1. Mobile OS генерални дискусии: windows android ios

  2. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Дали новите смартфони се штетни за здравјето?

Дискусија во форумот 'Мобилни телефони' започната од Jedah, 4 Март 2019.

  1. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,366
    3,240
    12 Јануари 2016
    Машко
    Па не иде тоа така бе колега, да ми кажуваш ЈАС да ти пребарувам и истражувам докази и аргументи за ТВОЈАТА теза. :)

    Јас само повторно ќе ти укажам дека баш ова е муабет како за очајни домаќинки од фемина. Ставови без аргументи, и отфрлање на спротивните аргументи (научни трудови и студии) пак без противаргументи.


    Си имало и тогаш одредени доктори кои (нормално за одредена надокнада) изјавувале па и пишувале текстови дека пушењето цигари е здраво. Ги има со име и презиме потпишувани. Тоа се факти, а фактите не се мит.
    Понатаму, ниту сега немаш „научен консензус“ дека електронскиот смог не е штетен. Едноставно се игнорира проблемот. Исто како што и на времето повеќето во фелата знаеле дека пушењето е штетно, ама се игнорирал проблемот. Така да ако навистина не гледаш паралела, тогаш тоа е само затоа што не сакаш да ја видиш паралелата.


    Ај сеа скроз си ја утнал поентата.
    Претпоставувам дека настапуваш дефензивно затоа што (како и мнозинството) си зависник од телефони и социјални мрежи (не од тутун). Ова се разбира е само моја претпоставка, ако во текот на денот телефонот не ти е барем час+ во рацете - тогаш однапред се извинувам.
     
    На psyside му/ѝ се допаѓа ова.
  2. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,960
    25,182
    4 Септември 2008
  3. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,366
    3,240
    12 Јануари 2016
    Машко
    upload_2019-3-5_23-18-36.png

    @psyside значи признаваш дека нема „научен консензус“ за штетноста од електронскиот смог, така?


    ;)
     
    На psyside му/ѝ се допаѓа ова.
  4. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,960
    25,182
    4 Септември 2008
    Да, и тоа 10 пати помал е.

    Упс, тоа беше за студиите финасирани од компании за комуникација, врати се на 1, и види го првото видео, буквално од а до ш муабетот од темиве, класика :oh:
     
    На Lokvan му/ѝ се допаѓа ова.
  5. marv

    marv
    Practice makes perfect

    1,986
    1,217
    5 oктомври 2007
    Машко
    Добро јас ти дадов линк кај да прочиташ, има и референци таму, ама кој нејќе нејќе. ОК. Ете повеќе сакаш Јутуб видеа па си го одгледа тоа од Псај.

    Некои доктори, не се научен консензус. Не ми извртувај муабет. МИТот е како што го постави ти мемето, и како се шири по медиумите и интерентов дека СИТЕ викале дека е здраво пушењето.

    Па нема паралела. Тогаш за цигарите имало, повторувам имало консензус дека се штетни. Сека нема ни консензус ни докази. Само „можно“.
    Све бе јас утнувам поента, и за се имаш извртување, па измрдување.
    Така е ти како викаш ОК. Нема смисла ова понатака, прочитај што ми пиша, па после вади ми поенти, сакав кажам , ама друго мислев итн...

    Дај бе смени малце канал. Знам дека си у шема со здравје, хелтифоод, ова она, ама баткава кај тресе зелени, кај жив научен труд нема напишано освен за луди крави, и одеднаш за све специјалист. Nutrition Facts, па па па ....

    Ете си потврдивте ваша страна, ОК е сега. Само дискусијава почна за мобилни, а вие отидовте до електронски смог и цело RF-EMR. Па не се само мобилни у РФ спектар. Генерализација нели?

    Да да, првото е закон. Ги разоткри сите и он е најпаметен. Кључ на темава најдобро (ти се може нели).
     
    Последна промена: 6 Март 2019
    На Avid и moongose им се допаѓа ова.
  6. marv

    marv
    Practice makes perfect

    1,986
    1,217
    5 oктомври 2007
    Машко
    Значи ај да заклучиме и да затвориме темава.
    Не трујат и не убиваат и ни предизвикуваат рак намерно. Сите не лажат.
    Докажано е. Има на Јутуб, на ФБ, и во многу студии на различни животинки.
    Та што нема посебно покажан механизам како се случува и зашто не е важно. Тоа што нема некоја логична биолошка веројатност исто нема везе. Тоа што се мешаат баби и жаби исто не е важно.
    Ајде кој сака нека користи кој не нека не користи и завршивме со дискусија. Само кој ке ги тргне базни станици, радио и тв предаватели (кои зрачат повеќе од мобилните базни станици), сателити, електронски смог од високонапонска електрична мрежа, и да не набројувам уште што не, незнам.
    Важно заклучокот е несомнено дека мобилните предизвикуваат рак. Не можеби (како е научен консезус што значи треба да верглаат уште многу да покажат да или не и кој е механизмот), него сигурно. Има на Јутуб.

