11 Март 2011
    Plaisio ги имаат ставено во 6-та брзина цените :) Среќа враќаат цел ДДВ. Ако знае некој може да предложи друга продавница во Солун со пониски цени.
     
  3. Oliver!

    Oliver!
    Gaining Experience

    518
    410
    26 Април 2012
    Машко
    Шпекулатор
    Само што проверив, мојот Samsung A3 навистина е "UAE" продукт според ова.
    Само едно не ми е јасно, а што ако е за UAE регион? Стабилен е после едно паѓање/кршење, менување дисплеј и еве вози уште 8 месеци без проблем.

    Впрочем, самиот Samsung е од Јужна Кореа... може не треба да го почитувам брендот воопшто?

    Поздрав
     
  4. bxxxn

    bxxxn
    Practice makes perfect

    960
    1,094
    11 Март 2011
    UAE имаат стабилен курс со доларот, минимален данок, генерално поевтини цени, веројатно има уште нешто што не знаеме.
     
  5. Oliver!

    Oliver!
    Gaining Experience

    518
    410
    26 Април 2012
    Машко
    Шпекулатор
    Ок, те разбирам.

    Да зборуваме за тоа што го знаеме. Како тоа го прави телефонот слаб или лош и провавницата за телефони непожелна за купување од неа?
    Тој дел не ми е јасен :)

    На пример, за она со левоно име ледиком, Давор погоре убаво објасни и раскажа.

    За Мобеликс уште не ми е јасно зошто се срање, а новиов член бара совет од каде да купи и моментално нема цврста подлога за избор.
     
  6. bxxxn

    bxxxn
    Practice makes perfect

    960
    1,094
    11 Март 2011
    Мене Мобеликс ми биле ОК, доста порелакс им е пристапот, сум купувал неколку пати од кај нив. Телефоните биле или целофан или во кутија со лепенки. За среќа, нема ништо сервисирано кај нив. Пак би земал кога ќе дојде редот...
     
  7. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,170
    6,271
    27 Март 2014
    UAE фирмверот не го прави помалку квалитетен од останатите. Разликата е во тоа што на таа варијанта имаш неколку арапски апликации што не можеа дасе избришат. И полначот што е со УК плуг. Мислам дека и поспоро добиваа некако апдејти за разлика од европските земји.
     
  8. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    1,974
    3,221
    7 ноември 2014
    Машко
    Треба да разберете дека Мобеликс и Ледиком имаат голем дневен промет, односно телефони што доаѓаат и одат секој ден. Малку е веројатно дека целат да земаат „фалични телефони“ за вас да ве заебат, а ви нудат драстично поевтини цени отколку да го купите телефонот во iStyle или оператор.

    Јас iPhone 7 Plus земав преку оператор, имаше фабрички дефект со микрофонот. Истото може да се случи и со Ледиком, Мобеликс итн...впрочем, кај нив добивате гаранција од 1 или 2 години (гледам Ледиком го воведе тоа) на нови телефони и 3 до 6 месеци на половни.

    Проблемот е што сите сакате да добиете комплетно ист телефон како од iStyle (фолија, регион итн) за 30% пониска цена - и кога нема да го добиете, се лутите.
     
    На gokica и Necromancer им се допаѓа ова.
  9. Carlos

    Carlos
    Intern

    5
    1
    21 ноември 2018
    Машко
    Пред две и пол години зедов С6 од ледиком телефончево си е топ нема ни грепка нити некаков дефект пред мене ја пресече лентата да го отвори телефонот пред година дена зедов уште еден С8 телефонот исто топ си е и сега зедов и С9 пред месец дена.
     
  10. krema

    krema
    Professor

    8,605
    8,345
    24 Јуни 2009
    Машко
    Ај па догодина и С10 да си зедеш.
     
    На SimeonJ, Speedster, DaVoRkNe и уште 2 други им се допаѓа ова.
  11. Carlos

    Carlos
    Intern

    5
    1
    21 ноември 2018
    Машко
    Фала ти другар и ти исто.
     
  12. Baraban

    Baraban
    Intern

    27
    3
    31 oктомври 2012
    Машко
    Сакам да земам самсунг с9+ од ледиком, вреди ли? Дали се стварно нови или?
     
  13. DemoUser

    DemoUser
    On your way to fame

    733
    671
    27 Април 2010
    Машко
    Под нов телефон се подразбира со целофан и самиот телефон во натре да е заштитен со сите целофанчиња што идат е сега ледиком мислам немаат такви телефони неотварани, а за мобеликс лично за мене мојот си беше неотваран непипнат така да тоа си е твој избор кај ќе си ги дадеш паричките.

    Едит : Воедно има една бандерола црна на кутијата која ако е скината значи отварана е и така се познава дали е пипкан или не.
     
