1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

Дискусија во форумот 'Електроника - гаџети, електронски компоненти' започната од Sylvester, 17 Јули 2010.

  1. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,641
    12,997
    2 Август 2012
    Машко
    Јас пак не знам кој ти дозволува да агитираш за Gree на толку нападен и безобразен начин со примеси на директни и индиректни навреди спрема оние кои имаат поинаков бренд и поинакво мислење за Gree.

    Ти и уште два-три лика имате нанесено толку штета на Gree како бренд во Македонија што просто е неверојатно. И што е најчудно Gree герилата се однесува слично, како по некој pattern, на сите форуми во регионов што од друга страна ме наведува да бидам безобразен и да речам дека се Gree платеници ама не сум безобразен и нема да речам така :)

    Gree, како бренд, не заслужува вакви душегрижници. Имаат океј модели во сите сегменти, се борат да освојат market share како знаат и умеат преку долги гаранции, пост продажба и резервни делови и сето тоа да биде упропастено од ванаби стручњаци со стихови како „Нашите компресори се ненадје*иво добро а останатите брендови користат примитивни компресори и секој што купува друго е неверојатно глуп“ а тоа е ултра глупа политика која носи кон ќорсокак и пад на продажбата.
    (аналогијата на некој што не е упатен би била „ако е толку добра од каде потребата за агресивно и нападно промовирање по форуми“)

    Револт предизвикувате Лепи. Револт!
     
    На Costigan_Jr, Gaston, igor_xxxx и уште 8 други им се допаѓа ова.
  2. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,641
    12,997
    2 Август 2012
    Машко
    Па што?

    Па што? Не е даљинско од телевизор. Местиш температура и забораваш. Јес да е споро и не е наџиџано со опции ама има позадинско осветлување и iFeel си ја брка работата. Тоа што некој не менува батерии не значи дека кај сите има проблеми.

    Па што?
    Дворедниот треба да биде од бакар а не као фол од бакар.

    Никој никаде нема кажано дека има 12 брзини.

    Ни ова не е точно. Климата си има anti cool air и си ја тера работата повеќе од добро. Има преку 30 степени разлика помеѓу влез и излез и сум измерил помеѓу 50 и 60 степени на топлење.
     
    Astraion, mdeni и на Antropos им се допаѓа ова.
  3. kooks

    kooks
    Баниран/a

    95
    54
    5 Март 2016
    Машко
    Па што ли е одговор, ало цената ја рипаш, ти ако си ја земал за 23.500 еден куп други ја платиле и по 28.000, Тоа Па Што е за тебе, као ништо?
    Све што има Аери го има ЛомоЕко и поквалитетно е за цената, ако имаш некој аргумент дека не е така кажи да го слушнеме, а трачеви не ми се полемизираат од типот задоволен си бил.

    А за ладното дување веќе самиот си одговорил (а ја стари постови знам да најдам) па сеа реши се што е вистината, по твојов одговор кон yоана anti cool air испаѓа лажга со опашка и тоа од тебе лично кажана. Она " Потоа ја лади" е акцентот.
    duvat_ladno_aeri.png
    Имаш напишано и дека 30м2 се премногу за Аери12 да ги грее, и со тоа потполно се слагам и не си ми јасен за што тогаш дускутираш и полемизираш?
    Ти ја имаш ставено во 15м2 за толку ли м2 е или за колку е според тебе?
     
    Последна промена: 23 Јули 2018
  4. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,641
    12,997
    2 Август 2012
    Машко
    Каде?
    Стручњак! Читај внимателно! Таа прашува дали е нормално после постигната температура да дува ладно (спрема нејзина перцепција тоа е ладно, а не е. Можам да го докажам тоа)
    Anti cold air не е тоа и не прави се мрднат. Знаеш ти што е тоа многу добро.
    Ало ало!! Тоа што ја платиле еден куп луѓе затоа што се залетале на клими.мк не имплицира дека јас сум ја набавил по багателна цена туку по нормална. Кажав веќе дека не планирам да ви ги плаќам билбордите низ Скопје.
    Ако Паком има минимум мозок ќе види дека намерно го минирате со тоа што намерно ги држите високи цените на Vivax.


    Иначе не сум монтер и продавач на клими.

    Мистерии бачо, мистерии!
     
  5. Bambuca

    Bambuca
    On your way to fame

    552
    573
    12 Декември 2015
    Машко
    Електричар
    Луѓе немојте да се расправате не разбрав од моабетот VIVAX или ЛОМО ЕКО?

    Испратено Од Централна Македонија
     
  6. kooks

    kooks
    Баниран/a

    95
    54
    5 Март 2016
    Машко
    Овде
    301.png
    на твое прашње колку м2 загрева
    302.png 303.png
    Продолжено дување на постигата температура е нормално само во мод ладење, на лето и вентилатор исто служи да лади нели?
    Ама во мод греење и во зима не е пријатно да дува вентилатор. Уштедено е на логиката кај виваксот, па исто да работи и на ладење и на греење. Кај Грее климите нема продолжено дување на постигната при греење, гаси вентилаторот за 10 сек.....на ладење си дува и на постигната, посебна логика има зависно од модот дали е греење или ладење.
     
    Последна промена: 24 Јули 2018
  7. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,829
    26,024
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    @kooks дискутирај на темата не провоцирај членови, начинот на кој се обраќаш не е баш пријатен за читање. Доби предупредување, ако ти си дилер и сакаш да станеш партнер на ит.ком.мк обрати се до редакцијата за соработка, во спротивно нема да ти биде дозволено на ваков начин да ги продаваш твоте продукти.

    Благодарам.
     
    На Costigan_Jr, zelenko, krema и уште 5 други им се допаѓа ова.
  8. ante1

    ante1
    Gaining Experience

    49
    94
    11 Јануари 2017
    Машко
    IMG_6034.jpg
    Точно на форумот никој нема пишано дека има 12брзини, но на официјаниот каталог стои 12брзини дека има :) Не читаат сите форуми гледаат каталози и и купуваат..
    Не сакам да бидам сватен како некој бот на Грее на овој форум,на другиот од такви работи и постојани препукувања престанав и да пишувам, давам допринос и во темата со мерење на потрошувачка,не фаворизирам никој..Добро би било да се задржи нивото на дискусија но и реално да се претстават работите---"Не пиши ама пиши 12брзини" кои се неверојатни и за која било друга клима
     
    На GGTT1 и kooks им се допаѓа ова.
  9. vlavot

    vlavot
    Medicus

    2,974
    2,947
    29 oктомври 2009
    Машко
    Medical Doctor
    На mdeni и Antropos им се допаѓа ова.
  10. kooks

    kooks
    Баниран/a

    95
    54
    5 Март 2016
    Машко
    Интересно ова ТопТен
    Овие две Синклер ми се нешто познати, деснава како Ломо не ви личи?
    Best of Europe - Monosplit 4-5 kW
    Sincair.png
     
  11. GGTT1

    GGTT1
    Gaining Experience

    418
    336
    1 Февруари 2017
    Машко
    На kooks и ante1 им се допаѓа ова.
  12. DelphiUser

    DelphiUser
    Practice makes perfect

    1,181
    1,181
    2 Март 2011
    Машко
    Дали некој има искуство со 18ка Midea MA2-18NXD0/ MA-18N8D0?
     
  13. Stefan.Taz

    Stefan.Taz
    Intern

    285
    31
    30 Април 2008
    Здраво дечки,
    дали има некој искуство со Panasonic CS/CU DE35TKE -1 го има во Куманово за 35иљади или нешто. Собата е 25 квадрата, 2,7 висина на соба и 50 квадрата цел стан. И колку е подобар или полош избор од LG PM12 SP.NSJ/UA3, 3.5/3.8kW
    Поздрав!
     
  14. Stefan.Taz

    Stefan.Taz
    Intern

    285
    31
    30 Април 2008
    Пак јас. За исти пари у техномаркет има PANASONIC CS/CU-FZ35UKE
    Помагајте не знам накуде терам више :cry:
     
  15. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,599
    3,347
    24 Септември 2012
    По одмори сме сите. Отвори еуровент види која дава повеќе топлина у повисок Цоп на -7.
     
  16. Stefan.Taz

    Stefan.Taz
    Intern

    285
    31
    30 Април 2008
    Сга ли нема никој на тему, кд е највруќо :) шалу се
    Не најдов на -7 него ова, COP @+7 ако се важи :)

    Панасоник CU-FZ35UKE / CS-FZ35UKE 3,66
    Панасоник CU-DE35TKE-1 / CS-DE35TKE-1 3,69
     
  17. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,735
    3,820
    12 Јануари 2016
    Машко
    ^
    Сакаш да ладиш, или сакаш и да грееш?

    ЛГ дефинитивно не се клими кои се добра вредност за парите ако се зборува за греење, а Панасоник е една од најслабо користените клими овде (па толку и искуства ќе слушнеш за неа).

    Патем, погрешен ти е пристапот кога прашуваш дали моделот под реден број 3795 од брендот Х, е подобар од брендот У модел под реден број 4690. Никој не ги знае точно овие работи, па ни гугл. Постојат илјадници клими и нивните спецификации не се првиот критериум по кој треба да се прави споредбата. Ако тие две клими за кои прашуваш имаат еуровент скор, тоа најдобро што можеш да добиеш во вид на меѓусебна споредба, само што еуровент не е еднаков на корисничките искуства - кои често се различни од лабораториските мерења во вештачки контролирани услови.


    Но тоа што се обидувам да ти го објаснам, е дека вистинските прашања на кои треба најдеш одговор се :
    - Сакаш само ладење, или и греење?
    - Колку киловати енергетска моќност ти требаат за твоите потреби?
    - Која клима ти одговара на потребите (и дали таа клима ја има во првата продавница за техничка роба во која ќе влезеш).

    Пролистај ја дискусијава, и види какви искуствата со многуте брендови и модели на клими. Пошто има се и сешто, но тоа што секако нема се: мноштво од искуства со Панасоник, па и со ЛГ. Од икс причини (некои валидни, некои не) луѓето користат други клими, кои најчесто не ги пазаруваат од супермаркет тип на продавници за техника.


    Се надевам дека малку те насочив во вистинска насока. Или па во спротивно едноставно одбери една од двете клими и заборави на детална анализа за тие клими (која овде никој не може објективно да ја направи). Изборот секако сам ќе мора да го направиш.
     
  18. Stefan.Taz

    Stefan.Taz
    Intern

    285
    31
    30 Април 2008
    Најпрвин фала на исцрпниот одговор. Климата ќе ми ја треба и за греење, да е само за ладење веројатно не би ни барал подетално мислење или искуство. Темата ја пратам веќе некое време, меѓутооа се сложувам дека се многу малку корницници на Панасоник,Хитачи, и многу малку коментари за нивните производи(што на пример за Вивакс и Грее има цели војни испишано ;) ) а во таа цена не знам дали да бркаш поситен бренд со као поквалитетен продукт, или да си бркаш бренд кој створил име на тие продукти.
    На прашањето колку киловати ми треба, веројатно одговорот би бил „да протерам зиму“, а уопште не е битно куде исту ќе гу купу :)
    После толко гуглање и размислување на крај највероватно ќе биде оп труп куповина без много размислување и консултацие па ќе играмо на карту како се погоди :)
     
    На kolesk и mdeni им се допаѓа ова.
  19. Antropos

    Antropos
    Gaining Experience

    84
    89
    20 Јануари 2017
    Машко
    Така е обично со климите под 40-К, баш како се погоде! Овие модели што ги наведе се просечни а се преценети! Не дека Panasonic UKE ili TKE нема да вршат работа (пази за вториот имаш поповолна цена во СК) PANASONIC CS/CU-DE35TKE по супер цена од 32.990 ден. ти спомна цена 36К, ... UKE i LG то инаку скромни клими како рече Дени провери на Еуровент, па еве јас видов, LGto e TOL (temperature operation limit) SAMO -10!!! Инаку има скромен Pdesignh 2.5kW, на -8*С ќе испорача 2,3kW so COP 3.... Panasonic-ot UKE Pdesign 2.4kW, na -10 вели ќе испорача 2.3kW so COP 2.35... победникот (според мене) иако чини поскапо 4 илјадарки поише од ЛГто (чини 43К) би бил Fujitsu ASYG12LMCE so Pdesign 3.4kW na -7 ke isporaca 3.1kW so COP 2.43... nekoj ke rece za 43 подобар избор би биле Toshiba ili Mitsu... ОК немам против, но мене ми е Fujitsu-то фаворит ... единствено што пречи е она ПРЕЦЕНЕТ е и овој е исто така...пречи тоа што се надувани цените на Фуџитсу во Хидросет! Србија истиот чини околу 75,000 Динари, што би било пола нели 37-8 наши! Носи ја од Грција Кумановац ако имаш некој у царина!
     
    Последна промена: 9 Август 2018
    Majestic, Stefan.Taz и на Lokvan им се допаѓа ова.
  20. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,735
    3,820
    12 Јануари 2016
    Машко
    Да не беа, ќе ги користевме и ќе ги препорачувавме пред сите други во сегментот „најдобра вредност за парите“. Тоа додатно ќе влијаеше на симнување на цените на тие кои сега ја заземаат таа категорија - Гри (или Вивакс, според други мислења). Практично ние потрошувачите сите би имале бенефит од нормални цени на Фуџитсу, па дури и кога не би користеле Фуџитсу. Дури и краткогледите Хидросет би имале бенефит од повеќекратно зголемениот промет, пошто и лаик за економија знае дека поголем пласман со нешто помал профит сеуште резултира со поголем профит во фискалната година. Само што изгледа дека (на жалост) Хидросет веројатно се некои мрзливци кои повеќе сакаат помал годишен профит, ама со помалку работа.
     
    На Antropos и mdeni им се допаѓа ова.
  21. DelphiUser

    DelphiUser
    Practice makes perfect

    1,181
    1,181
    2 Март 2011
    Машко
    Хидросет има голем попуст летово.
     
  22. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,641
    12,997
    2 Август 2012
    Машко
    Мозгање треба за клима. Ако ништо друго тогаш атер за тоа треба да дупиш дупки во ѕидовите и што ќе те нервира ако не ти се погоди.
     
  23. Stefan.Taz

    Stefan.Taz
    Intern

    285
    31
    30 Април 2008
    Фала за препоруку и одвоено време да погледаш, доста конкретан и прецизан одговор...још жена да одобри буџет за Фуѓицу :innocent:

    Дефинитивно треба. Купиш Нео или Аукс, ако врши работу кои сам ја мени цар, ако не работи еј требаше да додаду паре да купу нешто саглам.
    Купиш саглам иста прича :)
     
    На mdeni и Antropos им се допаѓа ова.
  24. Antropos

    Antropos
    Gaining Experience

    84
    89
    20 Јануари 2017
    Машко
    Само не брзај, далеку е зимата, а и жештиниве нема да траат многу... веќе сме блиску кон половина на Август (си оди летото) Прочита моето и мислењето на Локван дека се овде преценети те прескапи Фуџитсу!? ... слушни и други мислења на поискусни и подобри познавачи од мене... и како ти предложива врати се и прочитај понешто назад, тука или на “жолтиот форум“...
    реков има тука поголеми познавачи од мене, па и јас би ги запрашал нив на пр. зошто на страната на Хидросет е само едната ознака (внатрешна ли е или надворешна немам поим), те да преформулирам дали се работи за истиот модел на Хидросет FUJITSU 12 LM INVERTER ладење3,4 kW/ греење 4,0 kW/Class A++ = 43,500 ден! со оној од Eurovent Air-conditioning and refrigeration certification programs, Eurovent Certification
    кој е исто ASYG12LMCE....+ AOYG12LMCE ??? Битно е многу... дали освен со цените играат и со нешто трето Хидросет!?
     
    Последна промена: 10 Август 2018
    На Stefan.Taz му/ѝ се допаѓа ова.
  25. Klimatronik123456

    Klimatronik123456
    Intern

    3
    0
    1 Август 2018
    Машко
    Здраво
    Нов сум на форумов, но го пратам некое време. Гледам дека стварно има добри познавачи кои не штедат на делеље на се' што знаат.
    Потребна ми е клима, претежно за греење.
    До сега изборот се сведува на следниве
    - Грее 3.5 Амбер 50 000 денари
    - Мицибуши СФ35ВЕ 45000 денари
    - Грее 3.5 Хансол 43 000 денари
    Амберот е најскап и малку ме двоуми цената. Хансолот според цената гледам дека е доста фален модел.
    Им давам предност на Грее заради гаранцијата од неверојатни 10 години, но од друга страна јапонец е јапонец.
    Би сакал некое мислење од поупатените.
    Колку повеќе читам толку потешко да се одлучам.
    Станот кој треба да се грее е како на сликата.
    Изолација на ѕидовите нема.
    Дали некоја од наведените клими би постигнала греење на ваков простор, со оглед на тоа дека се само 28м2, ама не е целосно отворен простор
    received_228957674624690.jpeg
     

Сподели

Вчитување...