Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

Vladekosa

read-only
24 февруари 2017
37
6
Јас од Бт и вработен во Рек ,еве ви една информација ,загадувањето кое што сите го слушате ,доаѓа од одпепелувањето тс. од согорениот Јаглен кој излегува од. Тер.централа ,тој треба само да се покрива со свежа земја тоа е проблемот што не се покрива ,,пепелта".
 
R

Roncic

Гостин
Јас имам инсајдерска информација дека сите дилери на клими , и сите кои се вмешани со продажба, монтирање, одржување на клими , на таен состанок се договориле да купуваат дизелаши .
 
3 ноември 2012
868
1.896
Area 51
Трајче Дрварчето's setup  
Processor & Cooler
Intel 8088, 4.77MHz
Storage
dual 160KB 5.25-inch disk drives and 10 MB HDD
RAM
16K on-board RAM
Video card
Monochrome Display Adapter
Audio
1-channel PWM
Monitor
IBM 3270
OS
PC-DOS v1.0

Quasimodo

hello world
2 септември 2016
154
119
Prilep
Последна промена:

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226

darko1010

read-only
13 август 2018
18
1
Да не знае некој каде можат да се набават spare parts за Тошиба клими? Прашав од местото каде што земав, но ми дадоа дупла цена (сосе работна рака), од таа што ја најдов онлајн (со шипинг до МК, само делот) од шведски официјален дистрибутер за Тошиба делови. Поточно, се работи за fan indoor motor za Daiseikai.
 
Carlos

read-only
21 ноември 2018
6
1
Дали некој може да ми наброи неколку добри фирми за клима инвертер уреди до кај 2000 евра. Последниве години се фалат многу од тошиба клима уреди дали има некој искуство со тошиба?
Ми треба клима за греење на стан 80 квадрати.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992

Една поскапа во салонот и две поефтини низ собите.
Погледни за салонот:
Mitsubishi LN35VE ili FH35VE ili SF50VE
Daikin FXTF50
Panasonic VZ12SKE
Gree Hansol 18 -30

За собите две поефтини, тоа полесно се избира. Може од истата марка или различна некоја сеедно е.
 
Quasimodo

hello world
2 септември 2016
154
119
Prilep
Колку што ти троши панелка делено на 3.
супер ко така ... читав во предходниве страни корисничиве пишуваат нивните клими трошеле 450 - 600w сат на поголеми соби од мојава за 13м2 со добра изолација да очекувам 350-450w
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
супер ко така ... читав во предходниве страни корисничиве пишуваат нивните клими трошеле 450 - 600w сат на поголеми соби од мојава за 13м2 со добра изолација да очекувам 350-450w
Епа толку е некаде.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
Да не знае некој каде можат да се набават spare parts за Тошиба клими? Прашав од местото каде што земав, но ми дадоа дупла цена (сосе работна рака), од таа што ја најдов онлајн (со шипинг до МК, само делот) од шведски официјален дистрибутер за Тошиба делови. Поточно, се работи за fan indoor motor za Daiseikai.
Не очекувај моторот за внатрешна да биде под 100 евра.
Исто така не очекувај работната рака да биде под 50 евра зашто често фреонот треба да се собери во надворешната за да може испарителот да се искоси и поткрени нагоре за да се извади моторот.

Е сега, можно е да не мора ова да се прави. Зависи од изведбата.

Нњго ти разгледај ма нет дали може да се заменат лагери на моторот. Ако може тогаш треба да се стават керамички.
Метални нњ затоа што се појавува електро-корозија (заради магнетното поле на роторот кој е перманентен магнет)

Хинт
Ако ти менуваат мотор не им го давај стариот.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Дали некој може да ми наброи неколку добри фирми за клима инвертер уреди до кај 2000 евра. Последниве години се фалат многу од тошиба клима уреди дали има некој искуство со тошиба?
Линк: Резултати од мерење на потрошувачка на клима уреди и други уреди топлотни пумпи (читај правила)
Tука имаш подетално напишано за Toshiba Suzumi Plus, заедно со мерење на потрошувачка за цела грејна сезона. Додатни прашања овде прашувај, пошто таа тема таму не е за разговарање туку само за презентација на мерења на потрошувачка.

Ми треба клима за греење на стан 80 квадрати.
Јас би одел на две три-ипол киловатни клими.
Од повеќе причини. Прво тие 80 м2 се разделени по повеќе соби, јас би ставил една 3.5-ка во дневната и една 3.5-ка во следната најголема просторија. со 2 клими подобро ќе ја расподелиш топлината низ станот, ќе добиеш редундантност (ако се расипе една клима, сеуште ќе имаш уште една што ќе работи и нема да останеш без греење). Потоа, 2 3.5-ки се збирно појаки од една 5.5-ка (7kW vs 5.5kW) И бонус, 3.5-ки дуваат помалку и се помалку бучни од 5.5-ки.

Второ цената на две три-ипол киловатни клими не е многу поголема од цената на 5,5 киловатна клима (од ист модел /класа).

едит: Moj совет би бил да провериш дали Гри Хансол сеуште може да се земе по акциска цена.
 
Последна промена:

darko1010

read-only
13 август 2018
18
1
Не очекувај моторот за внатрешна да биде под 100 евра.
Исто така не очекувај работната рака да биде под 50 евра зашто често фреонот треба да се собери во надворешната за да може испарителот да се искоси и поткрени нагоре за да се извади моторот.

Е сега, можно е да не мора ова да се прави. Зависи од изведбата.

Нњго ти разгледај ма нет дали може да се заменат лагери на моторот. Ако може тогаш треба да се стават керамички.
Метални нњ затоа што се појавува електро-корозија (заради магнетното поле на роторот кој е перманентен магнет)

Хинт
Ако ти менуваат мотор не им го давај стариот.

Веќе има керамички. Али прашањето е, дали поради звукот што се јавува кај моторот, можеби САМО лагерите треба да се сменат, без моторот...
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
Веќе има керамички. Али прашањето е, дали поради звукот што се јавува кај моторот, можеби САМО лагерите треба да се сменат, без моторот...
Ако е возможно односно ако моторот нема „заварено“ куќиште тогаш зошто да не. Некои модели на Panasonic можат да претрпат промена а некои не.
Интересно е што и моторите на Aliexpress се скапи. Значи, најсигурно ти е да одиш (ако се менува) на оригинален од овластен сервис.
Можеби и може да се стави од друга клима но ништо без cross reference list за заменски мотори што чисто се сомневам дека некој би ја имал таа листа.
 
stavrov69

lurker
26 ноември 2008
514
327
Дали е подобро да се исклучи климата или да се намали доколку не се користи повеќе денови?

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
 
DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Дали е подобро да се исклучи климата или да се намали доколку не се користи повеќе денови?

Sent from my SM-N950F using Tapatalk

Претпоставката е дека нема да има никој дома во тој период? Во тој случај ако можеш да и веруваш на електричната инсталација остави ја да работи на потивко.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Дали е подобро да се исклучи климата или да се намали доколку не се користи повеќе денови?

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
Да се намали на 20Ц и на максимален вентилатор со цел да работи климата на максимален COP.
 
Necromancer

poweruser
24 февруари 2012
4.233
5.546
Скопје
Aj сега што била работава... :supershock:
Јас мислев за клима уреди и за економично греење зборуваме, ама ти си во филмот Комити вс Чкембари, Скопски педери наспроти Скопје има е’родром Битола нема!

Можеби не е фер да има загадување било каде, ама ако мора да има некаде - подобро нека има таму каде има помалку луѓе. Предност има добробитта на мнозинството.

Подобро загадувањето да биде окулу РЕК Битола, отколку во Скопје.
Зошто? Затоа што колку и да е лошо што селата окулу РЕК страдаат, неспоредливо е полошо кога страдаат скоро милион луѓе во главниот град на државата. Со оглед на навалицата на луѓе во Скопје веројатно баш и од селата окулу РЕК поголемиот дел од луѓето веќе се отселиле овде. :(

А за Битола колку што гледам на мапа, РЕК е на цели 15-тина километри од градот. Вас овеќе ве трујат комшиите со ќумбињата, отколку РЕК.
На крају краева колку луѓе живат во Битола? 70К? Само во Карпош има повеќе жители.
Друже кој лош муабет го направи.... Недозволиво е било каде граѓани да труеш за добробит на други. Апсолутно сите мерки треба да се преземат во справување со загадување на почва, вода, воздух околу такви жаришта. И тука кај нас освен топланите, другиве се сомневам колку се еколошки.

Јас од Бт и вработен во Рек ,еве ви една информација ,загадувањето кое што сите го слушате ,доаѓа од одпепелувањето тс. од согорениот Јаглен кој излегува од. Тер.централа ,тој треба само да се покрива со свежа земја тоа е проблемот што не се покрива ,,пепелта".
По струка имам работено и на такви работи, рекултивација на депонии и јаловишта кога се изведува најголема ставка е носење и нанесување на почва, а потоа и садење на соодветни дрвни видови и грмушки за да создадат покривка и да ја врзат почвата. Истата треба да ја најдеш некаде, да ја пренесеш па нанесеш, заради „меката“ подлога може да пропадне и да не направиш ништо од прво нанесување и некој пороен дожд, па повторно истото. И тоа чини доста, недоволно се прави во нашата држава.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Затоа и треба да се забранат ќумбињата кои трујат и да се субвенционираат инвертери и ПВЦ прозорци.
 
Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв