• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Филтер за воздух

marv

Unstoppable
5 октомври 2007
2,959
2,331
Јасно, не очекувам ако биде поставен во дневна дека ќе може да ја прочисти и собата. Сепак доволен ми е еден прочистувач за моите потреби.
Важно ми е дали овој модел на прочистувач е солиден за парите или пак има алтернатива што треба да се разгледа до 200 евра.
Нема. За парите се топ. А пошто се лесни, ќе си ги шеташ дневна спална да речам и готово.

Sent from my TELEFON using Tapatalk
 
gamon

On your way to fame
15 септември 2014
640
704
orgrimar
3 собен стан со отворени врати е супер прочистен од Mi Air Purifier PRO , во дневната ако има 15 во спалните има 20-22 што е во зелена зона до 50. Во 2 спални има сензори и секогаш е толку разликата 2-7, ако прочистува во њу лисиче ќе работи секаде на светов.
 
marv

Unstoppable
5 октомври 2007
2,959
2,331
3 собен стан со отворени врати е супер прочистен од Mi Air Purifier PRO , во дневната ако има 15 во спалните има 20-22 што е во зелена зона до 50. Во 2 спални има сензори и секогаш е толку разликата 2-7, ако прочистува во њу лисиче ќе работи секаде на светов.
Не. Така мислиме ние со сензорите. Оди премести го пречистувачот во некоја спална да разврти малце да видиш дали е чисто. Голем дел од честичките лежат на предметите па обични сензори не ги ни фаќаат. Да не збориме за гасови кои не ги ни мерат.
Сум тестирал затоа зборам. Сензор ставен во соседна соба со отворена врата покажуваше 30, МИ 2Х во дневната вика 28, супер. Носам прочистувачот у таа соба, за 2 мин почнува да збеснува бидејки како раздувал, отиде на 90+.
Ако не ми верувате на збор побарајте на нет. Секаде се препорачува подобро повеќе помали поединечно во повеќе соби. Секако ако не инвестирате 2К еури па нагоре за централен HVAC систем, најдобро плафонски.

Сензорите се ласерски, 150$ зошто не би им верувал нив туку би му верувал на ласерскиот од прочистувачот, и да, имам пробано да го пренесам во собата и резултато бил ист од 27 ги намали на 20 па на 15 и покажувбаше скоро сита бројка со сензорот засебен.
Нема тепих ни завеси прашина секаде има исто во станов, плакарите се вградени па нема ни над нив ни под нив.
 
Ајде така нека биде, плус ти си специфичен случај малку со немање многу лепачи на прашина. А дали тие ласерските од 150$ ќе измерат поточно или не, е ирелевантно ако воздухот не циркулира. Во мирна соба, во кој нема движење на воздухот, нема ни ласерски мерливо загадување. Кај да е, честичките ќе се стабилизираат на предмети или под и нема да мери ништо. Еве сега се прибравме дома пред 2мин. Како си пишувавме овде, проверив од надвор на изгасен пречистувач викаше 38. Го пуштив на Ауто. За 2 мин стана 58, го нафукав на најјако. Стигнувам дома значи некои 20мин од кога пуштив на најако сега е 42, а отиде во првите 10мин и до 120. Значи циркулацијата на воздухот е најбитна.

п.с. Чисто за проба, 0ѕирнав и во канцеларија, еве 3дена никој не влезен мир и тишина, само неколку ПЦја си вртат у празно. Вика 9-10. Се кладам не е толку, ако го уклучам сега за 10мин кујзнае колку ќе натепа.
Sent from my TELEFON using Tapatalk
 
Ficho

Gaining Experience
9 јули 2015
266
171
3 собен стан со отворени врати е супер прочистен од Mi Air Purifier PRO , во дневната ако има 15 во спалните има 20-22 што е во зелена зона до 50. Во 2 спални има сензори и секогаш е толку разликата 2-7, ако прочистува во њу лисиче ќе работи секаде на светов.
Колку се филтрите за моделов? И на колку време треба да се менуваат?
 
SiPy`

Unbeatable
23 јуни 2015
2,705
4,534
У строК центар!
Колку се филтрите за моделов? И на колку време треба да се менуваат?
Од 2100 до 2900 денари, зависи каква потреба имаш. Реално се менуваат на секој 3-4 месеци, ако ти работи 24/7.
 
Alek7

Intern
2 април 2020
23
45
Skopje
Од 2100 до 2900 денари, зависи каква потреба имаш. Реално се менуваат на секој 3-4 месеци, ако ти работи 24/7.
Препорачливо е менување на филтер еднаш годишно. Може тоа да се прави во есен, пред почетокот на сезоната.
Инаку на самата Mi Home app имаш податоци за тоа колку е истрошен филтерот, и уште колку денови има за да се замени.Screenshot_20201025-181703__01.jpeg

Испратено од ONEPLUS A6013 преку IT.mk форум апликација
 
SiPy`

Unbeatable
23 јуни 2015
2,705
4,534
У строК центар!
Препорачливо е менување на филтер еднаш годишно. Може тоа да се прави во есен, пред почетокот на сезоната.
Инаку на самата Mi Home app имаш податоци за тоа колку е истрошен филтерот, и уште колку денови има за да се замени.Погледнете го атачментот 92693

Испратено од ONEPLUS A6013 преку IT.mk форум апликација
Трошењето на филтерот зависи од многу фактори, значи јас зборам за 4+ лица во домот. Постојано се готви, играат деца, се проветрува од време на време. На самиот филтер пишува промена од 3 до 6 месеци, и истиот има чип. Јас зборам за најлошата варијанта, инаку можеш и да го програмираш кога да се вклучува и исклучува, па да истераш уште некој месец. Меѓутоа еднаш во годината е премалку за тој филтер.
 
gamon

On your way to fame
15 септември 2014
640
704
orgrimar
Уредот си има сензор за загаденост и контрола на обртаи, 3 реда алгоритам пресметува колку литри е поминато и колку честички се заробени, со точност 5-10% точно знае колку е истрошен и те информира кога треба замена. Ако е уклучен 2 год во чисто нема да бара замена, во екстремни услови ќе побара за 1 месец.
 
JasSum

Practice makes perfect
8 мај 2007
1,797
1,915
Едно лесно правило е доколку ти се може, стави два поголеми наместо два помали уреди.
1. Поретко ќе ти треба замена на филтрите (секако еднаш годишно е препорачливо)
2. Побрзо и полесно ќе прочистиш воздух. После секое луфтирање нема да ти треба пола саат да вратиш во нормала, а таман си вратил, ќе луфтираш пак...

Ми направија неколку уреди ама крај не им се фаќа за тоа каков е филтерот.
Тоа што членот пишал дека мери 20+ во дневна, значи дека филтерот е слаб.
Треба да биде до 10, ама за да спушти под 20 треба да има хепа, а тоа е скапо.

Виниксот што го користам е стар колку и темава. Дома ми е под 10пм со него. Еднаш годишно менувам филтри. Работи нон стоп штом почне смрдливата сезона. Филтерот може да издржи верувам две сезони, но сепак здравјето ми е побитно.

Батали играчки, земи филтер.
 
JasSum

Practice makes perfect
8 мај 2007
1,797
1,915
Ima li nekoj iskustvo so brendot BEURER? Gledam deka se germanski brend. Cenata im e primamliva.
линк?
Примамлива цена и германски бренд генерално не оди заедно.
Последно што приметив е на ровента (германски бренд) дека има ознака за 120м2, но има една ѕбездичка на тоа и во суштина е 12м2. Како се појавила нулата не ми е јасно, но добро делува, дур не прочиташ деталн.
 
Forumec

Intern
7 декември 2018
20
6
линк?
Примамлива цена и германски бренд генерално не оди заедно.
Последно што приметив е на ровента (германски бренд) дека има ознака за 120м2, но има една ѕбездичка на тоа и во суштина е 12м2. Како се појавила нулата не ми е јасно, но добро делува, дур не прочиташ деталн.
 
marv

Unstoppable
5 октомври 2007
2,959
2,331
Здраво, дали некој има искуство со следниот прочистувач: Rovus Astrea

Што е подобар избор помеѓу тој и овој прочистувач: Xiomi Mi 2C
Ровусот не е смарт, има јонизатор кој незнам дали може да се исклучи пошто не е најпаметно ако но стоп работи, и нема или јас невидов никакви технички податоци.

Sent from my SM-A505FN using Tapatalk
 
bakigvg

Intern
28 јуни 2016
99
42
линк?
Примамлива цена и германски бренд генерално не оди заедно.
Последно што приметив е на ровента (германски бренд) дека има ознака за 120м2, но има една ѕбездичка на тоа и во суштина е 12м2. Како се појавила нулата не ми е јасно, но добро делува, дур не прочиташ деталн.
IMG_20201029_175541.jpg вчера ја гледав во Нептун пишува 120м па се запрепастив и ја сликав за да ја проверам но не успеав. И сега гледам овде велиш за 12 м2 била наменета ?
 
Taurus

Модератор
13 октомври 2007
2,400
1,118
dribbble.com
Taurus's setup  
Processor & Cooler
i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
Motherboard
Gigabyte Z68P-DS3
Storage
WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
PSU
460W Gigabyte Superb Real Power
RAM
2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
Video card
Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
Case
Gigabyte LUXO X140
Mouse
Zalman ZM-M300 Black
Keyboard
Sweex Illuminating
Audio
DeLux 2.1
Monitor
Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
OS
Win 8.1
120m2 на тоа чудо ќе му треба преку 1 саат за да го промени воздухот со 300м3/h... плус да не правиме муабет дека е невозможно да направи ротација на воздухот во поодалечените места во собата.

Реално, со оние перфоманси овој прочистувач треба да е за соба под 30м2.
 
bakigvg

Intern
28 јуни 2016
99
42
Овој не ли е подобра опција од Xiaomi air purifier PRO верзијата, цената е иста со тоа што овој има и UV-C ламба против вируси Screenshot_2020-10-30-15-41-40-324_com.android.chrome.jpg
 
Taurus

Модератор
13 октомври 2007
2,400
1,118
dribbble.com
Taurus's setup  
Processor & Cooler
i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
Motherboard
Gigabyte Z68P-DS3
Storage
WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
PSU
460W Gigabyte Superb Real Power
RAM
2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
Video card
Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
Case
Gigabyte LUXO X140
Mouse
Zalman ZM-M300 Black
Keyboard
Sweex Illuminating
Audio
DeLux 2.1
Monitor
Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
OS
Win 8.1
UV-C неонка, за да ги убие (не ги убива туку обично генетски ги менува за да не можат да се копираат) вирусите/бактериите треба да исполнува одредени услови на нејзина моќност и проток на воздух.
Воздухот од тука поминува со голема брзина, скептик сум - немам проверено дали и колку е стварно ефикасно ова. По мене, за дома, тотално непотребно нешто.
UV-C неонката има рок на трање и треба нејзино редовно менување. Нејзината светлина ќе ги деградира и филтерот и пластикте околу неа.
Екстремно е опасна ако со погледне со око...
Ја користам во аквариум, вградена во канистер, и тоа не е цело време активна, баш заради деградација на пластиките...

Според мене, за добар прочистувач на воздух ти треба вистински хепа филтер, мотор и сензори за регистрирање на загаденост. Се друго е вишок т.е. зависи што сакаш да постигнеш со филтерот....
 
Forumec

Intern
7 декември 2018
20
6
Некој да ја објасни разликата помеѓу true hepa filter i hepa filter h13,односно кој е поефикасен? Јас колку што гледам повеќето прочистувачи имаат true hepa.
 
Taurus

Модератор
13 октомври 2007
2,400
1,118
dribbble.com
Taurus's setup  
Processor & Cooler
i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
Motherboard
Gigabyte Z68P-DS3
Storage
WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
PSU
460W Gigabyte Superb Real Power
RAM
2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
Video card
Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
Case
Gigabyte LUXO X140
Mouse
Zalman ZM-M300 Black
Keyboard
Sweex Illuminating
Audio
DeLux 2.1
Monitor
Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
OS
Win 8.1
H13 би требало да е true hepa. Еве некои бројки тука HEPA Filters Capture 99.97% of Particles with a Diameter 0.3μm

Со послаб филтер, ќе му треба на прочистувачот повеќе време да го намали загадувањето и прашање е дали и колку ќе го намали.

На виниксот користев true hepa со ефикасност од 99.97%. После промена, едната страна беше секогаш црна, а внатрешната секогаш бела, чиста и моторот секогаш чист.
 
Lalevskog

Gaining Experience
2 мај 2014
138
118
Сакам да земам прочистувач за 30m2, се двоумам меѓу Xiaomi 3H и Winix Zero. Бев решен за Xiaomi, али ја најдов анализава, и вика дека сензорот за PM 2.5 детектира многу пониско ниво од присутното. Не знам дали Xiaomi 3H има боље детектор од 2-ката во анализава, и исто не знам колку е валидна анализата ( зашто е од Kickstarter, што продава прочистувачи).
Некој да сподели искуство од овие два, или предложи друг прочистувач
 
marv

Unstoppable
5 октомври 2007
2,959
2,331
Овој не ли е подобра опција од Xiaomi air purifier PRO верзијата, цената е иста со тоа што овој има и UV-C ламба против вируси Погледнете го атачментот 92825
UV-C и струечки воздух е комедија, можда од 1000 вируси 1 ако го раскомада. Башка јонизатор на крај, ако неможе да се исклучи и само повремено по потреба да се пушта исто недобра работа. Текнички податоци негледам.
UV-C неонка, за да ги убие (не ги убива туку обично генетски ги менува за да не можат да се копираат) вирусите/бактериите треба да исполнува одредени услови на нејзина моќност и проток на воздух.
Воздухот од тука поминува со голема брзина, скептик сум - немам проверено дали и колку е стварно ефикасно ова. По мене, за дома, тотално непотребно нешто.
UV-C неонката има рок на трање и треба нејзино редовно менување. Нејзината светлина ќе ги деградира и филтерот и пластикте околу неа.
Екстремно е опасна ако со погледне со око...
Ја користам во аквариум, вградена во канистер, и тоа не е цело време активна, баш заради деградација на пластиките...

Според мене, за добар прочистувач на воздух ти треба вистински хепа филтер, мотор и сензори за регистрирање на загаденост. Се друго е вишок т.е. зависи што сакаш да постигнеш со филтерот....
Ма ако е добро погодена брановата должина ги распарчува каква модификација

Sent from my SM-A505FN using Tapatalk
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,627
Мислења
821,970
Членови
28,272
Најнов член
coolshoeshine
На врв Дно