Huawei не успеа да ги издржи санкциите.
Еве што прочитав сега и искрено баш се изнервирав.
Huawei прави договор со Nokia (HMD Global) за своите патенти. Има потврда и на двете страни неодамна, со кратки изјави само дека биле тајни преговори и дека се вклучени патентите.
Многу портали кои ја следат оваа проблематика, се вели дека ова е начин Huawei да ги продаде патентите, нормално по бадијала цена) и дека е уценет да ги даде истите.
Нажалост луѓето измислиле, и сега неможе да го продадат истото, туку Американецов ќе дојде како мангуп и ќе им го лапне така.
Второ Криво ми е што и ние корисниците за жал, неуспеавме да го видиме светлото на денот на повеќето на тие патенти. Веројатно дел и ќе ги видиме, но покасно и ќе ги платиме многу повеќе.
Фирмата HMD Global која сега ја поседуваат Nokia, истата ја имаат купено од Microsoft пред 6 години. Фирмата е формирана истата година 2016 година, кога се врши зделката со microsoft. Продажбата од microsoft na HMD GLobal била тајна.
Практично Америве си ја купиле Нокиа уште тогаш.
Да се вратам, на сегашниот сопственик. Фирмата HMD званично има седиште во Финска, но ништо друго не е финско во случајов.
Со одлуките кои ги носи HMD Global , постапките во овие неколку години, па и нејзините директори, јасно станува збор дека се работи за фирма која работи во корист на американските интереси.
И така преку НMD, тие патенти ќе си стигнат до Apple и ќе ги гледаме на iphone, нормално со украдени Huawei патенти.
И повторно Apple ќе ни ги претставува како негови иновации и ќе лупа цена години на нив.
Така нешто koe Huawei го измислил во 2015 година, apple пополека ќе ни го продава до 2030 година, лажејќи не притоа дека измислиле нешто ново.
Eте колку значи пропагандата со 5G aнтените и наводната злоупотреба на податоци на Huawei.
Американциве си тргнаа гигант од пазарот, му ја намалија вредноста и сега лапнаа на готово патенти и со нив стотици милијарди долари.
А да се потсетиме само каде беше Huawei пред тие санкции и дека apple пополека ќе беше збришан од конкуренција.
Баш ме интересира што мислите вие?
Искрено мене ми е криво за воведувањето санкции, бидејќи знаев уште од старт дека е масло на Американциве. Huаwei успеа, со нудење на висока технолија, квалитет и перформанси многу брзо да им го завземе пазарот на Samsung и Аpple. и да не беше т.н офанзива на САД, прашањето е колку % ќе држеа на пазарот овие два производители.
Emui 13 за тој уред е базиран на Андроид 10 или 11. Хуавеи немаат лиценци за Андроид 12 и 13.Жално за хуавеи.
Мате 20 про уште го имам дома, синот го користи за јутуб по неколку саати дневно. Претходно сопругата.
4 години е стар телефонот, мака нема, батеријата топ, брзо полнење, слики во одредени ситуации вади подобри и од с21 ултра.
Камерите за тоа време па и за сега дури беа врв.
Да не беа глупостите со америве мое мислење е дека ќе беа на прво место.
Доби android 13.
Мојот самсунг ноте 10 иста година нема ни да добие.
Sent from my SM-N970F using Tapatalk
EMUI е скин "над" оперативниот, со голем сет на дополнителни сетинзи и функционалности, кои голиот, односно "ванила" андроид ги нема (или се пикнати длабоко низ сетинзите, или пак се поддржани, ама ќе ти треба трета апликација да инсталираш, за да пристапиш таму). Не е во директна врска/корелација со верзијата на андроидот.Emui 13 за тој уред е базиран на Андроид 10 или 11. Хуавеи немаат лиценци за Андроид 12 и 13.
Мислам дека има повеќе политичка побуда отколку што се секираат за фирмата, демек ете америте им "украле" патенти. А демек кинезите подобри се со нивните чкартни 1:1 копии на буквално све што постои на планетава и нивното бесрамно увалување на малвер во телефоните (Blackview I'm looking at you).Од кога треба да ми е гајле за фирма? Не е човек па да му се секирам. Особено кога ниедна фирма не се секира за луѓето туку само за пари. Ајт.
На почетокот на банирањето на хуавеј од страна на Трампова Америка, ми личеше само и само на економска војна против Кина.Мислам дека има повеќе политичка побуда отколку што се секираат за фирмата, демек ете америте им "украле" патенти. А демек кинезите подобри се со нивните чкартни 1:1 копии на буквално све што постои на планетава и нивното бесрамно увалување на малвер во телефоните (Blackview I'm looking at you).
Башка ќе беше прилично идиотски потег да дозволат на фирма што е директно врзана со кинеската влада да инсталира мрежна опрема, не само САД него и многу други земји се бунеа. Нема никаква "наводна поврзаност", човекот отворено е член на Кинеската Комунистичка Партија. Али зборено е веќе тоа...
Ќе одговорав/реплицирав на прашањево....Што менува која КОМПАНИЈА има сопственост на што? Ме заболе. И самиот концепт на интелектуална сопственост е идиотски, не па кој што имал. Ајт на квадрат.
....ама гледам сам си свесен што значи и кој е одговорот.Ок, освен што реалноста е дека нема конкуренција, нелиДуопол не е ништо подобар од монопол. Или ова All the beer you drink is owned by one company ... Има вакви примери милион, во сите индустрии. слободен пазар е лага како и дека постои оној со брадата.
Во моментот кога се дозволени правните лица, т.е. никој на нема одговорност за однесувањето на фирмите, отиден е возот...
Исто сум задоволен многу од квалитетот. Сум користел од најевтините кои ги даваа онака безпари или со мала доплата од оператор. Споредено Samsung 2 oд 3 телефони завршија на сервис. Да не зборам за процесорот на Samsung кој беше катастрофа. Реално Samsung не успева да извади во една година серија на телефон што ќе биде со квалитет на некое повисоко ниво. Секаде има некаде промашај. Дали не се замараат за квалитет или толку им е просторот во цената незнам,Жално за хуавеи.
Мате 20 про уште го имам дома, синот го користи за јутуб по неколку саати дневно. Претходно сопругата.
4 години е стар телефонот, мака нема, батеријата топ, брзо полнење, слики во одредени ситуации вади подобри и од с21 ултра.
Камерите за тоа време па и за сега дури беа врв.
Да не беа глупостите со америве мое мислење е дека ќе беа на прво место.
Доби android 13.
Мојот самсунг ноте 10 иста година нема ни да добие.
Sent from my SM-N970F using Tapatalk
Да баш така. 1500 евра и се осеќа дека се сами и напумпани им се цените.Кажав жал ми е како корисник од аспект на тоа дека имаа квалитетни телефони по прифатливи цени.
Сега се сведе на апл и самсунг и цени од 1500 евра.
Не дека ми е жал за компанијата како таква.
Поголема конкуренција помали цени за нас. Од тој аспект ми беше муабетот.
Sent from my SM-N970F using Tapatalk
Ако телефонот е изваден на пазар со Google Services, Huawei нема право да го апдејтира на поголема верзија од моменталната кога се банирани од користење на Google Services. Коментарот ми беше во врска со телефонот на членот на која последна верзија на дозволено користење му е Андроид 10. Можат да го нарекуваат EMUI 10,11,12,13. Но телефонот нема да има поголема верзија од Андроид 10 (освен ако не се ослободат од сервисите на Google на тој телефон).EMUI е скин "над" оперативниот, со голем сет на дополнителни сетинзи и функционалности, кои голиот, односно "ванила" андроид ги нема (или се пикнати длабоко низ сетинзите, или пак се поддржани, ама ќе ти треба трета апликација да инсталираш, за да пристапиш таму). Не е во директна врска/корелација со верзијата на андроидот.
Го знам ова од лично искуство, користам хуавеи подолго време (неколку уреди), а имам и моторола со скоро "гол" андроид.
Хуавеи нема право (баниран е) да ги користи сервисите на гугл (Google Playstore, Google services), поради економско-политички причини, иницирани од ерата на американскиот претседател Д. Трамп, а андроидот им е достапен за користење на сите...
Испратено од телефоно.
Да, се сложувам дека е така.Ако телефонот е изваден на пазар со Google Services, Huawei нема право да го апдејтира на поголема верзија од моменталната кога се банирани од користење на Google Services. Коментарот ми беше во врска со телефонот на членот на која последна верзија на дозволено користење му е Андроид 10. Можат да го нарекуваат EMUI 10,11,12,13. Но телефонот нема да има поголема верзија од Андроид 10 (освен ако не се ослободат од сервисите на Google на тој телефон).
Од искуство и кај мене со два телефони на кои им се случи истото. Почнаа со EMUI 9 базиран на Андроид 9, добија EMUI 10 базиран на Андроид 10, секоја наредна верзија која ја добиваат е базирана на Андроид 10. Моментално ми се на EMUI 12.
Телефоните кои излегоа со EMUI 12 како Nova 9 се базирани на Андроид 11.
Не спорно е дека додаваат нови работи и го подобруваат системот.
Да не е адаптерот само за слушалки или за слушалки со микрофон? А ти имаш само микрофон. Различни се џековите.Здраво дечки, имам Huawei p50 Pro и купив микрофонче бубица Boya By M1, и поврзав со USB C adapter 3.5 mm, и звукот воопшто не е добар. Потоа го пробав микрофончето на Samsung a8 без тоа USB C adapter 3.5 mm, и звукот тамо супер. Што значи проблемот ми е ваљда во кабелчето (а пробав 2 различни од различни фирми) или евентуално до телефонот.
Прикачив слика од кабелчето.
Ако знае некој што е проблемот или кое точно кабелче ми треба ќе бидам многу благодарен.
Поздрав и убав ден
Позади лепенката пишува за Huawei, затоа и го зедов.Пишува „За САМСУНГ“. Најди „За ХУАВЕИ“ а ова врати им го.
Изгледа до тоа е, само за слушалки е, треба да најдам некој USB C adapter 3.5 mm стриктно за микрофон што ке е одговара за Huawei, ако знаете каде слободно препорачајте. Јас бев во Анхоч, Техномаркет, DDStore и немаат баш такво, а ова кабелче го купив од Лининг Електроникс.Да не е адаптерот само за слушалки или за слушалки со микрофон? А ти имаш само микрофон. Различни се џековите.
Пробај закачи само слушалки преку него како ќе се слуша. Ако е ок пробај микрофон со слушалки.