mdeni
senior
- 24 септември 2012
- 6.058
- 5.989
Ако си потрошил 38квч / 24ч тоа се 1.58кв на час топлина.Правев груба пресметка врз основa на сметката за струја за период 15.12.2018-14.01.2019 во кој се греев со термоакумулациона печка 3kW
Простор: 14.5 м2
Просечна Т за тој период: -3Ц
Просечна потрошувачка: 38 kWh дневно
Може некој да ми каже колкави се топлотните загуби и што големина на инвертер да барам за овој простор?
Ако се земе 5 часа просечна цена на струја ако е пуштена цело време, тоа е 200 денари на ден. 6000 месечно за греење. Ако полниш на ефтина па трошиш тоа ќе е 4000 денари.
1600w загуби кои треба да ги надополниш. За клима уред инвертер да испорача околу 1800 со cop 3, ќе троши 600w, односно 15kwh на ден. Тоа се 2250 денари месечно за најладниот месец.
Во другите месеци cop на буџет клима ќе е околу 4, и заштедата ќе е уште поголема.
Е сега дали се исплати за толицок простор клима е дискутабилно. Јас не би рекол. Ама ако можеш да грееш поголем простор тогаш муабетот е друг. Односно ако може да се отворат врати накај други соби. Така сметката пак би била слична со термото, ама ќе е загреан поголем простор. И ќе има поголемо пространство за живеење, и пред се не треба да се замарам со затварање врати позади себе за да не се олади просторијата.
Јас така ги гледам работите. Ако е за 50еур заштеда не се исплати клима, зошто 25еур е чистење годишно за неа, плус цената на климата.