Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

GGTT1

lurker
1 февруари 2017
600
512
Битола
Епа ондак само ми треба за да знам шо се опцииве. Првата ко дрво знам јонизатор беше, куќаркава и остало не знам. Мислев ако имате линкови или веб страни каде ги има, ако не да барам низ документиве кај ми се упатствата...

Преку гугл срч не најдов, само service manual успеав да најдам.
Куќарката е плазмата
 

damil

user
2 јануари 2015
1.067
1.361
Нема ни да најдеш за Грее. Кинезите можат и Ентерпрајз да го направат, ама упутство и каталог да напишат како што треба е невозможна мисија... Страшна работа
 

damil

user
2 јануари 2015
1.067
1.361
Ја имам мулти сплит од грее и свети wifi на фаљинското, ама немам појма како да се сетира, нит па можев да најдам на нет нешто.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.567
19.262
Ја имам мулти сплит од грее и свети wifi на фаљинското, ама немам појма како да се сетира, нит па можев да најдам на нет нешто.
Ако има WiFi модул внатре пробај вака.

Најпрво симни си апликација (Midea Air на пример), направи акаунт и..
Изгасни ја климата, извади од штекер и прикчучи ја пак. Не ја пали!
На далечинското притискај 7 пати на LED или на Do not disturb. Вака ја тераме да влезе во AP Mode и ако влегла тогаш знакот за WiFi почнува да трепка на предниот панел или на даљинското.
Отвори ја апликацијата, кажи дека сакаш да регистрираш клима и би требало да ти се отвори камерата за да скенираш QR code. Кодот би требало да биде залепен на внатрешната или пак го имаш некаде низ документацијата.
После ова климата станува дел од IoT (Internet of things) мрежата на уреди па ќе можеш да си ја повикуваш од секаде.

Процедурава е од Vivax ама не би требало да се разликува за Mid errr Gree
 

stefan_v

user
3 мај 2010
1.426
604
macedonius.com
Ја имам мулти сплит од грее и свети wifi на фаљинското, ама немам појма како да се сетира, нит па можев да најдам на нет нешто.
Ако е со WiFi модул имаш вифи. Пробај прво со https://play.google.com/store/apps/details?id=com.gree.smarthome (треба телефонот и климата да се се иста мрежа, на исто wifi), лесно се сетира тоа. Прво пробај тоа.
Ако сакаш и кога не си дома да ја местиш друга процедура е тоа. Тогаш пробај со https://play.google.com/store/apps/details?id=com.gree.greeplus мислам дека понова апликација им е.
 

Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.544
3.145
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
За врзување преку wi-fi за Gree користам Gree+ апликација. Работи беспрекорно.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Некои познаници во муабет спомнаа некое средство за чистење клими, нешто на база на одмастувач, и тоа во пакувања од по 5 кила. Некој да не знае точно за кој производ станува збор и каде го продаваат?
 

SuperMitre

read-only
27 септември 2017
39
61
Скопје
Здраво дечки. Ми треба помош околу избор на клима. Се работи за дневна соба, трпезарија и кујна во еден простор со вкупна површина од 35 м2. Висината е 2,7 метри. Ориентацијата на просторот (балконот со прозорите и вратата) е северо-исток. Прозорите кон балконот и вратата се стара дограма и на ѕидовите нема изолација. Од лево и од десно се двојни ѕидови лепенка со комшиите, горниот спрат се грее а долниот само едната половина под кујната и трпезаријата. Расположливиот простор за позиционирање на климата е многу ограничен, на десната страна кај трпезаријата мислам дека не може да се монтира заради неможноста да се монтира компресорот на тој дел од балконот (таму е летната кујна и нема слободен ѕид за монтажа). Во средината кај прозорите исто така не е можно бидејќи прозорите се огромни и почнуваат на висина од 60 см од паркетот а горе кај плафонот има само 20-тина сантиметри греда и плус пречат старите радијатори и нивните цевки за евентуална монтажа на конзолна клима. Единствен слободен и погоден простор е на левата страна, веднаш до или над седмоседот (на сликата обележано со црвена боја). Бидејќи ја пратам темава подолго време, и врз основа на некои мои заклучоци се размислувавме за конзолната на GREE GEH12AA-K3DNA1C
GREE GEH12AA-K3DNA1C по супер цена од 41.990 ден..
Приближно ни се на располагање толку средства колку што чини оваа клима, околу 42,000 ден.
Да напоменам дека овој простор до сега се грееше со печка на дрва. Мислам дека не заборавив некој од потребните параметри.
Би сакал да слушнам ваше мислење и се надевам поискусните тука ќе помогнат со предлози. Благодарам однапред.
ILCO CICKO ZA KLIMA.jpg
 

alkibijad01

hello world
8 октомври 2016
365
403
Положбата на клима уредот ти е одлично избрана. Со оглед на тоа што имаш околу 100 кубни метри за загревање јас би одел со пет и пол киловати клима. Околу изборот на производител и модел не би можел да помогнам, има овде луѓе што продаваат тие се надевам дека ќе се покажат.

Sent from my Redmi 5 Plus using Tapatalk
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.079
6.014
Солиден избор за просторот, особено што е парапетна. Само имај на ум за ефикасно да работи парапетната убаво е најмалку 0.5м на страна да има простор, и пред неа да е скроз празно. И над неа да е празно. Гледам дека ти е одлично позиционирана за да го грее централниот дел од собата и поготово делот поблиску до прозорите. Само ако има можност барем онаа комода што е до него да отиде ако има простор малку подалечку од климата, и ТВ да не е залепен за неа.

Инаку за 35м2 би требало да задоволи таа клима, секако што во дневниот простор ќе е нешто потопло отколку во кујната и трпезаријата - ама тоа не е воопшто лоша работа според мене.

За ладење ќе е малку кнап само таа ако треба да олади, незнам дали ќе е во можност, зависи дали е таван, или има уште еден спрат над овој кој се лади со клима.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Без да се знаат топлотните потреби (загуби) како да се знае потребната моќност?
Добро е што на двете страни има соседи, но само ако просториите на истите се загреваат. Во спротивно и не баш - во најладното време ќе биде подобрно, но во средно и малку ладното време ѕидовите кон соседите тогаш ќе функционираат како хитсинкови кои ќе го ладат загреваниот простор (а најладниот период овде трае само 20-тина денови, другото време имаме умерена клима со над 10-15с просечни дневни температури).

35м2 се на граница за добра 3.5КW клима во просторија со пролазно добра изолација. Е сега каква изолација имаш не е најдоброто прашање, подобро е да знаеш колкави топлотни загуби имаш (наместо да претпоставуваме врз основа на изолацијата).

На крај работава секогаш се сведува на две опции. Или да се измерат топлотните загуби, или да се иде на ризик и да се види дали 3.5КW моделот е доволен... Само што ризикот е ризик, што ќе правиш ако 3.5КW не се доволни?
Не ги следам парапетните модели, таа наведената парапетна клима со кој (обичен) модел на Гри е споредлива? Change? Lomo?


едит: Во ваква ситуација со најголемиот ѕид без никаква изолација, и со стара столарија (која не дихтува ни приближно добро), јас повеќе идел да згрешам со поголема моќност од 5КW и да имам резерва, и животниот век на климата да ми трае подолго (пошто климата нема да се напрега да работи блиску до максимум моќност повеќето од времето). Алтернативно за истите или малку повеќе пари би размисли да одам со докажен непарапетен модел, како Ломо или уште подобро - Хансол.
 
Последна промена:

moni moni

read-only
27 септември 2017
33
27
ако може помош
климата инвертер има две црева за истек едното е кратко и ми е тука пред очи а другото е долго 15 метра скроз до земја (бидејки живеам на 4ти кат)
до сеа немаше проблем краткото црево да пушта вода ни на ладење ни на грење
сеа иде комшијата разлутен му капело од краткото црево а намерно турив долго да си немам закачки
да викам сервис или има некоја финта
проверив и двете црева не си затнати и ништо
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.079
6.014
Од едното капе кога лади, од другото кога грее. Ако е тоа за кондензат.

Спроведи ги и двете треба да капат некаде каде што не пречи на никого и да имаат убав пад.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Спроведи ги и двете треба да капат некаде каде што не пречи на никого и да имаат убав пад.
Всушност сака да ти каже: Спроведи ги цевките со одводот од двете единици да одат во олук, пошто само таму водата нема да пречи на никого. :p

„Убав пад“ што не иде во олук, кога ќе дувне малку ветер наместо врз пешаците долу, убаво ќе паѓа врз некој од комшиите под тебе, кои потоа убаво ќе и посакуваат убави желби на мајка ти, и ете ти солиден потенцијал за идни проблеми. Спроведи го одводот во олук, се друго е сељачизам и некултура.
 
  • ми се допаѓа
Реакции: Mao

moni moni

read-only
27 септември 2017
33
27
Јас живеам у зграда на 4ти спрат
Коа монтираа напоменав дека несакам да смета на никој капката па така пуштија и си доплатив црево до скроз доле 15 м долго
до скоро од тоа црево шо е до доле одеше водата и на никој не сметаше сега денес капе од другото
инаку коа е логиката да пуштиш црево до доле едно а другото да остане кратко?Зар не е тоа работа на монтерот да двете црева ги ги направе да одат на едно место и да си има истек доле?
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.079
6.014
Па треба да му се посочи. Со едно Y раздвајаче ќе ги споиш двете цревца тука до климата и после само едно до доле ќе оди. Така си е и кај мене на едната клима. И си оди во олук.

На другата се посебно цревцата дека блиску е олукот.



Или пак тоа од внатрешната единица може да се пикне во надворешната па преку неа да оди. Може кај тебе да е вака направено. Па тоа краткото цревце што одело од внатрешната во надворешната се извадило. Веројатно само треба да се потпикне назад.

Имам и вакво решение на старата клима. И тоа си е океј.

Штом работело добро лани и до сега значи проблемот настанал сега, а не си бил од монтирање. Ако имаш пристап до надворешната единица земи сликни 5-6 слики убаво да се гледаат цревата и од поблиску и од подалеку. Мислам дека ми влече накај вториов проблем и дека е решлив полесно.
 

stefan_v

user
3 мај 2010
1.426
604
macedonius.com
ако може помош
климата инвертер има две црева за истек едното е кратко и ми е тука пред очи а другото е долго 15 метра скроз до земја (бидејки живеам на 4ти кат)
до сеа немаше проблем краткото црево да пушта вода ни на ладење ни на грење
сеа иде комшијата разлутен му капело од краткото црево а намерно турив долго да си немам закачки
да викам сервис или има некоја финта
проверив и двете црева не си затнати и ништо
Најверојатно краткото црево е од надворешната единица(тоа капе обично кога грее), а од внатрешната повеќе капе кога лади.
Ако краткото црево е од надворешната единица проблемот смени си го целото црево, не додавај. Обично се пола цол, а може да е и подебелко од 3/4. Земи колку што треба за до доле 15 метра или колку и да треба ( последна цена што гледав е по 25 ден односно 40 ден метар за 3/4 ). Земи армирано, или со прстенчиња едни за при ветер и остали работи да не се цвикне или да не пропушта вода.
Втора добра опција е спојување на двете црева по принцип на Y, двете црева од внатрешната и надворешната да оват во ова постоечково. Како и да е ова треба да е лесен и едноставено среден проблем.
 

ante1

read-only
11 јануари 2017
49
100
IMG_1461.JPG
а од внатрешната повеќе капе кога лади.
Како тоа повеќе капи кога лади :) . Таа што прашува е женски пол колку што гледам, Дени и Локван му одговорија..Се трудиш и ти ама му се дава на женско одговор како за неа да прави операција на слепо црево...Спојки Т У,пола цол црево...Тешко оди тоа некако :)
@moni moni Види ја сликата и стави го малото пократко црево во надворешната позади на капакот долу како што е обележано..Кај мене на сликата нема цревце ставено,заборавија мајсторит да стават :) (сам си ставив)кај тебе тоа е пократкото цревце..Потоа таа вода шо му капе на комшо нема да му капе веќе...Да не објаснувам зошо..Јас сам си ставив цревце и го ставив на позади во надворешната...стави го на место каде што потешко може да го дувне ветерот и пак да си имаш проблем со комшо..,Ако имаш пропблем како пак да го направиш ова ќе ставам слика како е изведено кај мене...Немам моментално...Поз
 

stefan_v

user
3 мај 2010
1.426
604
macedonius.com
Погледнете го атачментот 66581
Како тоа повеќе капи кога лади :) . Таа што прашува е женски пол колку што гледам, Дени и Локван му одговорија..Се трудиш и ти ама му се дава на женско одговор како за неа да прави операција на слепо црево...Спојки Т У,пола цол црево...Тешко оди тоа некако :)
@moni moni Види ја сликата и стави го малото пократко црево во надворешната позади на капакот долу како што е обележано..Кај мене на сликата нема цревце ставено,заборавија мајсторит да стават :) (сам си ставив)кај тебе тоа е пократкото цревце..Потоа таа вода шо му капе на комшо нема да му капе веќе...Да не објаснувам зошо..Јас сам си ставив цревце и го ставив на позади во надворешната...стави го на место каде што потешко може да го дувне ветерот и пак да си имаш проблем со комшо..,Ако имаш пропблем како пак да го направиш ова ќе ставам слика како е изведено кај мене...Немам моментално...Поз
Навистина незнам како и колку лошо можеше да ме сфатиш. Клима е предмет од женси род во македонскиот јазик, мислам дека знаеш. И не биди сексит не се сите женски паднати од марс.
Климата се користи за ладење во лето кога е топло, и поради тоа што е поладно во самата внатрешна единица истата прави кондензација. Со систем истата вода од кондензацијата оди надвор. Пример остави ладно шише со вода надвор и истото по одредено време ќе има вода на него. И зимно време има вода од внатрешната само ептен малку.
Не ти ја ни разбирам сликава.
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно