1. Mobile OS генерални дискусии: windows android ios

  2. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Дали новите смартфони се штетни за здравјето?

Дискусија во форумот 'Мобилни телефони' започната од Jedah, 4 Март 2019.

  1. EnableSTAT97

    EnableSTAT97
    Gaining Experience

    345
    146
    4 Јули 2011
    Машко
    Ко веќе ги спомнавте "радиоактивниве" телефони треба да се спомнат и "радиоактивни" сиалици (што секој ги има по дома). Една емитува електрoмагнетна радијација од 2-5 W - на фреквенција од 350-750 THz. (електромагнетен бран од иста природа со далеку помала енергија од 5/10 GHz). Успат истава радијaција летно време на сонце достигнува вредности од ~1000W на m2 па споредете сега со едни слушалки од 0.001 kw на 2.4Ghz.

    И дај сменете го насловов срамота е (мислиш плутониум шверцет во xiaomi телефониве).
     
    toplel, AndrejFerdzo, The Geek Boy и на уште 1 им се допаѓа ова.
  2. Futurelakimens

    Futurelakimens
    On your way to fame

    1,008
    536
    12 Април 2017
    Машко
    Бар пишете го Апл радиоактивни да биде пореалистично, овие за беспари се радиоактивни, а Апл за $1000 се..
     
    На JasSum и Rukfash им се допаѓа ова.
  3. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,078
    3,408
    7 ноември 2014
    Машко
    Хехех Samsung нормално прв од позади...лузери.
     
    На olikomerc, Avid, Futurelakimens и уште 3 други им се допаѓа ова.
  4. mnikolce

    mnikolce
    Gaining Experience

    505
    451
    27 oктомври 2016
    Ова не е од самсум, па пак е за од позади :)
    * Темата е супер, бидете сигурни дека штетност постои од зрачења на било кои електромагнетни бранови / на било какви фреквенции. Медицината допрва ќе треба да се произнесува, како и од што да се пазиме[​IMG]

    Sent from my MI 4W using Tapatalk
     
    На The Geek Boy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DelphiUser

    DelphiUser
    On your way to fame

    906
    954
    2 Март 2011
    Машко
    Ајфон е најнерадиоактивен од сите ајфони. Ова е трет пат да се зборува за истата тема. Барем сменете го насловот во Ајфон е најрадиокативен...
     
  6. Astro

    Astro
    Guru

    6,155
    8,483
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Јас го знам ;) чунки се занимавам со астрономија (hence the nickname) ама тебе не ти е баш нај јасно ова со магнетново поле, нели?
    Сега чичо ќе ти објасни, магнетното поле на земјата штити од соларен ветер. Соларен ветер се наелектризирани честички (јони и електрони) кои се способни за интеракција со магнетно поле. Радио зрачењето нема интеракција со магнетното поле, па затоа не штити од она горе што го набројувам. Ако имаше интеракција тогаш немаше да можеме да испратиме летало надвор од земјината орбита бидејќи радио брановите ќе беа уништени од магнетното поле така? Интересно е како сеуште добиваме сигнали од леталата Војаџер кои се у п матер далеку (повеќе од 122 астрономски единици, тоест 122 пати подалеку од просечното растојание меѓу Сонцето и Земјата), а се емитувани од летало со обична антена и прифатени од антени на земјата.

    Доколку би исчезнало магнетното поле, сончевиот ветер би го јонизирал озонот и би го уништил, па недостатокот на озон би ги пропуштил улатравиолетовите зраци кои се јонизирачки и кои ја разградуваат ДНК ( и други сложени јаглени хидрати). Тоа не би имало директен ефект на водните животни на пример.

