Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Дали новите смартфони се штетни за здравјето?

12 април 2017
1.918
1.259
И дај сменете го насловов срамота е (мислиш плутониум шверцет во xiaomi телефониве).

Бар пишете го Апл радиоактивни да биде пореалистично, овие за беспари се радиоактивни, а Апл за $1000 се..
 

mnikolce

lurker
27 октомври 2016
803
620
Хехех Samsung нормално прв од позади...лузери.
Ова не е од самсум, па пак е за од позади :)
* Темата е супер, бидете сигурни дека штетност постои од зрачења на било кои електромагнетни бранови / на било какви фреквенции. Медицината допрва ќе треба да се произнесува, како и од што да се пазиме
33e208721799ae2cec46caa53606e4a6.jpg


Sent from my MI 4W using Tapatalk
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.156
16.247
Голдилокс ја викале. Магнетното поле не штити од најголемиот дел од сето тоа што го набројуваш, и немаше да има живот на планетава да не беше така... Но ти ова секако го знаеш, нели? :)

Јас го знам ;) чунки се занимавам со астрономија (hence the nickname) ама тебе не ти е баш нај јасно ова со магнетново поле, нели?
Сега чичо ќе ти објасни, магнетното поле на земјата штити од соларен ветер. Соларен ветер се наелектризирани честички (јони и електрони) кои се способни за интеракција со магнетно поле. Радио зрачењето нема интеракција со магнетното поле, па затоа не штити од она горе што го набројувам. Ако имаше интеракција тогаш немаше да можеме да испратиме летало надвор од земјината орбита бидејќи радио брановите ќе беа уништени од магнетното поле така? Интересно е како сеуште добиваме сигнали од леталата Војаџер кои се у п матер далеку (повеќе од 122 астрономски единици, тоест 122 пати подалеку од просечното растојание меѓу Сонцето и Земјата), а се емитувани од летало со обична антена и прифатени од антени на земјата.

Доколку би исчезнало магнетното поле, сончевиот ветер би го јонизирал озонот и би го уништил, па недостатокот на озон би ги пропуштил улатравиолетовите зраци кои се јонизирачки и кои ја разградуваат ДНК ( и други сложени јаглени хидрати). Тоа не би имало директен ефект на водните животни на пример.

Се она што не е јонизирачко зрачење не е опасно. При вклученост на гооолеми енергии може да има физичка интеракција со органска материја но не и јонизирачка, па према тоа и нема да биде штетно. Доколку е многу силно радио-зрачењето може да се случи да индуцира дополнителна количина на електрицитет и може евентуално да попречи во комуникацијата меѓу мозокот и неуроните (доколку организмот не е заземјен) но за тоа треба огромни количини енергија, далеку поголеми од миливатите со кои зрачат течефоните, WiFi, UHF/VHF и слични електронски трансмитери ;)

Голдилокс нема врска со магнетното поле, тоа значи нешто друго :)
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
@Astro на заштита од јонизирачки зрачења и мислев, а таа заштита во комбинација со заштитата од гравитационото поле од Јупитер (кој ги „прибира“ повеќето астероиди, комети, и слично), и фактот дека Земјата е на поволно растојание од Сонцето, ја дефинира Голдилокс зоната - во која се наоѓа нашава планета.

Радио зрачењата од вселената колку се јаки, во просек?
Исклучоци се разбира има, во инцидентни ситуации. Само што ние овде зборуваме за континуирано 24/7 зрачење од мобилните телефони, од базните станици, од вај-фај мрежите, од безжичните уреди, и од што се не друго. Не можеш да го споредуваш тоа со инцидентни радио бранови од вселената, мнозинството толку слаби да треба да се прават радио телескопи со чинии и до 500 метри за воопшто да можат да се регистрираат. Или можеби грешам, дај да видиме некој конкретен податок за јачината на радио зрачењата од вселената.

Патем неколку пати од повеќе луѓе се постираат научни студии за сето ова, кои јасно покажуваат причини за повеќе претпазливост и загриженост... Но ти ги нарекуваш „глупости“?
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.156
16.247

Ги прочитав првите две. Се базира само на претпоставки, нема доказ за поврзаност со болестите. Башка и дел од самите болести се сеуште недефинирани.
 

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.704
12.581
Skopje
www.wemaxa.com
@Astro : Кои "честици" ги емитува сонцето баш ме интересира?
Ке чешате споловило кога ова "dual-particle wave theory" на мрсомудот Ајнштајн некад некој ќе го архивира во Булшит Белетристика и конечно физика ќе мрдне од мртвата точка на која е заглавена веќе 100 години..

