Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

33% работна сила ќе се замени со роботи наредни 20 години

mdeni

senior
24 септември 2012
6.081
6.015
Па за греење на седишта не би платил, тоа е глупост, но пре би пратил за вентилирани и ладење на седишта во овој летен период.
Ете така. Вентилација на седишта е клучно, а ретко кој нуди.

Sent from my SM-S938B using Tapatalk
 
Daniel86

poweruser
28 мај 2013
4.303
11.852
Скопје, Карпош 1
www.facebook.com
Daniel86's setup  
Processor & Cooler
i5 11400 & Deepcool AK620
Motherboard
Gigabyte Z590 UD AC
Storage
Samsung 980 Pro NVMe 500GB & Samsung 980 PRO NVMe 1TB & WD Blue WD10EZEX 1TB
PSU
Asus Rog Strix 850W
RAM
2X 16GB DDR4 3200MHz Kingston Fury Beast CL16 RGB
Video card
Intel UHD730 & Asus RX5700XT OC 6GB
Case
Deepcool Tesseract SW Black/Blue
Mouse
MX Master 3
Keyboard
Aula Moon Slasher
Audio
Kenwood KRF-V5020 + Kenwood LS76
Monitor
Asus TUF Gaming VG27AQ3A
OS
Windows 11 Pro
Размислете околу вентилација и ладење на седишта, од здравствени причини. Од топлина нема штета, (освен салмонела кај стари јајца) додека од ладењето страдаат многу органи. Само ај да не забегуваме офтопик.
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.652
3.229
Многу одговори нема добро да остарат.
УБИ не можеш да постои и тоа е само приказна за луѓе што не знаат математика. Пари како и енергина не се прават од ништо. Моментот кога ќе се прави енергија од ништо, тогаш и пари ќе се прават од ништо. Капитализмот е единствено општество каде се наградува работата. Комунизмот е едниствено општество каде се наградува неработата. Затоа уби е пропаганда на вториве. Штом неработата е наградена, ќе се случи распад на системот. Човекот се прилагодил многу пати на секакви проблеми. Ќе се прилагоди пак.
Роботи и аи нема да заменат се. Ќе мора некој да потпишува за одговорност. Ќе се измислат нови позиции. Како што се измисли HR, ќе се измисли и нешто друго.
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.742
12.676
Skopje
www.wemaxa.com

Суштината на UBI не е да се штампаат пари од ништо (иако тоа е дефакто стандард на фиат системот). Моментално се трошат огромни суми за социјална помош, субвенции, даночни олеснувања, станови, детски додатоци и огромна администрација што го управува целиот систем. Прашањето не е дали ќе се трошат јавни пари, туку како. Денешниот модел (на социјална помош) има многу битна и фундаментална слабост а тоа е дека во многу европски земји (и кај нас) социјалната помош е условена. Ако почнеш да работиш и да заработуваш, постепено ги губиш разните видови на помош. Така кај дел од луѓето се создава сосема рационална пресметка дека ако со работа на крај остануваат некое стотче евриќи повеќе отколку без работа дали воопшто вреди смарање со работење? Тоа е т.н. "welfare trap".

Кај вистински UBI тоа ќе го нема. Ако основен доход е 1.000 евра, а најдеш работа за 1.800 евра, не ги губиш тие 1.000 евра. Вкупниот приход е 2.800 евра. Значи секое дополнително заработено евро директно го подобрува животниот стандард. Наместо да се казнува вработување, системот го наградува. Истовремено, огромен дел од бирократијата станува излишен. Денес има еден куп административно вработени чија основна работа е да проверуваат кој има право на помош, кој нема, кој работи на црно и кој исполнува услови. Со универзален модел најголеми дел од тие проверки ги снемува затоа што нема селекција. Исплатата е автоматска.

Но, уште поважно е нешто друго. Тврдењето дека капитализмот секогаш ја наградува работата, а комунизмот неработата, било може вистина пред сто години но денес не баш. Денес поголем дел од богатство не доаѓа од човечки труд, туку од капитал, автоматизација, софтвер, интелектуална сопственост и AI. Ако една компанија утре произведува десет пати повеќе со десет пати помалку работници, профитот не го снемува, напротив, расте но прашање е кој ќе ги купува тие производи ако се помалку луѓе имаат плата.

Без купци нема капитализам, и токму ради тоа некои не гледаат на UBI како на комунистичка идеја, туку како механизам за стабилизирање на капитализмот во ера на масовна автоматизација. Не затоа што некој сака да наградува неработење, туку затоа што системот мора да обезбеди доволно куповна моќ за економијата воопшто да функционира. Дали UBI е финансиски одржлив е сосема легитимно прашање. Но аргументот дека "прави пари од ништо" не е суштината на дебатата. Вистинското прашање е како ќе изгледа економијата ако AI и роботите почнат да создаваат се повеќе вредност, а се помалку луѓе учествуваат во тој процес.
 
Последна промена:

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.652
3.229
Комунистичко бла бла. Убаво звучи на некој бреинсторминг на неолибералки. Во пракса, комунизмот секогаш и секаде создава хаос и ништување на системот. Со оглед на тоа чија идеја е и зошто и каде и како е пратен, тоа е сосем разбирливо.
Трудот создава капитал. Капиталот создава капитал. Комунизмот ништи се што се создава затоа што наградува неработење и декаденција. Штом некој е награден за неработа, мног брзо системот застанва бидејќи никој не е толк глуп за да работи. Тоа е главната идеја на антихуманистите. Да се ништи човечкото. Затоа погледни им ја идеологијата на главните играчи на аи и ќе ти стане јасно.
Тоа што они си тераат нивна игра, не значи дека треба да ја прифатиш.
Стравот кај нив е од ликови што ќе преземат нешто во свои раце (еве имаш многу актуелен филм на темата моментално).

Аи е добра алатка. Дали е економски исплатлива? Моментално да. Кога ќе се тргнат субвенции и ќе излезе од „старт ап“ и ќе влезе во реглара ценовна понуда, може ќе биде нерентабилно ииии ќе пукне балонот и ќе си влезе светов во рецесија до наредниот балон. Ќе си се вратат луѓето на работа а роботите ќе може да преземат дел од мануелната работа.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.081
6.015
Од каде ќе заработи аи толку пари за уби?

Sent from my SM-S938B using Tapatalk
 
GoranMak

hello world
13 февруари 2020
255
243
Реално од нигде, али некои мислат дека овие неколку компании вечно ќе си ги вртат парите меѓу нив и тоа ќе биди вистинска добивка.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.166
16.256
Комунистичко бла бла. Убаво звучи на некој бреинсторминг на неолибералки. Во пракса, комунизмот секогаш и секаде создава хаос и ништување на системот. Со оглед на тоа чија идеја е и зошто и каде и како е пратен, тоа е сосем разбирливо.
Трудот создава капитал. Капиталот создава капитал. Комунизмот ништи се што се создава затоа што наградува неработење и декаденција. Штом некој е награден за неработа, мног брзо системот застанва бидејќи никој не е толк глуп за да работи. Тоа е главната идеја на антихуманистите. Да се ништи човечкото. Затоа погледни им ја идеологијата на главните играчи на аи и ќе ти стане јасно.
Тоа што они си тераат нивна игра, не значи дека треба да ја прифатиш.
Стравот кај нив е од ликови што ќе преземат нешто во свои раце (еве имаш многу актуелен филм на темата моментално).

Аи е добра алатка. Дали е економски исплатлива? Моментално да. Кога ќе се тргнат субвенции и ќе излезе од „старт ап“ и ќе влезе во реглара ценовна понуда, може ќе биде нерентабилно ииии ќе пукне балонот и ќе си влезе светов во рецесија до наредниот балон. Ќе си се вратат луѓето на работа а роботите ќе може да преземат дел од мануелната работа.
Copium?
laupikora.gif
 