    п.с. Лично не верувам, т.е. немам доволно научна поткрепа да верувам во горенапишаното.
     
    yasho, The Geek Boy и на Astro им се допаѓа ова.
  7. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,960
    25,182
    4 Септември 2008
    Оо па чекај пријателе, дали ти тоа свесно го нападна еден од ретките ако не и единствен канал кој не искажува свое мислење на видеата, него презентира студии? А и гледам на лично ниво ја пренесе, браво.

    Дали мета анализите кои ги цитира во студиите се негов труд или мислење? Зошто фино лепо вака како супер способен не им пратиш една протест нота или мејл на научниците кои ги цитира и да им направиш дибанк, или уште подобро напиши труд ти што викаш?

    Иначе уште еден спин, класификацијата на мене и локван како луѓе кои веруваат во теории на заговор, со цел да се наполни егото и да се добие предност во дискусијата, јас мислам дека за тебе само кандидатура сдсм/вмро не си ти за тука.

    Колку да бидам јасен, секогаш кога за нешто не се целосно јасни работите, а имаат умешано прсти корпорации, јас рачунам дека е штетно, па ако искочи дека не е пуна капа, ама неееее ти си премногу паметен за да се "замараш" или да делиш мислење со некои кои веруваат во теории на заговор, правац сдсм/вмро, заеби ит.
     
    На Lokvan му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,366
    3,240
    12 Јануари 2016
    Машко
    Кои референци бе колега?
    Зарам не гледаш дека тоа што го линкаш е пропаганден памфлет од СЗО? Како извори на иформациите се наведени само ICNIRP - што всушност е некоја таму факинг невладина организација, и IEEE - професионално здружение (во превод, уште една невладина организација). НВО го пишуваат тоа што го нарачува спонзорот. Тоа се тие научни докази заради кои веруваш во тезата дека електронскиот смог од телефоните е безопасен и нештетен?

    Човече, не ми се верува дека ти се покажуваат научни студии а ти како противаргумент нудиш памфлети од Светска Здравствена Организација... Истата таа СЗО што сеуште не убедува дека основа на здрава исхрана се рафинирани јагленохидрати и трансмасти (гуглај им ја „пирамидата на храна“). Да фак?



    upload_2019-3-6_0-31-40.png

    upload_2019-3-6_0-34-39.png

    Дап, на жалост мнозинството од луѓево повеќе веруваат на пропагандни памфлети како овој горе, отколку на стотици научни студии како тие подолу... Aма јако им е она „absence od reliable scientific data and LOGICAL REASONING pointing to a possible health hazard“, и дека ризиците од електронски смог треба да се прифатат здраво за готово (како ризици од авијација или туширање??). Баш од авион се гледа дека адвокат го пишувал тоа а не научник. :-/

    Истовремено се игнорираат научни докази, како ова долу каде 93 од сто студии потврдуваат дека радио зрачење од телефони индуцира оксидативен стес (а со тоа и слободни радикали). Не ми е јасно што е со луѓево, како се толку подложни на пропаганда и како се толку склони на самозалажување...
    upload_2019-3-6_0-5-35.png
     

    Прикачени датотеки:

    olikomerc, Avid, DelphiUser и на уште 1 им се допаѓа ова.
  9. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,960
    25,182
    4 Септември 2008
    Хехе, ама тие што веруваат не се cool, ај сеа да те видам?
     
    На olikomerc и Lokvan им се допаѓа ова.
  10. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,366
    3,240
    12 Јануари 2016
    Машко
    Чек сеа ќе следат „кул“ постовите - рандом заебанции за кемтреилс и рамни земји, и слични такви (шит)постови (ова па и како ник го ќариле, трејдмаркирано е). :)
     
    На olikomerc и psyside им се допаѓа ова.
  11. marv

    marv
    Practice makes perfect

    1,986
    1,217
    5 oктомври 2007
    Машко
    Не ме смеј. Не искажува мислење? А што прави, само ги чита? Баш напротив дава сопствено толкување на делови од студии како што му одговара.