    Се она што не е јонизирачко зрачење не е опасно. При вклученост на гооолеми енергии може да има физичка интеракција со органска материја но не и јонизирачка, па према тоа и нема да биде штетно. Доколку е многу силно радио-зрачењето може да се случи да индуцира дополнителна количина на електрицитет и може евентуално да попречи во комуникацијата меѓу мозокот и неуроните (доколку организмот не е заземјен) но за тоа треба огромни количини енергија, далеку поголеми од миливатите со кои зрачат течефоните, WiFi, UHF/VHF и слични електронски трансмитери ;)

    Голдилокс нема врска со магнетното поле, тоа значи нешто друго :)
     
    На Скоти, Krkac, AndrejFerdzo и уште 5 други им се допаѓа ова.
  7. DelphiUser

    DelphiUser
    On your way to fame

    906
    954
    2 Март 2011
    Машко
  8. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,489
    3,406
    12 Јануари 2016
    Машко
    @Astro на заштита од јонизирачки зрачења и мислев, а таа заштита во комбинација со заштитата од гравитационото поле од Јупитер (кој ги „прибира“ повеќето астероиди, комети, и слично), и фактот дека Земјата е на поволно растојание од Сонцето, ја дефинира Голдилокс зоната - во која се наоѓа нашава планета.

    Радио зрачењата од вселената колку се јаки, во просек?
    Исклучоци се разбира има, во инцидентни ситуации. Само што ние овде зборуваме за континуирано 24/7 зрачење од мобилните телефони, од базните станици, од вај-фај мрежите, од безжичните уреди, и од што се не друго. Не можеш да го споредуваш тоа со инцидентни радио бранови од вселената, мнозинството толку слаби да треба да се прават радио телескопи со чинии и до 500 метри за воопшто да можат да се регистрираат. Или можеби грешам, дај да видиме некој конкретен податок за јачината на радио зрачењата од вселената.

    Патем неколку пати од повеќе луѓе се постираат научни студии за сето ова, кои јасно покажуваат причини за повеќе претпазливост и загриженост... Но ти ги нарекуваш „глупости“?
     
  9. Astro

    Astro
    Guru

    6,155
    8,483
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Ги прочитав првите две. Се базира само на претпоставки, нема доказ за поврзаност со болестите. Башка и дел од самите болести се сеуште недефинирани.
     
  10. xenon

    xenon
    Guru

    3,803
    9,511
    15 Јануари 2011
    Машко
    @Astro : Кои "честици" ги емитува сонцето баш ме интересира?
    Ке чешате споловило кога ова "dual-particle wave theory" на мрсомудот Ајнштајн некад некој ќе го архивира во Булшит Белетристика и конечно физика ќе мрдне од мртвата точка на која е заглавена веќе 100 години..

    Честици бе. Нема честици. И не слетале на месечината, посебно не оние дилетантите преку бара, посебно не во 1969.
     
    На bicikle му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Astro

    Astro
    Guru

    6,155
    8,483
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Голдилокс зоната (општо, не само од аспект на нашиов сончев систем) се дефинира преку големината, типот, интензитетот и спектрумот на зрачења на ѕвездата. За различни ѕвезди различно се дефинира истата. Во други сончеви системи можеби нема Јупитери па така и не се зема тој фактор во предвид.
    Ова не е мала работа, ама би се заинтересирал да направам некоја табела за преглед и споредба. Башка телефоните не зрачат континуирано, како и WiFi, но базните станици зрачат. Башка да не заборавиме дека интензитетот на ЕМ зрачење опаѓа квадратно со растојанието па така и губи добар дел од енергијата, зависно од фрекфенцијата нели. Не е доволно да знаеме дека имаме предавател над глава, туку колку силно зрачи, колку е далеку и на која фрекфенција.

    With all due respect, да. Си земам за слобода да ги наречам глупости бидејќи сеуште не сум видел студија која е научна во својата природа, тоест е базирана целосно на научен метод. Сите се водени од претпоставки, баратаат со недефинирана терминологија, не ги земаат сите фактори во предвид, се базирани на статистика и слично. Единствената научна студија која не навлегува многу во детали е студијата која покажува дека фрекфенцијата на радио бранот има резонанца која е поголема од димензијата на градивните колекули на живиот свет, тоест на ДНК. Со својата фрекфенција, радио бранот не може да оддаде енергија врз молекулата, ниту да ја јонизира односно да ја смени нејзината хемиска структура. Животот на планетава еволуирал во присутство на радио бранови, па ете го среќен и задоволен без поголеми проблеми. Да не заборавиме дека алцхајмерова болест, канцер, аутизам и слични болести имало и многу одамна кога човекот немал капацитет да ги произведува. А споредено со денес кога сме подложни на „многу“ ЕМ зрачење живетниот век на луѓето е поголем од било кога.
     
    На yasho и marv им се допаѓа ова.
  12. DelphiUser

    DelphiUser
    On your way to fame

    906
    954
    2 Март 2011
    Машко
    па не е баш претпоставка. Глувците заболуваат од рак, тоа е докажано. Претпоставката е дали и луѓето ќе заболуваат исто како глувците. Но сите тестови ни се врз глувци или мајмуни, така да..

    Во втората исто нема претпоставкa за болест, се зборува за интерференцијата на радијацијата врз работата на сферите на мозокот.

    Третата е студија која ја потврдува корелацијата помеѓу зрачење и стерилитет.

    Некои членови рекоа нема докази за штетно дејство (македонецот има вродено мислење за се), а јас најдов 3 студии за 10 минути. Да вложам 3 дена ќе најдам преку 50. Не треба да се зборува на памет во денешно време.
     
    Последна промена: 5 Март 2019
    Krkac, farkizz и на Lokvan им се допаѓа ова.
  13. Astro

    Astro
    Guru

    6,155
    8,483
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Епа прочитај батка што е Solar wind и какви се честиците што ги емитува сонцето, барем тоа е јасно, испитувано и едноставно за објаснување, имаш трилиони објаснувања на интернет. Другиве изјави не ти ги коментирам,
     
  14. Astro

    Astro
    Guru

    6,155
    8,483
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Тоа не се студии другарче. текст од пола страна не може да е студија.

    За да биде студија треба да биде 300 страни минимум, треба да се искажани мерењата, треба студијата да е ревизирана од останати научници и ефектите да се повторливи СЕКОЈ пат кога се прават. Ако нешто од ова не е присутно, т'зи студија не е студија.
     
    Скоти, yasho и на marv им се допаѓа ова.
  15. DelphiUser

    DelphiUser
    On your way to fame

    906
    954
    2 Март 2011
    Машко
    Купи ја ќе ги добиеш сите 300 страни. За беспари само апстракт, повеќето го наплаќаат трудот.

    Денес има 100x повеќе рак од пред 1000 години. Ете едно мислење кое исто толку научно колку и твоето ;)
     
  16. #samurai#

    #samurai#
    Gaining Experience

    299
    236
    9 oктомври 2010
    Ако веќе забегувате со радиоактивново зрачење, баталете мобилките, подземни бункери копајте, а во меѓувреме никако банани да јадете.
     
  17. alkibijad01

    alkibijad01
    Gaining Experience

    147
    125
    8 oктомври 2016
    Харпот ни иба пиперот

    Sent from my Redmi 5 Plus using Tapatalk
     
    На Викса и yasho им се допаѓа ова.
  18. Astro

    Astro
    Guru

    6,155
    8,483
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Твоево мислење е лично а не научно. Твоето мислење не може теоретски да биде научно, затоа што пред 1000 години не постоело начин како да се дијагностицира рак :) , башка нема информација колку луѓе умирале од рак, не се знае ни тпчната бројка на живи луѓе од тоа време.

    Како побогу твоето мислење би било научно?
    За разлика од твојава изјава, моето мислење е апсолутно научно но недетално:

    „Да не заборавиме дека алцхајмерова болест, канцер, аутизам и слични болести имало и многу одамна кога човекот немал капацитет да ги произведува. А споредено со денес кога сме подложни на „многу“ ЕМ зрачење живетниот век на луѓето е поголем од било кога.“
    Денес постојат докази дека и порано постоело канцер (од фосили), аутизам и алцхајмер (од пишани извори кои наведуваат идентични симптоми).

    Ете затоа другарче твоето и моето мислење се разликуваат.
     
    Скоти, yasho и на moongose им се допаѓа ова.
  19. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,489
    3,406
    12 Јануари 2016
    Машко
    @#samurai# @alkibijad01
    ^ ^
    Шегаџии, а?
    Додуша хуморов ви е од црната сорта, ама што ви гајле. Кога не знаете за лошото, тоа исто како да не постои - нели? ;)


    Сигурен си дека нема никакво влијание? Врз основа на искуствата од сите овие „долги“ пар децении во кои имаме електронскиот смог во ваква количина? Врз основа на студии кои се фокусирани на термалните ефекти од радио брановите од мобилните телефони?

    Погоре имаш цитиран научен труд кој покажува промени на метаболизмот на мозокот кога истиот е под дејство на радио бранови од мобилен телефон. Тоа е факт чија импликација е во целосна спротивност на ова што го тврдиш.
     
    На DelphiUser му/ѝ се допаѓа ова.
  20. DelphiUser

    DelphiUser
    On your way to fame

    906
    954
    2 Март 2011
    Машко
    Скрос ја утна поентата. Заборави.
     
  21. Astro

    Astro
    Guru

    6,155
    8,483
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Внимавај, не реков дека нема никакво влијание. Реков нема јонизирачко влијание и нема диретно влијание. Термални ефекти би требало да има, а би требало да има и индукција на вишок електрицитет кој при многу јаки зрачења би можел да го попречи нормалното работење на мозокот и испраќањето на електрични импулси преку невроните.
    Има голема разлика.

    Не, не е во никаква спротивност на она што го тврдам.
    Изјава 1: „ЕМ зрачење предизвикува промени во метаболизмот на мозокот“
    Изјава 2: „ЕМ предизвикува канцер, Алцхајмерова болест, Аутизам....“

    За да би била во минимална спротивност со моето тврдење недостасува изјава 3: „Промените во метаболизмот на мозокот предизвикуваат канцер, алцхајмер, аутизам....“

    Но ниту тогаш не би било во спротивност бидејќи ЕМ зрачење не е единствен фактор кој предизвикува промени во метаболизмот на мозокот. Има уште милион фактори кои треба да се елиминираат.
    Не ја знам студијата, не сум ја прочитал, само зборувам од општи принципи на анализирање на појави. Чисто сумјам дека некој вршел такви испитувања, на ДОЛГ РОК, внатре во Фарадеев кафез.
    Тоа објаснува зошто не постои ФАКТ: ЕМ зрачење е штетно за живите организми. Не постои ФАКТ бидејќи не е, односно постојат многу недокажани работи пред да може да се извлече заклучок и да се нарече факт.
    Од истата причина не можеме да тврдиме дека рецимо Господ тебе те спаси да не те згази кола. Затоа што нема доказ, резултатот е немерлив, резултатот е неповторлив.
     
    На yasho и marv им се допаѓа ова.
  22. Astro

    Astro
    Guru

    6,155
    8,483
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Ааааа не не не не не не ;) неќеш ичи
    Јас не сум утнал ништо. Ти немаш аргумент против мојот ;)

    Те молам дискутирај и дај контра-аргумент кој е посилен од мојот :) ... ако можеш
     
    На moongose му/ѝ се допаѓа ова.
  23. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,774
    1,884
    8 Мај 2007
    Машко
    Само насловот е заебана работа.
    Сменете во мобилните зрачат, а тоа можеби е штетно...
     
  24. Astro

    Astro
    Guru

    6,155
    8,483
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Да појаснам:

    Целта не ми е да ви се правам паметен, само да ве натерам критички да размислувате спрема се што ќе прочитате на интернет. Многу глупости се трескаат.

    Многу народ прават разни студии кои завршуваат со претпоставки или статистички анализи. Некои си аматери и портали ги земаат, ги множат со 1000, ги филуваат и ги публикуваат за да направат пари.
     
    На Скоти, Necromancer, The Geek Boy и уште 4 други им се допаѓа ова.
  25. dekomote

    dekomote
    On your way to fame

    289
    507
    11 ноември 2014
    Машко
    Програмист
    Какви фемина муабети човече, мислев паметни љуѓе има тука... Ај сеа и децата не ги вакцинирајте...
     
    На Скоти, mviktors, DonFrozex и уште 2 други им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...