Честици бе. Нема честици. И не слетале на месечината, посебно не оние дилетантите преку бара, посебно не во 1969.
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.156
16.247
@Astro на заштита од јонизирачки зрачења и мислев, а таа заштита во комбинација со заштитата од гравитационото поле од Јупитер (кој ги „прибира“ повеќето астероиди, комети, и слично), и фактот дека Земјата е на поволно растојание од Сонцето, ја дефинира Голдилокс зоната - во која се наоѓа нашава планета.

Голдилокс зоната (општо, не само од аспект на нашиов сончев систем) се дефинира преку големината, типот, интензитетот и спектрумот на зрачења на ѕвездата. За различни ѕвезди различно се дефинира истата. Во други сончеви системи можеби нема Јупитери па така и не се зема тој фактор во предвид.
Радио зрачењата од вселената колку се јаки, во просек?
Исклучоци се разбира има, во инцидентни ситуации. Само што ние овде зборуваме за континуирано 24/7 зрачење од мобилните телефони, од базните станици, од вај-фај мрежите, од безжичните уреди, и од што се не друго. Не можеш да го споредуваш тоа со инцидентни радио бранови од вселената, мнозинството толку слаби да треба да се прават радио телескопи со чинии и до 500 метри за воопшто да можат да се регистрираат. Или можеби грешам, дај да видиме некој конкретен податок за јачината на радио зрачењата од вселената.

Ова не е мала работа, ама би се заинтересирал да направам некоја табела за преглед и споредба. Башка телефоните не зрачат континуирано, како и WiFi, но базните станици зрачат. Башка да не заборавиме дека интензитетот на ЕМ зрачење опаѓа квадратно со растојанието па така и губи добар дел од енергијата, зависно од фрекфенцијата нели. Не е доволно да знаеме дека имаме предавател над глава, туку колку силно зрачи, колку е далеку и на која фрекфенција.

Патем неколку пати од повеќе луѓе се постираат научни студии за сето ова, кои јасно покажуваат причини за повеќе претпазливост и загриженост... Но ти ги нарекуваш „глупости“?
With all due respect, да. Си земам за слобода да ги наречам глупости бидејќи сеуште не сум видел студија која е научна во својата природа, тоест е базирана целосно на научен метод. Сите се водени од претпоставки, баратаат со недефинирана терминологија, не ги земаат сите фактори во предвид, се базирани на статистика и слично. Единствената научна студија која не навлегува многу во детали е студијата која покажува дека фрекфенцијата на радио бранот има резонанца која е поголема од димензијата на градивните колекули на живиот свет, тоест на ДНК. Со својата фрекфенција, радио бранот не може да оддаде енергија врз молекулата, ниту да ја јонизира односно да ја смени нејзината хемиска структура. Животот на планетава еволуирал во присутство на радио бранови, па ете го среќен и задоволен без поголеми проблеми. Да не заборавиме дека алцхајмерова болест, канцер, аутизам и слични болести имало и многу одамна кога човекот немал капацитет да ги произведува. А споредено со денес кога сме подложни на „многу“ ЕМ зрачење живетниот век на луѓето е поголем од било кога.
 

DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Ги прочитав првите две. Се базира само на претпоставки, нема доказ за поврзаност со болестите. Башка и дел од самите болести се сеуште недефинирани.

па не е баш претпоставка. Глувците заболуваат од рак, тоа е докажано. Претпоставката е дали и луѓето ќе заболуваат исто како глувците. Но сите тестови ни се врз глувци или мајмуни, така да..

Во втората исто нема претпоставкa за болест, се зборува за интерференцијата на радијацијата врз работата на сферите на мозокот.

Третата е студија која ја потврдува корелацијата помеѓу зрачење и стерилитет.

Некои членови рекоа нема докази за штетно дејство (македонецот има вродено мислење за се), а јас најдов 3 студии за 10 минути. Да вложам 3 дена ќе најдам преку 50. Не треба да се зборува на памет во денешно време.
 
Последна промена:

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.156
16.247
@Astro : Кои "честици" ги емитува сонцето баш ме интересира?
Ке чешате споловило кога ова "dual-particle wave theory" на мрсомудот Ајнштајн некад некој ќе го архивира во Булшит Белетристика и конечно физика ќе мрдне од мртвата точка на која е заглавена веќе 100 години..

Честици бе. Нема честици. И не слетале на месечината, посебно не оние дилетантите преку бара, посебно не во 1969.

Епа прочитај батка што е Solar wind и какви се честиците што ги емитува сонцето, барем тоа е јасно, испитувано и едноставно за објаснување, имаш трилиони објаснувања на интернет. Другиве изјави не ти ги коментирам,
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.156
16.247
па не е баш претпоставка. Глувците заболуваат од рак, тоа е докажано. Претпоставката е дали и луѓето ќе заболуваат исто како глувците. Но сите тестови ни се врз глувци или мајмуни, така да..