no_retreat

lurker
22 јануари 2011
625
1.514
no_retreat's setup  
Processor & Cooler
intel core i7 14700kf w/ NZXT KRAKEN 280mm AIO Liquid Cooler with LCD Display
Motherboard
Gigabyte Aorus Elite AX Z790 Black
Storage
Samsung 970 Evo 2tb
PSU
Corsair HX 1200i Platinum
RAM
2x16gb DDR G-Skill Trident Z5 ARGB 6000mhz cl30
Video card
RTX 4070 ti Super MSI Ventus 3X
Case
NZXT H9 Flow Black
Mouse
Logitech G Pro X Black
Keyboard
Keychron Q3 modded with Lime Green Switch and Glorious GPBT Black Ash Dye Keycaps
Audio
Logitech G733 wireless
Monitor
Samsung Neo G8 32" 240hz UHD MiniLED + QLED Panel
OS
windows 11 pro
33% од работната сила може да се замени во програмерскиот свет, ова е единствен сектор во кој што е ова сценарио возможно.
Производство, трговија, прехранбена индустрија, текстилна индустрија итн... секаде е зголемена побарувачката на човеки персонал па оттука и потребата да носиме вработени од Бангладеш. Еден од ретките сектори кој што во моментов крвари со откази е програмерскиот, ова го добивам како инфо од блиски пријатели кој што работат како програмери.
Можеби звучам како Анти -АИ меѓутоа јас би бил загрижен за ова сценарио само ако сум програмер, ако сум доставувач на волт, таксист, возач на сканија, молер, трговец и слично, не би обрнал внимание на темава воопшто.
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.793
10.109
Трудот создава капитал. Капиталот создава капитал. Комунизмот ништи се што се создава затоа што наградува неработење и декаденција.
Не знам зашто мислиш дека треба да биде добро и позитивно за да стане реалност? На некој како Elon Musk му е гајле дали комунизмот е лош за човештвото?

Убаво објасни @xenon поназад, прочитајте го - UBI не е идеално решение, туку нужно зло (за капиталистиве кои се со мега корпорации) за да не се бунтува народот кога ќе остане без работа. Не е дека они со мерак ќе даваат дел од своите пари, туку заради потреба бидејќи голем дел од луѓето ќе останат без можност за работа.

Карикирам, ама ако сега некој заработува 100%, кога ќе остане без работа ќе му даваат 15-20%. Win-lose е за корпорациите, односно ќе добијат „само“ 80% од трошоците кои ги заштедиле со тебе во случајот.
Мислењето е автоматски споено:

Од каде ќе заработи аи толку пари за уби?

Sent from my SM-S938B using Tapatalk
Нема да заработи, туку ќе заштеди. Не знам дали на игнор ви е @xenon или што е проблемот, имаше објаснето убаво дека ако човек ја чини компанијата 30.000eur годишно, со AI робот како замена ќе има само капитална инвестиција од (пример) 40.000eur и со тоа 3 пати поголема дневна продуктивност (24 часа работа место 8 часа), така што ROI ќе биде уште во...првите 3-4 месеци?
Мислењето е автоматски споено:

Можеби звучам како Анти -АИ меѓутоа јас би бил загрижен за ова сценарио само ако сум програмер, ако сум доставувач на волт, таксист, возач на сканија, молер, трговец и слично, не би обрнал внимание на темава воопшто.
Добро како може толку лимитирано да гледате на работите? Само програмер?

А што е пример со консултантите, кои веќе се заменуваат со AI во процесите? Што е со аниматорите? Што е со графичките дизајнери? Со сметководителите?

Не зборуваме ниту за целосна замена, туку зависно од случајот до 50-60-70-80-90%, каде што ако претходно работеле 6 луѓе еден клиент/договор/проект, сега ќе го работат 2-3ца? Пример во консалтинг имаш големи проекти каде што се бараат многу анализи на податоци, место да ангажираш 5 консултанти, голем дел од таа истражувачка работа ќе ја завршиш со agentic AI.

Плус, дури и да си во право, зар сакаш да кажеш дека иако white collar jobs ќе ни ги земе AI, ние сме безбедни со молери, таксисти итн? Како да одиш на печалба на 20 години во САД, па ајде grunt work терај ти, а AI ќе ти ги земе подобро платените работи...

Добро, ќе доставувам Wolt и ќе сум среќен дека АИ нема да ми ја земе работата.
 
