1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Филтер за воздух

Дискусија во форумот 'Електроника - гаџети, електронски компоненти' започната од JasSum, 15 Декември 2015.

  1. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,104
    4,169
    18 Септември 2013
    Машко
    Кој ги продава/монтира?
     
  2. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,973
    12,299
    23 Јануари 2008
    Манга
    Eco tip, истите што ги носат blue air, максимално професионални
     
  3. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,765
    1,867
    8 Мај 2007
    Машко
    Ако толку многу филтрира, добиваш дестилирана вода, што не е добра за човек, а е добра за индустрија.
     
  4. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,160
    25,476
    4 Септември 2008
    Да само за бигор, друго не ми е воопшто битно.
     
  5. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,973
    12,299
    23 Јануари 2008
    Манга
    Читaj горе, има минерализатор. Водата која се добива е како вода на Bonaqua. Потполно истиот процес на производство се користи. Оди во Екотип и побарај презентација на уредот, ќе ти објаснат професионално.
     
    На GGTT1 и JasSum им се допаѓа ова.
  6. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,765
    1,867
    8 Мај 2007
    Машко
    Тоа не сум приметил.
    Плажа и форум да не мешам веќе.
     
  7. Nikola230

    Nikola230
    Intern

    6
    7
    28 Август 2019
    Машко
    Здраво дечки,
    Сакам да купам прочистувач на воздух за сезонава, па ме интересира што би препорачале
    Winix Zero, Xiaomi pro, Blue air pure 221 или нешто друго?
     
  8. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,104
    4,169
    18 Септември 2013
    Машко
    Колкава просторија имаш?

    Имај на ум дека некои од единициве се помали од други (не ги знам сиве модели конкретно но другар ми има шаоми а јас иам земено ваурон и вауронот е дупло поголем и има барем 3 пати поголема површина на филтер). Постојат различни големини на прочистувачи и според тоа различнен волумен на воздух ќе изврти низ себе и според големината на филтерот различно ќе трае.

    Ако е за една соба до 10-15 (пример спална) квадрати би ти кажал земи си било кој од овие шо се као шаоми (про не ти треба да доплаќаш само за дисплеј).

    Ако е за поголем простор земи нешто поголемо.
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Nikola230

    Nikola230
    Intern

    6
    7
    28 Август 2019
    Машко
    Па би било за дневна просторија (до 30м2), инаку ако може линк или каде да се набави нешто како за таа големина.
     
  10. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,104
    4,169
    18 Септември 2013
    Машко
    vauron според мое искуство стварно се океј (освен ако сакаш да ги користиш со мобилна апликација, тоа не знам до кај им е дали го средија јас никад не сум поврзал на мобилен).

    Vauron | Innovate Your Living

    и форумов им се клиенти или партнери или ги рекламираа едно време (можда завршила таа соработка).

    За другите филтри стварно неам ги пробано, ама ко шо кажав според тоа шо видов треба да зирнеш големина на филтрите и моќност на вентилаторот.

    Пошо тоа е што се прочистувачиве: филтер + вентилатор. Ништо друго посебно.

    Така шо провери за тебе која од сите опции:
    - има најголеми филтри за најдобра цена (пошо треба да мењаш филтри)
    - има најдобра цена/големина/перформанси за до 30 квадрати или повеќе (зависи шо сакаш) за целиот уред + филтер
    - кој модел изгледа дека ќе го има на долг период за да можеш да си купуваш филтри, пошо ако ги снема фрли го во ѓубре
    - гаранција и се тоа види си која ти одговара тебе, ако ти е битно
    - бучава на вентилатор провери при разни брзини (ако ти е битно)

    Ако повеќето од ствариве не ти се битни тогаш одлучи си според тие шо ти се битни :)

    Ако има тука членови со различни уреди не би било лоша идеја да направиме еден roundup на прочистувачиве со свежи филтри да видиме како се понашаат.
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ksimon

    ksimon
    Gaining Experience

    348
    191
    29 Април 2011
    Дечки, каде има филтри за Mi прочистувачи? Мислам најевтини..
     
  12. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,388
    25,017
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Mi има официјален store во гтц
     
  13. Вангел Ајановски

    Вангел Ајановски
    Intern

    21
    42
    16 Март 2013
    Машко
    Универзитетски професор
    Моја препорака врз база на подолго искуство и мерења со надворешен сензор при непрекината работа (365 дена по 24 часа).

    Сите уреди воошто (не само наведените) се фалат со декларираниот капацитет при најсилна моќност, каде нивото на бучава достигнува и по 60dB. Тоа е премногу, не се издржува ако сте во истата просторија.

    Според мене околу 36dB е некоја прифатлива бројка на ниво на бучава креиран од движење на воздух за дење во иста просторија. За вас оваа бројка може да е друга, субјективно е. Ако ви е тивка околината и сте почувствителни, дури и ова ниво може да ви пречи, особено ноќе и особено во иста просторија

    Побарајте информации за секој од уредите што ве интересираат колкав капацитет на прочистување има при мод во кој бучавата е околу саканото ниво. Пресметајте ја кубатурата на просторот каде ќе го користите и поделете со капацитетот на прочистување во тој мод и ќе добиете колку пати ќе го прочисти воздухот во еден час. Внимавајте на единиците мерки, некои производители не наведуваат, ако е CADR единицата мерка е обично кубни стапки во минута, па ќе треба да множите со коефициент да добиете во метри кубни на час.

    Идеално сакате да успева да го сврти воздухот 3-4 пати во час, но ако немате дополнителни загадувачи, може да е доволно и помалку од тоа.
     
    На artweb, bxxxn, Nomad и уште 4 други им се допаѓа ова.
  14. Taurus

    Taurus
    Модератор

    2,317
    962
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
    @Вангел Ајановски забораваш друго нешто.
    Деклариран уред за 30м2, пуштен на најмала брзина, покрива простор на чистење од само неколку м2, нема доволно јака воздушна циркулација за да го сврти водухот во просторијата ни еднаш.

    Од друга страна, при отворање на прозор/врата од надвор и загадување на воздухот внатре, прочистувачот (рачно или автоматски) се уклучува на појака брзина и го прочистува воздухот за кратко време (кратко време е релативна работа, зависи меѓу другото и од квалитетот на филтерот. Филтер со 99,97 ќе биде побрзо....).

    Ноќно време, преминуваат во ноќен режим на работа, повеќето се нечујни, (освен ако не сакаш), простор што добро дихтуваат прозори, нема или е минимално загадувањето преку ноќ.
     
  15. Nikola230

    Nikola230
    Intern

    6
    7
    28 Август 2019
    Машко
    Значи овој Хиаоми Ми Аир ПРО верзијата што е поголемата изгледа како најпристапна опција со сите можности (моб. апликација и подесувања) ќе брка работа за простор до 50 м2?
     
  16. Вангел Ајановски

    Вангел Ајановски
    Intern

    21
    42
    16 Март 2013
    Машко
    Универзитетски професор
    Иако не напишав, очекував дека се подразбира дека зборувам деклариран измерен проток од метри кубни прочистен воздух на час, а не декларирана квадратура (што според мене не дава никакви елементи за да си направите проценка).

    И да повторам дека пренесував моја препорака гледана од мое искуство, од кое може да се извлече некоја поука, но секако со голема доза оградувања бидејќи YMMV.

    За повеќе информации и мои препораки, кои најчесто беа пишувани од читање, а не од мерење, во минатото, може да погледате во претходни пораки кога оваа тема беше повеќе за самоградба на уред, отколку за препораки за купување уред. На пример една заборавена информација е дека од филтер до филтер (зборувам за филтерот во уредот, а не за самиот уред) се разликува брзината на движењето на воздухот при која самиот филтер ја достигнува својата највисока ефикасност. За жал досега не сум сретнал ниеден производител да наведува при која моќност или при кој проток има највисок степен на ефикасност неговиот уред со неговиот сопствен филтер.
     
  17. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,075
    1,353
    5 oктомври 2007
    Машко
    Сите Шаоми имаат мобилна апликација и подесување. Т.е. ја користат истата МиХоме.
    Е сега 50м² оторен простор или 50м² вкупен станбен простор во повеќе соби. Во вториот случај нема шанси, а во првиот можда ама ако го натепаш на најјако. Секогаш предлагам 2-3 помали, поефтини, распоредени низ домот, него еден.

    Sent from my TELEFON using Tapatalk
     
    На Ragnar му/ѝ се допаѓа ова.
  18. elisaveta_mk

    elisaveta_mk
    Intern

    1
    0
    31 oктомври 2019
    Женско
    Winix zero или BlueAir 211? Кои од овие два прочистувачи е подобар ?
    За Blueair неможам да најдам никаде дека има teue hepa филтер .
    Ве молам за помош за кој да се одлучам ?
     
  19. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,973
    12,299
    23 Јануари 2008
    Манга
    BlueAir е шведски бренд и еден од ретките во Македонија што ги задоволува стандардите по спецификации.
     
    На elisaveta_mk и Speedster им се допаѓа ова.
  20. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,765
    1,867
    8 Мај 2007
    Машко
    зеро е послаб од 211, ама доаѓа со плус сет филтри (што не е малку)
    Зависи за колкав простор ти треба и колку парите ти играат улога.
    Посоодветна компарација со 211 е зеро+ со приближно иста прочистувачка моќ, но со поголема контрола на уредот
     
    На elisaveta_mk му/ѝ се допаѓа ова.
  21. nikola_bb

    nikola_bb
    Intern

    251
    44
    14 Август 2009
    Јас во дневна имам zero, во спална имам 411. Немам поплака ни од еден од двата. Дај препорачајте од ебај мерач за пм некој да не е астрономска цена(немора да е лабараториски прецизен)
     
    На elisaveta_mk му/ѝ се допаѓа ова.
  22. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,765
    1,867
    8 Мај 2007
    Машко
    Алиекспрес
     
  23. nikola_bb

    nikola_bb
    Intern

    251
    44
    14 Август 2009
    Оние со 2,8 екранче напојување преку усб што зимаат??
     
  24. MadBuldog

    MadBuldog
    Intern

    10
    12
    22 Јуни 2008
    Машко
    Од мое лично искуство, можам да ти ги препорачам SHARP прочистувачите на воздух.
    Јас го користам во дневната соба следниов модел.

    SHARP KC930EUW
    SHARP KC930EUW
    [​IMG]
    Работи 24/7 веќе скоро 2 години без престан, Има ХЕПА филтер, филтер за миризби и Јонизатор, прочистувач на воздух и овлажнувач. Резервар за вода од 2 литри, со посебен филтер за водата, што многу помага за намалување на прашина што лета во воздухот (згодно ако имаш многу електроника по дома). Бидејќи живеам на први спрат кај мене е ужас прашината, дека сме со 3 мали деца по дома, тоа многу не спасува.

    Истотака згоден е и следниов модел:

    SHARP FUY30EUW
    SHARP FUY30EUW
    [​IMG]

    Единствена разлика е што го нема резерварот и филтерот за вода, и индикаторот за чистење на филтерот во горниот лев агол. ХЕПА филтерот е истиот, протокот на воздух е истиот макс. 180м3/ч за двата модели, само овој ти е дупло поевтин, еднаш во СЕТЕК го имаа спуштено на 4.999,00 Ден. Оваков планирам да земам за во спалната пошто малите таму спијат сега за сега па после би им го преместил во детската.

    И двата модели го користат истиот ХЕПА филтер кој се менува еднаш на 2 години.

    SHARP FZY30SFE
    SHARP FZY30SFE
    [​IMG]
     
    На elisaveta_mk му/ѝ се допаѓа ова.
  25. nikola_bb

    nikola_bb
    Intern

    251
    44
    14 Август 2009
    За ова нешто зборуваме:
    US $31.92 15% OFF|2.8
     
    На Speedster му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...