Во втората исто нема претпоставкa за болест, се зборува за интерференцијата на радијацијата врз работата на сферите на мозокот.

Третата е студија која ја потврдува корелацијата помеѓу зрачење и стерилитет.

Некои членови рекоа нема докази за штетно дејство, а јас најдов 3 студии за 10 минути. Да вложам 3 дена ќе најдам преку 50. Не треба да се зборува на памет во денешно време.

Тоа не се студии другарче. текст од пола страна не може да е студија.

За да биде студија треба да биде 300 страни минимум, треба да се искажани мерењата, треба студијата да е ревизирана од останати научници и ефектите да се повторливи СЕКОЈ пат кога се прават. Ако нешто од ова не е присутно, т'зи студија не е студија.
 

DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Тоа не се студии другарче. текст од пола страна не може да е студија.

За да биде студија треба да биде 300 страни минимум, треба да се искажани мерењата, треба студијата да е ревизирана од останати научници и ефектите да се повторливи СЕКОЈ пат кога се прават. Ако нешто од ова не е присутно, т'зи студија не е студија.

Купи ја ќе ги добиеш сите 300 страни. За беспари само апстракт, повеќето го наплаќаат трудот.

Да не заборавиме дека алцхајмерова болест, канцер, аутизам и слични болести имало и многу одамна кога човекот немал капацитет да ги произведува. А споредено со денес кога сме подложни на „многу“ ЕМ зрачење живетниот век на луѓето е поголем од било кога.
Денес има 100x повеќе рак од пред 1000 години. Ете едно мислење кое исто толку научно колку и твоето ;)
 

conquaestor

hello world
9 октомври 2010
346
312
Ако веќе забегувате со радиоактивново зрачење, баталете мобилките, подземни бункери копајте, а во меѓувреме никако банани да јадете.
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.156
16.247
Денес има 100x повеќе рак од пред 1000 години. Ете едно мислење кое исто толку научно колку и твоето ;)

Твоево мислење е лично а не научно. Твоето мислење не може теоретски да биде научно, затоа што пред 1000 години не постоело начин како да се дијагностицира рак :) , башка нема информација колку луѓе умирале од рак, не се знае ни тпчната бројка на живи луѓе од тоа време.

Како побогу твоето мислење би било научно?
За разлика од твојава изјава, моето мислење е апсолутно научно но недетално:

„Да не заборавиме дека алцхајмерова болест, канцер, аутизам и слични болести имало и многу одамна кога човекот немал капацитет да ги произведува. А споредено со денес кога сме подложни на „многу“ ЕМ зрачење живетниот век на луѓето е поголем од било кога.“
Денес постојат докази дека и порано постоело канцер (од фосили), аутизам и алцхајмер (од пишани извори кои наведуваат идентични симптоми).

Ете затоа другарче твоето и моето мислење се разликуваат.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
@#samurai# @alkibijad01
^ ^
Шегаџии, а?
Додуша хуморов ви е од црната сорта, ама што ви гајле. Кога не знаете за лошото, тоа исто како да не постои - нели? ;)


...фрекфенцијата на радио бранот има резонанца која е поголема од димензијата на градивните колекули на живиот свет, тоест на ДНК. Со својата фрекфенција, радио бранот не може да оддаде енергија врз молекулата, ниту да ја јонизира односно да ја смени нејзината хемиска структура.
Сигурен си дека нема никакво влијание? Врз основа на искуствата од сите овие „долги“ пар децении во кои имаме електронскиот смог во ваква количина? Врз основа на студии кои се фокусирани на термалните ефекти од радио брановите од мобилните телефони?

Погоре имаш цитиран научен труд кој покажува промени на метаболизмот на мозокот кога истиот е под дејство на радио бранови од мобилен телефон. Тоа е факт чија импликација е во целосна спротивност на ова што го тврдиш.
 

DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Твоево мислење е лично а не научно. Твоето мислење не може теоретски да биде научно, затоа што пред 1000 години не постоело начин како да се дијагностицира рак :) , башка нема информација колку луѓе умирале од рак, не се знае ни тпчната бројка на живи луѓе од тоа време.

Како побогу твоето мислење би било научно?
За разлика од твојава изјава, моето мислење е апсолутно научно но недетално:

„Да не заборавиме дека алцхајмерова болест, канцер, аутизам и слични болести имало и многу одамна кога човекот немал капацитет да ги произведува. А споредено со денес кога сме подложни на „многу“ ЕМ зрачење живетниот век на луѓето е поголем од било кога.“
Денес постојат докази дека и порано постоело канцер (од фосили), аутизам и алцхајмер (од пишани извори кои наведуваат идентични симптоми).

Ете затоа другарче твоето и моето мислење се разликуваат.

Скрос ја утна поентата. Заборави.
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.156
16.247
Сигурен си дека нема никакво влијание? Врз основа на сите овие „долги“ пар децении во кои имаме електронскиот смог во ваква количина? Врз основа на студии кои се фокусирани на термалните ефекти од радио брановите од мобилните телефони?
Внимавај, не реков дека нема никакво влијание. Реков нема јонизирачко влијание и нема диретно влијание. Термални ефекти би требало да има, а би требало да има и индукција на вишок електрицитет кој при многу јаки зрачења би можел да го попречи нормалното работење на мозокот и испраќањето на електрични импулси преку невроните.
Има голема разлика.

Погоре имаш цитиран научен труд кој покажува промени на метаболизмот на мозокот кога истиот е под дејство на радио бранови од мобилен телефон. Тоа е факт чија имликација е во целосна спротивност на ова што го тврдиш.
Не, не е во никаква спротивност на она што го тврдам.
Изјава 1: „ЕМ зрачење предизвикува промени во метаболизмот на мозокот“
Изјава 2: „ЕМ предизвикува канцер, Алцхајмерова болест, Аутизам....“

За да би била во минимална спротивност со моето тврдење недостасува изјава 3: „Промените во метаболизмот на мозокот предизвикуваат канцер, алцхајмер, аутизам....“

Но ниту тогаш не би било во спротивност бидејќи ЕМ зрачење не е единствен фактор кој предизвикува промени во метаболизмот на мозокот. Има уште милион фактори кои треба да се елиминираат.
Не ја знам студијата, не сум ја прочитал, само зборувам од општи принципи на анализирање на појави. Чисто сумјам дека некој вршел такви испитувања, на ДОЛГ РОК, внатре во Фарадеев кафез.
Тоа објаснува зошто не постои ФАКТ: ЕМ зрачење е штетно за живите организми. Не постои ФАКТ бидејќи не е, односно постојат многу недокажани работи пред да може да се извлече заклучок и да се нарече факт.
Од истата причина не можеме да тврдиме дека рецимо Господ тебе те спаси да не те згази кола. Затоа што нема доказ, резултатот е немерлив, резултатот е неповторлив.
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.156
16.247
Скрос ја утна поентата. Заборави.

Ааааа не не не не не не ;) неќеш ичи
Јас не сум утнал ништо. Ти немаш аргумент против мојот ;)

Те молам дискутирај и дај контра-аргумент кој е посилен од мојот :) ... ако можеш
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.631
3.197
Само насловот е заебана работа.
Сменете во мобилните зрачат, а тоа можеби е штетно...
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.156
16.247
Да појаснам:

Целта не ми е да ви се правам паметен, само да ве натерам критички да размислувате спрема се што ќе прочитате на интернет. Многу глупости се трескаат.

Многу народ прават разни студии кои завршуваат со претпоставки или статистички анализи. Некои си аматери и портали ги земаат, ги множат со 1000, ги филуваат и ги публикуваат за да направат пари.
 

dekomote

Скептик
11 ноември 2014
2.846
6.401
Скопје
dekomote's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 9 9950x + Arctic Liquid Freezer ||| 360
Motherboard
X870 Aorus Elite WIFI7
Storage
Samsung NVME 980 Pro, Synology DS 920+
PSU
NZXT C850 ATX3.1
RAM
2x16GB G-Skill 6000 CL32
Video card
EVGA RTX 3080Ti FTW3 Ultra
Case
Fractal Design North XL
Mouse
Razer Basilisk v3 Pro, Logitech Master MX 3
Keyboard
Keychron Q1 Max
Audio
Presonus Eris 3.5, Mackie CR8S
Monitor
Dell S2721DGF 165Hz HDR
OS
Fedora
Какви фемина муабети човече, мислев паметни љуѓе има тука... Ај сеа и децата не ги вакцинирајте...
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
Не ја знам студијата, не сум ја прочитал, само зборувам од општи принципи на анализирање на појави. Чисто сумјам дека некој вршел такви испитувања, на ДОЛГ РОК, внатре во Фарадеев кафез.
Се разбира дека веќе немаме контролна група за споредување, денес и индијанците од Амазон имаат мобилни телефони. Никој не живее во Фарадеев кафез.

Но да не зборуваш општо, еве го научниот труд за кој зборував: Cell phone radiofrequency radiation exposure and brain glucose metabolism. - Semantic Scholar



Термални ефекти би требало да има, а би требало да има и индукција на вишок електрицитет кој при многу јаки зрачења би можел да го попречи нормалното работење на мозокот и испраќањето на електрични импулси преку невроните...
... и куп други работи. Но нејсе, нели 24/7 влијание и само од ова што наброја е нешто што треба да не замисли, наместо да се нарече „глупости“?
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно