Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Откако е вклучена климата (Mitsubishi HR25) во поголемата соба дневната потрошувачка се движи 2.8-3.2kw, ноќеска за 7 часа работа (00:00 - 07:00) според мерачот вика дека потрошила 3.08kw. Во другата соба иста клима потрошила 0.78kw, што е горе доле досегашен просек на двете клими (0.7-1kw).

Се штракнал мерачот или се штркнала климата? Сте имале вакви отстапки на Smart Lifе (Tuya) мерачите или на некоја клима?
Тешко дека потрошила 0.7кв за 7 саати, посебно сношти кога температурата беше под 7 степени, мада може ако имаш многу добра изолација. Еве како е кај мене
Screenshot_20221205_074916_Shelly.jpg

3.5kw во дневната, грее 40 квадрати и сеуште пуштам една клима од мултисплитот ја грее собата брз проблем. За 7 саати потрошила 4.07kw синоќа

Screenshot_20221205_074928_Shelly.jpg
Ова е во спалната HR35 грее 17 квадрати отприлика. Потрошила 1.5kw за 7 часа.
 
Последна промена:

fis1976

lurker
15 март 2016
674
1.298
Скопје
@Скоти

Од прв ден до сега климата во малата соба (се работи за соба од 12 м2) има потрошувачка од 2.6kw - 4kw (последниве 3 дена е околу 3.5kw) така да многу е пореално дека таа потрошила 0.8kw за 7 часа отколку другава преку 3kw.

Сум направил превид, имам напишано дека откако е вклучена климата (Mitsubishi HR25) во поголемата соба дневната потрошувачка се движи 2.8-3.2kw (сонлив уште, ј*бига :) ) , потрошувачката во поголематa соба е 3.2kw - 3.8kw (3.2kw само еден ден, обично е околу 3.6kw). Во малата е таа 2.6kw - 4kw, 2.6kw бил минимумот на почеток на Ноември. За 25 дена во Ноември потрошувачката е 71kw).
 
28 јануари 2017
2.055
4.713
Ресен
После читање на 3-4 форуми меѓу кои и Гри тхе бест форумот, си оформив слика дека Мицубиши се горе долу најквалитетни ако не се важни толку средствата (можеби грешам).

Превртена цела Македонија да најдам Mitsubishi 5.5 средна класа без разлика дали Електрик или Тешка Индустрија, одкако еднаш ми потврдија дека ја има па таман кога требаше да стигни ја одкажаа, зедов Тошиба, 6ка ваљда треба да е оваа: Shorai Premium RAS-B22J2KVRG-E.

Премногу е топло да и направам било каков тест во 50m2 со 8ца стиропор и солидна дограма но ме радува тоа што може да се подеси на 50/75/100% сила (според упатството демек му го продолжува векот на компресорот)

Најниско што видов да работи е на 180W (макс 2050W) и е прилично тивка како надворешната така и внатрешната.

Нека залади малку па ќе приложам месечни резултати од потрошувачка, ќе работи 24/7.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
си оформив слика дека Мицубиши се горе долу најквалитетни

Го навлече гневот на невидливата Гри агентура која ќе ти објасни дека djabe kupuvs japanci gree se nadobri za parite pozzz

Со здравје да ја служиш. Ако имаш мерач баш ме интересира како функционираат тие опции за ограничување на снагата.
 
28 јануари 2017
2.055
4.713
Ресен
Го навлече гневот на невидливата Гри агентура која ќе ти објасни дека djabe kupuvs japanci gree se nadobri za parite pozzz

Со здравје да ја служиш. Ако имаш мерач баш ме интересира како функционираат тие опции за ограничување на снагата.
Ја наместив на 30 степени фан на максимум и на 50% не крена повеќе од 1 киловат.
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Мислам дека воопшто не си згрешил. Напротив изборот во глава ми беше шораи еџ 18ка кога рече дека немало Мицубиши. И ете тоа и ти си избрал. Врвен избор.

Е сега не е се до климата, дел е до позицијата, навиките, тоа ќе си научиш полека со време.

Не се замарај толку со ограничувањето, па и на самошто ставена клима. Таа има век 20-40 години, башка кај тебе ќе е на минимум 90% од времето, та животот ќе и го продолжуваш. Остави ја на нормална работа, да ја осетиш правилно како што ја замислиле. Највеќе ми е да не и ограничи сила и издувот да не е доволно врел - и некоја понежна половина може да изреагира или да добие впечаток погрешен. И тој впечаток тешко се оправа.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
Ја наместив на 30 степени фан на максимум и на 50% не крена повеќе од 1 киловат.
Сеуште е топло за да крева. И да ја наместиш на 100% повторно нема да ја развие целосната снага
Треба пониски температури од овие сега. +7 се идеална температура за климите
 
28 јануари 2017
2.055
4.713
Ресен
Сеуште е топло за да крева. И да ја наместиш на 100% повторно нема да ја развие целосната снага
Треба пониски температури од овие сега. +7 се идеална температура за климите
Прав си, на собна 22C не можев да ја натерам повеќе од 1200W да троши.
Одкако ја монтираа разотворено сегде, 15C, тогаш видов дека крева до декларираните 2 киловати и дека ограничувањето на сила работи на тој начин.

Од 22:30 до 05:30 на зададени 19C (Ресен минимална беше 5 според термометар) има потрошено 470W, работи некое време од 170-250W и после тоа се крева до пола вратничката, 7-10W и има проток на воздух.

Мислам дека е попаметно додека не дојде 0C да ја гасам на вечер.
 
Последна промена:

mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Зошто би ја гасел вечер, кога е ефтина нетарифна струја, за да ги надополниш после тие исти киловати преку ден на скапа?
 
28 јануари 2017
2.055
4.713
Ресен
Зошто би ја гасел вечер, кога е ефтина нетарифна струја, за да ги надополниш после тие исти киловати преку ден на скапа?
Да не работи за џабе, ионака е он/офф повеќе него со модулација. Од 5:30 до 7 (наместена автоматски да се пушта) е повеќе од доволно време да ја стопли просторијата, засега, кога ќе е поладно ќе видиме.
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Да не работи за џабе, ионака е он/офф повеќе него со модулација. Од 5:30 до 7 (наместена автоматски да се пушта) е повеќе од доволно време да ја стопли просторијата, засега, кога ќе е поладно ќе видиме.
Штом можело барем 5:30 да се пали сама, е колку толку подобро. Има неделен тајмер значи? Мене тоа ми е многу корисна работа.
 
28 јануари 2017
2.055
4.713
Ресен
Засега замерка имам за температурата, морам да наместам пример на деличинското 24C за да ми одржува 21, ништо страшно.

Првата брзина е гласна за мој стандард (има 5 + 2 тивки на ауто и тивко-ауто)

Кога ќе е наместен на ауто фенот и модулира од 300-500W е одлична, потивка од прва брзина, а падни под 300 тогаш уште поспоро врти но се јавува некој кликинг звук од перката, страшно ме нервира.

Да ја испробам месец дена во малку поладно и ќе пишам една рецензија заедно со потрошувачка, температури итн.
 
Последна промена:

Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Засега замерка имам за температурата, морам да наместам пример на деличинското 24C за да ми одржува 21, ништо страшно.

Првата брзина е гласна за мој стандард (има 5 + 2 тивки на ауто и тивко-ауто)

Кога ќе е наместен на ауто фенот и модулира од 300-500W е одлична, потивка од прва брзина, а падни под 300 тогаш уште поспоро врти но се јавува некој кликинг звук од перката, страшно ме нервира.

Да ја испробам месец дена во малку поладно и ќе пишам една рецензија заедно со потрошувачка, температури итн.
Ќе се навикнеш на сите звуци и од перката и од вентилаторот само треба малце време. Јас месец дена спијам со клима во спална на 2/4 фан наместена на 20 степени и не ја ни слушам воопшто.
Иначе што поголем фан тоа подобро, пошто е високоѕидна единица, ќе ти треба посилен фан да го турка воздухот надолу, јер топол воздух оди нагоре, е сеа 22ка е твојата, веројатно е малце побучна ама ќе си се навикнеш со време.
 
18 август 2019
1.212
1.181
Засега замерка имам за температурата, морам да наместам пример на деличинското 24C за да ми одржува 21, ништо страшно.
Постои опција, барем кај некои модели, да се изврши температурна корекција. Ама мислам дека нема потреба. Проблемот си го решил со поставање на повисока температура.
 
