Futurelakimens
user
- 12 април 2017
- 1.918
- 1.259
И дај сменете го насловов срамота е (мислиш плутониум шверцет во xiaomi телефониве).
Бар пишете го Апл радиоактивни да биде пореалистично, овие за беспари се радиоактивни, а Апл за $1000 се..
И дај сменете го насловов срамота е (мислиш плутониум шверцет во xiaomi телефониве).
Ова не е од самсум, па пак е за од позадиХехех Samsung нормално прв од позади...лузери.
иПхоне не се споредува со андроид, само со иПхоне.
Голдилокс ја викале. Магнетното поле не штити од најголемиот дел од сето тоа што го набројуваш, и немаше да има живот на планетава да не беше така... Но ти ова секако го знаеш, нели?![]()
@Astro на заштита од јонизирачки зрачења и мислев, а таа заштита во комбинација со заштитата од гравитационото поле од Јупитер (кој ги „прибира“ повеќето астероиди, комети, и слично), и фактот дека Земјата е на поволно растојание од Сонцето, ја дефинира Голдилокс зоната - во која се наоѓа нашава планета.
Радио зрачењата од вселената колку се јаки, во просек?
Исклучоци се разбира има, во инцидентни ситуации. Само што ние овде зборуваме за континуирано 24/7 зрачење од мобилните телефони, од базните станици, од вај-фај мрежите, од безжичните уреди, и од што се не друго. Не можеш да го споредуваш тоа со инцидентни радио бранови од вселената, мнозинството толку слаби да треба да се прават радио телескопи со чинии и до 500 метри за воопшто да можат да се регистрираат. Или можеби грешам, дај да видиме некој конкретен податок за јачината на радио зрачењата од вселената.
With all due respect, да. Си земам за слобода да ги наречам глупости бидејќи сеуште не сум видел студија која е научна во својата природа, тоест е базирана целосно на научен метод. Сите се водени од претпоставки, баратаат со недефинирана терминологија, не ги земаат сите фактори во предвид, се базирани на статистика и слично. Единствената научна студија која не навлегува многу во детали е студијата која покажува дека фрекфенцијата на радио бранот има резонанца која е поголема од димензијата на градивните колекули на живиот свет, тоест на ДНК. Со својата фрекфенција, радио бранот не може да оддаде енергија врз молекулата, ниту да ја јонизира односно да ја смени нејзината хемиска структура. Животот на планетава еволуирал во присутство на радио бранови, па ете го среќен и задоволен без поголеми проблеми. Да не заборавиме дека алцхајмерова болест, канцер, аутизам и слични болести имало и многу одамна кога човекот немал капацитет да ги произведува. А споредено со денес кога сме подложни на „многу“ ЕМ зрачење живетниот век на луѓето е поголем од било кога.Патем неколку пати од повеќе луѓе се постираат научни студии за сето ова, кои јасно покажуваат причини за повеќе претпазливост и загриженост... Но ти ги нарекуваш „глупости“?
Ги прочитав првите две. Се базира само на претпоставки, нема доказ за поврзаност со болестите. Башка и дел од самите болести се сеуште недефинирани.
@Astro : Кои "честици" ги емитува сонцето баш ме интересира?
Ке чешате споловило кога ова "dual-particle wave theory" на мрсомудот Ајнштајн некад некој ќе го архивира во Булшит Белетристика и конечно физика ќе мрдне од мртвата точка на која е заглавена веќе 100 години..
Честици бе. Нема честици. И не слетале на месечината, посебно не оние дилетантите преку бара, посебно не во 1969.
па не е баш претпоставка. Глувците заболуваат од рак, тоа е докажано. Претпоставката е дали и луѓето ќе заболуваат исто како глувците. Но сите тестови ни се врз глувци или мајмуни, така да..
Во втората исто нема претпоставкa за болест, се зборува за интерференцијата на радијацијата врз работата на сферите на мозокот.
Третата е студија која ја потврдува корелацијата помеѓу зрачење и стерилитет.
Некои членови рекоа нема докази за штетно дејство, а јас најдов 3 студии за 10 минути. Да вложам 3 дена ќе најдам преку 50. Не треба да се зборува на памет во денешно време.
Тоа не се студии другарче. текст од пола страна не може да е студија.
За да биде студија треба да биде 300 страни минимум, треба да се искажани мерењата, треба студијата да е ревизирана од останати научници и ефектите да се повторливи СЕКОЈ пат кога се прават. Ако нешто од ова не е присутно, т'зи студија не е студија.
Денес има 100x повеќе рак од пред 1000 години. Ете едно мислење кое исто толку научно колку и твоетоДа не заборавиме дека алцхајмерова болест, канцер, аутизам и слични болести имало и многу одамна кога човекот немал капацитет да ги произведува. А споредено со денес кога сме подложни на „многу“ ЕМ зрачење живетниот век на луѓето е поголем од било кога.

Денес има 100x повеќе рак од пред 1000 години. Ете едно мислење кое исто толку научно колку и твоето![]()
Сигурен си дека нема никакво влијание? Врз основа на искуствата од сите овие „долги“ пар децении во кои имаме електронскиот смог во ваква количина? Врз основа на студии кои се фокусирани на термалните ефекти од радио брановите од мобилните телефони?...фрекфенцијата на радио бранот има резонанца која е поголема од димензијата на градивните колекули на живиот свет, тоест на ДНК. Со својата фрекфенција, радио бранот не може да оддаде енергија врз молекулата, ниту да ја јонизира односно да ја смени нејзината хемиска структура.
Твоево мислење е лично а не научно. Твоето мислење не може теоретски да биде научно, затоа што пред 1000 години не постоело начин како да се дијагностицира рак, башка нема информација колку луѓе умирале од рак, не се знае ни тпчната бројка на живи луѓе од тоа време.
Како побогу твоето мислење би било научно?
За разлика од твојава изјава, моето мислење е апсолутно научно но недетално:
„Да не заборавиме дека алцхајмерова болест, канцер, аутизам и слични болести имало и многу одамна кога човекот немал капацитет да ги произведува. А споредено со денес кога сме подложни на „многу“ ЕМ зрачење живетниот век на луѓето е поголем од било кога.“
Денес постојат докази дека и порано постоело канцер (од фосили), аутизам и алцхајмер (од пишани извори кои наведуваат идентични симптоми).
Ете затоа другарче твоето и моето мислење се разликуваат.
Внимавај, не реков дека нема никакво влијание. Реков нема јонизирачко влијание и нема диретно влијание. Термални ефекти би требало да има, а би требало да има и индукција на вишок електрицитет кој при многу јаки зрачења би можел да го попречи нормалното работење на мозокот и испраќањето на електрични импулси преку невроните.Сигурен си дека нема никакво влијание? Врз основа на сите овие „долги“ пар децении во кои имаме електронскиот смог во ваква количина? Врз основа на студии кои се фокусирани на термалните ефекти од радио брановите од мобилните телефони?
Не, не е во никаква спротивност на она што го тврдам.Погоре имаш цитиран научен труд кој покажува промени на метаболизмот на мозокот кога истиот е под дејство на радио бранови од мобилен телефон. Тоа е факт чија имликација е во целосна спротивност на ова што го тврдиш.
Скрос ја утна поентата. Заборави.
Се разбира дека веќе немаме контролна група за споредување, денес и индијанците од Амазон имаат мобилни телефони. Никој не живее во Фарадеев кафез.Не ја знам студијата, не сум ја прочитал, само зборувам од општи принципи на анализирање на појави. Чисто сумјам дека некој вршел такви испитувања, на ДОЛГ РОК, внатре во Фарадеев кафез.
... и куп други работи. Но нејсе, нели 24/7 влијание и само од ова што наброја е нешто што треба да не замисли, наместо да се нарече „глупости“?Термални ефекти би требало да има, а би требало да има и индукција на вишок електрицитет кој при многу јаки зрачења би можел да го попречи нормалното работење на мозокот и испраќањето на електрични импулси преку невроните...
PSU 1000W CORSAIR RM1000E 80 PLUS GOLD ATX 3.1& PCIe5.1 FULL MODULAR, WHITE, CP-9020294-EU
10.710,00 ден
EXTERNAL CAPTURE ELGATO 4K X HDR10, VRR, USB 3.0 (TYPE-C), 10GBH9901
16.590,00 ден
HEADPHONES LOGITECH Gaming-Headset G325 Lightspeed Wireless, Lilac, w/microphone, BT/USB, PC/PS5/PS5, 981-001538
6.610,00 ден
GAMING WHEEL MONITOR STAND ROUND TUBE FREESTANDING SINGLE NEXT LEVEL RACING, 21"-65", 24kg MAX, NLR-R010
14.880,00 ден
UPS 1200VA / 600W POWERWALKER VI 1200 SH, 2xSHUKO, 2x IEC C13, USB, RJ11, 10120050
9.120,00 ден
CASE FRACTAL DESIGN ATX Mid-Tower NORTH, 2x140mm Aspect 4-pin PWM fans, w/WINDOW TEMPERED GLASS DARK, Side Mesh+Front wood panel, Charcoal Black, FD-C-NOR1C-02
10.050,00 ден