    Не. Има попаметни од мене, кои тоа веќе го направиле, или повашно во ниедна од студиите кои ги цитира батката не е баш така како он го ИНТЕРПРЕТИРА.

    Спин немаше. Спин значи извртување. Не извртив ништо. Класификација за Локван исто не, мада ме изненади искрено. Класификацијата за тебе од ја порано знам, а и со видеава се потврди, а и сам си призна подоле, дека веруваш во теории на заговор, на разни мамбо/џамбо хелтиливинг нонсенси и слично. Ова не го измислувам јас, него сам си се класифицираш таму, со самото делување и постираење во разно разни теми (витамини, минерали, итн. итн.). На вакви теми немам нит потреба нит намера да правам било што за да добијам предност. Едноставно на вакви теми одамна сум решил со твоите размислувања и на каде тераат (темите за техника и технологија сеуште ти ги почитувам, ама со овие другиве одамна сум разграничил со твоите ставови).

    Ете. Сам призна дека си верник во теориите на заговор. Јас не и никогаш за тоа нема да се сложам со тебе. А политика молимте батали.
    А констатација крајна е ЗАКОН: „Ако не веруваш во теорија на заговор, не си за ИТ“. Ова е легендарно.
     
  12. marv

    marv
    Practice makes perfect

    1,986
    1,217
    5 oктомври 2007
    Машко
    На Avid му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,366
    3,240
    12 Јануари 2016
    Машко
    Хаха „поедноставно“!
    Се прашував само кога ќе се линка некое такво 3-минутно фор-дамис видео од сајшоу (или од Kurzgesagt) кое фино ќе ги објасни работите без многу замарање на сивите келии... :p

    Aj да се уозбилиме, наместо цртани филмови - научна студија, peer rewieved и објавена на National Center for Biotechnology Information : Cell phones and brain tumors: a review including the long-term epidemiologic data. - PubMed - NCBI

    P.S. Tи Марв излегува дека еднаш кога ќе „класифицираш“ човек, го врзуваш тоа во крпче и потоа ставаш се од истата особа на игнор? Исто правиш за се во
    животов, на пример читаш пропаганден памфлет од СЗО и врзуваш во крпче дека тоа е така?
     
  14. marv

    marv
    Practice makes perfect

    1,986
    1,217
    5 oктомври 2007
    Машко
    Па нели тие се закон, и најбољи. Така разбрав погоре, само тие ја кажуваат вистината.


    Многу ми се смешни вакви студии, кои во абстракт ставаат онака кечи заклучок, а во целосната студија на крај заклучокот и не е баш таков. Дали ја прочита целата студија, декларираните можни грешки, и конечниот заклучок? Или дека и нив им е сомнително зошто, и покрај тоа што мобилни се користат веќе 30години (разно разни РФ Уреди и подолго), од кои веќе 15-20 со огромен раст на корисници, нема никаков статистички значаен раст на мозочни тумори. И викаат ај ке си играме со бројките малце па ако ги земаме туморите (и малигни и бенигни) на цел ЦНС доаѓаат до некој сооднос што им одговара, но пак прашањето е (сами можат да си го постават) што сега па цел ЦНС кога не е изложен целиот на Зрачење од мобилните? Хммммм.... Или зошто нема истовремено таков некој „пораст“ на коскеното или кожното ткиво на главата. Хммм... Значи незнаат бе, незнаат. Или сакал ти или не „absence od reliable scientific data and LOGICAL REASONING pointing to a possible health hazard“.


    Не ова го изинтерпретира ти. Ај прочитај пак погоре, што пишав од кај што го вадиш овој заклучок. Никаде не спомнав СЕ, кај што зборев за моето мислење за Псај ако мислиш на тоа. Нема СЕ.

    Напротив. Читам, барам други ресурси, споредувам, и она што ми држи вода, научна, логичка итн. ја прифаќам, НО не ја врзувам во крпче. Ама чим почнавме со теории на заговор, па дека СЗО е пропагандна машинерија итн., знам каде води ова, нема што понатака да дискутираме мислам. Нели како тоа со пирамидата на исхрана што го спомна погоре дека не труе СЗО, ама побарав и не најдов пирамида од СЗО како ти што ја дефинираше. Пирамида каде рафинирани јагленохидрати и трансмасти се топ храна јас ненајдов. Најверојатно Гуглов мој има исто филтер некој за теории на заговор :)

    Ама незнам што дебатиравме. Неколку поста погоре нели ви признав дека сте у право и дека сите СЗО, IEEE, IARC, ICNIRP, FDA, FCC, Koch Institute, CE, SDSM, VMRO, Branko а посебно НВО (генерализирано сите, пошто нели нема неутралност) итн. не лажат безобразно, и сакаат да не снема и да останат само одбрана група илуминирани ванземаљци.
    ДОСТА е. Прескокнете ме и продолжете даље.
     