18 август 2019
1.212
1.181
Не можам да се сетам како се врши ресетирање на климатизер. Постои опција со исклучување од напон, потоа се вклучува и со некои копчиња од далечинскиот се врши ресетирање.

Му останало ли некому во сеќавање?
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
Не можам да се сетам како се врши ресетирање на климатизер. Постои опција со исклучување од напон, потоа се вклучува и со некои копчиња од далечинскиот се врши ресетирање.

Му останало ли некому во сеќавање?
Ја вадиш од штекер, ја оставаш да седи едно 5 минути, ги вадиш батериите од даљинско, ги ставаш и го ресетираш даљинското (ако има такво мини дугме)

Потоа ја уклучуваш во штекер, ја чекаш да ги заврши сите фори со калубрација на перката за издув или едноставно чекаш едно 30 секунди до минута и потоа ја пушташ од даљинско. Тоа сега ќе биде наместено на обичен вентилатор.
(не заборавај да си го наместиш часовникот заради тајмерот)

Потоа го менуваш модот во топлење и тераш работа (на компресорот му требаат околу 3 минути откако ќе му смениш начин на работа)
 

8357boki

read-only
18 декември 2021
40
82
Mitsubishi heavy ind. SRC50ZS-W монтираната во дневна соба со трпезарија и кујна (32 квадрати на западна страна), отворена врата према ходник (8 квадрати) кој се поврзува со спална (12 квадрати на северна страна) во која е Mitsubishi electric HR25VF - висина на плафон 2,8 метри, пвц прозори и надворешна изолација од 10 cm.

SRC50ZS oд 1 часот поврзан со Home Assistant подесен на 24 степени и 2 брзина. Денешната температура според термометарот на терасата кај што ми се наоѓа надворешната покажува од - 4,9 до + 7,3 степени. Внатрешниот термометар позициониран на околу 5 метри од климата цело време покажува од 23,5 до 24 степени.

До 7 часот се движела од 421 до 550 W ( просек 475 W ). Во 7 часот беше најстудено во Штип -3.9 според УХМР.
5 do 7.jpg



od 1 do 7h 24step i 2brz.jpg


Овој начин на работа бил до кај 11 часот кога потрошувачката се спуштила и била порамномерна.

od 6.30 do 15.30 24st 2 brzina.jpg


Во 17:21 часот за промена на 24 степени од 2 брзина ја ставив во 3 брзина.
15.30 do 18 24st 2 brzina.jpg

od 17.21 do 2017 24st i 3br.jpg


Самата апликација на уредот ТАПО 110 исто прикажува графикон и бележи податоци на секои 5 минути, додека самиот уред праќа сигнал на секои 5 секунди.
320746991_456124373199738_173620268652392434_n.jpg


Во однос на потрошувачката до овој момент е со просек 0,454 KWh:
320075686_546922293984565_5108356005835285967_n.jpg

Од 7 до 8 часот кога било најстудено потрошила:
320797540_677065953895648_4316227461921759289_n.jpg


Од 15 до 16 часот кога беше најтопло потрошила:
320185881_755288606015918_947505255724219457_n.jpg


Во 20:20 часот од 24 степени и 3 брзина ја подесив на 26 степени и 2 брзина па ќе видам до после што ќе покаже.


Помалата клима HR25VF во спална (подесена на 22 степени и 2 брзина) до 7 часот потрошила 1,58 KWh:
319722054_860896404954510_8036305260155777905_n.jpg
 

viktorf

read-only
27 февруари 2022
5
0
Здраво дечки, ме интересира да не знае некој каде можам да најдам вакви канали за клима?

