Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

bons

hello world
9 април 2007
242
67
Сори, ама те дрибла продавачот (ирелевантно е дали е инвеститор или не, во случајов е оној што ги земал парите, т.е. продавач). Ти обеќал гаранција а не ти ја дал. Побарај ги документите од станот и провери ги точните услови на гаранција. Немаш ништо со третата страна - по македонски закони одговорен за гаранцијата е само продавачот. Ти можеш доброволно да прифатиш друг да сервисира во негово име, но и не мораш. Во ситуацијава и не знам што си се гњавел уопште со сервисот...
(На еден колега не му го поправаат течењето у купатилото, па уште продавачот и мајсторот го убедуваат дека сѐ е во ред „само немој да влегуваш по чорапи“ и будалиов излегол од купатилото и ги заклучил - „додека не го поправите не искачате“ :)

Кога го купив станот, точно дека продавачот на станот не ми обезбеди документи, но секако гаранцијата беше истечена според гарантниот рок кој што го имаше Gree тоа време, но тоа не значи дека главниот дистрибутер не треба да обезбедува резервни делови за уредите кои што ги увезува, едноставно со повеќе од 4 сервиси ми потенцираа дека, дистрибутерот нема резервни делови за овој модел и они се сведувале да вадат од едно место за да монтираат на друго место, бидејки моделов се покажал дека 1 во 10 клими, за жал ја има оваа мана. За мене тоа е несериозност и лош квалитет.
 
bons

hello world
9 април 2007
242
67
Шо клими купи ако не е тајна, и каде е станот од кој град?

Sent from my iPhone using Tapatalk
Станот се наоѓа во тафталиџе 2, Скопје. Купив Panasonic 5.5ka моделот е CS-KE50TKE и LG 3.5ka моделот е P12 EN.NSJ. Двете загреваат површина од 55 квадрати.
Поздрав.
 
bons

hello world
9 април 2007
242
67
@FLEGMA, aj да не смарам повеќе со ова (иако муабетов со упс-от во реалност воопшто не е така едноставен). Значи ОК на страна сето друго, имаш упс и нема да ти се оштети котелот во печката. Во ред. Но чинам зборувавме за алтернативно греење кога се нема струја. :)

УПС е само заштита на котелот. Кога ќе снема струја ќе мораш да прекинеш да ја ложиш печката. И да не се грееш. Како тоа негреење е подобро од негреењето со клима, или негреењето со пелети, или негреењето со панелни греалки. Секако ќе ти биде ладно.

Лошо... Баш ме интересира дали (и што) ќе одговорат на ова. Сеедно што продавачот е директно одговорен, веднаш после него на листата одговорни е главниот увозник/застапник. Мислам дека имаш основа да се пожалиш во ДПИ затоа што надлежните се должни да обезбедат резервни делови на одреден период (не знам точно колку години, ама чинам повеќе од твоето сопствеништво). Фала што го сподели искуството.
Фала на советот, баш ќе проверам како е според ДПИ, едноставно жално е што климата издржа едвај 2 сезони.
Поздрав.
 
GREEMAK GROUP

Верификувана компанија
31 август 2016
10
28
Скопје
www.facebook.com
Здраво Дечки,

