Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

33% работна сила ќе се замени со роботи наредни 20 години

mdeni

senior
24 септември 2012
6.079
6.014
Па за греење на седишта не би платил, тоа е глупост, но пре би пратил за вентилирани и ладење на седишта во овој летен период.
Ете така. Вентилација на седишта е клучно, а ретко кој нуди.

Sent from my SM-S938B using Tapatalk
 

Daniel86

poweruser
28 мај 2013
4.303
11.852
Скопје, Карпош 1
www.facebook.com
Daniel86's setup  
Processor & Cooler
i5 11400 & Deepcool AK620
Motherboard
Gigabyte Z590 UD AC
Storage
Samsung 980 Pro NVMe 500GB & Samsung 980 PRO NVMe 1TB & WD Blue WD10EZEX 1TB
PSU
Asus Rog Strix 850W
RAM
2X 16GB DDR4 3200MHz Kingston Fury Beast CL16 RGB
Video card
Intel UHD730 & Asus RX5700XT OC 6GB
Case
Deepcool Tesseract SW Black/Blue
Mouse
MX Master 3
Keyboard
Aula Moon Slasher
Audio
Kenwood KRF-V5020 + Kenwood LS76
Monitor
Asus TUF Gaming VG27AQ3A
OS
Windows 11 Pro
Размислете околу вентилација и ладење на седишта, од здравствени причини. Од топлина нема штета, (освен салмонела кај стари јајца) додека од ладењето страдаат многу органи. Само ај да не забегуваме офтопик.
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.650
3.226
Многу одговори нема добро да остарат.
УБИ не можеш да постои и тоа е само приказна за луѓе што не знаат математика. Пари како и енергина не се прават од ништо. Моментот кога ќе се прави енергија од ништо, тогаш и пари ќе се прават од ништо. Капитализмот е единствено општество каде се наградува работата. Комунизмот е едниствено општество каде се наградува неработата. Затоа уби е пропаганда на вториве. Штом неработата е наградена, ќе се случи распад на системот. Човекот се прилагодил многу пати на секакви проблеми. Ќе се прилагоди пак.
Роботи и аи нема да заменат се. Ќе мора некој да потпишува за одговорност. Ќе се измислат нови позиции. Како што се измисли HR, ќе се измисли и нешто друго.
 

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.736
12.669
Skopje
www.wemaxa.com
Многу одговори нема добро да остарат.
УБИ не можеш да постои и тоа е само приказна за луѓе што не знаат математика. Пари како и енергина не се прават од ништо. Моментот кога ќе се прави енергија од ништо, тогаш и пари ќе се прават од ништо. Капитализмот е единствено општество каде се наградува работата. Комунизмот е едниствено општество каде се наградува неработата. Затоа уби е пропаганда на вториве. Штом неработата е наградена, ќе се случи распад на системот. Човекот се прилагодил многу пати на секакви проблеми. Ќе се прилагоди пак.
Роботи и аи нема да заменат се. Ќе мора некој да потпишува за одговорност. Ќе се измислат нови позиции. Како што се измисли HR, ќе се измисли и нешто друго.


Суштината на UBI не е да се штампаат пари од ништо (иако тоа е дефакто стандард на фиат системот). Пари и денес не се праат од ништо. И денес се трошат огромни суми за социјална помош, субвенции, даночни олеснувања, станови, детски додатоци и огромна администрација што го управува целиот систем. Прашањето не е дали ќе се трошат јавни пари, туку како. Денешниот модел (на социјална помош) има многу битна и фундаментална слабост а тоа е дека во многу европски земји (и кај нас) социјалната помош е условена. Ако почнеш да работиш и да заработуваш, постепено ги губиш разните видови на помош. Така кај дел од луѓето се создава сосема рационална пресметка дека ако со работа на крај остануваат некое стотче евриќи повеќе отколку без работа дали воопшто вреди смарање со работење? Тоа е т.н. "welfare trap".

Кај вистински UBI тоа ќе го нема. Ако основен доход е 1.000 евра, а најдеш работа за 1.800 евра, не ги губиш тие 1.000 евра. Вкупниот приход е 2.800 евра. Значи секое дополнително заработено евро директно го подобрува животниот стандард. Наместо да се казнува вработување, системот го наградува. Истовремено, огромен дел од бирократијата станува излишен. Денес има еден куп административно вработени чија основна работа е да проверуваат кој има право на помош, кој нема, кој работи на црно и кој исполнува услови. Со универзален модел најголеми дел од тие проверки ги снемува затоа што нема селекција. Исплатата е автоматска.

Но, уште поважно е нешто друго. Тврдењето дека капитализмот секогаш ја наградува работата, а комунизмот неработата, било може вистина пред сто години но денес не баш. Денес поголем дел од богатство не доаѓа од човечки труд, туку од капитал, автоматизација, софтвер, интелектуална сопственост и AI. Ако една компанија утре произведува десет пати повеќе со десет пати помалку работници, профитот не го снемува, напротив, расте но прашање е кој ќе ги купува тие производи ако се помалку луѓе имаат плата.

Без купци нема капитализам, и токму ради тоа некои не гледаат на UBI како на комунистичка идеја, туку како механизам за стабилизирање на капитализмот во ера на масовна автоматизација. Не затоа што некој сака да наградува неработење, туку затоа што системот мора да обезбеди доволно куповна моќ за економијата воопшто да функционира. Дали UBI е финансиски одржлив е сосема легитимно прашање. Но аргументот дека "прави пари од ништо" не е суштината на дебатата. Вистинското прашање е како ќе изгледа економијата ако AI и роботите почнат да создаваат се повеќе вредност, а се помалку луѓе учествуваат во тој процес.
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно