Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
Уште не.... прогнозите се дека ќе врни викендов Прилеп па може ќе одложам уште некој ден со ладењето....
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.556
19.232
Почнавте со ладење? Како до вчера да греевме :rolleyes:
Јас почнав и тоа заради влагата. Наместена на 24 степени со аутофан на надворешни 30, троши околу 330~350W константно.

Можам да претпоставам LN30 колку ниско знае да спушти (најверојатно до 120~150W)

Да не заборавиме дека двата вентилатора трошат 2x15W = 30W
 
Ceco

lurker
29 септември 2010
650
212
Ceco's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 7600
Motherboard
Asrock B650M PRO RS
Storage
Kingstone KC3000 512GB
PSU
EVGA 650GM
RAM
Kingston Fury Beast Black 16GB (2x8GB) DDR5 5200 CL40
Video card
Sapphire PULSE RADEON RX 6700 XT 12G, 12GB GDDR6
Case
Cooler Master Elite 371
Mouse
Logitech G102 Prodigy
Audio
Logitech X-530 5.1
Monitor
AOC 24G2SPU
Здраво, ако може препорака за клима која ке се користи првенствено за ладење (стан со градско парно) и можеби догревање пред грејна сезона. Салон 25м2 со отворен дел (врата) кон останатиот дел од станот, 10цм стиропор изолација, 6 коморни 3 слојни стакла. Буџет ~500e. Доста пофалби добив за АЕРИ+ моделите конкретно VIVAX ACP-12CH35AERI+ R32 по супер цена од 29.990 ден.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.060
5.993

Не аери. Хаиер Тундра е за таму. Од Вивакс некој без греач.
 
klima fan

lurker
14 јуни 2021
613
342

Vivax Аери + е одличен модел за греење и ладење Ако сакаш клима без греачи тогаш овие модели за ( 25м2 твојот постот )

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.556
19.232
Здраво,во што е поентата дали е без грејач или со грејач?јас ги имам и 2те 3.5 и 5.5 Vivax Aeri.

Sent from my GM1910 using Tapatalk
Генерално не ја брка работата, знае да остане вклучен или да се вклучува кога не треба.
По правило треба да се вклучува под 7 степени а имаше случаи каде што работи и на +12~15 степени и троши околу 70-ина вати
 
Dackomkd86

read-only
11 јуни 2019
20
8
Генерално не ја брка работата, знае да остане вклучен или да се вклучува кога не треба.
По правило треба да се вклучува под 7 степени а имаше случаи каде што работи и на +12~15 степени и троши околу 70-ина вати
Јас ги имам мерено и двете подоле слика од Vivax Aeri 3.5+ 2023 купена зимово, потрошувачката на некој си -2с-3с-4с,ставена на фан 2 и 24с внатрешна во 20м2 соба,оди од 270w до 360w на постигната температура,додека ја постигне троши 450w до 550w така нешто но брзо ја загрева имам добра изолација и пвц прозори,е сега за Vivax Aeri 5.5+ купена 2022 поставена во 42м2 одприлика цело време троши 750w до 850w на постигната температура,поставена на фан 2 на внатрешната 25с,е сега е оваа мое искуство генерално задоволен сум,но оваа не беше зимо за споредба ќе видиме во јако зимо каде Т ке бидат -10с-15с,најверојатно има и подобри клими и поскапи што мислите вие т.с за цената дали vivax aeri 3.5 i 5.5 ja оправдува цената,или за таа цена се добива подобра клима инвертер,секое мислење и искуство ќе ни добре дојде ќе научиме повеќе
77910256e053869a0f8607a0b98cb416.jpg

Sent from my GM1910 using Tapatalk
 
18 август 2019
1.219
1.193
Генерално не ја брка работата, знае да остане вклучен или да се вклучува кога не треба.
По правило треба да се вклучува под 7 степени а имаше случаи каде што работи и на +12~15 степени и троши околу 70-ина вати
Мислам дека треба да вклучува кога температурата ќе падне под 2°.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.556
19.232
Мислам дека треба да вклучува кога температурата ќе падне под 2°.
Јас знам под 0, а и на моиве две клими истите никогаш се немат вклучено над 0 степени.
Или пак јас сум грешка нешто со бројкиве...
Можеби се реферирам на пријавен проблем од жолтиот форум, не се сеќавам. Битно памтам дека на типот му се уклучуваше греачот на релативно висока температура
 
SunnyI

read-only
10 февруари 2023
1
0
Заради лошо искуство со евтина клима, а висока на уруру, даисекаи, лн изборот за оваа година е митцу sf 35 или ap 35. Дали се исплати да се доплатат 9000 денари за поновиот модел mitsubishi ap? Климата ќе се користи примарно за греење
 
Ми останало во сеќавање дека е 2°. Можеби грешам. А можеби разни брендови имаат разлика.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.060
5.993
Заради лошо искуство со евтина клима, а висока на уруру, даисекаи, лн изборот за оваа година е митцу sf 35 или ap 35. Дали се исплати да се доплатат 9000 денари за поновиот модел mitsubishi ap? Климата ќе се користи примарно за греење
Никогаш не се исплати да се доплаќа за "понов" модел, туку само за "подобар" модел.
 
NikolovskiM

hello world
20 април 2019
161
279
Заради лошо искуство со евтина клима, а висока на уруру, даисекаи, лн изборот за оваа година е митцу sf 35 или ap 35. Дали се исплати да се доплатат 9000 денари за поновиот модел mitsubishi ap? Климата ќе се користи примарно за греење
Mitsubishi ap35 беше еден од подобрите модели кога јас правев избор за клима (пред нецела година) и верувам дека уште е така.

Во однос на 'понов' модел, веројатно разликата е само во Wi-Fi модул?
Би било добро да ни пратиш линк од нов и стар модел и да направиме споредба. А, ако е само за Wi-Fi, не се исплати у никој случај. Мене доплатата за истото ми беше околу 90-100еур, ама у тој момент ми беше голем непотребен трошок и еве сега ~година дена подоцна сфаќам дека сѐ уште немам некоја потреба за истото и не би го ставил во блиска иднина. Да е до 2-3000, да, ама 5000-6000, не вреди.

Јас најдов алтернатива за ова со универзално Wi-Fi даљинско (околу 25-30еур од Али, има и поефтини за 10тина еур) што го користам и за други намени и ми е сосем доволно. Имам пишувано конкретно за ова поназад низ темава.
 
zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
Јас почнав и тоа заради влагата. Наместена на 24 степени со аутофан на надворешни 30, троши околу 330~350W константно.

Можам да претпоставам LN30 колку ниско знае да спушти (најверојатно до 120~150W)

Да не заборавиме дека двата вентилатора трошат 2x15W = 30W
~50w најниска модулација во мод ладење кај LN35 моделот, при надворешна ноќна темература околу 20С ама дома сепак имаше потреба да работи климата.
Прошло лето имам јас лично поставувано на форумов и графикони и видеа и све... кој го занима нека пребара мои постови...

Јас најдов алтернатива за ова со универзално Wi-Fi даљинско (околу 25-30еур од Али, има и поефтини за 10тина еур) што го користам и за други намени и ми е сосем доволно. Имам пишувано конкретно за ова поназад низ темава.
Алтернатива да... ама не може да се поедначи со интеграцијата на Мицубиши со нивниот MelCloud.

10-25-30 еур за кинески уред што е далеку од реалибилен...
Ќе си кликнеш ти од мобилниот ама ако не си во истата соба да видиш дека климата реагира појма ќе немаш дал сецнал интернетот и дал фатил сигналот дома и дал се сменило нешто на климата, појма немаш дал сменила да дува топло или ладно... појма немаш дал е воошто уклучена... колку е температурата во собата или пак колку потрошила климата пошо со интеграцијата на MelCloud веќе имаш и таков податок што иако е естимација и не е прецизен како специјален мерач ама сепак...
Да не ја спомињам можноста за поставување на тајмери во колку часот да се вклучи на одреден мод со избрана температура и со кој фан.... повеќекратно во денот.... што е "сајнс-фикшн" споредено со било кој друг конкурент на пазаров... бар беше пред 3 години кога споредував кој бренд штоп опции нуди во софтверот.

Епа се наплаќа и софтверот...
И баш ради луѓе што се сигурни дека не им е потребен wifi адаптерот е ставен како дополнителна опрема.
 
zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
Update: Ги вклучив двете клими вечерва за прв пат за раат да се спие, во спратот ~25С... двете тргнаа со 200-250w и после пола саат двете се стабилизираа испод 100че... LN35 na 60w a AP25 на 82w еве 15тина минути ги следам.... LN-от уште спушта на 56w моментано.
Двете поставени на мод Ладење на 24С и ауто фан... во спрат од куќа отворен раскршен простор од 65м2.
Надвор термометарот вика 22С... 1 часот после полноќ.

Заклучок, новите модели на R32 гас имаат доста пониски минимуми споредено со постарите на R410.

Streamable Video
 
Ceco

lurker
29 септември 2010
650
212
Ceco's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 7600
Motherboard
Asrock B650M PRO RS
Storage
Kingstone KC3000 512GB
PSU
EVGA 650GM
RAM
Kingston Fury Beast Black 16GB (2x8GB) DDR5 5200 CL40
Video card
Sapphire PULSE RADEON RX 6700 XT 12G, 12GB GDDR6
Case
Cooler Master Elite 371
Mouse
Logitech G102 Prodigy
Audio
Logitech X-530 5.1
Monitor
AOC 24G2SPU
Vivax Аери + е одличен модел за греење и ладење Ако сакаш клима без греачи тогаш овие модели за ( 25м2 твојот постот )

Не аери. Хаиер Тундра е за таму. Од Вивакс некој без греач.
Фала многу за одговорите.
Од тоа што прочитав греачот допринесува за надворешната единица во зимниот период на греење. Така да најверојатно не ми е потребен.
Е сеа од предложениве приметив дека HAIER AS35RHBHRA / 1U35YERFRA Revive по супер цена од 26.990 ден. оваа Haier без греач најверојатно би ја избрал, е сега дали има голема разлика со Тундрата и дали се оправдани плус 3000 за истата?
Исто така приметив Бош Инвертер клима уред BOSCH 5000 12000BTU, 3,25kW/3,30kW, R32 клими во Нептун, дали се споредливи со овие од погоре или воопшто да не ги гледам?
Мислењето е автоматски споено:
 
dejanm1712

read-only
30 јуни 2020
12
2
Здраво дечки, ми треба итно препорака за клима оти не се издржва од жешко :) Се работи за отворен простор (дневна, трпезарија, кујна споен со ходник) околу 45 квадрати, на поткровје со кос таван од 3.5м во ходник, до 2.2м висина во трпезарија. Моментално е околу 26-7 степени без клима. Не печи дирек сонце цело време (негде од кај 11-12 до кај 2-3), баш во најжешкото. Климата би била поставена на средина во дневната на висина околу 3м. Буџетот е околу 40к + трошоци за монтажа, ама ако е неопходно можи да се зголеми. Бев во грее и ми го понудија овој модел Charmo Premium GWH18ATDXB-K6DNA1A - Грее еПродавница (gree.com.mk). Читав некои лоши коментари за грее тука на форумот, па добро би дошло да посочи некој што е проблемот и да понуди алтернатива. Инаку вака ми изгледаат многу релајабл пошто дават 10 години гаранција (не прашав дали е условна).

Исто така ми треба совет доколку земам две клими (една за во спална) дали да земам втора клима или да размислувам за мулти сплит? Надворешната единица ќе одговара бидеќи ќе биде меѓу дневната и спалната. Спалната е 8кв.
 
Последна промена:

zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
8м2 е премала соба за клима особено спална... ја би ставил втора клима во ходник или друга соба па со отворени врати да се лади по малку и спалната.

Не знам што модел е Charmo, ама за ладење скоро се би ти збркало работа.
Ако одиш со Грее види го моделот AMBER PREMIUM+ GWH18YDXF... бар има еуровент сертификат па знаеш што добиваш.
 
dejanm1712

read-only
30 јуни 2020
12
2
Како работна соба ја користам таа, инаку најверојатно нема да ставам воопшто ќе видам како ќе биде со оваа во дневната прво. Ќе ја разгледам таа што ми ја кажа, инаку според некоја пресметка што ја правеа таму најверојатно ќе треба 5.5kw, па затоа ми го понуди тој модел. Од амбер премиум+ 5.5kw е далеку над буџетот, така да ако задоволва 3.5кв можи ќе одам со тој модел.
Ако има некој друг било какво искуство со Gree како марка слободно нека пише.
 
klima fan

lurker
14 јуни 2021
613
342
Фала многу за одговорите.
Од тоа што прочитав греачот допринесува за надворешната единица во зимниот период на греење. Така да најверојатно не ми е потребен.
Е сеа од предложениве приметив дека HAIER AS35RHBHRA / 1U35YERFRA Revive по супер цена од 26.990 ден. оваа Haier без греач најверојатно би ја избрал, е сега дали има голема разлика со Тундрата и дали се оправдани плус 3000 за истата?
Исто така приметив Бош Инвертер клима уред BOSCH 5000 12000BTU, 3,25kW/3,30kW, R32 клими во Нептун, дали се споредливи со овие од погоре или воопшто да не ги гледам?
Мислењето е автоматски споено:
Бош климата не би ти ја препорачал подобар избор од Бош е Хаиер
Ако имаш буџет слободно земи Хаиер Тундра докажан модел Еве споредба на Хаиер Тундра и Ревиве моделите Тиндра Хаиер е помокна клима

Како работна соба ја користам таа, инаку најверојатно нема да ставам воопшто ќе видам како ќе биде со оваа во дневната прво. Ќе ја разгледам таа што ми ја кажа, инаку според некоја пресметка што ја правеа таму најверојатно ќе треба 5.5kw, па затоа ми го понуди тој модел. Од амбер премиум+ 5.5kw е далеку над буџетот, така да ако задоволва 3.5кв можи ќе одам со тој модел.
Ако има некој друг било какво искуство со Gree како марка слободно нека пише.

Земи 5.5кв Вивакс Аери + Хаиер Тундра или Аукс

Грее не би ти препорачал од лично искуство висока модулација ( потрошувачка ) чести он-офф циклуси
 
  • ми се допаѓа
Реакции: Ceco

Aleksandar!

lurker
29 јули 2010
549
175
Здраво дечки .
Кое средство за чистење на внатрешна единица на клима уред го препорачувате?
Знам дека има пишувано назад на темава но неможам да најдам.
Почна сезоната на ладење и кога ја пуштам климата има некој слаб мирис , кога си внатре цело време не се осеќа, но да излезеш од соба и да се вратиш по некое време се осеќа .

Испратено од SM-G780F преку IT.mk форум апликација
 
Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв