moongose
poweruser
- 19 јули 2013
- 4.387
- 5.531
Водата во воздухот исфрлена од ултрасоничните навлажнувачи е во форма на многу ситни капки, не е во гасовита состојба. Дел од нив преоѓаат во гасовита, но тоа не е брзо. И сега прашањето останува: дали таа вдишана вода отанува како што остануваат другите честички и дали е тоа штетно? Пошто вода во бели дробови е прилично опасна работа.Дали штетноста зависи исклучиво од големината на честичките?
Што би заклучил ти, oнака здраворазумски?
Ако теоретски земеме иста величина на честички од: вода, несогорени саѓи од ќумбиња, саѓи од гуми и пластики од куќишта на акумулатори... И на пример, честички од дисперзиран Циклон Б... Дали водата е еднакво штетна како другиве од набројаното?
Патем, сензорите од уредиве не реагираат толку на честичките од водата. Во таа форма водата бргу испарува целосно. Сензорите реагираат на честичките од есенцијалните масла, а тие остануваат многу подолго во воздухот - како што знае секој што користи есенцијални масла (дека мирисот долго останува во воздухот). Јас на пример есенцијалните масла не ги дисперзирам со овлажнувач на воздух, едноставно ги нанесувам на парче памук обесено до издувот од внатрешната единица од клима уред. Сензорите и од филтер уредот и од ппм мерачот, тогаш полудуваат со огромни измерени вредности.
едит:
Сензорите пак од аматерските мерни станици, иако донекаде инфериорни во однос на поскапите такви сензори - ја имаат предноста дека не се поставени од некој кој има за цел да ја лаже јавноста за степенот на загадување во воздухот. А за можноста да бидат излажани од слична величина ппм честички (како загадувањето), јас не знам за некој кој дисперзира есенцијални масла низ градовиве. Честичките што се надвор и кои се мерат од аматерските мерни станици, секако се честички од загадувачи.
Од друга страна прашањето е и колку од честичките што ги регистрираат мерачите се само вода а колку се солите и останатата сува материја што ја има во водата. Есенцијалните масла воопшто не беа во комбинација, пишаното се однесуваше на обична вода.