1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Дигитални крипто-валути: совети - подесувања (забранета трговија ако сте без права на огласување!)

Дискусија во форумот 'Дигитални Крипто-валути' започната од dejan_str, 22 Јули 2011.

  1. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,127
    8,558
    23 oктомври 2012
    Машко
    Дали ти тоа ги жалиш американците? Ние сме пред нив? Нас ни е подобро? Затварај тема, бриши форум, гаси интернет...
     
    На zipi123, Speedster, Futurelakimens и уште 7 други им се допаѓа ова.
  2. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    3,806
    2,557
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Сеуште не можам да си поверувам дека биткоинот у 2013та год го копав преку SlushPool со Nokia 6600 преку GPRS интернет со Dial-Up конекција на #99 бројот со 5кб/сек трансфер на податоци...
     
    На tomi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    2,877
    2,418
    21 Јануари 2011
    Машко
    Невработен
    Еве Роналд Реган ги предупреди...све е кула од карти... почни од 5.23


    Како да не ги жалам? Прочита ли све што набројав во претходниот пост?
    Згора на тоа се број 1 во цел свет во конзумација на лекови по човек.
    Ги отруја со храната и лековите.
    Да видат како се живее во скандинавските земји и што е вистинска социјална грижа ќе сфатат дека живееле во пеколот. Шведска подобро се грижи за нивните затвореници него Америка за обичниот граѓанин.
    Али тоа е, што да се каже, во пропагандата е вистината :), реалноста е небитна.
    Најсмешно е што кој и да прашаш американец мислат дека се најбогата земја на светот а русите биле едни од најсиромашните :D. Русија е далеку најбогата во природни ресурси на планетава земја и е број 9 од најмалку задолжените земји на светов.
     
    Последна промена: 3 Февруари 2019
    Speedster, martin17, Costigan_Jr и на уште 1 им се допаѓа ова.
  4. Sludge.Factory

    Sludge.Factory
    Gaining Experience

    267
    302
    7 Февруари 2014
    Машко
    Stomatolog
    Биткоин илегален во 10 земји; Авганистан, Алжир, Боливија, Пакистан, Катар, Банана Македонија, Саудиска Арабија, Вануату и Виетнам. До кое ниво сме значи, ова е циркуз
     
    olikomerc, stefan_off и на Deksa им се допаѓа ова.
  5. shifty

    shifty
    Practice makes perfect

    952
    1,223
    5 Септември 2009
    Во кој закон е наведено дека е илегален?
     
    На goranzoran му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sludge.Factory

    Sludge.Factory
    Gaining Experience

    267
    302
    7 Февруари 2014
    Машко
    Stomatolog
    Скоро на секој сајт сме ставени како црна точка. Кај нас е незаконско поради тоа што сметките биле виртелни, хакери можеле да ги украдат, и дека биле анонимни т.е можело да се со криминално потекло. Во јавно известување од НБРМ имав прочитано лани. Господ да чува

    https://kanal5.com.mk/articles/287977/nbrm-nezakonsko-vlozhuvanje-vo-virtuelni-ili-kripto-valuti
     
  7. yuuxuu

    yuuxuu
    Intern

    12
    6
    13 Мај 2015
    Машко
    Нема закон за забрана на биткоин, и дека е тоа илегално во Македонија. Тоа се лаги, кои ги слушаме/читаме веќе цела година+ . Дека сме црна точка да во секој поглед, но дека кај нас криптовалутите се регулирани на било кој начин не! Еве нешто поново што прочитав Дали се легализираа крипто-валутите во Македонија?
     
  8. Taurus

    Taurus
    Модератор

    2,259
    858
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
    Која е логиката да продолжите со копање, ако трошоците за сметки за струја се поголеми од ископаните коини? Тоа се коси со сите економски логики? Да не правиме муабет за проблемите успат, амортизација на опремата......
    Читам совети, не продавај коини, жртвувај твои пари за покривање на сметките на струја. Пропуштам нешто друго тука или? Единствено некаква логика гледам во копање на коини кои неможеш или тешко се купуваат моментално, а се надева на скок на нивната вредност.

    Зошто едноставно, со парите што сакате да ја платите сметката за струја не си купите коини? И тоа со тие пари можете да купите поголем број на коини отколку што можете да ископате за тој месец.
     
    smole, damil и на martin17 им се допаѓа ова.
  9. Roncic

    Roncic
    On your way to fame

    604
    629
    7 Јули 2012
    Машко
    Исто како секоја понзи шема ... Селаните ги продадоја кравите и овците и нивите , паметните ги продадоја коините .
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sludge.Factory

    Sludge.Factory
    Gaining Experience

    267
    302
    7 Февруари 2014
    Машко
    Stomatolog
    Дај ми една берза каде со KYC можам да бидам одобрен да тргувам. И на тие што можеше пред 2016 година, кога и бев регистриран, веќе те известуваат дека ќе ти го исклучат акаунтот. Воедно и Виса и Мастеркард со потекло од Македонија повеќе не се одобрени и на места каде до пред година дена беа, како кракен биттрекс и полониекс. Денес дури и преку Moneygram не можев да префрлам пари на Bisq - иако е децентрализирана exchange. Причина, тргувањето со крипто во вашата земја е забрането.
     
  11. Sludge.Factory

    Sludge.Factory
    Gaining Experience

    267
    302
    7 Февруари 2014
    Машко
    Stomatolog
    Еве јас не копам, ниту сум копал интензивно. Имам некој си 4-5 карти скоро земено од пане и остали половно, колку за хоби. Секогаш тргував, го сметав за почиста работа. И сега наместо да купувам ќе почнам 2019 година да копам(LOL). Прво бидејќи повеќето берзи не се достапни во македонија, за да можеш со пари да купиш. Има некој берзи со кој можеш ископани коини да ги трејдуваш.

    Второ, можности. Месецов излегоа два нови коини, Грин и Бим. Сеуште ги нема на берзи. Пример, од 15 јануари до 30 јануари со една карта се копаше скоро еден ГРИН на ден. Немаше вредност бидејќи не беше на берза. Сега е на некои берзи со цена од 5 долари по коин. Тоа значи дека за 2 недели со 5 карти сум ископал 40 грина. Тоа се 200 долари. Струјата кошта за 2 недели околу 1000 денари. Да не зборам дека имаше и памп каде 5-6 дена од заинтересираност цената беше 12 долари по коин(ограничена количина). Ефективно заработени 180 долари, или една третина од мојата инвестиција во графички карти. Истото е и за BEAM, нов алгоритам, сеуште не е на берза, солиден коин, ниска тежина на копање. Но немам доволно Карти. Да не збориме за Progpow на Етериум, или Новиот форк на монеро.

    Копањето е профитабилно. Не колку порано но сепак е. Со мешана цена (скапа, ефтина, недела, ефтини денски часови) од 4.1 денар по киловат моментално, профитот е само 35% од ископаните коини(етер како референца). Но ние имаме златна ефтина тарифа, 2.нешто денарои, кој е 55% од часовите во месецот. Пуштај го ригот на ефтина и профитот од ископаните коини се дуплира, т.е 70%.

    ТЛ:ДР Копањето е исплатно во МК, каде имаме ефтина струја, преплавен маркет од графички и недостапни берзи

    ПС: Извинете за пост под пост.
     
    На DeepImpact му/ѝ се допаѓа ова.
  12. gremlin

    gremlin
    Practice makes perfect

    2,043
    1,442
    18 oктомври 2009
    Машко
    IT
    Со кои 5 карти си извадил 200 долари месечно грин? Пример сега удрив калкулаторот со 6 1060-ки некаде 60-70 долари месечно се копаните коини без минусирање струја ...

    Whattomine - 6x GTX1060
     
  13. Deksa

    Deksa
    Gaining Experience

    155
    84
    9 Февруари 2012
    Машко
    Да во моментов ама @Sludge.Factory кажува за времето кога difficulty level бил на најниско ниво и копал по 1 цел коин на ден со 1 картица.
     
    На gremlin му/ѝ се допаѓа ова.
  14. yuuxuu

    yuuxuu
    Intern

    12
    6
    13 Мај 2015
    Машко
    Берзи се едно, Виза, Мастеркард, Монугрем, е друго. Зборуваме за тоа дали има закон/правен акт , каде е назначено дека е нелегално. Такво нешто нема. А да точно е дека од се не исклучуваат, исклучени сме и од пејпал (one way only..) па сега и тоа е незаконско нели? Поентата ми беше, нема закон но секој не е... во земјава како сака и како стигне.
     
  15. gremlin

    gremlin
    Practice makes perfect

    2,043
    1,442
    18 oктомври 2009
    Машко
    IT
    @Deksa Да ама тоа е само 2 недели плус има над 2000 коина плус треба да имаш такво инфо дека ќе излезе дека ке биде фаворит и тн. огромен ризик е тоа, на почеток такви коини ги нема по берзи па коа излегува на берза паѓа вредноста нагло па кој продал продал.
     
    На Deksa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sludge.Factory

    Sludge.Factory
    Gaining Experience

    267
    302
    7 Февруари 2014
    Машко
    Stomatolog
    Точно, Од излегувањето на mainnet една gtx 1070, вадеше 3.6гпс, т.е 0.8 коини на ден. Сега истата вади 0.15 со подобрен хашрејт на 4.2гпс. Со две 1070, една 1060 и две 570 од пане вадев 15 јануари 5.8 коини, на 28 јануари 4.3 коини. Сега помалце од коин. Затоа реков дека копањето за некои се исплати за некои не. Кога излезе на повеќето берзи, од 8 долари скокна до 12 и нешто. Сите ги дадов. Сега пак си подкопнувам грин, сметам дека доколку влезе во топ 100 на коинмаркеткап, тежината пак ке скокне до плафон, поатрактивно за копачи, но и интересот и цената ќе скокне. Коинов е нешто ново, не е за ходлање бидејќи има преголема инфлација. Разгледајте го проектот, навистина е нешто.

    @gremlin Инфо имаше насекаде, Дури и биткоин максималисти збореа за коинов. Единствен беше што немаше Претходно ископани количини, Fee за девс fee за мајнинг, т.е се води од донации а не од процент од колачот. Во тестнет беше од април лани. Но да се согласувам треба да се внимава премногу на проекти и добро инфо да се собира
     
    На gremlin му/ѝ се допаѓа ова.
  17. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    2,877
    2,418
    21 Јануари 2011
    Машко
    Невработен
    Кај го читаше тој закон? Овде Pravo.org.mk | Закони
    Дај директен линк да се информираме?
    Читам подоле у твој пост некој линк од канал 5 за Оне коин?????? WTF??? Дај да го прочитаме законот од официјален сајт?
    Што е проблемот со KYC? Верификација на сметка траеше 15 минути со зголемување на дневен лимит на 25000$
    Од македонија нема каде да трејдаш?
    Како ги поврза причинско- последично берзите со Мастеркард и слично.
    Ако сакаш коини да купиш пиши ПП ќе ти продадам колку сакаш. Истото важи и за купување.
     
    Последна промена: 12 Февруари 2019
    На yuuxuu му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    3,806
    2,557
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Tocno. No sto ako plakjam struja od svoj dzeb sega i ako posle 5-12 meseca ripne destekratno cenata i togas da gi rasprodadam site naednas. Kolku bi mu dosla cenata eve na primer eth sega e +-100e a togas bide 1000e ?
     
    На Deksa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. yuuxuu

    yuuxuu
    Intern

    12
    6
    13 Мај 2015
    Машко
    И јас копам со риговите сеуште, и заработувачката е минимална скоро непостоечка. И јас плаќам струја од кешот што го заработувам со секојдневната работа а не е поврзано со копачкиот наш тежок живот. Разликата дали некој сака да ги вложи тие пари и да купи до оној кој ќе купи ригови и ќе копа на ова време не е до оној "економски ефект" него до човекот.
    Има 3 типа
    1) Секој ден на берза трејда=заработува/губи ,
    2) Купуваат еднаш во неколку месеци биткоин и тоа е тоа чекаат,
    3) И јас т.е копачи кои имаат хоби (некои и тоа им е работа зависно кој колку рига) и сакаат да се занимаваат со ригови.
    Значи ете јас копам од занимација/хоби. Економската логика на сите 3 типа е кога си купил која била цената, и кога ќе продадеш која ќе биде цената. Ако не сакаш да се замараш, убава е сега цената земи си 1, 2, 10 биткоина и ходл... едноставно, лесно, и единствено што треба да правиш да чекаш за да продадеш на високо. Јас воопшто не се замарам колку е моменталната цена но се замарам само за таа тежина на копање односно гледам да ископам што повеќе на low diff, имам на залиха ЕТХ ЕТН РАВЕН ЗКОИН МОНЕРО ... и сеуште копам,т.е се греам со нив сега за сега.
     
    На Sludge.Factory му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    3,806
    2,557
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Интервју со гувернерката на НБРМ, Анита Ангеловска-Бежоска, за преминувањето во втората фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација | Академик Мислам дека овоа кажува нешто што се опфатени и крипто валутите ?
     
    На stefan_off му/ѝ се допаѓа ова.
  21. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    2,877
    2,418
    21 Јануари 2011
    Машко
    Невработен
  22. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    3,806
    2,557
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Прашална форма беше тоа :) Дали се опфатени и криптовалутите со овоа ? Бидеќи порано и тргување со хартии од вредност и забрането беше и да се има странска сметка.
     
  23. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    2,877
    2,418
    21 Јануари 2011
    Машко
    Невработен
    Никогаш не било забрането да се има странска сметка во банка за лица со регулиран престој во странска земја, пример оние кои работеле во таа земја и други исклучоци.
    Ниту поседување на недвижен имот, пример ако тој е наследен од некој роднина да речеме и други исклучоци.
    Истото важи и за хартиите од вредност значи повторно под одредени исклучоци(да не ги набројувам)
    Али каде ги пронајде криптовалутите во овие закони во текстот што го читаше?
     
  24. Futurelakimens

    Futurelakimens
    Gaining Experience

    566
    248
    12 Април 2017
    Машко
    Не е нелегално, само е нерегулирано.

    Де кажи една берза каде што ти одбиле KYC, оти јас не сум имал такво искуство до сега... А иначе да, сервисите за плаќање се повеќето блокирани.
     
  25. Taurus

    Taurus
    Модератор

    2,259
    858
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
    Па тоа го зборувам и јас, не ја сваќам економската логика.
    Плаќаш струја 12 месеци од свој џеб, а трошоците за струја се поголеми од тоа што копаш.
    Во превод:
    - 12 месеци, копаш по 1 коин месечно 100евра кој го чуваш, а плаќаш струја 150 евра месечно:
    -- после 12 месеци, коинот скокнал на 1000евра, ти си заработил (12 коини x 1000 евра) = 12.000 евра - 1.800 евра (струја) = 10.200 евра
    другата варијанта, место да копаш, со парите за струја да си купиш коини:
    - 12 месеци, не копаш, купуваш 1,5 коини за 150 евра месечно (пари кој во претходниот случај си ги трошел за струја од свој џеб):
    -- после 12 месеци, коинот скокнал на 1000 евра, ти си заработил (18 коини x 1000 евра) = 18.000 евра - 1.800 евра (цена што си платил за коините) = 16.200

    Како што кажав, не ја сваќам економската логика на копање ако струјата е поскапа од тоа што се добива, освен ако тој коин што се копа не може да се набави на берза и слично.
    Копање од хоби со опрема од неколку илјади евра, ми нема логика. Кое хоби е тоа? Каде е уживањето? Освен ако копањето на коини го споредиме со златна треска, тогаш разбирам ;)
     
    На StalkeR, gremlin, goce03 и уште 2 други им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...