1671777792492.png
 

NikolovskiM

hello world
20 април 2019
161
279
После доста долго време, конечно дојде ред и ја да се пофалам. Неколку од вас кои се сеќаваат, знаат за двоумењето за избор на клима кое го имав, кое на кратко, се сведе на:
  • Mitsubishi AP35 (~70-72k со WiFi)
  • Toshiba Daiseikai 13 (~79k)
  • Toshiba Haori 13 (~71k со WiFi)
  • Toshiba Shorai Edge (~59k)
  • Mitsubishi LN25 (~84k)
  • Toshiba Daiseikai 10 (~73k)
  • Haier Flexis Plus или Flair Plus Breeze (~41-44k)
После долго размислување, се одлучив за Toshiba Daiseikai 13, како најдобар однос цена-квалитет во тој момент.
  1. Haier-oт најпрви отпаднаа од изборот бидејќи се решив да идам со нешто јапонско (иако топло би ги препорачал на некој кој сака поефтина варијанта, имаат одлични податоци на Eurovent);
  2. Наредно отпаднаа 10ките односно 2иполките: Daiseikai 10 и LN25. После муабет со неколку луѓе, сфатив дека за мојот простор сепак ќе се премали, освен ако у старт не се стави уште една клима у спална, што не ми беше у план за оваа година;
  3. Останаа 3те 13ки Тошиби и AP35. За Mitsubishi-то имав позитивни искуства од близок, за Toshiba еден пријател-монтер одамна го врти муабетот „Со Тошиба немаш промашај", така што знаев дека што и да изберам, нема да згрешам. Следно отпадна Haori-то бидејќи сфатив дека разликата помеѓу неа и Edge-от е pretty much дизајнот и WiFi-то, а за тоа не ми се даваа 12к :rolleyes:;
  4. На крај, отпадна и Edge-от, како најслаба од овие 3те што останаа и заради ризикот дали ќе биде доволна за мојот простор;
  5. Помеѓу AP35 и Daiseikai 13, најдбар аргумент за Daiseikai ми беше што добивам сепак доста појака машина за многу малку разлика, па така и победи таа.

Коечно, ја пазарив за 78.800 од AirCon, со монтажа вкупно околу 85.000. Со дечките од AirCon имам само позитивно искуства. На почеток ми беше чудно што фирмата им се наоѓа у куќа, немаат изложбен салон и сл., дури ми беше и малце ризик, ама разликата у цена од таму до други фирми беше голема, особено за Daiseikai-то. Си напраивме убав муабет, се договоривме за плаќање и монтажа и после недела дена, климата беше монтирана.

Сето ова се дешаваше негде почеток на ноември. Според договорот, дојдоа дечките за монтажа, кои не беа од AirCon туку имаа као соработка со нив, уредно ја монтираа климата, у главно беа педантни и внимателно работеа. Се договоривме за локацијата на монтажа, почнаа со бушење и за 2ипол саати, се беше готово :)

1671790292395.jpg
1671790292360.jpg
1671790292325.jpg 1671790292299.jpg
1671790292265.jpg

Првата помисла коа ги видов кутиите од климата, а потоа и единиците, ми беше: огромни се. И стварно е така. Надворешната единица одвај се смести во просторот (за жал таа ми беше единствена локација за монтажа). Внатрешната е огромна, голема и дебела, може да кажам со 20% поголема од Edge-от на пример. Од тука, ако можам на кратко да ги сумирам реакциите за климава, би ми биле:
  • Pros: Климава е чудовиште.
  • Cons: Климава е чудовиште.

А сега малку поопширно за првите впечатоци после околу месец-ипол користење:

НЕГАТИВНО
Cons-от мислам дека е јасен, чудовиште е ради димензиите. Други забелешки што би ги додал е дека пластиката не е најквалитетно изработена, односно дека има некои процепи/споеви кои не се еднакви на едната и другата страна, кога перката е целосно затворена, на едната страна е залепена, а на другата има простор 1-2mm (ова е веројатно така пошо пластиката е мека, а моторче за движење на истата има само на едната страна). Искрено овие на почеток мн. ми бодеа очи и ептен се изнервирав коа видов, не го очекував тоа у клима од 80к, ама после престанав да ги примеќам.
Друга негативна забелешка ми е што повремено се појавува некој тивок звук, мислиш внатрешната перка закачува на нешто. Ова е особено изразено во прва брзина (од 5), а мене веројатно и толку ми смета бидејќи ми е близу кајшто седам, веднаш над гарнитурата, на висина од околу 2м од подот. Овој звук на почеток беше погласен и почест, со тек на време се поретко го има. Во меѓувреме се слушнав со AirCon, вработената таму ми кажа да „уживам“ пошо секако климата ми е под гаранција и ако има нешто ќе се договориме кога да се однесе на сервис и да се смени (у смисол да не е у сред грејна сезона), ама ми посочи дека е можно да е така пошо климата е уште нова и неразработена. За секој случај дојде и екипа да провери каков е звукот и дали треба итно да се интервенира, ама констатираа дека е нормално.

