Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

GGTT1

lurker
1 февруари 2017
600
512
Битола
Не мора да снимаш долго... ама ке треба да ја надгледуваш како работи... па ако забележиш некој понизок минимум сними вака 10 секунди....
Само ќе треба да ја оставиш да се стабилизира на ауто неколку саати да поработи за да симне пониско ако може да симне....
Таман е и 270вати минимум под тоа и не треба
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Таман е и 270вати минимум под тоа и не треба
Денес пробав на температура надворешна од околу 8 степени на ауто и не спушташе под 290 вати и гасеше. Меѓутоа на ауто има ептен слаб издув, претпоставувам работи со 1 фан брзина.
 
alkibijad01

hello world
8 октомври 2016
365
403
Не знам кој ве лажел ама компресор не е лед сијалица па да не троши ич струја.

Sent from my moto g(9) play using Tapatalk
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Денес пробав на температура надворешна од околу 8 степени на ауто и не спушташе под 290 вати и гасеше. Меѓутоа на ауто има ептен слаб издув, претпоставувам работи со 1 фан брзина.
Чисто ме интересира колку троши на +12 и нагоре, да речеме до 18 степени. Наместена на некоја разумна температура од 23~24 степени
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Чисто ме интересира колку троши на +12 и нагоре, да речеме до 18 степени. Наместена на некоја разумна температура од 23~24 степени
Снимам деновиве и ќе пратам. Секако ќе биде околу 16-17 овие дена во Охрид.
 
zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
Чисто ме интересира колку троши на +12 и нагоре, да речеме до 18 степени. Наместена на некоја разумна температура од 23~24 степени
Да да.... чисто информативно.... да видиме до колку умее да сметне потрошна пониска серија на Мицубиши.
Денес беше поладно малку.... ама еве од вчера дента кај мене LN35... 44м2 поставена со тајмери на 24 и ауто-фан преку ден, 25 и фан 4/5 навечер после 22ч.
Компресоров.... просек испод 250w.... ај не како една... ама како 3 лед сијалици :p

MitsuLN35.png
 
ЗоканК

read-only
31 јули 2018
5
0
На MELCloud тајмерот уклучува еден сат порано после летново сметање на времево. Има некој ваков проблем?
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
На MELCloud тајмерот уклучува еден сат порано после летново сметање на времево. Има некој ваков проблем?
Пробај да се одлогираш. Исто така провери го даљинското дали има точно време а уште повеќе дали и таму користиш некоја функција од тајмерот.
Исклучи ја од струја за да се реконектира на мрежа и провери го сатот во рутерот.

Има колизија помеѓу двата тајмери. Затоа се користи или таму или таму.

За жал не можам да потврдам затоа што ги избришав тајмерите во Melcloud откако се стопли.
 
DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
На MELCloud тајмерот уклучува еден сат порано после летново сметање на времево. Има некој ваков проблем?
Нормално е, го зема саатот од ониој што последно го контактирал. Ако е од апликација на телефон, ќе биде во ред, но треба да си смениш некоја опција во климата (тајмер пример). Намести саат и на даљинското.
 
Astraion

poweruser
24 ноември 2012
2.165
3.215
Струмица
Гасам сабајле на станување, отварам врата накај 11-12 поручек, затварам 16-17ч. Клима пуштање ко ќе падне надвор 13-14Ц, на 21Ц.
Моментално Струмица е 22Ц и надвор и внатре.
 
DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Не, се палат во 22ч и се гасат во 07:30 автоматски.
ноке е 3 степени со цоп4, денски е 18 степени со цоп 10. па види кога ти се исплаќа повеќе..
дека имаш митсубиши, да беше грее од 5 цоп повеќе нема ни на +25.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.061
5.994
ноке е 3 степени со цоп4, денски е 18 степени со цоп 10. па види кога ти се исплаќа повеќе..
дека имаш митсубиши, да беше грее од 5 цоп повеќе нема ни на +25.
Вака како што е ми се исплаќа повеќе, нормално. На ефтина струја да работи. :) А според мерења секако е далеку од COP4, повеќе накај 7 според мерењава на другиве, а и логично е, зошто работи на минимум компресорот. Дење и да е упалена, не се вклучува заради термостатот.