Ретко пишувам, го следам форумов со години и години ;) па ајде да споделам и јас едно искуство поврзано со клими, за жал лошо..
Имено при вселување во нова зграда пред 3 години, во сите станови си имаше вградено Gree клими 7.5ки (GWHD(24)NK3) со 2 внатрешни единици (ниско монтажни), што и беше голем адут при купување на станот, економично греење, топ. Да ја скратам приказната, се беше фино првата зима, ниски сметки, си дојде и втората зима (минатата) ниски температури си истера без проблем, но во Март едната внатрешна единица почна да откажува издувува ладно и покажува error code (E1), се јавив кај инвеститорот тој ме препрати кај фирмата што ги монтирала/набавила, доаѓа екипа, вика дечко имаш среќа надворешната единица ти е со 4 излези ќе те премостиме, вентилот за фреон (некој си 3-Way) е затнат, греемак немаат резервни делови, јас со мало дете дома, викам премостувај опорави ја со договор во меѓу време штом добијат вентил да го заменат дефектниот. Ѕвонев секаде досаѓав вентили нема, дописи до греемак (зорба-б) до ден денес ми се немаат јавено, до пред еден месец сите 4 излези отидоа, останав без греење, со мало дете, морав да купам нови клими, буквално немав каде да се обратам за помош, а мораше да се делува брзо, отидоа 1600е за 2 нови клими засебни.
Да напоменам, гаранција немав, бидејќи климите биле монтирани 2012, греемак наводно кје ми реиздале гаранција (ништо до денес не се случи), можно е јас да неmav среќа со целата околност, но Gree никогаш повеќе, никаква поддршка од дистрибутерот ниту од официјалните сервисери. Стварно не ми е јасно како даваат 10 години гаранција кога немаат резервни делови, или ќе треба да останеш без греење и да го чекаш делот од Кина.
На лето здравје, го демонитрам целосно целиот систем, само ми прави гужва по ѕидовите.

Поздрав.
Бојан.
Почитуван Г-дин Бојан,
Денес за прв пат дознаваме на форумов за Вашиот проблем.
Греемак Гроуп до денес нема добиено никаква информација за Вашиот проблем, ниту Ви има обеќано дека ќе Ви реиздаде гаранција.
Би Ве замолил да давате коректна и вистинита информација.
Ако некој Ве изманипулирал и Ви обеќал нешто само да се оправда себе си, не ја префрлајте вината на Греемак Гроуп, како преставител на ГРЕЕ.
Ви стоиме на располагање ако можеме да Ви помогнеме. Адресата со сигурност многу лесно ќе ја најдете.

Со почит,
Греемак Гроуп Скопје
 
Почитивани,

Не знам како успеавте да заклучите дека не сум пријавил проблем кај вас бидејки детални информации, презиме, адреса немам споделено на форумов за да може да проверите дали имам или немам пријавено... Но сеедно проблемот последен пат беше пријавен дирекно во вашиот салон на ден 05.12 кога ми откажа и поледниот излез од климата, фините тетки од кога почнав да се жалам, само ми објаснија дека освен маил да пишат не можат ништо бидејќи "газдата" бил во Кина, во ред, го искуцаа маил-от пред мене и го пратија до овластените сервиси, и во CC изнаредија едно чудо луѓе и групи, и ми дадоа број од Зоран за да го контактирам. Следиот ден се јавив на Зоран од Зорба-Б, бидејќи нормално никој не ме исконтактира, и дечкото ми вика, не можам јас да ти кажам дали имаме резервен дел, ве имаме во систем, треба да се дојде на терен, но газдите (повторно) одлучувале кога ќе пуштат екипа, и тогаш потполна тишина.. ни се јавија ни дојдоа.

Ако сте заинтересирани за демонтажа, и старо железо, контактирајте ме.

Поздрав,
Бојан.
 
krema

OG
24 јуни 2009
15.726
15.818
youtu.be
Не знам како успеавте да заклучите дека не сум пријавил проблем кај вас бидејки детални информации, презиме, адреса немам споделено на форумов за да може да проверите дали имам или немам пријавено.
Да беее, и мене ми беше чудно ад кај ти знаат име, види богати!
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.738
12.674
Skopje
www.wemaxa.com
ДеГаздас ар ин де хаус!!! Брнинг даун де хаус, хууу лет де догз аут вуф виф!! Де Газда лет де догз аут вуф вуф

Григри каков е бе овој хулиганско хоштаплерски однос АЛО! 19ти век пашабегшомеглеаш менталитет...
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Ако сте заинтересирани за демонтажа, и старо железо, контактирајте ме.

Поздрав,
Бојан.
Сега кога го имаш нивното недвојбено внимание, искористи го за да го добиеш тоа што ти следува во сервисниот век на производот: достапност на резервни делови и сервис. Можеби и гратис сервисирање ќе добиеш од застапнициве, ако сакаат да го поправат имиџот во јавност - а би требало да сакаат, пошто ако е вистина ова е сериозно лош публицитет (и лош бизнис за нив).

Треба да го направиш советуваното од две причини. Прво, ќе добиеш исправен производ што можеш ќе да го продадеш или да го користиш. Второ, за никој да не се сомнева во некакви твои нечесни намери. Не велам дека е така (и лично не мислам дека е така), но во денешно време се се случува па и нечесни игри од конкуренцијата се секојдневие.
Значи сценариото во кое сите ние како корисници добиваме, и тие како застапници/продавачи, е ти да добиеш извинување, достапност до резервни делови и гратис сервис (или барем сериозен попуст).

П.С. Секако продолжи да ги пренесуваш искуствата, а потполно легално е да го објавиш спомнатиот маил ако бил испратен и до тебе.
 
Okiok

read-only
20 декември 2017
1
0
Zdrabo nov sym na forumov. Sakam da zagrevam povrsina od kuca 60m2 bez smeneti prozori i bez izolacija(visina na zidovi 2.70). Dali moze da mi preporacate soodvetna klima/klimi sto ke go zadovoli prostorot?
Pozdrav.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.080
6.014
Zdrabo nov sym na forumov. Sakam da zagrevam povrsina od kuca 60m2 bez smeneti prozori i bez izolacija(visina na zidovi 2.70). Dali moze da mi preporacate soodvetna klima/klimi sto ke go zadovoli prostorot?
Pozdrav.
Некоја од овие:

VIVAX ACP-36CF105AERI по супер цена од 99.990 ден.

MITSUBISHI MSZ-FH50VE/MUZ-FH50VE по супер цена од 98.590 ден.

GREE AMBER -30 GWH18YE-S6DBA2A по супер цена од 69.990 ден.
 
Forall

read-only
10 мај 2017
13
16
Почитивани,

Не знам како успеавте да заклучите дека не сум пријавил проблем кај вас бидејки детални информации, презиме, адреса немам споделено на форумов за да може да проверите дали имам или немам пријавено... Но сеедно проблемот последен пат беше пријавен дирекно во вашиот салон на ден 05.12 кога ми откажа и поледниот излез од климата, фините тетки од кога почнав да се жалам, само ми објаснија дека освен маил да пишат не можат ништо бидејќи "газдата" бил во Кина, во ред, го искуцаа маил-от пред мене и го пратија до овластените сервиси, и во CC изнаредија едно чудо луѓе и групи, и ми дадоа број од Зоран за да го контактирам. Следиот ден се јавив на Зоран од Зорба-Б, бидејќи нормално никој не ме исконтактира, и дечкото ми вика, не можам јас да ти кажам дали имаме резервен дел, ве имаме во систем, треба да се дојде на терен, но газдите (повторно) одлучувале кога ќе пуштат екипа, и тогаш потполна тишина.. ни се јавија ни дојдоа.

Ако сте заинтересирани за демонтажа, и старо железо, контактирајте ме.

Поздрав,
Бојан.

Пријателе, можеби не станува збор за задна а богами и предна намера, можеби едноставно станува збор за амнезија ! Не дека намерно те прават јавно, пред сите, будала и тебе и нас сите кои читаме ! Дај да не бидеме секогаш песимисти ! Не значи дека не дупчат во здрав мозок и дека не сметаат за ретардирани, барем не секогаш !? Едноставно, го игнорираат овој, го игнорираат оној и кога ќе се соберат неколку стотици или илјади игнорирани среќни, но несвесни за тој факт, сопственици на расипани и/или полурасипани Грее клими почнуваат да ги забораваат !? Пробај да имаш разбирање за нив ! Сепак многу се тие игнорираните ! Знаеш, игнорирањето во вакви земји као оваа нашава и со ваков народ кроток и мирен им е најдобра и најбезбедна стратегија. Парите ти ги зеле, ти никад , ни во следниот живот нема да купиш ни штраф од нив , ама има многи идни следни неинформирани, нови среќни сопственици, така да , секое чудо за 3 дена ! После тебе ќе пишат неколку ултра задоволни COP7, -50C, тројни изменувачи, twin rotor ТДИ компресори кои вртат на 250HZ кои никаков проблем немале и се најзадоволни на свет и од климите и од односот , тој од напред а посебно од позади ! Тебе ќе те прогласат за непријателски елемент-конкурент , или за неписмен кој не знае да мери топлински загуби и вселенска радијација, па ти верглај ! Се разбира да бевме во ЕУ, барем од амнезија немаше да страдаат до толку ако ништо друго, ама не сме !

Поздрав и better luck next time :)
 
Antropos

hello world
20 јануари 2017
85
91
Станот се наоѓа во тафталиџе 2, Скопје. Купив Panasonic 5.5ka моделот е CS-KE50TKE и LG 3.5ka моделот е P12 EN.NSJ. Двете загреваат површина од 55 квадрати.
Поздрав.
LG P 12 EN.NSJ / P 12 EN.UA3
е модел инвертер чија работна температура (како што е објавено од Нептун) е само до -10*С!? Провери си.
 
Последна промена:

maci

poweruser
2 април 2008
3.385
972
Еве ме пак.
Прво, благодарност на сите за советите во последните месеци.
Поминаа малку повеќе од два месеци откако ја имаме климата. Јас уште ја немам видено, ни осетено колку грее, но според кажување, за сега, покрај малиот инцидент, е супер. Цела вечер со бројки, пресметки, временски прогнози, се на се задоволна сум.
Климата што ја зедовме е оваа GREE AMBER -30 GWH12YD-S6DBA2A по супер цена од 49.990 ден.
50к плус местење 4300
Сега гледам и зголемиле квадратура, претходно помалку ја пишеше.
Климата работи 24/7. Вечер се пушта на 16 степени, после работа, околу 2 до 10 е на 21 до 23.
Просторот е 20м2 соба кај што е климата, плус ходник, купатило и уште една соба, се на се околу 50м2. Последниов месец другата соба се догреваше со греалка, па сега на сметката се осети. Од кога залади, вратата е се почесто затворена, значи само 20м2 се греат. Неделава температурите идат под -12, ќе видиме наредната сметка колку ќе е.
Јас сум презадоволна со потрошувачката, т.е. штедачката.
И да идат сметките 7 месеци по ред, по 3000 денара, тоа е 21000. Просек сметка месечно иде по 700 на месец, имаме и соларно, обичен фрижидер, светилки, лаптоп, перална, само 1 особа живее во куќата.
Значи со помалку од 16 000 денари, се грее пола спрат за 7 месеци.
Претходно за дрва дававме околу 36000, за пелети 25000 на година. Плус на струја се догревавме. Само лани пелети и струја беа 40 000, кога беше поларниот бран. Рекорд беше -29 степени.
Не знам зошто, но немаме ефтина струја ние.

Сега една молба. Гледам има мерачи на струја за потрошувачката. Ај име на некој добар бренд, сакам на амазон да си порачам. Денес ја поврзавме на вифи, ако може плус некој совет за некој модерен и полезен гаџет.
Кои клими се поскапени? Не забележав на клими.мк Не би ме чудело, наша посла е тоа...
Абе затоа требаше како геслото што им беше “за ского“ наместо субвенции, намали на година или две данокот од 18% на 5% како компјутерите храна и бебешка опрема... намали царината од 15 на 5% или на нула (нема да пропадне државава ниту ќе се зголемат предвидените 250,000ли беа Евра предвидени за субвенции)... и кој сака евтино да си купи клима, ќе купи овде ако не поскапуваат те ако поевтинат, или во Грција како многумина што се пофалива на форумите и тоа без даночни ослободувања ...од Битола еден спомна се опреми со Daikin, друг со Mitsubichi, трет со Fujitsu ....пред година дена Маци ми се чини се опреми со многу фин LG со двореден изменувач кој се на сѐ го коштал 22.000 Денари (откако си го повратил дел од данокот), па нека ја нуди Нептун за +30,000 истата ... нека дигаат после цените и останатите локални лоповишта и профетери јбг....не сме ние за субвенции! Ако е поентата масовно купување топлотни пумпи, те клима-инвертери и префрлање на оние кои се на цврсто гориво и загадуваат на еколошко економично греење со инвертери .... а не примарна цел прибирање данок за државата од голем промет, треба само ослободување од давачки, не субвенции! Субвенции ако треба, воведи за ранливи категории, за да прекинат со цврсто... или купи им 5,5ка клима, па нека греат евтино 2-3 соби, или печка на плин од 7-8кв + бесплатно бонови за 100-200 литри плин по сезона... само да им се зациментира оџакот!

Надвор од муабетот, видел ли некој ваков уред? Мерач на потрошувачка на електрична енергија - ватметар, мери kW, kWh, CO2 сите купуваат од СЕТЕК или АНХОЧ, или од АљиЕкс... овие Купи алат, носат еден бренд на алат од Чешка, Екстол (Еxtol) па во понуда го имаат и овој мерач кој велат во параметрите: Мерач на моќност kW, потрошувачка kWh, и јаглерод диоксид CO2. Аман бе...!?
јас го имам купено овој мерач
ок е
 
maci

poweruser
2 април 2008
3.385
972
LG P 12 EN.NSJ / P 12 EN.UA3
е модел инвертер чија работна температура (како што е објавено до Нептун) е само до -10*С!? Провери си.
на некој сајтови се наоѓа и табела од еуровент со информации од -15.
подобро ЛГ тестирана со еуровент(-10) него ли Грее нетестирана без еуровент (-15) :)
 
bons

hello world
9 април 2007
242
67
Сега кога го имаш нивното недвојбено внимание, искористи го за да го добиеш тоа што ти следува во сервисниот век на производот: достапност на резервни делови и сервис. Можеби и гратис сервисирање ќе добиеш од застапнициве, ако сакаат да го поправат имиџот во јавност - а би требало да сакаат, пошто ако е вистина ова е сериозно лош публицитет (и лош бизнис за нив).

Треба да го направиш советуваното од две причини. Прво, ќе добиеш исправен производ што можеш ќе да го продадеш или да го користиш. Второ, за никој да не се сомнева во некакви твои нечесни намери. Не велам дека е така (и лично не мислам дека е така), но во денешно време се се случува па и нечесни игри од конкуренцијата се секојдневие.
Значи сценариото во кое сите ние како корисници добиваме, и тие како застапници/продавачи, е ти да добиеш извинување, достапност до резервни делови и гратис сервис (или барем сериозен попуст).

П.С. Секако продолжи да ги пренесуваш искуствата, а потполно легално е да го објавиш спомнатиот маил ако бил испратен и до тебе.

Потполно се согласувам, благодарение на ИТ форумот го привлеков нивното внимание,
но искрено се изнамачив изминатиов период со климиве, ни под разно не доаѓа во предвид да платам сега сервис после целиот трошок што го имав за купување на 2 нови клими. Имаат мои податоци, ако сакаат да ја исправат работата нека повелат нека ја сервисираат гратис или со сериозен попуст секако. Освен нервози и потрошени пари од целава ситуација немам никаков бенефит, ниту па сум поврзан (ниту планирам) со продажба,сервис итн за клими.

Инсистирав да ме вклучат во маил комуникацијата, но го одбија моето барање со изговор дека тоа било само интерна комуникација.
 
bons

hello world
9 април 2007
242
67
на некој сајтови се наоѓа и табела од еуровент со информации од -15.
подобро ЛГ тестирана со еуровент(-10) него ли Грее нетестирана без еуровент (-15) :)
Сега за сега ОК се покажа, загрева соба од 20 квадрати, од 3 страни се надворешни ѕидови, доле и горе комшиите не ја затоплуваат собата, така да прилично е студена, зградата има 10цм изолација, и без затоплување се спушта до 16 степени.
 
maci

poweruser
2 април 2008
3.385
972
Не се само 20м2, туку има и ходник, купатило и плус мала спална соба, се на се околу 50м2
Препорачано од температурите во малешевијата, пред некој ден имаше -16
Дај друг предлог ако имаш.
клима може да ти загрее една до две простории и втората е знак прашалник колку ке ја загрее,после тоа натаму другите соби е залажување.како што кажуваш во беровскиот крај е ладно.
треба вратите да се цело време отворени да се меша топлиот со ладниот воздух...ама и се меша до некоја граница.
а како што спомна ќе затвараш врати и ќе ти остане 20м2 а внатре огромна 5ка клима.
ми нема логика целово твое кажување
 
Antropos

hello world
20 јануари 2017
85
91
на некој сајтови се наоѓа и табела од еуровент со информации од -15.
подобро ЛГ тестирана со еуровент(-10) него ли Грее нетестирана без еуровент (-15) :)
upload_2017-12-21_11-0-51.png
Сепак TOL C (-10)...инаку убава мала но убава клима, не паѓа моќта многу мене ми изгледа ОК (на-10 2.5kw со COP 2.9, но пак ќе кажам TOL C -10
 
  • ми се допаѓа
Реакции: bons

Antropos

hello world
20 јануари 2017
85
91
Сега за сега ОК се покажа, загрева соба од 20 квадрати, од 3 страни се надворешни ѕидови, доле и горе комшиите не ја затоплуваат собата, така да прилично е студена, зградата има 10цм изолација, и без затоплување се спушта до 16 степени.
Верувам дека е така, ОК климата за 20 кв добро изолирани, ете и Еуровент бројките тоа го покажуваат дека е солидна клима.... Ти посакувам со среќа да си ги користите и да немаш проблем со овие... што потопло и поекономично да греат и подолготрајно да служат!
 
  • ми се допаѓа
Реакции: bons

bons

hello world
9 април 2007
242
67
Верувам дека е така, ОК климата за 20 кв добро изолирани, ете и Еуровент бројките тоа го покажуваат дека е солидна клима.... Ти посакувам со среќа да си ги користите и да немаш проблем со овие... што потопло и поекономично да греат и подолготрајно да служат!
Ти благодарам, еве во исчекување сум на сметката за струја, со оваа сметка ќе биде опфатен цел циклус одкако сум префрлен на новите клими па ќе споделам и тука како сум поминал на тоа поле :)

поздрав.
 
sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
Друже на клими.мк сите клими се е со по 2 до 4000 а можи и повеќе поскапи за разлика од др места,јас шо ја зедов Panasonic cs/cu-e12qke на клими.мк беше 53 или 54000 , му се јавував за да купам ,па ми викаа јави се покасно има уште 2-3 во магацин па после една недела јавување излезе дека ја немало,па на крај ја зедов од Сетек за 45000ден,значи 8 или 9000 поевтина,за еден другар прашував за mitsubishi sf50ve vo klimi.mk 72590ден а во Прилеп му ја продаваа од 63 до 65000ден, haier tundra 5kw во клими мк 38490ден за еден другар ја зедовме од Сетек за 33300ден е па сега со тие цени само си бркаат муштерии.
Зборот сите ти е тотално погрешен бидејќи имаме модели кои се поевтини од конкурентите, тоа што има преку 150модели на клими нормално е да има некој модел или слично да биде поскап од конкуренцијата, конкуренцијата може направила распродажба акција или слично, најчесто ги следиме но се може да се случи. Но сигурно не се СИТЕ поскапи. Напротив најчесто ние сме тие кои скоро секогаш први правиме акции и слично а конкурентите пробуваат да не следат.
Конкретно за тоа што наведе дека во СЕТ биле многу поевтини има тука некаде тема за СЕТ може да ја прелисташ слободно па се надевам ке имаш подобра слика.
BTW ако некој продава mitsubishi sf50ve за 63-65к те молам слободно посочи бидеќи цената за нова клима со гаранција и слично е да не речам но неверојатна.
 
sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
.... бидејки моделов се покажал дека 1 во 10 клими, за жал ја има оваа мана. За мене тоа е несериозност и лош квалитет.
Чисто како информација пошто спомна во цела зграда имаат исти клими дали и некој друг имал проблем ? Немора ист може и билокаков друг проблем, бидејќи ако се од 2012та год тоа се 5год па добро е за статистички податоци да имаме инфо.
 
bons

hello world
9 април 2007
242
67
Здраво Дечки,

Ретко пишувам, го следам форумов со години и години ;) па ајде да споделам и јас едно искуство поврзано со клими, за жал лошо..
Имено при вселување во нова зграда пред 3 години, во сите станови си имаше вградено Gree клими 7.5ки (GWHD(24)NK3) со 2 внатрешни единици (ниско монтажни), што и беше голем адут при купување на станот, економично греење, топ. Да ја скратам приказната, се беше фино првата зима, ниски сметки, си дојде и втората зима (минатата) ниски температури си истера без проблем, но во Март едната внатрешна единица почна да откажува издувува ладно и покажува error code (E1), се јавив кај инвеститорот тој ме препрати кај фирмата што ги монтирала/набавила, доаѓа екипа, вика дечко имаш среќа надворешната единица ти е со 4 излези ќе те премостиме, вентилот за фреон (некој си 3-Way) е затнат, греемак немаат резервни делови, јас со мало дете дома, викам премостувај опорави ја со договор во меѓу време штом добијат вентил да го заменат дефектниот. Ѕвонев секаде досаѓав вентили нема, дописи до греемак (зорба-б) до ден денес ми се немаат јавено, до пред еден месец сите 4 излези отидоа, останав без греење, со мало дете, морав да купам нови клими, буквално немав каде да се обратам за помош, а мораше да се делува брзо, отидоа 1600е за 2 нови клими засебни.
Да напоменам, гаранција немав, бидејќи климите биле монтирани 2012, греемак наводно кје ми реиздале гаранција (ништо до денес не се случи), можно е јас да неmav среќа со целата околност, но Gree никогаш повеќе, никаква поддршка од дистрибутерот ниту од официјалните сервисери. Стварно не ми е јасно како даваат 10 години гаранција кога немаат резервни делови, или ќе треба да останеш без греење и да го чекаш делот од Кина.
На лето здравје, го демонитрам целосно целиот систем, само ми прави гужва по ѕидовите.

Поздрав.
Бојан.

Дечки,

Очекувано, денес ме контактираа од ГрееМак, го нашле маил-от и се извинија за задоцнетата реакција и ситуацијата во која што сум се нашол, сепак реагирале според напишаното на фоумот, дописот од маилот бил игнориран бидејќи не биле во добри односи со изведувачот/монтажерот (непрофесионално) како и зашто, тоа е нивна работа и не ме интересира. Климите биле монтирани без гаранција и поради тоа не ми следува попуст за поправка. Сепак на крај вети, доколку се решам да ја монитрам на друго место (може да се вклопи кај бабата и дедото :) ) ќе излезат во пресрет за да ја средат. Се надевам дека ќе останат на ветеното. Ако не дискусијата ќе продолжи тука.
Благодарност до ИТ форумот, сепак преку него успеа мојата мака да допре до нив..

Поздрав,
Бојан.
 
bons

hello world
9 април 2007
242
67
Чисто како информација пошто спомна во цела зграда имаат исти клими дали и некој друг имал проблем ? Немора ист може и билокаков друг проблем, бидејќи ако се од 2012та год тоа се 5год па добро е за статистички податоци да имаме инфо.
Зградата се вселуваше етапно, кој порано кој покасно, сега за сега немаат проблем, но ете сега има и други фамилии со мали деца и очекувам дека ќе ги користат поинтезивно. Дај боже да е се во ред.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв