Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Мегават за јануар во куќа е најнормална работа. 2 клими, 2 болјери, шпоре, мегават ипол си ги тепа ко од шала. Со термо печка 3 мегавати само за греење. Ама сега ние што се грееме на струја не ставаат во групата на криптокопачи и ќе плаќаме најскапа струја, а тие што се на ќумбе и така трошеа 1000 денари за сијалици, сега ќе плаќаат 950.
Инфлацијата веќе е над 100% и оди нагоре.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.790
5.509

Јас знам и 2МВч+ што трошат месечно. На едно броило 13 души... Епа нормално.
Поделете си броилата, спратовите, куќите....
 
18 август 2019
1.219
1.193
Ова е 630 само за на скапата тарифа. Во Србија незнам дали е така или за целата тарифа?
За тие со добра изолација ќе е уште поефтино греење на инвертери од што беше до сега. А за останатите ќе биде слично со оглед на тоа што во Јануари и Февруари ќе се качат сметките, а во останатите месеци ќе се малку пониски.
На кој основ би било поевтино греењето? Ќе се намали ли цената за оние што трошат малку или нешто друго е во прашање?

Едно прашање:
Имам два стана, куќа во село, викендица... Посебно ли ќе се пресметува за секое броило или сите (киловати) ќе бидат на куп?
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.232

Се посебно
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.060
5.993

Па првите две тарифи ќе се поефтини. Ако влезеш во трета таа се анулира со поефтината прва.
 
18 август 2019
1.219
1.193
Па првите две тарифи ќе се поефтини. Ако влезеш во трета таа се анулира со поефтината прва.
Бројки од ракав:
Сега цената е 8 денари. Ќе биде ли првата тарифа 7 денари? Втората 7,5 денари?
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.060
5.993
Бројки од ракав:
Сега цената е 8 денари. Ќе биде ли првата тарифа 7 денари? Втората 7,5 денари?
Грубо 1 тарифа ќе е околу 10% поефтина, втора 5% трета ќе е 5% поскапа и четврта 50% поскапа.

Со тоа што независно од оваа тарифа ќе си има поскапување. Ддв ќе се врати на 18%, и киловат час ќе рипне 20%. Ова не знаеме кога, ама ќе биде годинава веројатно, затоа што не може вечно да е испод пазарна цена струјата. Тоа ќе има ефект врз сите тарифи, кои и да се.
 
DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Грубо, ако си во куќа и се грееш на струја ќе бидеш во 4та тарифа, како криптоикопач криминалец.

Јас знам и 2МВч+ што трошат месечно. На едно броило 13 души... Епа нормално.
Поделете си броилата, спратовите, куќите....

Jaс сам (двајца) во куќа трошев по 2MB струја уште пред 10 тина години, стави термо печка во едната соба, клима во другата. Термото акумулира цела вечер и после 4 саати дување се испразнила целосно, па мора пак да ја пуштиш да полни на скапа но подобро е да уклучиш греалки од по 1-2KW на 1 метар од тебе. Полна цигла со нова дограма.

За разлика од куќа, во стан таа термо печка држи топлo цел ден. Кој што не живеел во ладна куќа, која не е лепенка од ниедна страна, не знае колку пати е поладна куќата од станот, замрзнува WC-то, бојлер мора да работи 24/7 , собите паѓаат и од 0 степени без греење.

СКопјани кои живеат во дебели станови градени од Тито, со исклучено парно, без проблем минуваат зимо на 18 степени без греење, немаат допирна точка со реалноста и ладот.

Куќата никогаш вистински не се стоплува, изгаси клима или ќумбе, после 1 саат температурата паѓа од 24 на 14 степени, после 24 часа на 6 степени. Затоа греењето не смее никогаш да се исклучува.
 
Последна промена:

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.790
5.509
Грубо, ако си во куќа и се грееш на струја ќе бидеш во 4та тарифа, како криптоикопач криминалец.

Jaс сам (двајца) во куќа трошев по 2MB струја уште пред 10 тина години, стави термо печка во едната соба, клима во другата. Термото акумулира цела вечер и после 4 саати дување се испразнила целосно, па мора пак да ја пуштиш да полни на скапа но подобро е да уклучиш греалки од по 1-2KW на 1 метар од тебе. Полна цигла со нова дограма.

За разлика од куќа, во стан таа термо печка држи топлo цел ден. Кој што не живеел во ладна куќа, која не е лепенка од ниедна страна, не знае колку пати е поладна куќата од станот, замрзнува WC-то, бојлер мора да работи 24/7 , собите паѓаат и од 0 степени без греење.

СКопјани кои живеат во дебели станови градени од Тито, со исклучено парно, без проблем минуваат зимо на 18 степени без греење, немаат допирна точка со реалноста и ладот.

Куќата никогаш вистински не се стоплува, изгаси клима или ќумбе, после 1 саат температурата паѓа од 24 на 14 степени, после 24 часа на 6 степени. Затоа греењето не смее никогаш да се исклучува.
Извини, колкава е таа куќа за 2ца што кај што трошиш 2МВата. Да прашам еве по комшииве и пријателиве по куќи колкави им се сметките. Строго ќе барам со 4 надворешни отворени страни не лепенки не бутур.

Sent from my Телефон using Tapatalk
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346

Јас зимава имав потрошено за 34 дена 1500kw, во стан а греени беа 78 квадрати, 2ца луѓе.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.232
Ако не зголемат на 800 кW (а тоа ќе е апсолутен минимум) сметките ќе бидат страшни. Да не кажам драматични.

Во ситуација кога сеуште нема валиден закон за откуп на струја (од електро волтаици), со драматично ниски примања (при што не седат сите во Скопје за да имаат централно греење), со акции „врати ќумбе, земи клима“ ова ќе биде страшно.

И неминовно е враќање на дрва. Бидете сигурни во тоа и бидете среќни ако се горат само дрва.
Толку има Флегма да ви кажит.
 
18 август 2019
1.219
1.193
Ако не сум разбрал погрешно, лимитот е 540 киловати, не е 630. Ова затоа што сметките ќе бидат за 35 дена... :(
 
8357boki

read-only
18 декември 2021
40
82

Еве ги границите како ќе бидат зависно на колку дена ќе биде читањето. Во понеделникот регулаторна објавија презентација.
 
Атачменти

  • Screenshot_20220608-175639_Adobe Acrobat.jpg
    Screenshot_20220608-175639_Adobe Acrobat.jpg
    852,7 KB · Прегледи: 77

8357boki

read-only
18 декември 2021
40
82
Претходната недела начекав двојна акција (попуст од 39 000 на 33 900 ден ) во риверсофт и купив MSZ-HR25VF за во спална соба како помошна на главната. Денес бев да си ја земам и приметив надворешната е MUZ-AP25VG. По некоја моја логика претпоставував дека надворешната ќе биде MUZ-HR25... Го прашав продавачот да не е некоја грешка, ми рече не, дека е таа надворешна единица. Некој поискусен да ми каже дали се компатибилни една со друга ?
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.232
Некој поискусен да ми каже дали се компатибилни една со друга ?
Ознаката треба да биде MSZ/MUZ-HR25VF

MSZ-HR25VF
MUZ-HR25VF

Погрешна клима ти дале тие билмезите. Рекламирај
 
Последна промена:

DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Извини, колкава е таа куќа за 2ца што кај што трошиш 2МВата. Да прашам еве по комшииве и пријателиве по куќи колкави им се сметките. Строго ќе барам со 4 надворешни отворени страни не лепенки не бутур.

Sent from my Телефон using Tapatalk

Обична куќа од 80м2 во која дневната соба е на северна страна и има многу прозори. Ако те интересира повеќе пресели се во куќа со полна цигла, ќе искусиш сам. Имам живеано и во 2 стана и истите се неспоредливо потопли, ама неспоредливо. Имам впечаток дека никогаш не си живеел во куќа. Инаку куќа многу тешко да стоплиш на струја, затоа историски луѓето горат ќумбиња и ден денес горат дрва околу 90%, затоа е пресметката дека 90% од фамиилите кои плаќаат околу 1000 денари сметка за струја ќе плаќаат сега 970. Тоа е доволно за кафе да свариш, не можеш ни ручек да направиш со тие киловати. Секојдневно готвење ручек и бојлер, машина за перење 2-3 пати неделно, и клима за ладење минимално, во лето трошат 3-4000 денари.
 
zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
Претходната недела начекав двојна акција (попуст од 39 000 на 33 900 ден ) во риверсофт и купив MSZ-HR25VF за во спална соба како помошна на главната. Денес бев да си ја земам и приметив надворешната е MUZ-AP25VG. По некоја моја логика претпоставував дека надворешната ќе биде MUZ-HR25... Го прашав продавачот да не е некоја грешка, ми рече не, дека е таа надворешна единица. Некој поискусен да ми каже дали се компатибилни една со друга ?