Во спротивно би ја оставал цел ден. Или само ноќе. Опција за само дење не практикувам, освен за ладење.
 
zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
Мене уште ми е ладно подома за да ја гасам... преку ден кога ќе е најтопло надвор луфтирам 15тина мин и не вреди да ја гасам за толку....
А и зш да ја гасам.... од кај 11 пред пладне кога ќе спушти на 200-250w и 9-10 COP.... грев е да ја прекинвам :)
 
Атачменти

  • 276082645_392800659348521_7574414784719326708_n.jpeg
    276082645_392800659348521_7574414784719326708_n.jpeg
    225,3 KB · Прегледи: 31

DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Вака како што е ми се исплаќа повеќе, нормално. На ефтина струја да работи. :) А според мерења секако е далеку од COP4, повеќе накај 7 според мерењава на другиве, а и логично е, зошто работи на минимум компресорот. Дење и да е упалена, не се вклучува заради термостатот.

Во спротивно би ја оставал цел ден. Или само ноќе. Опција за само дење не практикувам, освен за ладење.

Тоа само кај Митсубиши, Хансол на 300W и 15 степени надворешна нема голем COP, само 5.
Мислењето е автоматски споено:

Мене уште ми е ладно подома за да ја гасам... преку ден кога ќе е најтопло надвор луфтирам 15тина мин и не вреди да ја гасам за толку....
А и зш да ја гасам.... од кај 11 пред пладне кога ќе спушти на 200-250w и 9-10 COP.... грев е да ја прекинвам :)
Не ја гаси, нек си крцка на 200w
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346

Обид бр.1, слезе и нешто под 260 вати околу 258 ама не беше вредно за снимање, а и температурата почна брзо да паѓа надвор под 11 степени, снимано е речиси во 20 часот. Мислам дека може да слезе до 250 вати, издувот сум го видел и на 36 степени, ќе надгледувам и овие неколку дена гледам ќе биде околу 15-16 степени па ако има понизуок минимум ќе снимам пак. Иначе ова треба да е COP од 8,5.
@zlatko_ti412 @FLEGMA
 
Последна промена:

Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Ова беше најниско што ја забележав, работеше измеѓу 256-260 вати едно 15тина минути па се крена на 280 и пак паѓаше до кај 270 и ја изгасив, ми се смачи веќе, ми стана топло, а и спална е ова треба вечерва да се спие:LOL:.
 
Атачменти

  • 20220330_211624.jpg
    20220330_211624.jpg
    2,1 MB · Прегледи: 29

zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
@Скоти океј 260w ама пак ја тераш на фиксна брзина... може така вади повисок COP ама сигурно не може да симне на минимум потрошна пошто ја тераш посилно да дува.
Затоа ти предложив преку ден кога ќе имаш време да ја стаиш на ауто фан и да видиш сама како ќе се снаоѓа и дали ќе симне пониско.
Само ќе и треба време да се стабилизира... неколку часа сигурно....
 
Пробав еднаш така ама на ауто има многу мал издув и почесто гасеше. Можеби ради слабиот издув трупа топол воздух горе и почесто гасне. Ајде ќе пробам уште еднаш деновиве.
Мислењето е автоматски споено:

А и нели викаше некој тука на форумов дека на повисок fan троши помалце?
 
Последна промена:

DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Пробав еднаш така ама на ауто има многу мал издув и почесто гасеше. Можеби ради слабиот издув трупа топол воздух горе и почесто гасне. Ајде ќе пробам уште еднаш деновиве.
Мислењето е автоматски споено:

А и нели викаше некој тука на форумов дека на повисок fan троши помалце?

Различен принцип на работа имаат митсубиши и грее.
Грее на макс фан спушта на минимум потрошувачка, Митсубиши крева на потрошувачка.
Сите клими имаат најголем COP на макс фан, што е нивниот најголем минус, затоа што за да добиеш ефикасност треба да си го уништиш комфорот во собата со јака промаја и бука, а и вентилаторите откажуваат побрзо на макс фан.
Огромен дел од енергијата не се искористува, фати ја само повратна цевка за фреон што влегува во надворешната единица, ќе видиш дека уште е жешка.
Уште незнам зошто Грее не може да извади голем COP на 300W при 15 степени надворешна како Mitsu, I blame it on the compressor.
 
Не сум сигурен дека крева, кога е на ауто Мицуво работи со ептен слаб издув, како да си ја пуштил на 1 фан, а @GGTT1 има исто HR25 која има ист издув на 1 фан и може да потврди дека е премногу слаб.
Еве денес ако стигнам ќе пробам секако ќе е над 12 степени температурата па ќе снимам.
 
Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв