Hackintosh

Дискусија во форумот 'Mac OS' започната од svetot, 16 Јули 2015.

  1. Kokolo

    Kokolo
    Intern

    2
    0
    27 ноември 2009
    Здраво на сите,

    Сакам да избилдам Hackintosh, но немам време да се замарам па би сакал да платам.
    Јас лани пробував, потрошив неколку дена и пак неуспеав на крајот. Па затоа сеа би сакал некој да го направи место мене а јас да го платам, зашто не би можел да се оставам без ПЦ на неколку дена.

    Прочитав дека за ПЦ битно е дали графичката и матичната подржуваат па да почнеме од таму. Имам:
    Матична: Asus Z-170 Pro Gaming
    Графичка: AMD Radeon R9 390X

    Ако некој мисли дека може да направи нека ми пише порака или на меил: serafimovski.nikola@gmail.com

    Поздрав,
     
  2. xhktw

    xhktw
    Practice makes perfect

    1,123
    1,094
    2 Август 2009
    Има некој што уште се замара?

    После 6 дена мучење, солзи и пот, endless bootloops, broken bootloaders, успеав да изградам стабилна верзија на High Sierra 10.13.3 со 95% функционалност. Графичкава (HD 7950) иако требаше да има поддршка OOTB, ми направи најмногу проблеми. Неа ја средив by pressing this lil' button right here, и искористив .rom од Sapphire R9 280 кој го вчитав како custom BIOS преку Clover.

    Што остана? Од прилике дигнав руки од звучнава (SoundBlaster Live), и ја користам внатрешнава од матичната. Вториот проблем што ми остана е вториот монитор, што given the fact дека е антика, неможам да му го најдам чарето како да проработи. Најверојатно не помага ни фактот што користам DVI to VGA адаптер за да го приклучам во графичката, па највероватно ќе дигнам руки и од него (ако има некој идеа како да се опраи ова нека ме просветли слободно).

    Интересно е што мониторот правилно го чита под System Preferences > Displays, али неможам да добијам слика од него па што сака нека биде. Изгледа последна опција ми останува сам да го hex-едитнам kext-от од вградените драјвери за да напраам вториот DVI порт да го чита како VGA, али најверојатно не ми се исплати тоа да го правам размислувајќи на фактот дека едвај успеав да ја оправам графичкава in the first place.

    Во однос на подесување на матичната, не треба многу освен некои мали измени како гасење на serial ports, EHCI/xHCI handoff, OS Type = Other OS, и накнадно доколку има проблеми со графичкиот излез, местење на правилниот output. Јас очигледно дека морав да ја завршам инсталацијата со внатрешната графичка, а надворешната сосема извадена, и ми требаа едно 5 дена мавање глава во ѕид дур сфатам дека уствари она ми ги праи проблемите. За среќа, не ми требаа некои custom kexts пред да започнам со инсталацијата освен FakeSMC, што претпоставувам ми скрати малце од проблемите во однос на тоа дали ќе си ја мавам главата пред да почнам со инсталација или одпосле.

    Ако има уште некој со success story нека пише слободно, да ја живнеме малце темава.
     
    На Nem_Akata му/ѝ се допаѓа ова.
  3. gOJDO

    gOJDO
    Guru

    6,805
    7,840
    23 Јануари 2008
    Манга
    На која конфигурација го акна хекинтошот?
     
  4. xhktw

    xhktw
    Practice makes perfect

    1,123
    1,094
    2 Август 2009
    Asus P8Z77-M
    Sapphire 7950 Dual-X 3GB
    i5 3570k
    8GB Ram
    500GB HDD форматиран како GPT со Mac OS X Journaled.
     
    На Lokvan му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Isak Keyten

    Isak Keyten
    Practice makes perfect

    1,115
    1,255
    25 ноември 2014
    [​IMG]
    Не знам зашо се замараш со high sierra кога sierra е по проверена.
     
    На xhktw му/ѝ се допаѓа ова.
  6. xhktw

    xhktw
    Practice makes perfect

    1,123
    1,094
    2 Август 2009
    Nice.

    Истите проблеми при инсталација ги видов и со најновата верзија на Sierra, па мислев дека го бирам помалото зло од двете избирајќи го поновото. Највероватно се истрчав малце пошто ипак ми е прв хак, али ќе знам за future refference.

    А да, и ми треба за Xcode па нејќев да ризикувам со постара верзија.
     