Ознаката треба да биде MSZ/MUZ-HR25VF

MSZ-HR25VF
MUZ-HR25VF

Погрешна клима ти дале тие билмезите. Рекламирај

Остај нека не рекламира.... AP25 e доста подобра и е 50.000 денари...
А внатрешната што модел е? MSZ-HR25? Или MSZ-AP25?

Ако и внатрешната е AP и си ја платил само 34.000.... јас би ти рекол заеби гаранција и заеби рекламирање :p
 
8357boki

read-only
18 декември 2021
40
82
Остај нека не рекламира.... AP25 e доста подобра и е 50.000 денари...
А внатрешната што модел е? MSZ-HR25? Или MSZ-AP25?

Ако и внатрешната е AP и си ја платил само 34.000.... јас би ти рекол заеби гаранција и заеби рекламирање :p
Внатрешната е HR25, а надворешната AP25. И јас приметив дека AP се поскапи и со тоа сметам поквалитетни.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.232
Остај нека не рекламира.... AP25 e доста подобра и е 50.000 денари...
А внатрешната што модел е? MSZ-HR25? Или MSZ-AP25?

Ако и внатрешната е AP и си ја платил само 34.000.... јас би ти рекол заеби гаранција и заеби рекламирање :p
Не е коректно ниту пак поштено. Некој грев ќе скапи од работа да надокнади па ќе го шутнат.

И крај краева не се компатибилни. Можеби ќе се случи да работат ама ќе биде waste
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.060
5.993
Обична куќа од 80м2 во која дневната соба е на северна страна и има многу прозори. Ако те интересира повеќе пресели се во куќа со полна цигла, ќе искусиш сам. Имам живеано и во 2 стана и истите се неспоредливо потопли, ама неспоредливо. Имам впечаток дека никогаш не си живеел во куќа. Инаку куќа многу тешко да стоплиш на струја, затоа историски луѓето горат ќумбиња и ден денес горат дрва околу 90%, затоа е пресметката дека 90% од фамиилите кои плаќаат околу 1000 денари сметка за струја ќе плаќаат сега 970. Тоа е доволно за кафе да свариш, не можеш ни ручек да направиш со тие киловати. Секојдневно готвење ручек и бојлер, машина за перење 2-3 пати неделно, и клима за ладење минимално, во лето трошат 3-4000 денари.
Зошто не ставите изолација?
 
  • ми се допаѓа
Реакции: marv

Да во право си, не сум живеел затоа и прашав за колакаво што се работи за да се распрашам. Инаку 95м2 стан, на 7ми, отворен од 3 страни со едно чудо прозори, 4ца (од кои 2ца тинејџери), бојлери, машини (перење, сушење, садови), 2 фрижидери, шпорет (горниот дел на плин), и зилијарда електронски уреди (3ТВ, ПЦ х2, Лаптоп х2, ПС4, да не редам нели....), 2 клими за ладење највеќе (и меѓу сезона за пригревање), еве сега гледам сметки никад не ми била у задњава година над 3300 најголемата (630КВ) у просек сум околу 2400 (400-420КВ). Е сега се пази малку тоа ефтина/скупа кај што се може (најголемиот дел е автоматизиран). Греење на парно.

Е сега еве правевме математика со колегата. Се исто он само спрат од куќа, 4 страни отворена (прозори по нишан, фасада термо изолирана), он е на 2 спрат високо поткровје (3,8м има у центар на слеме). Да има сметки со по 1500КВ у најладното (грее и со клима и со подно парно), летно време исто како кај мене. просек годишно (собиравме сега според ЕВН) он има 4450ден сметка просечна. Јас 2560ден, АМАААААА +3500ден парно секој месец. Значи кај мене месечно е 6000ден. И сега кој да се жали :)
Мислењето е автоматски споено:

Јас зимава имав потрошено за 34 дена 1500kw, во стан а греени беа 78 квадрати, 2ца луѓе.
ОК, колку 1,2 месеца. А пролет, лето, есен? Ете види колку е есапот со БЕГ парно.
 
Толку де, 1 месец, ама сметката беше 10к.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.232
Да, ама топлината што ја дава парното пробај да ја постигнеш со клима (или нешто друго на струја) па јави.

Или, киловатите од парното претвори ги во грејни тела на струја.

Проблемот овдека е што никој не зема во обзир дека климата мора да работи 24/7.

Ко оној лепотанот погоре. Што не ставиш изолација!
Тој што не купи Тесла па екологијата да оди напред.
 
Изменето од модератор:

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв