1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Филтер за воздух

Дискусија во форумот 'Електроника - гаџети, електронски компоненти' започната од JasSum, 15 Декември 2015.

  1. Gucci

    Gucci
    On your way to fame

    792
    622
    5 Јули 2011
    Што е бест бај до 200 евриќи?
    Ќе се користи во 2 спални соби од по 15м2.
     
  2. GGTT1

    GGTT1
    Gaining Experience

    352
    278
    1 Февруари 2017
    Машко
    Blue Pure 411 | Filtration E-Shop

    Dva vakvi procidtuvaci na akcija cekaj gi PO 6000den bea lani
    Prva brzina e mnogu tivka filterot zamenski e 1100-1350 den zavisi?kako?Ke? GI nacekas za vo spalna I za 15m2 super se
     
    На Gucci му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Justice for All

    Justice for All
    Gaining Experience

    216
    135
    10 Септември 2010
    Машко
    Живеам во двособен стан, значи дневна и спална. Си мислам да земам еден и да го пренесувам во спална едно 2-3 саати пред спиење. Дали би било практично и кој уред би го препорачале?
     
  4. TIG@R

    [email protected]
    Intern

    37
    38
    6 Април 2013
    Машко
    Прочистувач на воздух, Winix Zero + сет гратис филтри - Прочистувач на воздух | Winix
    Овој го имам, немам мерач за по дома си има автоматски опции. За 99 квадрати е прочистувачот. Доста повеќе од станот, со тоа што не се замарам со шетање по соби. За ука бука можам да кажам дека веќе не го приметуваме дека е вклучен си има и ноќен режим. Најдобра предност е што следи со резервни филтри за 2год. Што значи си дал пари за 3год. користење бидејќи летно време мислам дека е залудно да го користиш неможе да го прочисти Скопје со отворени прозори по цел ден.

    Испратено од JSN-L21 преку IT.mk форум апликација
     
  5. Banjifiko

    Banjifiko
    Unbeatable

    2,974
    4,201
    28 oктомври 2008
    На JasSum му/ѝ се допаѓа ова.
  6. TIG@R

    [email protected]
    Intern

    37
    38
    6 Април 2013
    Машко
    Тоа е правата цена за овој прочистувач, што би ја добил и по други продавници за плаќање во кеш или со некое попустче.
    Испратено од JSN-L21 преку IT.mk форум апликација
     
  7. Banjifiko

    Banjifiko
    Unbeatable

    2,974
    4,201
    28 oктомври 2008
    Во која продавница се добива 15% попуст за кеш?
     
  8. Justice for All

    Justice for All
    Gaining Experience

    216
    135
    10 Септември 2010
    Машко
    BUMP

    Дали да го земам овој од Групер?
     
  9. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,774
    1,884
    8 Мај 2007
    Машко
    Земај
     
  10. Banjifiko

    Banjifiko
    Unbeatable

    2,974
    4,201
    28 oктомври 2008
    Едно прашање до членовите со подолго искуство: Дали користите во иста просторија и овлажнувач на воздух? Конкретно: земав Xiaomi air purifier 2s за просторија од 12м², но имам и овлажнувач (поради парното бидејќи многу го суши воздухот). Приметив дека кога ќе го вклучам овлажнувачот, Шаомито почнува да врти појако а дисплејот покажува како да сум отворил прозор. Можно ли е сензорот да реагира на етеричното масло што го ставам во овлажнувачот?
     
  11. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,157
    1,450
    5 oктомври 2007
    Машко
    Да сензорот реагира на евапоратори, а и на етеричните масла. И не би требало да ги вртиш 2та одеднаш пошто џабе ти е овлажнувачот. Овој ќе собере се башка ќе засуши пак се низ филтерот.

    Sent from my TELEFON using Tapatalk
     
    На topic и Banjifiko им се допаѓа ова.
  12. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,506
    3,441
    12 Јануари 2016
    Машко
    Да.
    Минатава зима позајмив ппм мерач од колега и (помеѓу другото) утврдив дека ппм вредностите значајно се покачуваат кога има етерични (есенцијални) масла во воздухот, сензорите вообичаено работат на оптички принцип и не прават разлика меѓу различните партикли... И сега тоа што повеќето овде нема да сакаат да го чујат: филтер уредиве малку или никако ги филтрираат етеричните масла од воздухот. Веројатно маханичкиот дел од филтерот не може да ги исфилтрира овие честички (премали се за него), а хемискиот дел е нефункционален или барем тоа е така кај поголемиот број филтер уреди после релативно кратко време (заситување на карбонскиот јаглен).

    Снимив и некои видеа тогаш, ама искрено - ме мрзи да се замарам да уплоадирам. Не беше ништо посебно пазено, мерев ппм пред и по есенцијални масла, и после пола час работа на филтер уредот на најсилно. На крај тие што веруваат дека уредиве (такви какви што се) покрај механички партикли доволно филтрираат и хемиски компоненти, пак ќе веруваат во тоа што сакаат без разлика на што и да се покаже.


    Тл др: гаси го филтер уредот кога правиш ароматерапија, или ставај го на мануална контрола.
     
    На topic и Banjifiko им се допаѓа ова.
  13. Banjifiko

    Banjifiko
    Unbeatable

    2,974
    4,201
    28 oктомври 2008
    Верувам дека ова не важи за сите модели. Сигурно некои модели со повеќе од три фази на филтрирање се однесуваат поинаку и во оваа ситуација. Но, како што рече, или едното или другото:)
     
    На Lokvan му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,506
    3,441
    12 Јануари 2016
    Машко
    До сега не сум видел комерцијално достапен модел кој успешно го филтрира поголемиот дел од хемиските загадувачи во воздухот. Пошто активниот јаглен се заситува релативно бргу (посебно кога воздухот е позагеден), и количината е релативно мала во однос на волуменот воздух кој се врти низ филтерот. Зборуваме во ситуации каде заменските филтри не се менуваат повеќе од 2 пати годишно - што е случај со 99% од корисниците.

    Инаку ми се допаѓа големината и густината на решетката со активниот јаглен кај xiaomi 2, подобар од повеќето други опции. Ги гледам сега ги има xiaomi по продавнициве, како им идат цените на заменските филтри?
     
  15. Misko6000

    Misko6000
    On your way to fame

    753
    727
    5 Април 2015
    Машко
    1.990.00 den.
     
  16. moongose

    moongose
    Unstoppable

    1,952
    2,191
    19 Јули 2013
    Ултразвучните навлажнувачи при работа ја дисперзираат водата и се во неа на многу мали честички, во рангот на пм2.5. Прочистувачот ги регистрира и затоа се активира. Ако ставиш мерач веднаш над маглата од навлажнувачот, веднаш скока над 400, 500, 600, имало или немало етерични масла.

    Прашањето е, дали и овие се исто така штетни како надворешното загадување од согорување. Односно дали штетноста зависи од потеклото на пм или само од големината?
     
  17. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,157
    1,450
    5 oктомври 2007
    Машко
    Normalno deka od potekloto, ili poprecizno sostavot. Toa sto eftinive merni stanici, aparatcija i senzorite na cistacive, merat so opticki senzor kalibriran na odredeni golemini na bilo kakvi partikli, e druga rabota. Zatoa i se za amaterska upotreba, onaka otprilika da kazat.

    Sent from my TELEFON using Tapatalk
     
  18. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,506
    3,441
    12 Јануари 2016
    Машко
    Дали штетноста зависи исклучиво од големината на честичките?
    Што би заклучил ти, oнака здраворазумски?

    Ако теоретски земеме иста величина на честички од: вода, несогорени саѓи од ќумбиња, саѓи од гуми и пластики од куќишта на акумулатори... И на пример, честички од дисперзиран Циклон Б... Дали водата е еднакво штетна како другиве од набројаното?


    Патем, сензорите од уредиве не реагираат толку на честичките од водата. Во таа форма водата бргу испарува целосно. Сензорите реагираат на честичките од есенцијалните масла, а тие остануваат многу подолго во воздухот - како што знае секој што користи есенцијални масла (дека мирисот долго останува во воздухот). Јас на пример есенцијалните масла не ги дисперзирам со овлажнувач на воздух, едноставно ги нанесувам на парче памук обесено до издувот од внатрешната единица од клима уред. Сензорите и од филтер уредот и од ппм мерачот, тогаш полудуваат со огромни измерени вредности.

    едит:
    Сензорите пак од аматерските мерни станици, иако донекаде инфериорни во однос на поскапите такви сензори - ја имаат предноста дека не се поставени од некој кој има за цел да ја лаже јавноста за степенот на загадување во воздухот. А за можноста да бидат излажани од слична величина ппм честички (како загадувањето), јас не знам за некој кој дисперзира есенцијални масла низ градовиве. Честичките што се надвор и кои се мерат од аматерските мерни станици, секако се честички од загадувачи.
     
    Последна промена: 25 ноември 2019
    На Costigan_Jr му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,364
    3,072
    24 Септември 2012
    Опиши го начинов малку подобро, да го користиме сите.
     
  20. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,506
    3,441
    12 Јануари 2016
    Машко
    Мислиш на дисперзија на есенцијалните масла?
    Ништо сложено, парче памук врзано со конец за перцата за насочување воздух од издувот на внатрешната единица од клима уред. Се капнуваат неколку капки масло по избор (или неколку од нив) и тоа е тоа. Количина на масло и фрекфенција на нанесување - по желба, и само неколку капки мирисаат прилично забележитилно и релативно долго време.
     
  21. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,157
    1,450
    5 oктомври 2007
    Машко
    Однеси го тој аматерски мерач купен за 10-20-30 еури во Биро за метрологија или на Институт за Физика, да му ја одредат точноста, при разни услови и при различни атмосверски прилики. Ќе се згазиш од смеење. Јас се згаазив, пошто имав прилика онака од зезање да контролирам еден мерач како и окој вградениот на Шаоми чистачот. Значи само водена пареа, застена над 60-65%, значи просечен скопски како сега например, ги правеше ужасно грешни. Или ете и сам рече збеснуваат на етерично масло.
    Како реков за одокативно се одлични, ама за сериозно мерење јок. Оди изнеси го 30 секунди на тераса у моментов со 80 и кусур влажност прочистувачон ќе збесне како да си на среде ископ во некој рудник.

    Sent from my TELEFON using Tapatalk
     
  22. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,506
    3,441
    12 Јануари 2016
    Машко
    Мерачов не реагираше на магла. Испитано на Водно во неколку прилики - пошто во Скопје обично кога има магла има и загадување, магла има кога нема ветер, а кога нема ветар тогаш има и загадување (всушност секогаш има загадување, освен кога ветерот го дисперзира).
     
  23. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,157
    1,450
    5 oктомври 2007
    Машко
    Еве за експеримент, го извадив пред канцеларија блуаир 411, покажува ПМ2.5 220 Ни една државна неточна ниту приватна точна околу мене ни приближно не е толку.

    Sent from my TELEFON using Tapatalk
     
  24. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,506
    3,441
    12 Јануари 2016
    Машко
    И на Водно да не го качуваше тој блуаирот? Не? Ок тогаш. :)
    upload_2019-11-25_16-12-55.png
     
  25. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,157
    1,450
    5 oктомври 2007
    Машко
    Не бе баш таму кај што си пуштил слика со околу 50 у моментот.

    Sent from my TELEFON using Tapatalk
     

Сподели

Вчитување...