FLEGMA, aпсолутно си во право, на греење до - 7°С, на ладење до 43°С, затоа и гаси, кога ќе падне температурата нормално работи.
Убаво му пишува на плочката на надворешната ама кој да чита.
Мислењето е автоматски споено:
Еве денес монтирана кај сватот. Под моја контрола монтерите си ја завршија работата како што треба.
Прво сака да стават пократки бакарни цевки, колку преку ѕид да ја поврзат внатрешната и надворешната, демек од 18ката била дебела цевката и тешко се виткала.
Инсистирав да измерат 3метри цевка колку што треба за монтажа и колку што наплаќаат.
Второ барав да стават подолги држачи на надворешната, да има повеќе простор до ѕидот за да има подобра циркулација на воздухот.
Трето барав внатрешната да се спушти и пониско од трегерот, за да има повеќе простор до таванот. Ако беше во рамнина со трегерот горе ќе имаше само 7 цм што е малку, сега има 13 цм.
Еве на крајот како сето тоа изгледа монтирано.
Аирлија нека е. ме бендисуват Haier i мене.
овој модел на Хаиер е доста поефтин и до -25 иде. зашо би избрал овој пд 46к и до -15 само