ПОЗИТИВНО
Како што кажав и погоре, климава е чудовиште. На почеток кога ми ја монтираа, ко за беља се погоди топло време едно 10-15 дена па немав прилика добро да ја истестирам климата. У старт ја уклучив на 22 степени и ја остаив да работи нонстоп. Генерално си работеше постојано преку вечер, а преку ден сама се гасеше. Преку ден се гасеше коа ќе дојде околу 24 во соба. Тоа обично беше околу 11-12 пладне, па после тоа си се палеше околу 5, коа ќе залади малце. На почеток загревав 51m2 и успешно ги загреваше. Се работи за дневна+трпезарија+кујна (отворен простор), претсобје, WC и спална. Во отворениот простор, кајшто е климата, температурата цело време се движи околу 23.5 во дневна и трпезарија, а 23 во кујна. Во другите простории, температурата е околу 21 во поладните денови и 22 во потоплите.
На почеток замислата ми беше да се загрева овој простор во потоплите денови, а кога ќе залади, да се уклучи греалица или панел во спалната како појачување. Е сеа, овие планови беа пред да сфатам какво чудовиште сум зел. У реалност, коа беше потопло, греев 51 квадрат, пошо една соба од 9 квадрати у тој момент не се користеше, а секако не беше многу ладна (околу 21 степен). Арно ама, баш коа залади (крај на ноември), почнавме да ја користиме и таа соба, па така, место да ја намалиме површината за загревање, ја зголемивме и сеа стана 60m2. На почеток мислев дека е нереало и дека нема да има моќност да загрее и така и беше. Климата почна во дневната да загрева одвај до 22-22.5 степени и бев као, океј, и го видов максимумот :ROFLMAO:. После кратко, сфатив дека сум ја ограничил работата на надворешната единица на 50% :sneaky: Кога ја појачав на 75%, климата почна да си работи како ништо да не и е, за кратко постигна 23.5 степени у дневна и имав чуство ко да сака да ми каже: дај уште за греење :ROFLMAO: Од тогаш, се грее целата површина од 60m2, без никаков проблем (патем уште не сум ја стаил на 100% надворешната, ја варирам од 50% во потопли периоди до 75% во поладни како што се последниве 3-4 дена), температурите во собите ми се слични како погоре:
  • ~23.5 просек во дневна и трпезарија (генерално варира од 23.1 до 23.7)
  • ~23 просек кујна и претсобје
  • ~21-22 просек спална и работна соба
За сега стварно не можам ништо друго да кажам освен дека сум презадоволен и дека сум го направил вистинскиот избор. Моќноста на климава е топ, потрошувачката топ, цената (според мене) топ. Исто така треба да се забележи и дека климава изглеа убаво у споредба со други клими, не е ко LN25/35 или Haori (кои за мене имаат врвни дизајни), ама е сосем убава како за клима со „обичен“ дизајн.

Толку од мене за сега, во некој нареден пост повеќе за потрошувачката и некои такви статистики. Истата ја мерев од прв ден со Tapo P110, во меѓувреме ми стасаа и две Shelly PM1 Plus, исто така во меѓувреме малце си поиграв со Home Assistant и така. Ама за се ова во некој нареден пост :)
 
28 јануари 2017
2.055
4.713
Ресен
Друга негативна забелешка ми е што повремено се појавува некој тивок звук, мислиш внатрешната перка закачува на нешто. Ова е особено изразено во прва брзина (од 5)
Со здравје да си ја работиш.

Истата ситуација и кај мене на Shorai Edge али не на прва брзина туку на ауто која е поспора од 1ва. После недела дена работење се изгуби звукот.
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.788
5.507
Толку од мене за сега, во некој нареден пост повеќе за потрошувачката и некои такви статистики. Истата ја мерев од прв ден со Tapo P110, во меѓувреме ми стасаа и две Shelly PM1 Plus, исто така во меѓувреме малце си поиграв со Home Assistant и така. Ама за се ова во некој нареден пост :)
Се најарно си напраил, само едно не ми е јасно. Оти не зема и ВиФи за неа? Па да си следиш и местиш сѐ, директно да си поврзеш у HA, и слично? На таа цена и класа зар не треба по дифолт бе веќе да одат со вградено вифи климиве?
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно