1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Филтер за воздух

Дискусија во форумот 'Електроника - гаџети, електронски компоненти' започната од JasSum, 15 Декември 2015.

  1. moongose

    moongose
    Unstoppable

    1,996
    2,244
    19 Јули 2013
    Водата во воздухот исфрлена од ултрасоничните навлажнувачи е во форма на многу ситни капки, не е во гасовита состојба. Дел од нив преоѓаат во гасовита, но тоа не е брзо. И сега прашањето останува: дали таа вдишана вода отанува како што остануваат другите честички и дали е тоа штетно? Пошто вода во бели дробови е прилично опасна работа.

    Од друга страна прашањето е и колку од честичките што ги регистрираат мерачите се само вода а колку се солите и останатата сува материја што ја има во водата. Есенцијалните масла воопшто не беа во комбинација, пишаното се однесуваше на обична вода.
     
  2. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,571
    3,561
    12 Јануари 2016
    Машко
    Медицинската состојба „вода во бели дробови“ e нешто сосема различно од вдишување воздух со мали честички вода во него. Инаку ќе беше животно-загрозувачки да се шета окулу водопади, нели?

    Овде повеќето сме лаици, но нема извинување за непроверување лесно достапни податоци - пред да се каже нешто. Еве и еден уред кој (меѓу другото) испорачува честички вода право во белите дробови: Nebulizer - Wikipedia


    Назад на муабетот: После дисперзија на есенцијални масла во домот (пребарај ароматерапија), честичките од есенцијални масла остануваат многу подолго во воздухот од теоретските пар минути колку што може да помине додека целосно не испарат честичките на водата исфрлени од уредите за овлажнување.
    Ова можеш многу лесно да го потврдиш со мерач за ппм и/или сензор од филтер уредиве за кои зборуваме. Дисперзирај есенцијални масла и филтер уредиве ќе работат на најсилен мод на работа долго време, од причините објаснети поназад.
     
    На bicikle му/ѝ се допаѓа ова.
  3. moongose

    moongose
    Unstoppable

    1,996
    2,244
    19 Јули 2013
    Да, има такви уреди, но се користат неколку минути дневно и тоа во медицински цели.
    Тука станува збор за уред кој ако не постојано, тогаш барем поголемиот дел од денот генерира пм2,5. И без есенцијални масла. Прашувам за штетноста на постојана изложеност на вакви честички во големи количини, не на краткотрајна.
    Што правиме со другите материи во водата? Затоа што различна а количината на пм2,5 при дисперзија на обична (од чешма) и дестилирана вода. Имам мерено.
    И не се пар минути, попрво се пар часови. И тоа имам мерено.
     
  4. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,571
    3,561
    12 Јануари 2016
    Машко
    Есенцијалните масла се земени како пример за пп честички, и со нив почна муабетот поназад, пошто сензорите на уредиве се оптички по природа и генерално не прават многу разлика во хемискиот состав и природата на честичките чие присуство го регистрираат.

    Понатаму нема да дискутирам за штетноста на работи за кои нема никакви индикации за штетност. Ако изнесеш некои конкретни податоци зошто дисперзирана вода во воздух е штетна, со интерес ќе ги проследам податоците.

    Всушност не прашуваш, сакаш некој да ти го потврди тоа што сакаш да го слушнеш без да се замараш сам да истражиш. :)
     
  5. Benedicta

    Benedicta
    Intern

    61
    25
    7 Декември 2017
    Женско
    Дали некој има ST прочистувач за воздух? Дали сте задоволни?
     
  6. dino

    dino
    Gaining Experience

    412
    101
    5 Јули 2009
    Овој ќе брка работа за дневна и кујна околу 35м?

    Sent from my SM-G973F using Tapatalk
     
  7. Alucard

    Alucard
    Шериф

    1,807
    1,646
    22 oктомври 2012
    Машко
    Сите ST производи се S**T, така е добиено и името, тргнати се буквите од средина, и споени се првата и последната буква ;)
     
    На Luca Toni и Benedicta им се допаѓа ова.
  8. Benedicta

    Benedicta
    Intern

    61
    25
    7 Декември 2017
    Женско
    Купивме Шарп на крај, и презадоволни сме. :)
     
    MadBuldog, Alucard и на Маша им се допаѓа ова.
  9. dino

    dino
    Gaining Experience

    412
    101
    5 Јули 2009
    Нркој збор два да каже за филтеров? Уште кратко трае промоцијата ...

    Sent from my SM-G973F using Tapatalk
     
  10. dino

    dino
    Gaining Experience

    412
    101
    5 Јули 2009
    Ај уште еднаш да пробам да прашам за препорака, станот е 52 м2, сакам филтер да ставам во дневната. Размислувам помеѓу Winux Zero pro и Blueair 221. Препорака кој да ги земам?

    Sent from my SM-G973F using Tapatalk
     
  11. petkotrajko

    petkotrajko
    Intern

    57
    41
    16 Јуни 2017
    Некако поќе ме бендисва Winix zero pro (јас дома имам нешто слично како него, ама од друг бренд), и мислам дека добро прочистува...
    Ама, шознам па јас :(
     
  12. dino

    dino
    Gaining Experience

    412
    101
    5 Јули 2009
    Од кој бренд имаш, и како си задоволен (мериш ПМ дома)

    Sent from my SM-G973F using Tapatalk
     
  13. petkotrajko

    petkotrajko
    Intern

    57
    41
    16 Јуни 2017
    Имам MyAir wellnes, конкретно овај модел: MyAir Wellness -
    За задоволен...абе си велам дека помага (му сменив нови филтри за оваа сезона, околу 50евра се).
    А за мерење, па немам мерач и не мерам.
     
  14. ksimon

    ksimon
    Gaining Experience

    356
    193
    29 Април 2011
  15. krema

    krema
    Professor

    9,779
    9,462
    24 Јуни 2009
    Машко
    Кај го има кај нас?
     
  16. ksimon

    ksimon
    Gaining Experience

    356
    193
    29 Април 2011
    На фејсбук некоја онлајн продавница, eftino.shop.mk ...па ми звучи пристојно...
     
    На krema му/ѝ се допаѓа ова.
  17. krema

    krema
    Professor

    9,779
    9,462
    24 Јуни 2009
    Машко
    Море се накотија онлајн продавниците на ФБ.
     
  18. ksimon

    ksimon
    Gaining Experience

    356
    193
    29 Април 2011
    Искрено, ме привлече тоа што за таа цена го има тој плазма вејв систем, за елиминирање бактерии и вируси у воздух, што го неам на Xiaomi прочистувачот, а кој го платив 12 илјади денари лани. Па си викам ако више треба да мењам филтер за Шаомито, што кошта 2 илјади, зошто да не купам нов прочистувач, башка со тој плазма вејв...
     
  19. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,571
    3,561
    12 Јануари 2016
    Машко
    ... ако толку сакаш да се труеш со озон, можеш и директно да си докупиш наменски јонизатор, евтини са а прават „плазма вејв“ за сите пари.
     
  20. ksimon

    ksimon
    Gaining Experience

    356
    193
    29 Април 2011
    Кажи ми прецизно молим те, фејк уред е, на тоа мислиш? Ми текна и мене едно време да не е јонизатор, ама па пишува дека не е...и си викам ХЕПА филтри као, ова она...
     
  21. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,571
    3,561
    12 Јануари 2016
    Машко
    Зошто да е фејк кога тоа за мали пари можат да го вградат во уредот?

    Друже се има пишувано повеќе пати за јонизирање/јонизатори (хинт: клучни зборови за пребарување). Некои сметаат дека тоа е корисна опција, и дека не е штетна заради сертификација од одредено приватно здружение на продавачи (не знам дали наведениот уред воопшто има таков сертификат).

    Мое лично мислење е дека јонизирање е непотребна глупост, освен евентуално како опција со секундарна/терциерна важност, и само ако имаш дисциплина да го користиш на автоматско вклучување/исклучување само кога не си дома. Поважно е колку кубни литри воздух врти уредот за единица време, и колку добро го филтрира воздухот, дали се евтини и достапни заменските филтри... Ама работи како „плазма вејв“ и негативно јони се тие кои звучат супер и продаваат уреди.
     
    На ksimon му/ѝ се допаѓа ова.
  22. ksimon

    ksimon
    Gaining Experience

    356
    193
    29 Април 2011
    Не, па затоа постирав линк, за да види некој од вас што се разбира, па да каже мислење...Пошто го рекламираат како прочистувач на воздух, не како јонизатор, а во меѓувреме баш и прочитав дека е ozon free...а има и спецификации околу тие CAD вредности...кои сепак ги имате апсолвирано како тема ....Значи све у свему затоа барам мислење :)
     
  23. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,413
    3,129
    24 Септември 2012
    4000 е топ за хепа уред. Колку W e?
     
  24. Taurus

    Taurus
    Модератор

    2,328
    979
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
    Хепа филтер и ефикасност од 95% не одат во иста реченица.
    Уред за прочистување на воздух, дома, треба да има ефикасност од 99,97% (или барем 99,95% според европски стандард).

    Тоа погоре филтерот за ништо не го бива освен со дувањето да разнесува прашина на поголемо растојание :)
     
  25. ksimon

    ksimon
    Gaining Experience

    356
    193
    29 Април 2011
    Пишува моќ 40w. Ама не наоѓам ривјус на нет , освен на еден сајт, па ме прави малку скептичен..Мада од друга страна има наведено све како и другите брендови.
     

Сподели

Вчитување...