  14. Baraban

    Baraban
    Intern

    27
    3
    31 oктомври 2012
    Машко
    Која е разликата меѓу с9+ купен од ледиком и купен од вип т мобиле и т.н
     
  15. DemoUser

    DemoUser
    On your way to fame

    733
    671
    27 Април 2010
    Машко
    @Baraban разликата е од кој пазар доаѓаат дали се со УК полнач или ЕУ полнач и воедно кој попрво ќе добие софтвер упдејт иначе телефоните си се исти, но гаранцијата која доаѓа со телефонот не е иста.Се си има свои ситници кои веќе се објаснети во повеќето од темите отворени на форумот така да ако пролисташ ќе најдеш се но сепак ти си тој кој избира од каде купува и колку пари си спремен да дадеш.
    Пример мојот полнач на ноте 8 е ук па си купив адаптерче да му го направи во ЕУ плуг и тоа е тоа иначе се си е исто и си работи како што треба.
    Цените се драстично различни кога би купил од вип телеком до ледиком мобеликс се си има совое треба да седнеш да прелисташ и да си разгледаш.
    И пак ќе кажам на крај пак ти си тој кој одлучува од кај ќе го купиш телефонот колку и да ти објаснуваме џабе е.
    На форумот има луге кои никогаш не би купиле телефон од ледиком или мобеликс стрикно од вип и телеком ради сметка гаранција и други ситници, но во спротива има луге кои би купиле од мобеликс и ледиком ради тоа што цената е 100 150евра па дури и повеќе зависно од телефонот.
     
    На Speedster му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Baraban

    Baraban
    Intern

    27
    3
    31 oктомври 2012
    Машко
    Па нешто најдов некои викаат дека телефон во кутија со фолија од ледиком бил користен и тоа не ми е јасно затоа прашувам
     
  17. DemoUser

    DemoUser
    On your way to fame

    733
    671
    27 Април 2010
    Машко
    @Baraban пак ќе ти кажам секој има свое мислење некој се презадоволни од ледиком некој од мобеликс треба да си отидеш до продавниците и да си се распрашаш убаво сепак ти си тој кој ги дава парите.Јас да сум на твое место би отишол и би ги прашал тамо убаво се што те интересира.Но не очекувај да ти дадат фискална и 2 години гаранција како што даваат во вип или телеком :)
     
    На Carlos и Speedster им се допаѓа ова.
  18. Baraban

    Baraban
    Intern

    27
    3
    31 oктомври 2012
    Машко
    Гледам и анхоч имаат поефтини цени со дуал сим. Они се исто за ук пазар?
     
  19. DemoUser

    DemoUser
    On your way to fame

    733
    671
    27 Април 2010
    Машко
    @Baraban незнам друже јави се прашај си информирај се и тоа е тоа.
     
  20. Sonic.01

    Sonic.01
    Gaining Experience

    105
    188
    5 Јули 2016
    Во Анхоч имаш неотпакувани телефони освен ако не е последен од излог. Отворени ти се на сите мрежи, едино не се со британски адаптер за во штекер. Башка до утре ти важи акција за гратис мемориска.

    Испратено од HUAWEI P7-L10 преку IT.mk форум апликација
     
    На DaVoRkNe му/ѝ се допаѓа ова.
  21. marick14

    marick14
    Intern

    97
    34
    2 Март 2011
    Од А до Ш се точно кажа. Баш така е кај нив како што ти објасни сега. И многу лош однос имаат со муштериите. На тоа сите се жалат.
    Ние Македонците сме глупи што купуваме од нив и ги полниме со пари и затоа се јаки.

    Него и во Мобеликс не се нешто поарни.
     
    На DaVoRkNe му/ѝ се допаѓа ова.
  22. Baraban

    Baraban
    Intern

    27
    3
    31 oктомври 2012
    Машко
    А Мобиком од битола
     
  23. bxxxn

    bxxxn
    Practice makes perfect

    960
    1,094
    11 Март 2011
    Не знам дали збориш од искуство, но имам купено неколку телефони од Мобеликс и рака на срце секогаш биле доста љубезни. Претпоставувам дека и други си поминале слично. Немам до сега прочитано некое непријатно искуство со нив при пазарење.
     
  24. flashgordon007

    flashgordon007
    Gaining Experience

    461
    497
    15 Септември 2012
    Машко
    И во Хи сторе продаваат телефони отворени, односно без целофан врз кутијата. Има некаква налепница, демек гаранција дека е нов уредот. Тоа го прават, наводно, за да ја стават гаранцијата во кутијата ?!???? Демек гаранцијата неможе да биде дадена на купувачот и надвор од кутијата.... Зошто тоа никој не го спомнува овде?
     
    На Zippo, bLaCk AnArChY, DaVoRkNe и уште 2 други им се допаѓа ова.
  25. marick14

    marick14
    Intern

    97
    34
    2 Март 2011
    Каде се наоѓаат овие HiStore и дали работат само со Шаоми телефони?
     

Сподели

Вчитување...