  7. Isak Keyten

    Isak Keyten
    Practice makes perfect

    1,115
    1,255
    25 ноември 2014
    High Sierra користи APFS наместо HFS+ тоа ти се дополнителни проблеми.
    Башка не е испеглан сеуште.
    За XCode неможам да ти кажам ама по моја логика и на sierra ќе моеш да апдејтнеш до најнов xcode, мада не ме држи за збор.
     
  8. Enquito

    Enquito
    Gaining Experience

    633
    386
    8 Август 2017
    Машко
    Како е респонзивноста без ССД, имаш ли проблеми? Интересно е што Аппле користи ексклузивно АМД графички и програмите се оптимизирани за нив (Фајнал кут про), а Нвидиа си издава драјвери и си работат картичките супер, не толку добро и во целосен потинцијал како АМД графика но доста добро, мој предлог ти е да си надоградиш со Нвидиа и нз каков ти е мониторот, со 4К монитор да видиш убаини со Макот, доколку работиш со Хкоде.
     
  9. xhktw

    xhktw
    Practice makes perfect

    1,123
    1,094
    2 Август 2009
    Ај ако не ти е проблем иди до App Store, и напрај ми еден скриншот од Xcode пејџот? Фала ти.

    Нема гајле сега за сега, многу фино си цепа. Од Clover до логин пејџот му требаат 20тина секунди. А инаку за вториот дел има време, пред брзо започнав со Xcode.
     
  10. Isak Keyten

    Isak Keyten
    Practice makes perfect

    1,115
    1,255
    25 ноември 2014
    [​IMG]
     
    На Enquito и xhktw им се допаѓа ова.
  11. Chaeld10_8

    Chaeld10_8
    Gaining Experience

    530
    330
    29 Март 2011
  12. Sharlovski

    Sharlovski
    On your way to fame

    503
    972
    28 Јануари 2017
    Машко
    Се исплати жртвата на толку саати потрошени и нефунционалноста на одредени компоненти како шо наведе за хакинтош? Или појќе е за инает дека го напре функционален?
     
  13. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,385
    3,729
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Ако му треба за xcode, тогаш мора.
     
    На xhktw му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Nem_Akata

    Nem_Akata
    Gaining Experience

    67
    82
    26 Мај 2015
    Машко
    Кој bootloader користиш, и како ја инџектнуваш графичката? Затоа што 7950 и повеќето 7ма серија AMD се официјално поддржани од Apple, најчесто со framebuffer и Clover ќе го решиш проблемот, kext за графичка веќе не би препорачал.
     
    На xhktw му/ѝ се допаѓа ова.
  15. xhktw

    xhktw
    Practice makes perfect

    1,123
    1,094
    2 Август 2009
    Разгледај тука.

    ^ what @kirev said. Мислам, се обидов и преку виртуелна машина да работам со Xcode ама едноставно не е тоа тоа.

    Clover 4392, што мислам дека е и последната верзија излезена. Од сите работи што ги пробав, единствен начин да boot-нам во системот е со rom од Sapphire R9 280(поставен во EFI/Clover/ROM), и овие сетинзи во Clover. Интересно е што на овој начин ја чита како што треба без никакви проблеми, освен фактот што неможам никаков output да добијам преку DVI-I портот за вториот монитор.

    [​IMG]
     
  16. Nem_Akata

    Nem_Akata
    Gaining Experience

    67
    82
    26 Мај 2015
    Машко
    Може и да не е поддржан аналоген излез воопшто, пробај со DVI to HDMI ако имаш такво кабелче да бидеш сигурен, воопшто да не се замараш со исправање на неисправливото :D Јас на мојот хакинтош лаптоп имав 7670M, све работеше (целосна нативна компатибилност од 10.7 до кој сакаш), освен VGA излезот. Никако не се поправаше, а и не вредеше да се замарам :\
     
  17. ivan88

    ivan88
    Gaining Experience

    305
    302
    22 Февруари 2012
    Машко
    Проблемот со замрзнување на Safari сте го решиле? Штом пуштам видео (освен youtube) мрзне цел компјутер.
     
  18. Isak Keyten

    Isak Keyten
    Practice makes perfect

    1,115
    1,255
    25 ноември 2014
    Го немам тој проблем.

    Еве мојата 280х како ја чита бтв ако нешо ви значи

    [​IMG]

    2 монитора си возат без фрка


    бтв, а да пробате со тоа инсталерот ја шо го користам од рутракер?
    до сеа не ме изневерил
     
  19. xhktw

    xhktw
    Practice makes perfect

    1,123
    1,094
    2 Август 2009
    Маме да му ебам, да бев волку упорен за побитни работи во животов до сега на вести ќе ме читавте.

    После уште некои 15 саата поебани, успеав и вториов монитор да го средам. Еве од прилике што требаше да напраам за да дојдам до решението:

    1. Екстракт на ромот на графичката
    2. Откривање на компатибилни framebuffers, во мојот случај морав да барам кој framebuffer поддржува 4 излези, и фала богу мора едно по едно да се проверат. (за мене Futomaki заврши работа)
    [​IMG]
    3. Вадење на вредностите со помош на 2 мали php скрипти, после тоа едитирање на тие вредности. Како изгледа тоа:
    [​IMG]
    4. Конструкција на нови вредности следејќи ја оваа шема:
    [​IMG]

    5. Споредба и корекција со оригиналниот код на framebufferot кој што се наоѓа во AMD7000Controller.kext, со тоа што првичните порти се наместени како DP, DP, DDVI, HDMI, па од собраните вредности си местиме по мерак.

    [​IMG]

    6. Внесување на новите вредности во Clover
    [​IMG]

    Се на се, прилично долг процес, али на крај вредеше. Премногу trial and error потребен дур дознаеш што ти треба, само дур ги погодам правилните кодови од кога открив која порта е што ми требаше околу саат време. Али ете, бидна, свети и другиов монитор до мене сега. Искрено, ова ми се чинеше многу понапорно него ли барање драјвери после свежа инсталација, чисто ради фактот што има 500 различни работи што можеш да ги пробаш, ама ниедна не ти гарантира успех.

    Цел процес може да се види тука, иако чисто сумљам дека на некој ќе му треба.
     
    На Nem_Akata, bxxxn, kirev и уште 4 други им се допаѓа ова.
  20. Pero

    Pero
    Intern

    28
    11
    28 Декември 2010
    Јад едно време инсталирав за пари имав оглас али не ми де исплати веќе.. искуството е многу јако али о замарањето е врв..


    Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
     
  21. toshex

    toshex
    Unstoppable

    2,812
    2,338
    18 Септември 2013
    Машко
    Сакам да пробам на стариот лаптоп (Thinkpad L450) да ставам дуал бут хакинтош и виндоус. Виндоус веќе има инсталирано. Читам по тој форумот tonymacx86 и на нет ама морало да се има наводно еден Мак компјутер за да потераш инсталација.

    Заеби тоа го најдов овој гајд со се фајлови:

    nandor690

    И сакам да го комбинирам со овој:

    [Guide] Lenovo Thinkpad L450 with Clover Yosemite

    За да ставам потребни кекс фајлови или шокур и да се тоа (драјвери)...

    Цела таа е***ција за да може да користам SAFARI најнов со девелопер тулз... Е сеа знам дека може во виртуелка да инсталирам сиера и хај сиера, прашање е дали може и вреди да се замарам да правам дуал бут хакинтош само ради сафари?

    Читав дека хардверска акселерација нема да има во виртуелка мекот, а тоа значи дека и броусерот ќе биде спор и никаков (графички).

    Совети/помош?
     
  22. toshex

    toshex
    Unstoppable

    2,812
    2,338
    18 Септември 2013
    Машко
    значи... ај шо е глупо ова шо нема алатки за правење на бут диск уопште лесни, па и не можеш да симнеш било која верзија од Мек туку само понови од таа шо ја имаш. Свашта. а тек до прва ќе има ебанции. треба виндоусот да го направам GPT.. па биос да ревертирам можеби (се надевам нема да мора), па да најдам начин да инсталирам па ако се тоа пројде да се ебавам со кексови.

    и се ова ради мочан сафари, кој шо го иам на лаптоп ама не можам да му користам inspect element.
     
  23. null_ptr

    null_ptr
    Gaining Experience

    349
    271
    20 ноември 2013
    Машко
    Што ти го треба толку сафари ? :)
     
  24. toshex

    toshex
    Unstoppable

    2,812
    2,338
    18 Септември 2013
    Машко
    Пошо сум WebDeveloper а сафари знае да биде црна овца и некои ствари не се рендерираат исто на него.
     
  25. cakii

    cakii
    On your way to fame

    401
    732
    23 Февруари 2011
    Па подигни си виртуелка со Mac OS, зошто мора да е dual boot?
     
Слични теми
  1. Coolzrock
    Одговори:
    23
    Прегледи:
    2,051
  2. dimovdaniel
    Одговори:
    8
    Прегледи:
    1,349
  3. MacedonianBoy123
    Одговори:
    4
    Прегледи:
    2,131
  4. DarkoG
    Одговори:
    28
    Прегледи:
    4,653
  5. Neso
    Одговори:
    0
    Прегледи:
    1,922
Вчитување...

Сподели