    На yasho и moongose им се допаѓа ова.
  15. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,960
    25,182
    4 Септември 2008
    Спин има целооооо време, една студија не искоментира, само напаѓаш наш личен став и ја сврте дискусијата на лично ниво.

    Ете ти уште еден спин, прво дискусијата дали телефоните и нивното зрачење е штетено НЕ Е ТЕОРИЈА НА ЗАГОВОР, него е предмет на истражувања и дискусија на темава, харп е теорија на заговор како пример ова не, и никој овде не верува дека тоа зрачење ни го праат намерно за да испорцкаме, него дека ги релативизираат можните последици за свој профит, како во буквално скоро сите индустрии и нивниот импакт на човековото здравје, ама ти многу добро го знаеш ова, само не ти одговара да водиш дискусија во тој правец, затоа што нити можеш нас да не демантираш - нити можеш студиите, а нити ги коментираш истите, онака класично спинување и водење на дискусијата во правец: не си ти у право јас сум.

    За мамбо џамбо и слични дискусии за нутриционизам, повели во соодветната тема и постирај контра аргументи, исто и за видеата на Nutrition Facts, имаме тема во офтопик, повели покажи ни на сите каде се погрешни, а цитирај ме и мене да видиме што е тоа со кое не се согласуваш, зошто, и демантирај го со докази - студии, не како овдека на жими мајка, hur dur теории на заговор.

    И за крај, де искоментирај го ова.


     
  16. marv

    marv
    Practice makes perfect

    1,986
    1,217
    5 oктомври 2007
    Машко
    1. Каде спомнав дека дискусијата за телефоните е Теорија на заговор?
    2. Кој рече дека верува во теории на заговор ?
    3. Дај ми ја студијата цела, можеби и ќе ја искоментирам. Другите објаснувања ти се погоре ама изгледа ти, а не јас нејќеш да читаш. И молимте немој за мамбо/џамбо да ме дираш пошто од лично искуство со тебе знам како завршуваат тие дискусии (главен си, модератор си, имаш одредени права кои јас ги немам, и ги користеше кога еднаш се докажувавме за мамбо/џамбо глупости). Така да фала ама не фала. Со некој друг можеби.
    4. Ако ти постираш 100 студии, а јас 101 дали тоа ќе значи дека јас сум победил. Или треба да има квалитет во тие студии, научна поткованост и база, логика, и повторливост ? Или ајде да фрлиме у вода базична квантна физика и електромагнетизам и што уште не и да веруваме на "maybe" и "possible". НЕ ФАЛА.
     
    На Avid и yasho им се допаѓа ова.
  17. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,960
    25,182
    4 Септември 2008

    1.Еве јас што реков, тука не гледам теории на заговор и верување во нив никаде!
    Овој пристап за мене е супер разумен, и безбеден - а и самиот воедно сум голем фан на мобилни и ги користам интензивно, тоа го знаеш и ти самиот, и уште толку е иронично што почна на лично ниво да ја сведуваш дискусијата и да не ставаш во ист кош со ликови од рандом фб групи и параноици.

    2. Постот го пишував во исто време кога си постирал ти.

    3. Не е точно, ти со мене си имал дискусија за есенцијални масла, не за нутриционизам - а воедно јас не сум веќе модератор, што значи бујрум.

    4. Дали ти сериозно мислиш дека научници, како тие кои ја правеле студијата - а и оние кои вршеле контрола на нив, во цели 93 од 100 студии и тоа peer review евалуации, си дозволиле да има пропусти во истите, и дозволиле лош дизјан - ако знаеме дека ти се златниот стандард во литературата? не си сериозен со ова што го пишуваш ако да онда буквално губиме време.
     
  18. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,831
    3,909
    5 Јули 2013
    На Lokvan му/ѝ се допаѓа ова.
  19. marv

    marv
    Practice makes perfect

    1,986
    1,217
    5 oктомври 2007
    Машко
    "Колку да бидам јасен, секогаш кога за нешто не се целосно јасни работите, а имаат умешано прсти корпорации, јас рачунам дека е штетно, па ако искочи дека не е пуна капа, ама неееее ти си премногу паметен за да се "замараш" или да делиш мислење со некои кои веруваат во теории на заговор, правац сдсм/вмро, заеби ит."
    ЈАС: А констатација крајна е ЗАКОН: „Ако не веруваш во теорија на заговор, не си за ИТ“. Ова е легендарно.

    За мене пристапов е параноичен.

    Не реков нутриционизам, реков мамбо/џамбо. И да есенцијални масла спаѓаат во мамбо/џамбо. Модератор или не завршив со докажувања со тебе уште на времето, на мамбо/џамбо теми.

    Peer review, не е знатен стандард нешто си помешал. Знае како работи пеер ривју. Го даваш трудот во некој часопис, поготово овие до сега што ги цитиравте у лоу импакт фактор, демек или навистина 2-3 ги читаат (peers), плаќаш и се објавува. Златен стандард е например Randomized Controlled Trial или Cochrane Студија. Еве реков, стаив у гоогле сколар "Mobile rf emr dont couse cancer" и ми излегоа 101+ студии. И сега јас су автоматски у право. Не.

    ПОВТОРУВАМ: Во право сте, не трујат сите и не лажат. Ти и Локван сте у право. ОК ?
     
  20. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,960
    25,182
    4 Септември 2008
    Се гледа по одговорите колку си ти уствари расположен за кртично размислување, се е јасно.

    Кога сме кај cochrane студии, и квалитетот.....


    Студиите кои спаѓаат во низок квалитет, и биле детектирани како платени од индустријата се уствари оние кои не покажуваат значајна корелација, збори ми за докази и теории на заговор, не мора да одоговараш, знам дека сме премногу глупи за тебе, да не ти го губиме времето.
     
  21. marv

    marv
    Practice makes perfect

    1,986
    1,217
    5 oктомври 2007
    Машко
    Ова го извади од RCT или Кохрејн Студија, или од некој што си правел статистика на студии? Методологија, целосна студија? BTW Cochrane Central не е исто што и Cochrane студија, ама знаеш.

    Не трујат викам јас. Фала на просветлување.
     
  22. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,960
    25,182
    4 Септември 2008
    [​IMG]
     
  23. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,627
    742
    3 Март 2018
    тука ми се вдаде :)
    патем, ако не зрачат со харп, треба и ние дополнително да се само озрачуваме ? Последно требаше да отидам на ртг, али не појдов, по мое лично убедување подобро е да ги влечам синусите, него да се зрачам. Кога би се работело за по сериозен здравствен проблем би пошол. Точно дека зрачењето не е јонизирачко, но идуцира струја во организмот. Е сега со колкав интензитет, што ќе придонесе натака таа струја, не знам и нема да коментирам околу тоа.
    Еве некое видео поврзано со микробраново зрачење, кое не е јонизирачко, па натака оценете си сами дали и колку е или не е штетно


    овие извори се неколку kw, далеку многу повеќе од мобилен.
    п.с. еве малце по визуелно колку е зрачењето во просторот
     
    Последна промена: 6 Март 2019
    На Lokvan му/ѝ се допаѓа ова.
  24. Rac58

    Rac58
    Gaining Experience

    232
    152
    5 Јануари 2017
    Машко
    слободни активности
    Наместо "Два лоша убише Милоша", кај нас се користи "Двајца без душа, третиот без глава", хахах. Потполно се согласувам со тебе, сем магнетното поле, од свемирското зрачење не штити озонската обвивка, без која би се испекле како прасе во фурна. Не ги разбирам оние кои ги пренебрегнуваат ваквите информации во стилот, ме боли С...ко. Резултат од негрижа за амбиентот во кој живееме и штетноста од негативните зрачења се наплатуваат по Х години. За нив би препорачал телефони со метална кутија од материјалот во Чернобил, нели зрачењето не е ништо, битно евтин е телефонот.

    Испратено од FIG-LX1 преку IT.mk форум апликација
     
    На Costigan_Jr и Lokvan им се допаѓа ова.
  25. Ragnar

    Ragnar
    On your way to fame

    676
    709
    9 Декември 2015
    Машко
    Иако немам намера да купувам Xiaomi и често се спдрачиме со пријателите Xiaomi vs Samsung, мислам дека насловот на темата треба да се смени нешто во стил "Мобилни телефони и зрачење".
     
    DonFrozex, Lokvan и на bicikle им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...