Последна промена:

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.742
12.676
Skopje
www.wemaxa.com
33% од работната сила може да се замени во програмерскиот свет, ова е единствен сектор во кој што е ова сценарио возможно.
Производство, трговија, прехранбена индустрија, текстилна индустрија итн... секаде е зголемена побарувачката на човеки персонал па оттука и потребата да носиме вработени од Бангладеш. Еден од ретките сектори кој што во моментов крвари со откази е програмерскиот, ова го добивам како инфо од блиски пријатели кој што работат како програмери.
Можеби звучам како Анти -АИ меѓутоа јас би бил загрижен за ова сценарио само ако сум програмер, ако сум доставувач на волт, таксист, возач на сканија, молер, трговец и слично, не би обрнал внимание на темава воопшто.

@no_retreat ставот ти е како на некој што гледа само во свое лозје. Програмери се можеби мета во моментов бидејќи софтвер е нематеријална ствар и лесно се имплементира, но ова е само во прв бран. Втор бран ќе биде хардверот кога ќе ја испеглаат цената за производство на роботи. Тек тогаш производство, логистика, транспорт итн. ќе го имаат истиот шок но со многу потешки социјални последици. Народот ќе почне да сфаќа откако фабриките ќе почнат да затвараат врати (за луѓе барем). Кај нас овој шок ќе касни како и се друго заради корупцијата и евтина сива економија под услов глобален бран не не преплави одеднаш преку странските инвестиции во ТИРЗ зоните.

Зошто се увезуваат луѓе сега? Затоа што за локал газда, моментално е поевтино да плати агенција и минимална плата за работник од Бангладеш, отколку да инвестира милион евра во автоматизација на погон. Ние и сл. земји имаме мал капитал и немаме капацитет за скап хардвер моментално. Но, цена за работник од Бангладеш има под под кој не може да падне (храна, сместување, визи, инфлација) а од друга страна, цената на кинески хуманоиден робот паѓа експоненцијално секоја година. Моментот кога масовното производсто ќе спушти цена на робот на/под на пр. 20к евра есапот ќе се смени.

Тврдење дека возач, доставувач на Волт или магационер не треба да се грижи е економски апсурд. Зад Волт, Амазон и др. големи транспортни компании стојат моментално најголемите инвеститори во AI и роботика затоа што човечкиот труд е најголем трошок и ризик за нив (заради боледувања, штрајкови, синдикати, сообраќајки итн.). Бизнис моделот на Uber и Волт итн. е дизајниран со крајна цел да го елиминира човекот од равенката. Моментално се во фаза на грабање пазар. Штом автономните возила и деливери-роботи станат масовни преку ноќ ќе преминат на 100% роботска/автоматска испорака. Волт/Болт/Убер работат со огромни загуби (со години) токму затоа што пари фрлаат на агресивен маркетинг и субвенционирање на возачи за да земат пазарен удел. Крајна цел никогаш не им била да плаќаат луѓе на точаци или скутерчиња до бескрај.

Амазон има преку 750к мобилни роботи во своите магацини. Тие не ги развиваат за да им биде интересно, туку затоа што ROI (поврат на инвестиција) во нивните центри веќе е под 2 години. Во моментот кога магацинот на Амазон на пр. во Германија или Полска стане 95% автономен ќе го диктира и темпото на адаптација на остатокот од глобален пазар. Наши логистички/транспортни фирми ќе мора да го следат тоа за да останат конкурентни или ќе пропаднат.

Исто е и за транспорт. Автономното возење (Level 4/5) моментално се соочува со регулаторни сопки но кога (не ако) тие паднат (а ќе паднат нормално, има тешко лобирање) камионските рути на автопат први ќе бидат автоматизирани. Возачот нема да го снема утре ама неговата преговарачка моќ за плата ќе падне на нула. Пред да се случи масовна невработеност, ќе има период на масовно осиромашување во кој како спас ќе се понуди она претходно UBI што го зборам. Работникот на трака нема да биде отпуштен одма, прво газдата ќе му каже: Или работи за 30% помалку, или месецов нарачувам два робота. Човекот ќе прифати помалку пари за да преживее.

Точно е дека занаети молер, водоводџија итн. ќе паднат последни бидејќи околината им е непредвидлива но има една цака - кај ќе одат сите оние што ќе изгубат работа во фабрики и магацини? Кога 30% од работници во фабрики, логистика, шофери итн. ќе останат без работа голем дел од тие луѓе ќе се преквалификуваат во занаетчии, молери и др. Пазарот ќе се преплави со понуда на работна сила што ќе ја урне цената на трудот и кај занаетите до ниво на преживување.

И уште нешто, Кина не развива хуманоидни (и др.) роботи со крајна цел да им ги продава/извезува туку примарно за сопствени производни капацитети бидејќи и кај нив работната сила старее и станува скапа. Кога Кина ќе ги исфрли луѓето од своите фабрики и ќе почне да штанца производи со 0% трошок за човечки труд, ниедна фабрика во Македонија па дури ни во Бангладеш нема да може да биде конкурентна со цената на финалниот производ, колку и да им се мали платите на луѓето. Проблемот не е само што роботите ќе ни ги земат работните места тука, туку што роботите таму ќе го направат нашиот извоз целосно неконкурентен. (Веќе сме неконкурентни со текстил, ги испуштија сите работници откако се зголеми минимална плата и тоа не е воопшто поврзано со аи и роботика туку чиста економија.)
 
Види, објаснувањето целосно држи логика и би рекол е дури "bulletproof", заради тоа го линкнав Dont Look Up филмот, не знам дали си го зирнал - идентични се муабетиве на форумот.
Ако јас не гледам, тогаш не се случува
Во моментов, AI ни олеснува работи за многу професии. Како што кажав, еве едноставен процес:

Во минатото
  • Потреба на фирма > консалтинг агенција > консултанти > резултат
Денес
  • Потреба на фирма > консталтинг агенција > консултанти > AI > резултат
Блиска иднина
  • Потреба на фирма > консалтинг агенција > AI > резултат
Подалечна (или поблиска) иднина
  • Потреба на фирма > AI > резултат
Не знам според кои параметри ова не се случува или нема да се случи. Се што нас ни олеснува работа со AI, во иднина ќе може да се искористи за да не прескокне или замени.
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.742
12.676
Skopje
www.wemaxa.com
Види, објаснувањето целосно држи логика и би рекол е дури "bulletproof", заради тоа го линкнав Dont Look Up филмот, не знам дали си го зирнал - идентични се муабетиве на форумот.
Не знам според кои параметри ова не се случува или нема да се случи. Се што нас ни олеснува работа со AI, во иднина ќе може да се искористи за да не прескокне или замени.

Многу луѓе се лично инвестирани дали заради образование, свои луѓе во одредени професии или лично самите, постоечка работа итн. па кога вистината не им одговара едноставно не ја перцепираат или свесно ја игнорираат но субјективна реалност е баш тоа, личен светоглед, а објективната реалност или светот, баш паторот го боли што некој мисли.

Секогаш имало и ќе има незадоволни но тоа не спречувало прогрес а и сега нема да го спречи. Класична когнитивна дисонанца и одбранбен механизам. Кога некој вложил 4-5 години во факултет или поминал години во градење кариера, или со таа работа прехранува семејство, неговиот мозок едноставно одбива да ја прифати реалноста дека неговата професија има рок на траење. Полесно е да се живее во негирање (абе нема шанси тоа кај нас или робот не може како човек) отколку да се соочи со егзистенцијален страв дека утре ќе мора да почне од нула.

Објективна реалност нема емпатија. Економскиот прогрес и капиталниот интерес се природна сила што не ја интересираат лични приказни, кредити, непроспиени ноќи или нечиј труд. Низ историја секогаш било така - кога ги пуштиле во погон првите машини за ткаење за време на индустриската револуција имало луѓе што ги кршеле машините во фабриките бидејќи им го земале лебот. Кога се појавува првата кола, кочијашите и тие што чувале коњи се бунеле. Кога се појавуваат дигиталните фото камери Кодак пропаѓа со се уште вработени кои мислат дека фото-филмот е незаменлив. Прогресот запрел? Не.

Разликата е што овој пат со АИ и роботиката, брзината и обемот на промените се незапамтени и се реализираат со темпо невидено до сега. Претходно, автоматизација заменува само една специфична вештина (на пример, машина што штрафи само еден шраф) а сега заменува когниција и адаптивност. Софтвер учи да "размислува", робот учи да се движи во непредвидлива / динамична околина како човек.

Светоглед на просечен човек завршува кај што му завршува комфор зоната. Затоа, тие што ќе останат заглавени во свој свет ќе бидат најмногу погодени кога ќе удри бранот додека тие што прифаќаат објективна реалност (колку и да е сурова) барем имаат шанса на време да се позиционираат.

Maynard (Tool) пред 20 год. во Vicarious пиша:
The universe is hostile, so impersonal
Devour to survive, so it is, so it's always been
 
Последна промена:

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.652
3.229
Не знам зашто мислиш дека треба да биде добро и позитивно за да стане реалност? На некој како Elon Musk му е гајле дали комунизмот е лош за човештвото?

Убаво објасни @xenon поназад, прочитајте го - UBI не е идеално решение, туку нужно зло (за капиталистиве кои се со мега корпорации) за да не се бунтува народот кога ќе остане без работа. Не е дека они со мерак ќе даваат дел од своите пари, туку заради потреба бидејќи голем дел од луѓето ќе останат без можност за работа.

Карикирам, ама ако сега некој заработува 100%, кога ќе остане без работа ќе му даваат 15-20%. Win-lose е за корпорациите, односно ќе добијат „само“ 80% од трошоците кои ги заштедиле со тебе во случајот.
Мислењето е автоматски споено:

Нема да заработи, туку ќе заштеди. Не знам дали на игнор ви е @xenon или што е проблемот, имаше објаснето убаво дека ако човек ја чини компанијата 30.000eur годишно, со AI робот како замена ќе има само капитална инвестиција од (пример) 40.000eur и со тоа 3 пати поголема дневна продуктивност (24 часа работа место 8 часа), така што ROI ќе биде уште во...првите 3-4 месеци?
Мислењето е автоматски споено:

Добро како може толку лимитирано да гледате на работите? Само програмер?

А што е пример со консултантите, кои веќе се заменуваат со AI во процесите? Што е со аниматорите? Што е со графичките дизајнери? Со сметководителите?

Не зборуваме ниту за целосна замена, туку зависно од случајот до 50-60-70-80-90%, каде што ако претходно работеле 6 луѓе еден клиент/договор/проект, сега ќе го работат 2-3ца? Пример во консалтинг имаш големи проекти каде што се бараат многу анализи на податоци, место да ангажираш 5 консултанти, голем дел од таа истражувачка работа ќе ја завршиш со agentic AI.

Плус, дури и да си во право, зар сакаш да кажеш дека иако white collar jobs ќе ни ги земе AI, ние сме безбедни со молери, таксисти итн? Како да одиш на печалба на 20 години во САД, па ајде grunt work терај ти, а AI ќе ти ги земе подобро платените работи...

Добро, ќе доставувам Wolt и ќе сум среќен дека АИ нема да ми ја земе работата.
1. веруваш во се што ќе ти кажат. Елон си тера својот бизнис. УБИ ти објаснуваат луѓе дека е неможно да функционира и е само залажување за будали што не знаат математика. Просто е, не е возможно да постои и да опстои.
2. Нема да заемни програмери, ќе ги направи попродуктивни. Приучени мајмуни што демек куцаа нешто а не разбираа што прават не беа програмери и тие секако беа јавачи на бранот. Сега ќе треба да најдат друг бран за јавање. А веќе го јаваат аи бранот и продаваат брда и долини.
3. Еве дизајн работам. Помага во дизајнот, нема како да ме замени. За прикрпување и замена на бренистер фејкери - лошо е. За тие што сериозно работат дизајн, ова е ок алатка. Ко фотошоп, илустратор, акробат... Правам фотографија и потоа ја средувам и со аи и со фотошоп. Никогаш нема да го направи тоа што си го замислил. Може да биде добро и интересно, ама не тоа што си го замислил. Рачно пак средуваш.
Сметководство? Имаше огромен настан во австралија. Сепак мора човек да прегледува што прегледал аи и да знае ОДЛИЧНО да си ја работи работата за да види дали некаде аи халуцинирало. Поточно, да види каде халуцинирал.
Доктор? Да ќе добие одлична алатка и ќе си проверува дали некаде нешто заборава или не приметува, ама на крај докторот треба да каже, да ова е вака или не е вака.
За сите позиции важи ова.
4.Цената за решавање проблеми ќе биде прилично висока. Фри верзиите што се сега ќе ги снема. И ќе треба да плаќаш сериозна претплата (ако ти се исплаќа). Платежните ќе станат уште поскапи.
5. Со оглед дека кажваш дека аи ќе ја замени твојата работа, ми кажува дека не си ја знаеш работата. Комбајнот заменува едно чудо алатки и при тоа прави грешки кои се прифатливи за произведувачот. Во право, медицина, сметководство.. грешки не се прифатливи.
Во дизајн во принт, грешките се плаќаат скапо.

