1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

Дискусија во форумот 'Електроника - гаџети, електронски компоненти' започната од Sylvester, 17 Јули 2010.

  1. HoLfElDeR

    HoLfElDeR
    Gaining Experience

    145
    74
    13 oктомври 2010
    Хансолот веќе го немаат, ми нудат Gree G-tech lclh, ама многу ми е над буџет (цена е 42000 плус монтажа) , сега се мислам помеѓу
    FTXF35A
    FAIRY LCLH+GWH12ACC-K6DNA1D
    значи некаде 40000 буџет со се монтажа
     
  2. Hristijan#

    Hristijan#
    Intern

    4
    0
    21 Јули 2019
    Машко
    Препорачајте од каде да купам мерач за потрошувачка, се работи за GREE LOMO LC GWH18QD-K6DNB4B, ми треба мерач со поголем опсег на моќ.
     
  3. alkibijad01

    alkibijad01
    Gaining Experience

    146
    124
    8 oктомври 2016
    За таа клима нема потреба од мерач со поголем опсег. Било кој стандарден 16 амперски врши работа.

    Sent from my Redmi
     
    На Lokvan му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Aleksandar992

    Aleksandar992
    Intern

    1
    0
    21 oктомври 2019
    Машко
    Здраво. Може да ми препорачате инвертер за 38-40 м2, се работи за стан на север без изолација само ПВЦ, исто на приземје и поголемиот дел се надворешни ѕидови. Да ми препорачате најисплатливо решение во однос потрошувачка, цена на чинење, квалитет.
    Буџет до 55к
    И мислење за овој модел
    Carrier
    CARRIER Infinity Ultimate 42QHB18D8S / 38QHB18D8S по супер цена од 52.990 ден.
    Ви благодрам однапред.
     
  5. alexandar11

    alexandar11
    Gaining Experience

    336
    174
    11 Јануари 2010
    Vivax Aeri 3.5
    Vivax Aevi 3.5
    Hair Tundra Green 3.5

    На роднини им требаат две клими, по една на спрат за соба од 30м2 и двете на југ. Немаат изолација, прв спрат е пвц, а втор дрвени врати и прозори. Буџет им е 60.000 за двете без монтажа. Кои од овие е најдобар избор?
     
  6. doktore

    doktore
    Intern

    16
    1
    18 Септември 2019
    Машко
    Да прашам едно можеби глупо прашање. Дали вреди да земам daikin sensira 3.5 kw за 40.000 , или да земам аери за 30.000 сосе монтажа се цените.
    Вреди ли 10.000 плус. Највеќе ми е за модулацијата на климата да биде ок, да одржава една фиксна температура, а не да се понаша на бранови топло па ладно ...

    Sent from my SM-A405FN using Tapatalk
     
  7. SuperMitre

    SuperMitre
    Gaining Experience

    34
    60
    27 Септември 2017
    Машко
    Недостасуваат уште информации за прашањево! Ама ај еве од моето искуство еден одговор да имаш.
    Види го овој мој пост: Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост).
    И овој: Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)
    Ако имаш сличности со просторот и условите (изолација, дограма, висина, поволна положба за монтажа итн.) можеш да размислиш за овој модел на парапетен клима уред. Искуството за една сезона е неочекувано добро и плус тука си некаде со буџетот.
    На крај, бидејќи јас немам искуство со други модели, сепак почекај мислење и од некој друг од членовите на форумов за некои други модели на клима уреди па тогаш реши се.

    Инаку, забележав дека ретко кој од падобранците со по едно прашање се јавува подоцна со какво било известување во врска со „проблемот“ - го решил/не го решил итн. Па дури ни за едно „фала“ кон членовите што ја трошеле тастатурата!
     
    Изменето од модератор: 26 oктомври 2019
    despotovikj, Lokvan, CBB_6 и на уште 1 им се допаѓа ова.
  8. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,659
    773
    3 Март 2018
    за 45к (макс 50к ) за соба од 30 квадрати бест бај ? Фала унапред .
     
  9. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,407
    3,289
    12 Јануари 2016
    Машко
    Не треба фала. :boring:
    Само во два-три збора да напишат искуства со климите, и со тоа да им помогнат на други како нив...




    Тошиба Сузуми + 16-ка имаше за тие пари летово, види во Енергија дали имаат уште на залиха. Или некој Гри Фаери (ЛЦЛХ да биде)... Не сум баш во тек со понудите, можеби некој од колегите ќе може да даде поактуелен предлог.
     
  10. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,659
    773
    3 Март 2018
    Од прилика, да знам да се ориентирам, пошто појма немам, ако се и поефтини, нема да е на одмерт :) Тошиба кај да барам, кој е овластен ?
    Фала
     
  11. darko1010

    darko1010
    Intern

    15
    2
    13 Август 2018
    Машко
    Јас имам Daiseikai, земен од енергија. Проблемот е што Енергија се овластени (ваљда има и други) и гаранцијата е 3 години...ако нешто се зезне после 3 години (кај мене се зезна после 6), мењане на нешто како мотор ќе те фати пола од цената на климата...

    Јас би одел искрено со модел што е најдобар-за-парите, како Haier Tundra Green (цената сосе монтажа во Енергија е околу 32-34,000). По перформанси е скоро ист како Сузуми Плус, некој може да рече Тошибата има подобар софтвер блаблабла што до негде е точно...али по која цена? 30% подобар софтвер за дупло поскапа клима? Единствен што може да го даде овој совет е некој што директно има корист да земеш поскапа клима (како тој што работи во продажен салон).
     
  12. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,659
    773
    3 Март 2018
    што ќе ми е софтвер? по оптимизирано работи, помалу троши или повеќе опции има? Секако ми треба да грее, да лади, да наместам температура итолу. Ви-фи по можност да нема.
     
  13. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,309
    3,016
    24 Септември 2012
    Софтверот ја прави финесата.
     
  14. darko1010

    darko1010
    Intern

    15
    2
    13 Август 2018
    Машко
    Мене ми изгледа како Tundra obvious choice. Ако некој има друга сугестија, нека пише.
     
  15. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,309
    3,016
    24 Септември 2012
    Тундра 12ка со 2.4кв споредуваш со премиум инвертери со 3.5кв? И тоа со подобар цоп?
     
    На 223-305 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,407
    3,289
    12 Јануари 2016
    Машко
    Глупости.
    Хајер е реално полоша клима (и не само во софтверот, читај: дизајнот на однесувањето во работата). Хардверот е полош, осетно понеквалитетен. Реално доколку Хајер е дупло поевтина клима или кога би нудела 80% од перформансите (цоп-от при нашиве временски услови), тогаш може да се разговара за конкурентност. Само што ни двата услови не се исполнети.

    Сузуми+ беа (се?) на акција пошто ги чистат постарите модели со постариот фреон. Одлична понуда за такви клими. А ако размислувам да поминам поевтино, тогаш би одел на Гри. Не би одел со Хајер, кои се во ценовната класа на Гри ама реално се полош избор во случајов.
    Не разбирам што е хајпот со Хајер кога пар луѓе пофалија еден модел (кој веќе не се наоѓа на пазарот), и реално многу малку (или воопшто) нема конкретни кориснички искуства со нив како бренд. Тука мислам на писмени корисници кои имаат мерено потрошувачка, и ги користат климите некој временски период. Дури и Вивакс се подобар избор, перформансите можеби се релативно слаби ама барем се знае точно што се купува (Мидеа).

    едит:
    Ова важи за било која клима.
    Разликата е што за премиум бренд (или евтин ама популарен, како Гри), ќе најдеш делови. За егозтики како Хајер, тешко.
     
  17. darko1010

    darko1010
    Intern

    15
    2
    13 Август 2018
    Машко
    Го земам овој модел:
    HAIER TUNDRA GREEN AS35 TACHRA / 1U35 BEEFRA 12.000 BTU ALL DC INVERTER (што го има и во енергија)

    Haier Tundra Green е со Mitsubishi компресор. Твојов опис е реално базиран на квалитативни описи (полош, понеквалитетен, глупости), без нешто конкретно со бројки и факти. Дај конкретни бројки/факти плз (без конкретни факти можеме уште 5 години да збориме). Еве земи го линкот што го постирав погоре од грчкиот сајт како baseline (таму е наведен COP и све останато, ова е уште еден линк за конкретната клима за која зборувам Haier Tundra Green AS35TABHRA/1U35BEFFRA).

    Од работите што ги спомна овие не се точни

    а) Се знае што се купува од поглед на компресор (Митсубиши компресор има оваа клима)
    б) Кориснички искуства има, и тоа доста. Види ја кајгана темата со 1935 страници Најекономично греење (затоплување) и ќе видиш дека скоро секоја страница се спомнува Tundra моделот со искуства, дискусии итн. Претежно позитивни.

    Еве, да почнам со мала дискусија (базирана на факти). Двете клими (Haier Tundra и Suzumi Plus 13ката) имаат (ист) 4.2 капацитет на греење.
     
    Изменето од модератор: 26 oктомври 2019
  18. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,407
    3,289
    12 Јануари 2016
    Машко
    Факти?
    Првиот пост на темава. Имаш линк кон тема со резултати од мерења од потрошувачка на клими како Сузуми+... И не. За Хајер нема резултати (во што и се состои поентата).

    А тоа што имало Мици компресор е како да споредуваш Нео/Квадро со Тошиба, пошто некоја серија користела Тошиба компресори... Дачиа е еднакво добра со Рено, пошто користи мотори од Рено? :)

    Или Даикин пошто (во поевтините модели) користи компресори од Гри, не ги бива? ;)
    Најдобар дил секогаш е кога климата има инхаус делови. Тие склапачите на клими од купувани делови секогаш имаат помала маргина на профит, која ја надокнадуваат со послаб квалитет на делови/материјали/електроника.
     
    На GGTT1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. darko1010

    darko1010
    Intern

    15
    2
    13 Август 2018
    Машко
    Само кажав дека имаат такви компресори, не реков дали се добри/лоши (се воздржувам од употребување такви зборови).

    Ајде да дискутираме врз база на факти.

    Прв факт:

    Двете клими (Haier Tundra и Suzumi Plus 13ката) имаат (ист) 4.2 капацитет на греење.

    Втор факт:

    Tundra има минимум 10 позитивни мислења од темата на кајгана со 1935 страни.
     
  20. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,407
    3,289
    12 Јануари 2016
    Машко
    Одамна се откажав од следењето на надвикувањето дискусијата таму.

    Значи на омлетот има неколку мислења за еден модел (кој веќе не се продава)?
    Тоа се фактите врз основа на кои носиш заклучок дека егзотично обскурен мал кинески производител е подобар избор од премиум Јапонец?

    Јас тоа не би се усудил да го кажам ни за Гри, кој е поим за клими во однос на другиов Кинез.
     
  21. doktore

    doktore
    Intern

    16
    1
    18 Септември 2019
    Машко
    А од кај да знаеме ние пред купување кој каков компресор користи. Еве ја сакам да земам даикин сенсира, а ти викаш користат грее компресори? И сега тоа треба да е лошо или ?

    Sent from my SM-A405FN using Tapatalk
     
  22. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,407
    3,289
    12 Јануари 2016
    Машко
    Некогаш може да се најдат податоците, обично за популарни модели/брендови. Или не мора стриктно технички податоци дури и само кориснички искуства, кога се од повеќе корисници, секогаш се добра индикација за квалитетот на климата. Е тоа го немаш кај помали производители, посебно кај обскурни мали кинески производители како Хајер.

    Еден модел од таа Тундра серијата наводно им се погоди. Од тогаш неколку различни „тундри“ излегоа на пазарот. Некогаш можеби вреди да се ризкува, ама тоа веќе е личен избор и не е во ред да се каже дека тоа е подобар избор од производ од премиум производител.


    Пази, спомнатиот Сузуми+ 16ка е модел со твин-ротари компресор, и клима од премиум производител. Тоа за 40-и-нешто илјади денари е дил на деценијава и секаква споредба со било кој Хајер е лоша шега... Посебно кога „фактите“ за тоа се некој наводно вгреден Мици компресор (даускејл, или поверојатно фелер серија која не го поминала стандардот).
     
    На anony му/ѝ се допаѓа ова.
  23. darko1010

    darko1010
    Intern

    15
    2
    13 Август 2018
    Машко
    Чекај малку.

    а) Моделот не се продава бидејќи има upgraded верзија. Исто како што Daiseikai 5 не се продава веќе, бидејќи има 8, 9.

    б) Под "неколку" не би дефинирај 150+ страни во која моделов се спомнува на секоја прва или втора страна.

    в) Кинез vs. Јапонец vs. Незнам што е булшит споредба веќе. Има конкретни факти и искуства врз кои може да се спореди квалитетот. Пак, ова е субјективна споредба, со која кажуваш дека "with all things being equal, јапонски клими се подобри од кинески"....не ти треба голем IQ да сватиш колку само flaws ова има.

    г) Околу потрошувачката на одредени температури, еве screenshot од Eurovent:
    Најекономично греење (затоплување)

    Дечкото прашува за 3.5ка (за 30 квадрати), тој сузуми не доаѓа со twin rotary, само моделите од 5KW нагоре доаѓаат.

    Но сепак се согласувам со тебе, има доза на ризик ако ја земеш пошто почнаа да ги фалат пред година две, додека тошибата со години има track record. Плус, Carrier се #1 во marketshare за ваков тип на клими (ѕидни ко што видов).
     
    Изменето од модератор: 26 oктомври 2019
  24. GGTT1

    GGTT1
    Gaining Experience

    332
    271
    1 Февруари 2017
    Машко
    ovaa ti e kllima so kapilara ni eev ni nisto za parite toa e toa nisto posebno so ednoreden izmenuvac i mitsu kompresor ili hitachi (highly)nebitno ne se istite kompresori sto gi vgraduva ni Mitsu ni Hitachi.
    18 kata tundra r32 ima hitachi( highly)

    i ne postoi servisno za novata tundra na r32

    na r32 suzumi 16kata nema twin kompresor ima 18kata
    na r410 suzumi 16kata imase twin
     
    Изменето од модератор: 26 oктомври 2019
    На bxxxn и Lokvan им се допаѓа ова.
  25. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,659
    773
    3 Март 2018
    што подразбираш под софтвер?
    Ако користат тошиба компресор, нели е најдобро да земам тошиба? Или мицубиши, ако користст мицубиши копресор. Уствари компресорот е 90% од климата, цефки , контрола за инверторот маска и непотребни работи....

    Ст ги фалст ама...
     
    Изменето од модератор: 26 oктомври 2019

Сподели

Вчитување...