pinky
lurker
- 23 мај 2009
- 525
- 428
Грешен податок е тој што го дал модулацијата е од 280-330W
Можеби има различни генерации од FH35. За моите единици гарантирам дека минимална модулација на греење им е 350-400W. Ги пратам, поврзани ми се на ватметар 3 години веќе.
Модулацијата е под 300W само на ладење.
Јас имам FH35ки поставено во простории од 12 до 60+ m2. При постигнување зададена температура се гасат и одмараат. Во defrost влегуваат по 40-60 минути (не знам точно) константна работа кога надвор е минус, без разлика дали надворешната единица е замрзната. Ако не е замрзната, defrost-от трае една минута. Ако е замрзната, неколку минути.Ти во помала соба ја имаш FH35? Прави паузи, влегува во дефрост?
Од мое искуство, климата е тапа за мали простории, пошто работи како on/off, ама топ за 40-60м2. Зборам за простор со просечна изолација и клима укључена 24/7.