Ко што кажав, многу мислења тука ќе остарат лошо.
Еве 20 години сме на форумов. Ќе видиме за 10 и за 20 што ќе биде.
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.742
12.676
Skopje
www.wemaxa.com

Ова е класичен клик беит медиумски спин и мешање баби и жаби. Текстот е полн тотално неточни и вон контекст информации за да се направи драма. Примерот со Ford - Ford стварно враќа инженери да го средат квалитетот на возилата ама тоа се случува уште во 2022/2023 година поради хаосот со набавки на делови по пандемијата. AI тогаш воопшто не беше причина за нивното отпуштање, ниту пак некаков бот им ја бркаше работата на инженерите. Точно е дека околу 30-40% од менаџерите (според Orgvue и Robert Half) признаваат дека избрзале со кратење позиции пред AI алатките да бидат созреани но тоа не значи дека се каат за воведувањето на AI, туку дека сфатиле дека им треба хибриден модел (луѓе што знаат како да користат AI). нзс. Нема никакво масовно каење и враќање на старо туку само корпоративно трезнење дека AI сеуште не може магично да заврши се сам без човечки надзор. Медиуми само рециклираат стари вести од пред неколку години и им лепат етикета AI за да соберат кликови.
 
Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.256
2.694

брат, некако и постовиве ти звучат ко АИ. Ко да си го зел текстот, си му рекол на ботот контра реплики да ти направи и тоа отприлика.
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.742
12.676
Skopje
www.wemaxa.com
брат, некако и постовиве ти звучат ко АИ. Ко да си го зел текстот, си му рекол на ботот контра реплики да ти направи и тоа отприлика.

1782904872566.png

Оружјем против отмичара, готово преведени текстови од банана т.н. медиумчиња кај нас што заслужуваат за форум кој ништо не цени, не навлегува во дискусија, пишува брат-брат еднолински досетки небаре стринки у Зара, хехенца и леленца, да потроши саати да прави позадински проверки и бесплатно да ги споделува за тројца што читаат? Радувај се додека сеуште некој препрочитува или едитира или шминка тоа што бот пишува. Нејсе, во духот на темата е, пак инволвира повеќе кликови од копи пејст на линк или хаха-хехе реченичиња. Брат-брат.
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.742
12.676
Skopje
www.wemaxa.com
View: https://www.youtube.com/watch?v=OAzncbNovJc

Брат-брат Рончо спомна секси роботки. Има и тоа веќе некое време, можеби не WestWorld стил но веќе се повеќе стартапи се насочени баш кон производство на хуманоидни роботи за дружење. За потребите на дискусијава, да ги наречеме Харемки (@Ron26 пошто ќе земе поише за попуст да му даат). Веќе има многу кои развиваат сериозна емоционална зависност од обични AI четботови, што кога тие четботови ќе добијат хипер-реалистично физичко тело, тактилност и не мрчат. Кинеската индустрија за секс-кукли веќе ја прави транзицијата од обична пластика кон висока технологија. Фабрики во Кина веќе не вајаат со рака туку собираат биометриски податоци со скенери од реални луѓе и користат напредно 3D принтање со течни полимери за совршено мазна кожа. Моментално се преминува од евтини материјали на медицински платина-силикон композити кои задржуваат топлина и ја имитираат човечката кожа и внатрешност од метален скелет со над 50 подвижни зглобови. Моделите имаат системи за греење на 37 степени и сензори за допир. Кинезите веќе масовно го продаваат AI модулот "Metabox" за само 200 евра, кој работи на јазични модели како Llama. Овој модул поддржува "dirty talk", акцелерометарско "стенкање", и карактери за улоги. Дури ставаат и екрани на задниот дел од главата за гледање филмови во одредени пози. Овие силиконски кукли со AI глави и статично тело во Кина моментално се движат од 700 до 5000Е. Првите комерцијални модели кои ќе можат автономно да одат се очекуваат помеѓу 2028 и 2030 година. Пример е "Arya" (USA) кој оди на подвижна база со тркала и има 20 микро-мотори во лицето, иако движењата се уште шантрави тоа е заради евтините серво-мотори што крцкаат и не се баш рафинирани. И тука лежи главниот технички проблем а тоа е дека куклите се уште се главно неподвижни во телото бидејќи моторите се премногу кршливи и горат под надворешен физички притисок, виткање и/или груба сила. Кога овие роботи ќе станат целосно автоматизирани, почетната цена се проценува помеѓу 10000 и 20000Е. Со масовно производство цената ќе падне на 5000Е. Ова се очекува да биде огромна индустрија затоа што моменталната реалност е следна:
  • Раст на стапката на разводи: Во глобални рамки стапката на разводи се движи меѓу 35% и 50%. Луѓето се потешко наоѓаат компромис.
  • Пад на бракови и наталитет: Бројот на склучени бракови паѓа за околу 1% до 2% секоја година, додека процентот на сингл домаќинства руши рекорди (во Јапонија и Јужна Кореја, над 35% од домаќинствата се составени од еден член).
  • Епидемија на осаменост: СЗО ја прогласи осаменоста за глобален здравствен ризик, рамен на пушењето 15 цигари дневно. Над 25% од младите се изјаснуваат дека се чувствуваат екстремно осамено или социјално изолирано.
Џен. Z и Миленијс веќе имаат развиена навика за дневна интеракција со AI асистенти па премин кон физички AI партнери е логичен следен чекор. Харемките ќе бидат привлечни баш затоа што човечките врски бараат компромис, расправии, соочување со ега, финансиски притисок и други ризици. AI роботот ќе нуди константна валидација бидејќи е програмиран секогаш да слуша, поддржува и ласка. Без обврски, без лутење и без драма. Корисникот ќе има апсолутна моќ врз изгледот,карактерот и расположението на роботот преку обична апликација.
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.793
10.109
брат, некако и постовиве ти звучат ко АИ. Ко да си го зел текстот, си му рекол на ботот контра реплики да ти направи и тоа отприлика.
АИ или не, тоа што безвезниов коментар на темава има најмногу лајкови е директен доказ како роботиве ќе не потепаат. Не сме ни способни за дискусија, само one liners ни останаа, очигледно капацитетот ни се намалува.

Не знам што се мачиш, гледаш скоро никој не те чита, сеа ќе ти реплицира некој
Хехе роботиве се за бодем и одем
И ќе има 15 лајка.
Мислењето е автоматски споено:

1782925756617.png

Ова ми е најјако, @petkotrajko споделува вест за Форд, @xenon ја објаснува убаво и после 10 мин @mdeni пак го споделува истото.

Абе филмовиве што ги зборевме пред неколку страни во живо ги глеаме.
 
Последна промена:

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.742
12.676
Skopje
www.wemaxa.com
АИ или не, тоа што безвезниов коментар на темава има најмногу лајкови е директен доказ како роботиве ќе не потепаат. Не сме ни способни за дискусија, само one liners ни останаа, очигледно капацитетот ни се намалува.
Мислењето е автоматски споено:

Не знам што се мачиш, гледаш скоро никој не те чита, сеа ќе ти реплицира некој

И ќе има 15 лајка.

Кај ќе биде човек ако толку лесно се смара со тролови, денес секој втор е трол, тренди е. Ценам што уште тука нешто се мачат да вербализираат на писмено, макар и реченица без интерпункција или основна граматика, али барем не е еден или серија на емотикони како на други медиуми. По тик-ток и чуда комуницираат со .gif-чиња, мемиња и слична писменост од камено време.

Темава е интересна за мене баш затоа што има толку многу антагонизам и неверување, луѓе се поларизираат како ова да е од денес за утре иако наведов рамка од 20 години. @JasSum еве вика некои мислења нема да остарат добро, живи били па видели.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно