Spawny
hello world
- 22 декември 2013
- 82
- 87
Здраво,
Веќе 5 години составувам и летам разни коптери или популарно т.н. дронови, па решив да отворам една генерална дискусија тука. Досега сум пилотирал коптери од 68см (44см елиси) до 13см (8см елиси). Главно од љубов кон снимањето ентузијастички видеа, но летањето и составувањето како предизвик ме привлекоа исто толку колку снимањето убави кадри.
Со оглед дека веќе се регулирани тежински комерцијалните и рекреативните дронови, се повеќе се бараат рекреативни дронови што не се подлежени на лиценци и нема да се опасност по околината. Затоа коптерите од 210мм до 90мм во последно време се интересни повеќе од Phantom и поголеми машини, не само заради ниската цена.
Изборот на компоненти е веќе огромен и достапен повеќе од било кога. Интересна страна е RotorBuilds - FPV Drone Part Lists, Build Logs, Photos and Discussions. каде можат да се видат повеќето рамки и компоненти. Типови на летање се freestyle, cinematic и race и секој build има своја намена. Играта доаѓа во пронаоѓање на баланс помеѓу добри компоненти и тунирање на истите за конкретното сценарио.
Од главните компоненти се издвојуваат Flight controller, микропроцесор кој е одговорен за централното процесирање на жироскопот кој представува главен сензор во летачкиот сегмент со останатите компоненти.
ESC, контролер со кој се регулира брзината на вртежите на моторите. Исто како кај контролерот за летање и тука прави разлика типот и брзината на процесорот, а во моментот најдобро е 32kHz за летачкиот и 32bit протокол за спидовите.
Другите поважни компоненти се видео и радио предавател, радио станица, видео приемник со екран или googles, GPS.
Софтверите за летање се неколку: Betaflight, Cleanflight, Flightone (Raceflight), KISS Flyduino, iNav.